Актуелни политички настани

Discussion in 'Политика и настани' started by Ariel, Aug 3, 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,334
    Likes Received:
    4,418
    Според грчкиот весник Катимерини:

    Турција, а не Скопје, претставува реална закана за Грција

    "Турција, а не Скопје претставува реална закана за грчкиот суверенитет. Ова го пишува новинарот Том Елис во својата колумна, објавена во грчкиот весник „Катимерини“, пренесе Макфакс.


    „Во Грција долго време зборуваме и бараме вина во името на ПЈРМ, иако повеќето земји во светот ја признаа под името Република Македонија пред многу години. Продолжувањето на овој дипломатски ќорсокак ги двои нашите сили на два фронта“, предупредува авторот. Според него, односите меѓу Атина и нејзиниот северен балкански сосед можат да се развијат преку поумешен и пофлексибилен пристап, па и да ја претворат Македонија во најблискиот сојузник на Грција.


    „Во исто време има еден друг сосед на Грција, кој ги прикрива своите претензии кон Атина, но со своето однесување и говорите претставува вистинска закана, нагласува Том Елис во коментар со наслов „Односите со ФИРОМ и влијанието на Турција“.


    „Се разбира, важно е и прашањето со името на ФИРОМ и заслужува внимание и вешто ракување со него, но секоја земја и особено Грција, треба да им даде приоритет на предизвиците и да реагира на соодветен начин. Колку подолго се влошуваат односите меѓу Атина и Скопје, толку повеќе Турција го зголемува своето влијание на Балканот, како дел од политиката на Анкара, која има јасни геостратешки цели и религиозна димензија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган, ретко пропушта можност да изрази поддршка за пристапувањето на ФИРОМ кон НАТО и постојано ја обвинува Грција дека дејствува неправедно со тоа што и го попречува влезот, до решавањето на спорот за името. Во повеќе јавни говори, турскиот претседател вели дека Турција и Македонија се братски земји и дека помеѓу Анкара и Скопје нема никакви разлики. Тој вели дека Турците никогаш нема да се откажат од македонските браќа и дека Турција секогаш е на страната на Македонија. Едоган дури и тврди дека Анкара нема да дозволи промена на името на Македонија“, стои во коментаторот на „Катимерини“.


    Понатаму во текстот се додава дека Турција веќе има големо влијание на Балканот, а сега ќе го зголеми дополнително. Во овој контекст, авторот смета дека подобрувањето на односите со Македонија би се покажало од витално значење за интересите на Грција."


    извор: http://www.plusinfo.mk/vest/142767/...ne-skopje-pretstavuva-realna-zakana-za-grcija
     
    ADOKI likes this.
  2. Gentlemen

    Gentlemen Истакнат член

    Joined:
    Dec 30, 2017
    Messages:
    158
    Likes Received:
    412
    Gender:
    Male
     
    zuto and ADOKI like this.
  3. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    171
    Likes Received:
    641
    Gender:
    Female
    Од партија му ја згрешиле функцијата требало министер за надворешни да го стават. На висока политика удри многу во Атина па во Белград и од џебот на народот ќе му плаќаме да си го шета..

    Пред 3 години од денес, #СтудентскиПленум ги окупираше факултетите.

    Нивната борба не беше за повисок студентски стандард, поквалитетно образование, права на студентите, борба против неправедноста и партиските влијанија, и сл.
    Сето тоа го имаа со ВМРО, и многу повеќе.

    Нивната борба беше да НЕМА образование, воопшто да не се учи бидејќи се галени комунистички синчиња кои оценки добиваат поради тато, а образованието го сведоа на тоа да во иднина ни излегуваат кадри кои за 8×7 ќе мора да уклучат калкулатор.
    Успеаа и Туфте да ја направат пратеник.
    Но не успеаа и да и' најдат дечко.

    Сочуство за идните генерации.
     

    Attached Files:

  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Joined:
    Oct 17, 2013
    Messages:
    3,616
    Likes Received:
    27,000
    Gender:
    Female
    Што беше филмот со обвинителката Фетаи?
    Прво, се пишуваше дека имало обид за атентат брз лицето во с Боговиње. Зачинето со детално објаснување.
    Следеше изјава од СЈО дека нема никаква поврзаност со Ф.Ф и дека воопшто ниту била , ниту имало некаков инцидент во тоа село.
    Добро, вакви работи ќе се измислуваат само за добијат на читаност и као слава или пак нешто друго се случува или пак крие од јавноста?
    Останува да видиме.
     
    Aquamarine93 likes this.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,780
    Gender:
    Female
    Машала, машала... се множите „објективни“ критичари на сè што беше против ВМРО! (fingers)
    Ти честитам, Бонд убавице, поголем виц од болдираново одамна немам прочитано. :D
    И по 3 години можам само со помислата „секоја чест“ да се сеќавам на она што беше Средношколскиот пленум, а пред тоа Студентскиот. Секако, од денешен аспект имам почит за моите врсници кои останаа навистина објективни, без никаква корист од своите зрели ставови и со остра критика кон денешнава власт. А многу ги има такви, посебно во овие организации во врска со образованието (не Шарена револуција) исклучок се оние што се погазија себеси и се сместија во фотелји.

    @+++ и @Lianna Anna, морам да споменам дека во дискусијава поназад, и двајцата сте во право :)
    Коренот на сето тоа тапкање во место и поделеноста меѓу граѓаните за политика, е најмногу во тоа што самите политичари од сите други проблеми и ниво на кое се сите сфери во општествово - се „замараат“ токму со името. Едните спремни да се откажат од национален идентитет заради корист, другиве пак играат на карта лажен патриотизам (кои кај нивните фанови е всушност национализам), тревоги околу продавањето на идентитетов и сл. И така до недоглед... што разочарува, го избледнува и предизвикува апатија кон патриотските (во вистинска смисла на зборот) чувства кај секој разумен човек. :)

    П:С. Се надевам дека не сте сериозни со позитивата и hype-от у врска со поддршката од еден таков лидер како Ердоган - барем вие поразумните, не се чудам на тие што (како него) не веруваат во еволуција... :drunk: :D
     
    Olgica.bu, +++, galapce and 4 others like this.
  6. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Joined:
    Jan 17, 2018
    Messages:
    171
    Likes Received:
    641
    Gender:
    Female
    Стоење на гравчиња додека не потече вода од ќошот е ок реформа ако си дете на некој што гласал за промена на името.
     
    Abeja and Aquamarine93 like this.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,208
    Gender:
    Female
    Пленумите беа инструмент на тогашната опозиција. Од таквите „борби“, едно општество нема никаква корист, затоа што се борби за фотелји и работни места, без вистински заслуги и по лесен пат.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,947
    На Груевски му било многу секој ден да оди на судења, барал човекот поголема пауза.
    И мене ми е многу секој ден да одам на работа, ама ете...
    Веројатно сакал одмор човекот, ефтини се сега авионските карти за Виена, Будимпешта... Oh, wait... Пасошот...

    Овие што се фалите дека мерцедесот поминал 80000км, свесни сте дека не се знае кога се направени тие километри?
    И во текстот што го постиравте пишува дека не се знае кој направил повеќе, дали ВМРО или СДСМ, ама ним им одговара да кажат СДСМ :D
     
    P.S.love, galapce, Mishela and 5 others like this.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Joined:
    Oct 17, 2013
    Messages:
    3,616
    Likes Received:
    27,000
    Gender:
    Female
    Јас мислам дека Зајко ноќе го краде и вози.При тоа се замислува дека е Никола :D
    Пуста љубомора :D посилна е, го копка човекот:D
     
    Mari-Ja likes this.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2017
    Messages:
    2,591
    Likes Received:
    20,624
    Gender:
    Female
    Нема да влеземе. Не со промена на името. Ами со исполнување на условите за истото. А досега чинам, ниту една држава не беше условена да промени име за да влезе во ЕУ или НАТО. Ниту пак постои држава која би го дозволила тоа. Чекај, постои. Тоа е нашата држава. Нашата држава, си гаи лажна надеж за решавање на проблемите со промена на името.

    Има многу други опции. Да се направат нормални програми и стратегии со кои би се поправила барем за процент економијата. Да се инвестира во здравството. Да се направат цели и стратегии за да се задржат квалитетни кадри. Да се департизира државата и да се ослободи од стегите на политиката. Толку кадарен лидер, до сега не се појавил. Затоа тонеме и ќе тонеме и натаму, па макар и во Еу да сме.
    Има излез, нема храбар човек да го спроведе. Нема човек со таков капацитет кој ќе се спротивстави на уцени, на закани, нема лидер кој не е влезен во светот на лагите, кражбите, манипулациите, корупцијата. Државата нема да се распадне, но ќе се бинационализира и катонизира. На жалост, ниту тоа нема да не извади од дното кое го допревме. И на бугаризацијата може да се влијае. Реков, потребни се стратегии за да се задржи народот тука. Законот може да се смени, да не дозволува двојно државјанство. Така ќе престане бугаризацијата. Ама од друга страна, Македонија мора нешто да понуди, зашто народот не бара бугарски пасоши за џабе. Борба за егзистенција.

    И мене ме интересира работа и стабилен живот. Како сите нас, впрочем, тука. Не сум ниту јас, кој знае каков патриот. И кога би се нашла пред избор, можеби и би одбрала да заминам. Но тоа, на другите, не им дава за право, да го менуваат името на државата, ниту да ги распродаваат националните обележја. Јас само сметам, дека ова што се случува, апсолутно не е во ред.

    Народот помага и натаму ќе помага. Народот ја чини државата. Не чини народот, не чини државата. И на државата и се ограничени можностите. Особено ако истава не цели кон реално решавање на проблемите. Народот брка врски за социјални ставови, партиски вработувања. Државата дозволува, сите се корумпирани. А се додека е така, народ кој навистина има потреба од станови ќе остане на улица.

    Зошто цело време ми го споменуваш патриотизмот? Не сум јас од тврдокорните патриоти. Ниту мислам дека оваа држава заслужила да се биде патриот. Но сметам дека народот во неа има право на нормална држава и соодветен живот во истата. Наместо да трчаат по соседите, нека го погледнат народот. Убаво велиш, државата уништи многу животи, сега се уништува и самата себе. А народот тоа го дозволува, оти има надеж за подобра иднина.

    Да бев јас од тие, ќе бев на улица, на протести, не на форум. Не сум од тврдокорните, но си ја сакам државата, ете, каква таква, никој нема право под притисок да и менува име, за возврат да не добиеме ништо. Јас реагирав само еднаш, институционално, кога Талат го постави албанското знаме во кабинет. Ништо повеќе од тоа не сум направила. Ако сум искрена.

    Децата, треба и мора да имаат барем основни средства за егзистенција, право на среќен и соодветен животен стандард, соодветно образование и услови да го стекнат истото. Оваа држава, многу одзела, ништо не дала. Но од друга страна, сиромаштија има сегде, не може, невозможно е да се искорени целосно. Но е можно да се доведе на соодветно ниво, а државата на останатите да има средства да им помага, а не да гради или урива споменици со истите, да мери јавно мнение итн.

    Јас немам книшка. Бев симпатизер на Вмро. Гласав за нив, затоа што мислев, можеби и се уште така мислам, дека ако добијат 63 пратеници, вакво нешто немаше да се случува. Немаше да има простор за уцени. Со тоа што немаа толку пратенички мандати, се направи одлична подлога за Тиранската. Партија која спроведува туѓа платформа, во друга држава каде владее правото, ќе беше избришана од регистерот на партии. А кај нас, партијата е на власт и зборува за владеење на правото и почитување на Устав и закони, а ги крши самата. Вмро се смени скроз и се насочи кон натамошна деструкција.

    Многу точки подвлечени во Тиранската, го засегнуваат Уставот. Сдс зборуваше дека нема да има двојазичност, ниту промена на име итн. Се што кажаа, излажаа. Ќе има уставна промена, благодарение на новата бинационална држава. Ќе мора да има. Тие можат да зборуваат што сакаат, со цел ставање превез на нашите очи, но се веќе провидни.

    Никола не е патриот. Да беше, сега ќе беше зад решетки, ќе ја прифатеше вината, ќе се жртвуваше за државата. Немаше да падне под притисок и уцени, ќе го реформираше Вмро и ќе стоеше на постулатите од сопствениот проглас. Се што кажа, погази. Тој потпиша Пржински 1 и 2 за да се спаси и се надеваше на 63+. Се излажа. Никола, има удел во се ова. На Никола, не му е ништо простено. Да му беше, ќе беше и натаму власт.

    На народот му здосади од протести, од игри, да биде злоупотребуван за секакви цели, туѓи цели. Затоа стана рамнодушен. А има и такви кои се плашат. Новиот претседател на Вмро, мене ми е исто, како Заев да го гледам.

    Така е. Прашењето е, дали државава некогаш воопшто ќе има нешто да понуди.

    Мислењево е од вчера. Успевам сега да го пратам. :D
     
    P.S.love, Rama and blonde_supergirl like this.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,947
    Тоа го виде затоа што кревет делевте, или?
    шала, no hard feelings ;)

    Едно е што мислиме јас и ти, друго е каква е вистинската ситуација, а сосема трето, а воедно и поента на целиот мој пост, е дека инфомакс и новинарство нема никогаш да застанат во иста реченица.
     
  12. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Joined:
    Oct 17, 2013
    Messages:
    3,616
    Likes Received:
    27,000
    Gender:
    Female
    Немој до кревети, аман. Сакаш кошмари да имам.
    Се зезав јас, не знам како ме сфати.
    Со оглед дека никој не е заинтересиран да го купи лепотанот црн ќе се користел за возење високи гости од стрнство. Последно се возел генерслниот секретар на ОН.
    Вчера гледав на вести за истово.
    За, новинарството на наведените и слични на нив имаш право.
     
    DAngel likes this.
  13. +++

    +++ Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2017
    Messages:
    1,752
    Likes Received:
    8,068
    @Lianna Anna


    Па ние досега сме добиле повеќепати препорака за влез во NATO на пример, а Грција во 2008 година стави вето на сето тоа. Па после тоа потпиша тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошовски со САД Договор за стратешко партнерство кој ја гарантира безбедноста на Македонија и нејзиниот унитарен карактер. Ама Никола Груевски наместо да работи на планот да го искорени албанскиот национализам (дур имаше време), тој работеше на тоа да го зацврсти национализмот кај Македонците во Македонија.


    Што значи има огромна шанса и да влеземе. Ако ти си уверена во спротивното во ред, нема да ти менувам мислење.


    Но:

    Сè е ова убаво што пишуваш, но ова е искрено Утопија. Толку кадарен лидер не се појавил а и нема да се појави а и да се појави веќе е предоцна, го испуштивме секој можен воз. Со население кое од ден на ден тежнее кон тоа да стане бугарско со цел да избега од државава како резултат на економијата, распадот не ни бега. Требаше уште многу одамна да се работи вака како што пишуваш за да не ни беше гајле ниту за Грција ниту за ЕУ. Ама темпото не го фативме навреме и нема веќе назад.


    Значи лидер кој ќе биде ваков и ќе се реши да изврши департизација на администрацијата и ред други работи ќе заврши во некој ендек или пак со куршум во глава. Нема ни да се појави, ниту во иднина, ниту сега.



    Да, ќе тонеме, исто како што Бугарите се во ЕУ па пак тонат. Но, ќе ја добијат младите шансата да работат во држава во која не се тоне така лесно како на Балканот.



    Државата е одамна федерализирана. Можеби ако се организира попис ќе се смени тоа, а можеби и не. Не се организира попис и нема ни да има во блиска иднина. Зошто и самата ти е јасно.



    А што правиме со тие Македонци кои се надвор од државата и имаат државјанство од друга држава, а не од Бугарија? Мислиш дека така лесно ќе се откажат од странското државјанство за македонското? Не би рекол. Такви се доста, дури и повеќе од овие 120-150 000 декларирани Бугари во моментов.




    И јас сум за тоа да не се менуваат тие работи. Зошто мислиш дека сум? Ама немаш друга опција. Требаше да се создаде таа опција за да тука луѓето останат патриоти и да си ја сакаат својата држава. Наместо тоа тука се работеше на планот да се зацврсти национализмот и се работеше на тоа само да се краде.


    Кога ја нема таа опција нема зошто да бидам против тоа. Кога другите не ги интересира зошто па да ме интересира мене тоа? Да го интересираше Македонецот ќе превземеше одамна мерки да не дојде до ова. А всушност никој не го интересира. Реалноста е дека тие што се заинтересирани за ова се малцинство.



    Да, народот ќе помага понатаму, ама тие што помагаат се малцинство. Како што споменав погоре. На мнозинството не му е гајле. Затоа огромен дел од народов за мене се Фиромјани и ништо друго.


    Но, тие што помагаат им се ограничени можностите. Значи ти не можеш на пример на некој човек кој живее во претерана сиромаштија и бил уништен од државата да му помогнеш со доста работи. Можеш да му дадеш некаква помош која ќе му даде некаква утеха на проблемите на одредено, но тоа нема да биде трајно решение. Зошто ти пример имаш ограничени можности. Како и јас. И не те обвинувам за тоа. Државата на пример може да реши вакви работи, барем за вакви работи има капацитет ама не сака. Главно поради Фиромјаните.


    Јас сум сигурен дури и дека 90% од членовите на форумов не се јавиле да донираат сто денари за човек кој боледува од нешто, иако се прават огромни хуманитарци доста од нив.



    Ти си реагирала институционално еднаш, јас сум бил на минимум пет протести за името. И секогаш морав да го доживеам разочарувањето како некоја политичка партија стоела зад тие протести или пак некое лице кое ги гледало протестите како инструмент да дојде на власт. Ја научив лекцијата, повеќе не.



    Јас не ни тврдам дека сиромаштијата може да се искорени целосно. Сиромаштија има и во Германија на пример. Работата е тоа што тука и вработените се сиромашни. Стандардот ни е нула. Мене тоа ми пречи. И во Германија на пример ако си сиромашен денес, утре можеш да најдеш работа за побрзо време отколку во Македонија. Во Македонија тоа не е случајот. Светлосни години сме разлика. Да, има во секоја европска земја сиромаштија ама има и огромна разлика помеѓу европска земја како Шведска или Франција и Македонија.



    Па и Никола не заостанува со неговите прекршени ветувања. Коалиција со ДУИ 2006, министер за одбрана Командант Форина, па ослободување пред очите на јавноста т.е. пред камери Албанец-националист и простување на истото. Инаку тоа го направи Џеват Бучи. И тој ослободуваше терористи, не само Заев.


    Можам уште многу да набројувам.

    Политичарите лажеле и ќе лажат. И кога веќе го имаш сето ова на послужавник и народ кој не е заинтересиран зошто па јас да бидам заинтересиран?

    Бев едно време заинтересиран, веќе не сум. Ја научив јас лекцијата одамна.
     
    Last edited: Feb 12, 2018
  14. +++

    +++ Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2017
    Messages:
    1,752
    Likes Received:
    8,068

    Jas razgovaram so zenata, a ne so tebe. Od takvi kako tebe ne ni ocekuvam poinakvo mislenje. Teraj ponatamu.

    @Lianna Anna

    Ignoriraj go i koncentriraj se na nasiot razgovor.
     
  15. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Joined:
    Apr 7, 2016
    Messages:
    815
    Likes Received:
    3,756
    Gender:
    Female
    „Политиката директно и индиректно допринесува за твојот личен бенефит и влијае врз квалитетот на твојот живот. Индиферентност е најлош можен избор за тебе, мене или било кој.“

    @Mamli

    [​IMG]
     
    Lianna Anna, Rama and Abeja like this.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Joined:
    Oct 20, 2017
    Messages:
    1,501
    Likes Received:
    4,242
    Gender:
    Male
    Еве по грешка го избришав постот, па ме мрзи повторно да го пишувам. Ќе бидам краток. Политичарите лажеле и ќе лажат, па идеопоклонство спрема партија и политичари е клише според мнозинството младина со којашто комуницирам. Ок. Но која е разликата помеѓу идепоклонство спрема политичар и партија и музичка група, спортист, глумец? Зошто мислиш дека на групата АCDC им е гајле каков живот живееш ти, што јадеш или дали имаш пари да платиш струја утре? Не, нив им е гајле ти утре да им го купиш најновиот албум, маица, да погледнеш видео на јутјуб од нив и магарето да си го товарат тие. Од друга страна квалитетот на твојот живот директно и индиректно зависи од политиката, а економијата сама по себе е тесно поврзана со националните интереси и геостратегија. Македонија 28 години прави компромиси со цел да влеземе во ЕУ и НАТО. Бришат под со нас, трпиме, веќе не ни чуствуваме што е тоа срам се за арно и просперитет, но на крајот на денот се прашуваш ли дали живееш подобро? Дали тоа бришење под со тебе ти донесе подобар живот? Земјите во ЕУ си имаат свои домашни проблеми. Тие нема да ти ги решат, како што и ти на комшијата нема да му ги решиш проблемите помеѓу него и жена му. Сите го исмејуваа Љубчo Георгиевски кога почна да промовира патриотска економија и Made In Macedonia менталитетот. Од таков народ и менталитет не можеш да очекуваш ништо друго освен деструкција. Да бидеш нормален меѓу ненормални е веќе ненормално.
     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,469
    Likes Received:
    17,848
    Gender:
    Female
    Сакав да го игнорирам ова, но посилно беше од мене :D :D :D
    Во превод"не си играме со него, игнорирај го, не му подавај топка"
    Ах бе Крсто, форум е ова, сите дискутираат, не само твоите истомисленици.

    60.000-180.000 денари ако ве касне куче скитник :o ]:). Готово, решен проблем.|(
    А Заев прошета до Анкара за да ни јави дека Турција го поддржува решавањето на спорот со името. :D Фала на информација чичо Заеб.:devil:
     
    Rama, ADOKI, Bitter-Sweet and 2 others like this.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2014
    Messages:
    1,696
    Likes Received:
    2,713
    Gender:
    Male
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,208
    Gender:
    Female
    Сега малиот Виган ќе има повеќе пари за чоколади и никогаш нема да стане Атлетик. Владина мерка за лоши деца кои пеат терористички песнички :party:
    Субвенционирањето на Канго повеќе ви пречеше, но, добро, прашање на музички вкус е.
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,131
    Gender:
    Female
    Он сигурно отишол за да го убедува Ердоган да не галами многу по прашањето за името, да не крева тензии кај нас.
    Ердо, брате, името мора да се смени:D ^_^
    А, се сретнал ли со некого? Немам прочитано? Да не отишол приватно, да прошета и касне баклава? :D