Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Во училиште те научиле претпоставувам , исто како и мене. :)
     
  2. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    7.681
    Пол:
    Женски
    Нема врска,баба ми и дедо ми ме научиле:hai:
     
  3. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Книгата „За Македонцките Работи“ од Крсте Петков Мисирков е напишана на чист македонски јазик, кој се говорел во тој период.

    Тоа што Бугарите сметаат дека Мисирков бил србоман кој стоел под влијание на Бранислав Нушиќ е друга работа, нема да го дискутирам зошто не е тоа темава.


    А вие што ги навредувате Бугарите дека се Татари, Чуваши и.т.н. не се ништо подобри од нив. Не сте помислиле дека тука има исто така Македонци и Македонки кои се во брак со Бугари или Бугарки?

    Не генерализирајте.
     
    На Mishela, Rama, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Тие те научиле да го зборуваш дијалектот од каде што си родена, не македонскиот јазик, тој се учи во училиште, преку медиумите и сл.
     
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    И дома се учи.На една година сигурно не одела во школо и не зјапала во телевизорот.Се започнува од дома.Ваљда си имал социологија во 2ра.
    А во школо да не не ги учат на дијалект?Во Скопје мене на битолски не ми зборат уште помалку пак во Битола на скопски.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    7.681
    Пол:
    Женски
    Со тебе сигурно не сум учела.
    Чисто Македонски ме учеле:!:
     
  7. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Не го негирам јас тоа, иако не е баш на чист македонски јазик, ама е доста сличен со македонскиот. Ама вистината е дека во тоа време немало македонски јазик, затоа и Мисирков предложил да биде формиран врз база на западно и центалномакедонските дијалекти, неговата книга била баш на тие дијалекти врз основа на кои тој предложил да биде кодифициран македонскиот јазик. Треба да се каже и дека ова е еден од ретките примери за пишување на некој дијалект од Македонија, поточно на западно/централномакедонски дијалект, 99,9 од книгите, статиите, писмата и сл. пишувани од македонските преродбеници, револуционери и тн. се пишувани на бугарски јазик, тоа слободно може да провери бидејќи голем дел од овие книги, статии, писма, се достапни на интернет. Патем, не знам кој и колку ја има прочитано ''За македонцките работи'', ама ако ја има некој целосно прочитано, мора да ги има прочитано и овие делови кои јас сега ќе ги постирам. Значи слободно може да се провери веродостојноста на овие натписи, книгата е достапна на интернет. 22852052_1711199502255431_1882470160889479337_n.jpg





    22853402_1711200105588704_7197594614921146305_n.jpg




    26903758_1520902927958181_5945317388930864818_n.jpg
     
    Последна измена: 5 февруари 2018
  8. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Па добро, може и дома, ама мислам дека најголемиот дел од луѓето дома го учат дијалектот, а јазикот од медиумите и во училиште. Во училиште колку што знам сите учители, наставници, професори кога предаваат зборуваат литературно, не на дијалект, барем според моето искуство, а и книгите кои ги читаат учениците се на литературен јазик, а не некој дијалект.
    Тоа значи дека дома зборувале на македонски, а не на својот дијалект?
     
    Последна измена: 5 февруари 2018
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    А дијалектот не е македонски?
    Немаат сите јазици дијалекти?
    Си излегол некогаш надвор од Македонија?
     
    На orevokrsacka, zuto, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    @Macedo-Bulgarian

    Искрено не ме интересираат твоите тврдења во врска со македонскиот јазик. Записи за Македонците има уште пред Крсте Петков Мисирков. И ова не е темата за тоа. Ако си ја прочитал добро книгата тогаш знаеш многу убаво што се говори во неа, и за востанието, и за комитетите и ред други работи. Тоа што ги вадиш ти работите од контекст е друга работа.


    Колку и да не го сакам денешниот македонски менталитет, партизацијата во мојата држава и катастрофалната политика на сите влади во областа на економијата, имам некоја почит кон историјата колку-толку.

    Немам намера да дебатирам на оваа тема зошто ме мрзи искрено.

    Како сакаш толкувај го македонскиот јазик, тоа е твое. За мене доказите зборат нешто друго.
     
    На Rama и Someonespecial им се допаѓа ова.
  11. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Па македонски е, ама не можат сите дијалекти да бидат македонски јазик, ако е така тогаш нема да има еден, туку многу македонски јазици. Значи, тие се дел од македонскиот јазик, ама кога не постоел македонски јазик, тогаш тие дијалекти од чиј јазик биле дел?, според сите светски реноминирани лингвисти, од бугарскиот. Па и денеска кога постои македонскиот јазик, не може да се каже дека сите дијалекти од Македонија се дел од овој јазик, еве јас сум од Источна Македонија и можам да кажам дека и мојот дијалект, а и сите останати источно македонски дијалекти се поблиски до бугарскиот, отколку до македонскиот јазик. Само ете, се погодил овој дел да биде дел од државата Македонија и затоа луѓето мораат да го учат и да го знаат македонскиот јазик. Јас исто така сум го учел овој јазик, го знам и го почитувам без разлика на тоа што мислам дека неговото формирање било сосема непотребно.
    Кажав погоре дека јас не го негирам македонскиот јазик во денешно време бидејќи тој е реалност, ама до пред 1945 година не бил реалност, едноставно го немало, тоа е вистината, не ја измислив јас.

    Зависи какви за какви Македонци има записи, за етнички Македонци или за Македонци во географска смисла на зборот?, па и денеска има милион записи за Американци, за Швајцарци, за Белгијци, ама дали тоа значи дека постојат етнички Американци, етнички Швајцарци или етнички Белгијци?, секако дека не, етнички групи со овие имиња не постојат, постојат само Американци, Швајцарци и Белгијци во политичка смисла на зборот, или во превод Американец е секој граѓанин на Америка без разлика на неговата етничка припадност, исто така Швајцарец и Белгиец е секој граѓанин на Шавајцарија и Белгија без разлика дали тој по етнос е Германец, Французин, Италијанец, Фламанец, Валонец и тн.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Americans
    https://en.wikipedia.org/wiki/Swiss_people
    https://en.wikipedia.org/wiki/Belgians

    Ја имам прочитано книгата и знам за што се говори, а овие изјави не се извадени од контекст, тука Мисирков во првиот текст јасно кажува дека македонските Словени се викаат Бугари, во вториот текст исто така спомнува Бугари од Македонија, а во третиот убаво пишува дека некои од оние кои ќе ја читаат книгата ќе бидат зачудени и ќе се прашуваат зошто сега отцепување од Бугарите кога ние до сега сме се велеле Бугари и соединението, а не расцепувањето ја прави силата. Мислам дека нема потреба да ги објаснувам овие негови изјави бидејќи се совршено јасни, а ако некој не верува во нивната веродостојност, како што кажав претходно, може да ја најде и да ја прочита книгата на интернет, ја има во целост.
     
    Последна измена: 5 февруари 2018
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Уште да споменеше како после тоа вели дека револуционерите почнале да се изјаснуваат како Македонци добро ќе беше. ;)
    Ама очигледно е дека ти си ги извртуваш работите како што ти одговара тебе.
     
    На anaja1 и Rama им се допаѓа ова.
  13. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Кои револуционери?, дај ми пример. И не е точно тоа, не споменува никаде дека револуционерите почнале да се изјаснуваат како Македонци после натписот за соединението и расцепувањето. Патем, зошто објаснувам, еве ја неговата книга во целост па нека видат луѓето што пишува. http://www.strumski.com/books/Za Makedonckite raboti.pdf
     
    Последна измена: 5 февруари 2018
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    @RainBow, ако постои тема посветена на историја, или било што слично.... да се префрлат мислењата таму, и таму членовите да продолжат со дебатава, оти вака се губи желбата на луѓето да почнат некоја дискусија за актуелни настани.
    :)
     
    На НаталиЛили, Lilit, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Македонцвте ве се установи!а аа тата дво!аа игра со разлвчав захувага^а ва бугарвте в на Европа. Тиѓе аренесоа центрот на револЈ уцвов;ата оргаввзацвѓа за- чедно ;со свте нацвовално-полвтвчвв нраша1в'а во Ма- кедонв!а, за да бвдат слободвв во свовте ностапоцв од бугарцкото ;праител'ство

    Во крмитетвте во Бутарија зафатвја да пропаган- дврааат лол.во оддел^уаѓв^е ввтересате ва МакедонвЈа од ввтересвте на Бугарв1а.


    http://damj.manu.edu.mk/pdf/0005 Za makedonckite raboti.pdf


    Тоа е проблемот кај вас Бугарите. Вие го мразите Мисирков зошто ги кажува работите какви биле тогаш и зошто биле приморани да бараат помош од Бугарите во оружје и логистичка поддршка. И не можете да го поднесете тоа. Како што реков, ги вадиш работите од контекст и не знаеш што зборуваш т.е. знаеш ама не ти одговара. ;)


    Немам намера веќе да дискутирам на темава.
     
    На Someonespecial и Rama им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Македонија и Бугарија се нешто како Австрија и Германија, слично, но не идентично население, тоа разлики постојат од еден до друг крај во една иста држава, а не во две поединечни држави, и баталете Бугарија, не знам зошто и е Македонија на Бугарија денес. Да и овозможи граница со Голема Албанија? Бугарија веќе си има граница кон исламскиот свет, :?: не и треба уште една.
     
    Последна измена: 5 февруари 2018
  17. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ти кажа дека тој напишал дека подоцна револуционерите почнале да се идентификуваат како Македонци, епа јас не гледам дека тој тоа го кажува. Ама затоа гледам и дадов доказ за тоа дека јасно кажува дека ние (мислејќи на македонските Словени) досега сме се велеле Бугари, значи тезата на Мисирков била, до сега бевме Бугари, ама отсега ќе бидеме Македонци, така преку ноќ ќе си смениме етничка припадност и ќе си станеме Македонци. :D Патем, те прашав кои револуционери се имаат декларирано како етнички Македонци, дај ми имиња.
     
  18. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Се надевам дека нема да се отвори посебен подфорум за ова. Зошто кога ќе навалат нивните Орки националистички тоа ќе биде катастрофа невидена. Не ми е прв пат да дискутирам со Бугари задоени од национализам. Рака на срце, не се сите исти.
     
    На YoungandBeautiful, Rama, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Daniel1997

    Daniel1997 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Машки
    Немa врскa...мaкедoнијa и бугaријa се истo кo мaкедoнијa и укрaинa русијa србијa и тн
     
  20. Macedo-Bulgarian

    Macedo-Bulgarian Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Зошто мислам дека се надеваш на тоа затоа што се плашиш од вистината, не знам зошто Македонците имаат толку страв од дискусии за историја, па ако се во право и ако имаат докази за она што го зборуваат, нема од што да се плашат. Инаку, мислам дека досега увиде каков начин на комуникација имам јас, не упатив ниту една навреда кон никого, ниту пак навредив некој народ, ниту пак ќе навредам некој, а особено не македонскиот и бугарскиот бидејќи јас и двата народа си ги сметам за свои, дури можеби сум поблизок до Македонците затоа што сум роден во Македонија, тука сум израснат, тука живеам, имам многу другари Македонци, многу мои роднини се идентификуваат како Македонци и јас немам никаков проблем со тоа, имам проблем само со лагите кои се кажуваат во врска со македонската историја. Секако го знам и јазикот на кој зборуваат Македонците (кој воедно е и мој јазик), за разлика од бугарскиот јазик, кој не знам да го зборувам, иако го разбирам над 90%.
     
    Последна измена: 5 февруари 2018