Not really. Инаку, тие две избришани мислења, ме чинеа 11 лајкови Без потреба ме бришете, не напишав ништо лошо. И да не бидам офтопик. Еве потсетување во каква насока предизвика владеењето и активностите на Зајас да тргнат работите. http://www.bgnes.com/bylgariia/obshchestvo/4566624/ https://www.mkd.mk/makedonija/polit...atrijarhot-neofit-ochekuvame-sosluzhuvanje-so http://sitel.com.mk/vladikata-naum-za-bgnes-najprirodno-e-bpc-da-bide-nasha-majka-crkva Според него (струмичкиот митрополит Наум) воспоставување на евхаристичката заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија. Во ред, но за што, за ЕУ 2050-та. Па се чудам, на толку распродажби, Заеб и неговите досега требаше брда пари да донесат, 500-те евра месечно што ви ги вети, одамна реалност, не само шарени лаги. Али добро тоа, цркви, мајки-шајки. Од актуелностите, капак е кога однекаде ќе ги видам Османи и Груби, заангажирани околу спорот за името, полагаат сметка до каде се... Дно.
Замисли колку покварени се овие од Сдс цело време лаеаа и кудеа проти купувањето на мерцедесот а за една година откако се на власт го растурија од возење му направија 80.000 км , која е оваа неправда и лага што им ја сервираа на глупавите кои им веруваа. https://www.facebook.com/aco.atanasovski.56/posts/2018774398229474
---- Извор: http://netpress.com.mk/osloboden-komandant-na-uchk-chakala-go-napusti-idrizovo/ ---- Ослободен командант на УЧК: Чакала го напушти Идризово watch_later 10. ФЕВРУАРИ 2018. @ 11:19 person НЕТПРЕС visibility 193 ПРИКАЖУВАЊА timelapse 1 МИН. По 14 години во затвор, oткако му пиша на премиерот Зоран Заев, ослободен е командантот на Ослоbодителната војска на Косово (ОВК – УЧК), Авдил Јакупи – Чакала кој го напушти затворот Идризово, јавуваат медиумите на албански јазик. Авдил Јакупи, поранешниот командант на УЧК познат по прекарот (Чакала) на крај ја дочека слободата по 14 години во затворот Идризово во Скопје, пишува Журнал.мк. "После 14 години и два месеца излегов од затвор, им благодарам на оние кои за ова време беа со мене, напишал Чакала после излегувањето од затвор. Авдил Јакупи, познат како командант Чакала, на почетокот од јуни минатата година му испрати отворено писмо на Зоран Заев веднаш по неговото стапување на премиерската функција. Преку ова писмо тој бараше од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело за коешто тврди дека не го направил. ----
Навистина е одлично кога гледаш луѓево како индиректно признаваат дека се свесни за партизацијата во државава. Истите тие додуша се свесни дека има и луѓе кои не припаѓаат ниту на едниот табор а исто така ниту на другиот табор ама сепак, се случува пример Петко да му каже на Станко: „Ти си вмровец“. Истиот тој возвраќа на ова честопати: „Ти си комуњара“. Најинтересното е тоа што и двата табори не се свесни дека претседателот на Крушевската Република бил социјалист по убедување, т.е. „комуњар“ и сепак, се крстат доста луѓе во него. Како и во многу други кои биле социјалисти и се залагале за соживот. А глумат националисти. Но, во држава во која имаш на страната на СДСМ вакви новинари: И на страната на ВМРО вакви новинари: Не можеш да очекуваш нешто подобро. Можеби нема да се отворат границите кон ЕУ во наредните десет години но ако се отворат ќе славам. Барем младиве и неопределениве кои страдаат тука нема да страдаат од вакви појави и ќе си отидат. Очи нема да ви гледаат, вие јадете се до утре ако сакате за позициите во FYROM.
За тие што знаат да читаат говор на тело, го препорачувам видеово од вчера: https://mk.voanews.com/a/4246625.html#player-set-time=4.841972 Од 00:04 и пауза до 00:08 очигледно се познава разочараната фаца на Димитров, изгледа како некој да му истурил врело кафе врз него. Поентата е дека вашите политичари немаат никаква контрола на процесот, не смеет да влечат црвени линии оти можно е да им се лутат потоа. Покорни послушници. За останатите реакции, исто од вчера. Темава е актуелни политички настани, ако не сакате да читате нешто што не ви се допаѓа, преименувајте ја во фан група на сдсм и барем така појасни ќе бидат работите.
После ова,веќе не сум Македонец.А гнасата Зајко Господ ке го казни и тоа многу. Додека наши патриоти гнијат во затвори,Зајко ги вади убијци на наши браќа ,мизерија и голгота. Не ме интересираат партии,ме заболе и за Грујо и за Заев,ме боли за нашата мизерна и бедна иднина.Сите се исти ѓубриња кој и да дојде на власт,пепел прават од народот.
Ајде, наздравите сега, зошто партииве наводно преговарале да се финансираат за избори и ред други работи отсега па натаму од буџетот на државава. Пари за леб нема народов, мизерува, бедници и просјаци од ден на ден сè повеќе и повеќе има а овие сакаат да воведат систем на финансирање сличен на тој во Германија: СДСМ и ВМРО преговараат партиите да се финансираат од буџетот http://off.net.mk/links/nabrzinka/62210 Вие понатаму тепајте се за името. И ќе ми каже после некој едниве биле поголеми патриоти од другиве.
Искрено се мислев дали да ти одговорам или не, ама не си баш во право. Еве, ќе го напишам коментарот уште еднаш. Има премногу такви на темава, дури и од авион се гледа. Ама ајде, до тука, за понатаму ќе прекинам да не се налутат дотичните. На тебе не мислам тоа е сигурно, тебе те почитувам како личност многу.
Не гледам причина да избегнуваш одговор. Барем со мене немој. Од разбраните сум жими се. Слободно кажи зошто мислиш дека не сум во право, ме интересира. Ете, јас сметам дека приоритет треба да биде здравството, економијата и останати сфери. Барем така се фалеа. Не името. Ама тие тоа та тоа. Името ќе ни ги реши проблемите. Името ќе ни го среди здравството. Името ќе ни донесе плата од 500 евра. Името, само кон пропаст ќе не донесе. Ним не им е приоритет ништо според ветеното. Јавното мнение за Шилегов, за кое е издвоена енормна сума, е поважно, од операцијата на малиот Доминик. Акцентот е на името дури и на форумов, оти е тоа секојдневно актуелна тема. А кој знае што друго буткаат во позадина. Па, кои им се приоритети според тебе, ако не им е ете името?
Уште не ми е јасно што држава сме и до каде дојдовме Дали еднаш и засекогаш нашиот интерес ( македонскиот) ќе биде на прво место за политичариве? Дали ќе се направи еден попис нормален како што треба? Од еден чудак се спасивме , но на бетер наидовме. Тотално разочарување и Сдсм мислам дека после ова никогаш нема да дојде на власт. Како што ми изгледа работава со БГ пасошиве ќе надмине и над 20 % така да и овде нешто ќе се скува. Зајко, молим те оди си не доуништи и повеќе од твој претходник што направи. Тој за 12 години, а Зеко за 1 година. Стручњак, невиден. Уште за 2 години старосната граница ќе зголемува за пензија Наместо да расчистат со пензионерите, да се ослободат места за млади и невработениНемам зборови веќе, срамота.
Не знам зошто мислиш дека мене ме интересираат Шилегов и компанија?! Јас ништо немам со нив. Ете го Шилегов, сега ќе прави глупости со пет милиони евра. Наместо да ги употреби за санација на веќе постоечките објекти кои се крајно неплански правени од претходната власт и во кои насекаде тече вода како Нијагарини водопади тој сега ќе дава пари за глупости. За галиите. Коритото е и онака веќе уништено а и полно со шишиња од нашиот (не)свесен народ. Дали некој во државава од 1991 година па наваму се најде да ја поправи состојбата во областа на економијата? И ти дали лично сметаш дека некој во иднина ќе ја опорави економијата? Македонија нема ни за триесет години да се извлече од ова што е. Друго, дали ти лично би советувала еден ваков човек да биде патриот во државава? http://reporter.mk/seshto/smrznati-gladni-bez-struja-samohran-tatko-od-skopje-ochajno-bara-pomosh/ Како ти лично планираш таа маса на луѓе која гладува да ја натераш да биде патриотски настроена спрема државата? Кој е твојот план?
Додека вие овде си филозофирате, Груби си ќарил професорско место на факултет. Ретко си држел предавања ама затоа си зема две плати. Професорската и таа пратеничката. Мизериите си просперираат во мизерија од држава. Дојде животот.
Не мислам така. Него само го посочив како пример за деструктивност. Согласна. Има обиди исклучиво за уништување на државата. Се што до сега беше направено, никако не ни беше во корист. Огромна бројка на невработеност, изоставување на квалитетни кадри, партиски вработувања, задолжувања, тринаести плати за елитата, евтина работна сила, неплански и избрзани проекти итд. Подобрувањата се минимални, но не соодветсвуваат со животниот стандард. Зборувам за двете партии. Јас мислам дека ние полека но сигурно тонеме на дното, каде ќе останеме заглавени долго, ако до тогаш имаме држава. А ти, дали сметаш дека нивниот моментален приоритет, распродавање на се што има национално обележје и ненасочување на реалните проблеми, ќе ја реши нашата ситуација? И сега, дали се ова што го кажа, а со кое се согласувам ќе се реши ако го сменат ете и името? Како? Живо ме интересира. Јас критикувам, бидејќи има други, реални, жални, па дури и очајни проблеми. Ете, како линкот што го сподели на пример. А тие, што прават во врска со тоа? Ништо. Што овој човек ќе добие ако е патриот или ако не е патриот? Ништо. И натаму ќе бара помош, а државата и натаму ќе ги игнорира ваквите случаи, а ќе го менува името. Или нешто друго. Знаеш кој им помага на ваквите? Народот. Немам план. Бидејќи јас никого немам намера да убедувам да биде она или ова, ниту пак сметам дека патриотизмот менува нешто во однос на животниот стандард. Заклучокот би бил, нам исто ни се фаќа. Патриоти или не, исто е. Со таа разлика што овој пат, повеќето се во заблуда дека промената на историјата и името, следствено и Уставот, магично ќе ни ги решат проблемите. Епа не е така.
Мене ми е јасно дека можеби нема и да влеземе во ЕУ и во НАТО доколку смениме име. Ама моментално и нема друга опција, со оглед на тоа што просечниот Македонец не е способен за ништо друго освен за крадење и лажење. Повеќето, не сите, нормално. И тоа го споменав повеќепати. Работата е тоа што ќе ја добиеме можноста да си одиме од тука и да не ги гледаме овие административциве кои се квази-патриоти и не гледаат подалеку од носот и партијата. Значи ти си уверена дека ние веќе тонеме и дека нема излез. Вака сега јас мислам: ако не се смени името ќе останеме и ќе си продолжи бугаризацијата на Македонија а исто така и голем дел Македонци ќе ја напуштаат државава без бугарски пасош, значи ќе се забави процесот на умирање. Нема перспектива. Значи ти веќе почнуваш да сфаќаш дека оваа држава ќе се распадне. Јас сум сигурен, зошто просечниот граѓанин не го интересираат муабетите за патриотизам и за ред други работи кога е свесен и самиот во државава какви глупости се случуваат. Го интересира работа и стабилен живот. А тоа го нема. Да, народот помага, точно, ама народот не може многу да помогне. Мене и тебе ни се ограничени можностите. Затоа државата на пример дава работа исклучиво на партиски кадри. И дели социјални станови на партиски војници. Нема затоа причина овој човек да биде патриот. Државата го оставила на цедило. Колку човечки судбини уништи оваа држава од 1991 година па наваму? Зошто мислиш ти дека овие луѓе ќе станат магично преку ноќ патриоти? Која е причината кога некоја бараба која дошла на власт му го зела и тоа што го имал? А пред да му ја уништи судбината плаќал даноци. Даноци кои требале да му донесат подобар живот. Наместо подобар живот тој добил живот во сиромаштија. Јас искрено еве, тебе не те ставам во оваа група зошто знам дека си свесна, но јас искрено не можам да ги сфатам овие луѓе кои знаат дека има ужасно сиромашни луѓе во државава и тврдат дека ќе ги учат своите деца да јадат лепче и кромид и дека не биле храбри овие кои бегаат да се соочат со предизвиците во државава. Јас искрено не знам дали луѓево имаат погледнато подалеку од форумов и од обезбеденото место во администрација благодарение на Н.Г. и З.З.? Некои за жал немаат на пример можност да постават слики од своето јадење на форум, па слики од Халкидики, па слики од Милан и така натаму. Друго, можеби и ќе се смени Уставот а можеби и не. Тоа сè уште не го знаеме. Каде изјавил Заев дека ќе го менува Уставот? Јас досега читав како Димитров вели дека нема да преговараме за идентитетот и исто така читав дека Заев не гледа причина да се менува Уставот? Што ќе донесе иднината понатаму ќе видиме. Што не значи дека не е можно тоа сценарио. Но, дај да видиме вака како Никола Груевски учествуваше во распадот на државата. Велите дека Груевски ги држел во шах-мат позиција Албанците. Не би рекол. Јас би рекол дека водеше бизниси со нив и дека и тој има удел во тоа што се случи во Македонија. Што значи воопшто не е патриот. Ај да се навратиме малку во 2008 година. Дали се сеќаваш зошто таа година беше клучна за нас? Тоа ги побива и сите тврдења на Ефтов и на Велиновска за дејствувањето на CIA. И цело време читам тука од луѓево: „Врати се Никола, сè ти е простено“. Каде се истите овие да протестираат за да биде тој ослободен и да не биде тужен? Јас не видов ниту едно лице да протестира? Зошто кога беше избиран нов претседател на ВМРО не протестираа истите овие? Ова е одговорот: зошто не ги интересираше. Многу им е гајле на нив. Точно е, патриотизмот не го подобрува животниот стандард. Но, за да имаш патриоти во државава треба да им дадеш нешто на луѓево со кое тие ќе се гордеат. Патриотизмот е всушност доста поврзан со либерализмот, ама ајде, тоа во друга тема. А моментално државава нема што да понуди.
Ме потсетува на случајот во Битола. Градоначалничката си го вработила братот, на место наставник по математика. Случајно, никој не конкурирал на тоа работно место (им кажале дека е наместен огласот). И оваа, се јавува така горда, освен тоа и 10 години без работа бил. Аман бе, толку неспособен да не може сам работа да си најди?
Чекат уште Трамп да се извозе во него. А зинат а излажат. Тие од штабот нивен незнам што им даваат па веруваат дека се е розево и уште да им веруват. Ајкју колку им изнесува? Партија што во штабот на состанок дебатираат на кој треба лајк на фб да се става, на кој здраво треба да се каже со кој од вмро смеат да влегуваат во дебата а со кој не , бидејќи има луѓе што на два збора кажани ќе останат без текст. Од ваква партија која е на власт треба ли на нешто да се надеваш на подобро ? "Режим " тргаа од власт за на власт да дојде диктатура бетер од таа на Ким Јонг Ун.