Од една страна имаш право, бидејќи сите овие нации се самоопределиле како посебни врз некоја основа. Од друга, тоа не го негира она што јас го напишав. Прво, Македонците нормално се поблиски со своите соседи и со јужнословенските народи, отколку со Источните Словени. Второ, генетските истражувања покажуваат дека Македонците, заедно со Бугарите и Романците припаѓаат во истиот супкластер. Трето, македонскиот јазик најмногу сличности има со бугарскиот. Што не значи дека се работи за 100% ист народ, како што тврдат Бугарите, туку дека е иронично родољубите толку да ги мразат и да чувствуваат одбивност кон оние кои им се слични. Може и на поинаков начин да пробате да се разберете. Но, сето тоа е небитно за оваа тема.
И јас сум од источна Македонија, и замисли, не разбирам бугарски, без разлика колку ми звучи дијалектот како бугарскиот јазик.
Хмм, зошто никаде низ нашиве портали не прочитав за изјавата на Ердоган во Ватикан - „Македонија секогаш ќе остане Македонија и никогаш нема да дозволат промена на нејзиното име, ние (Турција) секогаш ќе бидеме на нивна страна“. Дали ова не е доволно интересна вест за нас, или успешно не` држат во медиумски мрак? Ова е мошне значајна порака и многу значи! Ваква медиумска неинформираност оди во прилог само на оној кој сака психолошки да не дотепа и да не увери дека цел свет бара промена на име и дека мора да се помириме со тоа. Оваа изјава на Ердоган (мислам дека ја има изјавено и претходно, не сум сигурна дали била официјална или во неформален разговор) битно ги менува работите и оди во наш прилог да си го зачуваме она што е наше! Заеф може да се слика, сигурна сум!
Тоа што не разбираш воопшто не го менува фактот дека дијалектите од Источна Македонија се поблиски до бугарскиот, отколку до македонскиот јазик. И воопшто не разбираш?, тоа е невозможно, мора да разбираш барем 70% без да имаш никаков контакт со бугарскиот јазик, а ако следиш бугарски телевизии, читаш бугарски портали и сл. ќе разбираш и над 90%. Ама сигурен сум дека не следиш телевизии затоа што во Македонија не постојат, ако не се лажам на кабелските како Макс ТВ, ВИП или Телекабел кои делуваат на цела територија на Македонија има само 1-2 бугарски телевизии и тоа музички. А на Тотал ТВ, кој е најпопопуларен сателит во Македонија, нема ниту една. Со локалните кабелски не знам каква е ситуацијата, ама не мислам дека не е подобра, јас сум на локална кабелска и имам 4 бугарски канали, од кои 3 музички. Ама затоа пак имам над 30 канали од српско/хрватско јазично подрачје, значи канали од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. И затоа денеска јас разбирам 99% српски/хрватски, тоа е причината и зошто останатите луѓе од Македонија повеќе разбираат српски/хрватски, отколку бугарски. Плус, српскиот/хрватскиот јазик има големо влијание и преку музиката, знаеме дека речиси и да не постои македонска куќа каде што не се слуша музика на српски/хрватски јазик, а што е најтрагично најголем дел од луѓето го слушаат најголемиот шљам од музика, таканаречениот турбофолк.
Познавам луѓе од Скопје и Западна Македонија кои не разбираат кога овие од Источна им зборуваат на дијалекти. Веројатно е до талентот за јазици.
Настрана од темава, имаш право за ова. Би рекла дека немаат слух за јазикот, по примерот на роднини од Острелија кои и покрај секојдневната изложеност на англискиот, изговорот им е како збунет Русин.
Македонскиот стандардизиран литературен јазик е многу поблизок до бугарскиот отколку дијалектите. Еднаш во кола се возевме јас, постар човек од Прилеп кој живее 30 години во Скопје и Бугарин. Бугаринот ми рече на мене да зборувам, затоа што овој од Прилеп ништо не го разбирал што зборува, а притоа прилепчанецот повеќе маваше на скопски, ама со тврдо Ч. Бугарите многу потешко можат да разберат дијалекти од битолско, прилепско, ресенско, тетовско, гостиварско, кавадаречко, неготинско, кумановско, Егејска Македонија, Мала Преспа. Струмичкиот дијалект припаѓа на групата благоевоградски дијалекти и е близок до тој од Пиринска Македонија. Бугарски не знам да зборувам, ама разбирам горе долу се.
Македонскиот литературен јазик е базиран врз прилепскиот и битолскиот дијалект + охридски и велешки. Да не бидам скроз офтопик од политичка тема, а во контекст на мислењава околу Бугарија. Што се однесува до договорот за добрососедство и како тој задира во историјата, Заев треба да го обвинувате. Бугарите само начекаа село без кучиња, како и останатите на кои дотичниот им распродава се што ќе побараат. Ете, читам УЧК ги превеле амандманите.
Не се поблиски. Единствена сличност им е акцентот и по некои зборови, источните дијалекти имаат многу повеќе зборови исти со стандардниот литературен јазик отколку јужните, на пример. Западните бугарски дијалекти личат на македонски јазик, северните македонски личат на српски, а јужните српски на македонски. Иста група на јазици сме, нормално е мешање на јазиците. Мене ми се има случено личност што никогаш не слушнала македонски никаде, а е од една од бившите југословенски републики, да ме разбира совршено, без разлика дали зборувам литературно или на дијалект, а од бугарскиот не разбира ни збор. Моето неразбирање на бугарскиот јазик не е последица не гледање српски и хрватски програми на тв, напротив, не ги гледам ни едните ни другите, едноставно бугарскиот јазик е грда вештачка творевина која не личи на ништо. Знаеш оние вишокот букви во бугарската кирилица кога се додадени? Кога Русите ја адаптирале за свое користење, а се дрзните да кажете дека св. Климент бил Бугарин. Историјата никако не е на ваша страна, без разлика како и да си ја правите
@DAngel Има причина зошто во Источна Македонија македонскиот јазик има зборови кои се слични со некои бугарски зборови. Иако во 20 век отфрлен од доста лингвисти сепак, тој модел се прифаќал и уште се прифаќа кога станува збор за дијалекти. И Бугарите никако да прочитаат за тоа, за нив македонскиот стандардно е бугарски јазик а нема врска тоа, бидејќи поважна е дневницата добиена од ВМРО-БНД, нормално: https://en.wikipedia.org/wiki/Wave_model
Знам дека има, ама знам и дека нема поента да му објаснувам дека не е Македонија единствениот таков случај, туку секаде кај што се граничат два јазици од иста група постои мешање на јазиците. Сепак, дискусија за тоа со членот би се свела на борба со ветерници. Едноставно, немам време за тоа.
Ме бoли зa бугaрите... Сaмo дa јa преживееме oвaa гoдинa дa си јa спaсиме нaцијaтa јaзикoт и иметo. Мaкедoнијa нa Мaкедoнците.
А за законот за јазици шу праиме? Вчера,во "само вистина" на канал 5,при крајот го фатив Бујар Османи. Човекот,во живо во емисија,си рече слободно дека не требало Иванов да се меша и да го забранува и оспорува законот,оти немал право на тоа Исто рече дека,законот т.е целта по секоја цена ќе се постигне,и зошто да било вака,со разни попречувања кога на крајот пак ќе се успеело во намерава,дали порано или покасно некој период,т.е со негови зборови милум или силум
Зошто упорно ги повикуваат во македонски емисии, каде се говори македонскиот јазик, и кои се наменети за јавност, сочинета од претежно етнички Македонци? Мене воопшто не ме интересира што имаат да кажат, без разлика дали Заеб ги назначил на функција. Сигурно сте веќе информирани, ама да постирам за секој случај. Видете го пациентов Кој стигна, стана аналитичар, политиколог, соли памет, продава приказни на народ... Кај планинар, уште и пијан ко клен се појавува на телевизија. И така велам. Нека престанат да ги канат во емисии.
Ни летна и именцето веќе, што олоши ќе бевме...? да не веруваш, а з.З бил веќе спремен за ново име со г. одредница- изјавил дури јавно е.