Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.774
    Пол:
    Женски
    Нека си го остават името на Македонците.
    Друг кој сака индивидуално нека се прекрстува како сака. Остатокот и онака е со бг пасош.
    Не знам колку сте запознаени - кога поднесуваш документи за добивање бугарски пасош те седнуваат и те снимаат со камера каде изјавуваш дека сите предци ти се Бугари. Мајка, татко, баба, прабаба... Прашање е кога и Бугарите ќе си го побараат истото што и Грците?
    Ми тежи на душа и не би сакала да сум им во кожа на оние кои се одговорни и кои потклекнуваат пред Грција за промена на името. Светот бргу ќе заборави или ќе не памети како “No land”. Она што ќе остане во/од Македонија вечно ќе памети. Ќе шепоти низ вековите за самопредавството. Тоа не се заборава.
     
    На Rama и LollySky им се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    А.зашто ти не кажеш нешто за тоа по што си запозната околу таа работа, или чекаш некој да каже нешто за Филипче па после очи да му копаш со реплики... :x
    Да беше Тодоров кој знае досега што ќе се имаше накажано и колку мислења ќе беа натрупани од некои твои истомисленици...
     
    На Rama, orevokrsacka, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    А не сфаќам што е толку потребно да влеземе во ЕУ.Чим можеше една Велика Британија да искочи што ќе ни е на нас?И ние сме криви, името ќе си го дадеме ако треба за пуста ЕУ а ништо нема да се смени толку колку што имаат во очекување скоро сите.Првин народот што живее на земјава наша треба да се оправи, да бидеме посложни, да не загадуваме почва воздух и околина.Да не се крадат пари од народот.Сè дур овде не си средиме самите ситуација и не се доведеме во колосек секој еве како Грчка ќе не подј**ава како сака.Секој полтичар си гледа за себе искрени да бидеме пак ние сме колатерална штета.И пак да се смени власта пак ќе е исто.До народот е.Се што си правиме сами си правиме.
     
    На Rama, Srcka $ и LollySky им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.830
    Допаѓања:
    264.433
    Па не молчам. Јас спомнав. Ама вие ептен зафатени со историјата, се друго е небитно.
     
    На oblace1 и daylight им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Многу ситни теми се тоа за великите умови ;)
    Постојат посебни теми и за име, и за знаме, ама упорно си тролаат на темава.
     
    На galapce, JuLleE, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Епа ако спомна, кај ти се пријателчињата со кои го шаравте градот до пред некоја година? Не треба нас да ни спомнуваш, нам се ни е јасно, туку боичките во раце и правец пред министерство за здравство. Вие кои го гласавте заеф треба први да барате отчет за се` кажано и направено од нив. Понатаму вие си знаете што ќе правите, имате искуство! А ние нели бевме со испрани мозоци, што очекувате од нас, така?
     
    На YoungandBeautiful, H.VAGA, ADOKI и 5 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.830
    Допаѓања:
    264.433
    Ај продолжете си со името и историја ;).
     
    На oblace1, +++ и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Ќе смениме име и економски напредок ќе има. :D Океј, прво у ЕУ ќе влеземе. Пред тоа ќе испоцркаме и нема да има кој од нас да ја посведочи фатаморганата со која живееме од независноста до денеска - развојот, растот... као. :D

    Ко плус на тоа, и на Марс ќе пратиме наш екипаж оти, толку ќе отидеме напред што, наш space шател, пред планираниот (и скроз нереален на) SpaceX ќе го стави пропелерот наш (знамето) и новото име: Сексодонија на Сексодонците - очекувам ВМРО до тогаш да се вратат на власт и да удрат патриотски. Анѓушеви ќе продолжи да биде жив и да биде богат. Побогат, нормално. :D
    неговоќеелоготонашателотможда:D:D:D

    Пази му се Елон-е, Муск-у!
    ]:) :D

    #HumorMeMoodпродужуе


    За советничето на Тодоров... дајте му време,аман. Само што седна на столче вие ау, бау. Сеа, после година-две-четири кога ќе се разработи... тип-топ. Ко у време на Тодоров..па ко и у време на тате негов и целата им фамилија.
    :D
    Ај сега да одам во посериозните теми, да читнам нешто поозбилно и пореално. :D:D
     
    На YoungandBeautiful, Nigredo Odor, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    42.027
    Пол:
    Женски
    Филипче не треба ни да помисле, а не па да каже такво нешто. Нека се преиспита у какви услови се сместени новороденчињата и кои се се грижат за нив па после нека јаде слатки дека мајките се криви што децата им умирале.
    Срамота министре! Под итно да се извинеш!!
     
    На YoungandBeautiful, ADOKI, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Законот за јазици, преименувањето на аеродромот и автопатот, не се историја, туку АКТУЕЛНИ НАСТАНИ. Никој овде не ви е виновен што власта која ја избравте, цело време го провоцира населението со националните прашања, наместо на пример, да го средува здравството.

    На форумов има модератори да проценат дали одредено мислење не е соодветно за темата, нема потреба редари да поттикнуваат цензура.

    И кај е авансот т.е. ќарот од преименувањето на аеродромот и автопатот, ако е ова се за економски прогрес?
     
    На faye, YoungandBeautiful, H.VAGA и 10 други им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.994
    Допаѓања:
    2.273
    Значи ова со мењавањето на аеродромот и автопатот се реални настани и што се случува сега. И тоа е само дел од што почнуваме да средиме со Грциве за да имаме некој напредок, а тој напредок ке донесе повеќе безбедност за нашата држава, повеќе контола од еу на парите шо тука ни ги даваат и нема да можат да праат што сакаат. Тоа е предноста за нас и што уште пола милион нема да станат бугари ако би влегле порано. Што побргу подобро за нас, само кој сваќа шо е работата. Со пари без џеб или со мимимална плата не бива патриоти. Треба да гледаме напред и за нашите деца понатака.
     
  12. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    На Gentlemen, orevokrsacka, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.551
    Пол:
    Женски
    Ај за аеродромот ќе се помирам некако,ама за автопатот поглупаво име од пријателство,амин.
    Какво црно пријателство бре :o

    И јас сакам 500 евричи плата,море и уште повеќе,ама кој ми гарантира дека со промена на името ќе ги добијам истите?
    И Бугарија,и Хрватска се од поновите деца на Еу,и не мислам дека се многу побогати од нашава моментална мизерија :D
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Нема да биде лошо ако се научиш да пишуваш :^)
    Како си знаеш дека сте продадени :clap: Барем човек нема потреба да ви објаснува какви продадени предавници сте.
    Кај ти е Заеб во Грција, Бугарија или Албанија? Кај кој се улизува?
     
    Последна измена: 7 февруари 2018
    На Gentlemen, H.VAGA, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.418
    Пол:
    Женски
    Знам да пишувам намерно беше напишано така, сарказам знаеш..Ние го продолжуваме колото кое ВМРО го почна.Сум кажала и ќе кажам сите го****ии што ги направија они за 11 год. не очекувајте да се исчистат за два месеци;).Ич да не се секирате кај е, бар е на подобро место од оние што треба да се во ќорка а не се:*.
     
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Многу ги гледате песимистички работите.

    Ако влеземе до 2025 година во ЕУ тогаш тие што немаат работа во администрација и не се партиски вработени ќе најдат работа во ЕУ и ќе праќаат пари во Македонија. И онака дијаспората е најголемиот донатор на пари (со 1,5 милијарди долари годишно) во државава. Вака ќе има некоја рамнотежа; вие ќе си имате работа во државна администрација, овие кои немаат работа ќе најдат работа во ЕУ и плус ќе ви праќаат пари, значи вложувањата ќе се зголемат.

    Па ќе имате пари за да го барате идентитетот во антиката, па нови барокни фасади, па Кочо Анѓушев ќе ве лаже и понатаму дека Македонија се рекламирала на локална охридска телевизија но не и на CNN, па ќе испаднат нови Тентов и Бошевски со нова Розета. Дотогаш и Паско Кузман ќе излезе од затвор, па ете и Заев нема да јаде живи луѓе можеби.

    Зошто во државава сè е поважно од градење:

    - патна инфраструктура;
    - железничка инфраструктура;
    - водоводна инфраструктура;
    - електрична инфраструктура;
    - нови хидроцентрали (зошто нема доволно струја државава а струјата нели, не е важна за економијата)

    И така натаму и така натаму. Ќе немате потреба од фабрики за работа, ниту пак ќе имате потреба од привлекување странски инвестиции. Ќе имате повеќе пари. Повеќе дијаспорци значи исто така и повеќе пари.

    Win-win ситуација.

    И волкот сит а и овците на број.
     
    Последна измена: 7 февруари 2018
    На makedonkamak, galapce, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Уживај carangiga ќе дојдеме на власт и се што ќе смени име и шѕо ќе проба да руши Заефффффф Црпот бие ќе го вратиме во првобитна положба, неговиот почеток на неговиот крај одамна се гледа...Нема да му трае долго!
    Ќе го раскинеме лошиот договор со Бугарија и ќе ги вратиме сменетите имиња на аеродромот на автопатот и на се друго што ќе се дрзнат да променат име или да срушат нешто...
    Нека не се залажуваат дека ќе се вечни, незадоволството кај нив внатре расте секој ден се повеќе и повеќе така да сами ќе се срушат они...
     
    Последна измена: 7 февруари 2018
    На carangigia, Rama, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    И така ќе си играме уште едно сто години, кој како дојде на власт ќе мисли дека од него почнал светот.
    Интересно е што се идентификуваш со партијата па зборуваш во прво лице множина, зарем немаш свое "јас", некои лични квалитети, успеси...? Жалче.
     
    На sparklie, galapce, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    А кога ние ќе се офајдиме малку!?
    Македонија крава музара секнува веќе...политичарите со дебели конта и обезбедени три наредни поколенија, а НИЕ...ние со рогови како на ирвас лопатар и скинати гаќи...;(
    Заеб ми ја заеба и последната трунка надеж за подобар живот:(
     
    На ADOKI и Olgica.bu им се допаѓа ова.