Сега зимно време одат во Австрија, Виена, таму е идеално за преговори за име, а летоска ќе го договараат на Закинтос, Скијатос, Лефкада. Исто и Заеб, сега Анкара, летоска Анталија. Абе иде колку да се дешава нешто, да не рече народ види го ништо не работи само дома седи.
Шо убавко. Овие "невините" од Смилковско си се слободни,т.е се бранат од слобода,и на 12 март ќе им се суди за последно,ама се индицирало на тоа дека се невини. Да де.
Како што пишав претходно во моите коментари. Сè е од интерес во државава. Да се појави некој човек кој ќе ја поправи државата нема, ниту кај ВМРО, ниту кај СДСМ, ниту сега а исто така нема ни во блиска иднина. Ајде, можеби (ако има референдум за името) постарите ќе гласаат за да не се менува името па можеби и ќе падне сето ова во вода. Но, тоа пак нема да ја поправи состојбата во државата која оди надоле и кон нејзино уништување. Сите се патриоти, на форум, нормално. Ова последново не се однесува на тебе.
Како Никола го зацврсти албанскиот национализам? Алабнците и пред Никола имаа огромни териоторијални аспирации. И се што вклучува национално обележје. Ќе имаат и натаму. Се држат заедно, за разлика од нас и успеваат во науменото. Ете, јас еднаш реагирав правно, ти си бил 5 пати на протест. Ниту моето, ниту твоето било земено во предвид. Ние сме се разочарале и ја пуштаме државата да тоне. Стварно мислиш дека ова што го правиме е во ред? Моќта е во народот. Ние имаме право на своја држава, свој јазик, своја историја, свој идентитет. И никој нема право тоа да ни го оспори, или пак како во случајов, промени. На Грција не и смета само името, ами нашиот идентитет. Човече. Па тоа од авион се гледа. И така било секогаш. Устав сменивме, знаме сменивме, грб сменивме. Вето добивме. Серизони се? Навистина не разбирам како можат да се занимаваат со територијални претензии, односно да се плашат дека ние ги имаме. Грција ја прекрши времената спогодба. Ок. Да претпоставиме дека ќе влеземе во Еу. Што после? Ете, младите ќе добијат шанса да заминат, но истата ја имаат и сега. Стручно образование за заминување, секогаш е предност. И тогаш, јас чинам, во државава никој нема да остане. И не мислам дека нашиот стандард ќе се поправи со влез во Еу. Ниту пак мислам дека е во ред она детето да пее за командат на Учк, а Влада да финансира за истото. Тоа не е ли јакнење албански национализам? Верувам дека ја знаеш разликата меѓу претседател на Собрание и министер за одбрана, па не морам да објаснувам зошто првото е мал милион пати полошо од второто. И не е тема Никола. Никола ја зезна работата, а другиве треба да ја продолжат оправдувајќи се на него? Не, тоа не е никакво оправдување. Беше ветен живот, не деструкција на државата. Пред да дојдат на власт, лажеа дека Тиранската не постои. Народ се надеваше дека навистина е така. Народ и сега се надева дека нема да се менува Устав, идентитет итн. Ама времето ќе покаже дека се работи за лажна надеж. Пишував негде по темиве. Од работа избркаа брачен пар, со две деца, малолетни. Квалитетни кадри се во прашање. Непартиски определени. На нивно места поставија несоодветен кадар. Тоа ли е животот што го ветуваа? Не те убедувам јас да се заинтересираш. Јас само велам, од таквите како нас, од таквите како мене и тебе, разочарани и незаинтересирани, ние дојдовме до тука.
Јас не споменав никаде дека Никола го зацврстил албанскиот национализам, туку не работеше доволно добро за да го минимизира. Јас говорев дека тој работеше повеќе на тоа да го зацрвсти македонскиот национализам. Еве што напишав јас: Да, моќта е во народот. Работата е што народот не е заинтересиран. Веќе пишував каков е македонскиот менталитет: само на мене да ми е убаво и на никој друг. Јас имам многу повеќе направено од тие пет протести ама и да пишам тука, џабе е, нема никој да ми верува. Донекаде и ги разбирам луѓево. И тие биле излажани од некој и од некого и немаат веќе доверба. А и јас исто така немам доверба, дури и се гледа од авион дека голем дел од овие поборници за партииве играат на карта лажен патриотизам за да привлечат што е можно повеќе луѓе на нивна страна и дека работат за функции кои им се ветени од партијата. Не сите, секако. Јас сум резултат на ваквото разочарување - сум бил на времето патриот, сум си ја сакал државата, веќе не ја сакам, од токму вакви причини. Од менталитетот на самите Македонци. И тоа отворено го кажувам. Дури и јас како дете на самохрана мајка кое живеело во претерана сиромаштија и без струја две години сметам дека имам дадено многу повеќе од повеќето тука. Не од сите. И, мислиш дека повеќето ќе најдат разбирање за вакви работи? Одговорот е не. Зошто ние во генерала сме себични како народ. Со влегувањето во ЕУ младите ќе имаат далеку повеќе можности да најдат работа со македонски пасош и сите врати ќе им бидат отворени. И што е најважно, ќе бидат далеку од војната која се води помеѓу кланот на ВМРО и кланот на СДСМ. Да, јакнење е на албански национализам. И претседател на Собрание на Република Македонија со функција министер за одбрана не е исто. Но, што очекуваше ти? Дека Али Ахмети така влезе во коалиција со Заев, од „чиста љубов“? Сè е тоа политички пазар. Порано Груевски давал многу, сега Заев дава повеќе. Али Ахмети е паметен а нашиве политичари се глупи. Тоа со Никола поентата ми е дека ја имаше секоја поддршка од САД и тоа благодарение на договорот кој го постигна неговата Влада во 2008 година. И, што направи Никола за тоа време? Ништо. Не превзема никакви акции на местата каде што се шири радикален исламизам и албански национализам. Правеше пазар со Ахмети. И да, еве, ти велам најотворено. Албанците ќе добијат уште повеќе благодарение на Заев во моментов. Ама таква е политиката во Македонија. Сè се сведува на пазар и на ништо друго. А просечниот Македонец не го интересира ова. Јас ти велам, сите го величите Никола а ниту еден човек не видов да протестира за негово ослободување. Значи гајле им е на луѓево. Виртуелнава платформа само им дава можност да го покажат својот „патриотизам“ и ништо повеќе. Што се однесува до менување на Уставот и на грчките претензии, верувај дека не ми е до толку сеедно. Имам пак некоја жичка во мене на која ѝ е жал за ова што се случува. Но, од друга страна, кога ќе погледнам колку Македонецот е алчен и злобен и заинтересиран само да владее и ништо повеќе и не знае ниту морал и кога ќе видам дека огромен број на луѓе немаат ронка жал и сочувство - и ова е малку. Можеби кога сè ќе изгубиме ќе се освестат повеќето конечно, ама тогаш ќе биде предоцна. Македонија ќе си биде уште повеќе федерализирана а ништо чудно и да ни биде променет идентитетот. Сега кога и самата не можеш ништо да направиш (немаш план за подобрување на економијата, немаш план за борбата против корупцијата и.т.н.) потребно е само да ја потпреш главата и да „уживаш“ во претставата која ќе има трагичен крај. И што е најважно, секогаш треба да се грижиш само за оние кои ти значат и да им помагаш на тие кои им треба помош т.е. да не стануваш самата расипана. Зошто ако помагаш на секој во државава ќе добиеш само лажна утеха дека ќе биде подобро а всушност на твојот сограѓанин му е гајле за тебе. Не на сите, ама овие се ретки.
Веста дека Владо Илиевски (леле, леле, што напраивме) не успеа да седне на претседателската фотеља во КФМ и не е баш политичка тема, ама ако се знае дека во трката против Пеце Наумоски главна поддршка на Илиевски му беа Зоран Зајеф и целата негова поширока фамилија, Бојан 13, па и Лила (уште не ми е јасно што мајка бараат во кошарката), па и не е така наивна. Откако LSDM ја навртеа кон својата воденица фудбалската федерација и конечно ја уништија ракометната империја на Самсоненко, овој неуспех на LSDM да ја окупира и кошаркарската федерација не е лоша вест.
Не треба да сум патриот за да осудам злосторници кои доолги години глумат невини а убија 5 невини деца. Грозоморен ми е и непотребен цел овој чин со протекции кон нив,место досега да беа најстрого казнети,пази и доживотната казна им ја укинаа,па некои уште се и во бегство и никому ништо,и сега си се бранат од слобода. А,да,и команданти од Учк на големо се ослободуваат од затвор,деновиве. #дојдеживотот. Исти ми се и Грујо и Заев,едниов амнестираше толкав број на криминалци и команданти,а другиов продолжува по него,оти мора да го исполни тоа кај што ветувал пред избори.
И ќе ми каже некој дека не бил Македонец.... Ало бре кој друг во тренерка со коњот ќе оди на кафе, и тоа пијан
А со кој се сретнал Заев во Анкара? Кој го подржува него ? Затоа почнаа да не пишуваат медиумите и на соседните земји и најавија тужби. Алаѓозевски стана атракција барабар со неговата комисија.
Пушти го целиот текст, не принтскрин. Во него фино пишува дека Бернајс пропаганда појма немаат за конкурсот и дека нема да ги добијат тие парите туку некој направил проневера. Не е како што ти го претстави, дека се фаворизираат, па ним им се даваат пари, туку некој сака да се обогати во нивно име.
https://kontrastav.press/index.php/...kola-dodevski-milioni-za-kolegite-po-denarche Денарче Да добиеш на тендер и некој да ги собере и твоите пари, а тебе да ти исплатат само ЕДЕН денар.
Секоја чест за статусов на Огнен. Останал уште некој нормален. Спојлер Ognen Janeski 16 hrs · Skopje · : Видете вака Влада на Република Македонија, ич не мора да ги воскреснувате, прибирате, ангажирате или оставате главните пуленски кадри на ВМРО-ДПМНЕ да работат на реформите во оваа држава. Некако, преку многу разни чекори, посочувате на тоа дека можете и самите да го врвите истиот пат во системот кој оваа партија го воспостави низ изминатите 11 години. За волја на вистината, не е дека немате разлики и подобрување, но, благодарение на транспарентноста, на површина излегуваат ниските страсти на поединци. Сепак, нам граѓаните - стравот лозјето ни го чува, па затоа: Ич не мора да се секирате за Македонската Радио-Телевизија и реформите кои мора да се направат во неа, зашто - ете, супер си функционираше додека не објавуваше ниту секвенци од т.н. „бомби на опозицијата“ (кога впрочем бевте во опозиција). Не мора да се секирате што Стојанче Ангелов и уште 5.000 лица вриштеа пред МРТВ кога се криеше вистината од страна на јавниот сервис, или кога за овој национален радиодифузер не постоеше никаков студентски марш, или средношколски марш, или какви и да се автономни зони на Универзитетот, кои се случуваа баш спроти зградата на МРТВ. А и што ќе се секирате, барем ќе знаете дека ќе има каде да бидете згрижени како гости во емисии, ако почнете (а имаше неколку случаи досега) да одбивате да гостувате по другите телевизии. Понатаму, ве молам, не деранжирајте се ич поради начинот на распределба на средствата за годишната програма на Министерството за култура. Глупости - та зарем се поважни и позначајни Стефановски, Тавитјан и Бојаџиев од тинејџерот Максути, кој има таква импозантна кариера зад себе? Се разбира, порано кога Јанкулоска ќе речеше: „Согласно законот...“ така и беше, нели? Па така и сега, согласно законот е во ред членови и претседатели на комисиите за доделување на народните пари да си доделуваат меѓу себе финансиски поддршки. Што има тука да се размислува за моралот и етиката? Кокаланов, ти си смотан што имаш морал и етика. Дополнително, што има да се грижите за реформите во судството? Прекрасно е! Секому според заслугите - како во комунизмот. Земете тоа тефтерчето на Гоца, полабавко ќе ви биде одлучувањето кој да прави реформи. За гаењето на новите генерации и за спроведувањето на сеопфатната стратегија во образованието, побарајте си го Тодоров, иако сигурно Филипче ќе си го земе за посебен советник во здравството. Експерт си е експерт - зарем не? Особено во делот на деталното познавање на мајките и на тие што ќе бидат, по однос на вина. Впрочем. баш поради толкавото познавање, што ќе ни се сеопфатно сексуално образование, родово образование и слични ми ти тракатанци? Сешто. За луѓево што ги изнесоа „бомбите“ на виделина, видете да не има некоја работа за хигиеничари. Да не седат по дома туку-така. Со идентитетот до каде сме? Еве, го слушам #Ж има што да каже на темата, и тоа кога му гори под нозе во судница, па земете ги со Антонијо, нека се позанимаваат со прашањето. За пратениците нема потреба да се зборува, зашто секако честопати тастерите автоматски им се приспособени сами да гласаат за нив. Баш така лабаво. Исто и со изборниот систем - супер си е ваков каков што е. All good baby! И да, продолжете со максимата „За време на владеењето на ДПМНЕ...“ - тоа е сосема ново нешто. Баш не сме го виделе досега во слична форма претходно, како на пример: „Кога СДСМ беше на власт...“ Само лабаво дечки, без брзање - покроце, секој ќе си се врати каде што си бил. Ама да нема каење после. Џабе тапаните по свадбите. P.S. Еве, јас и понатаму сум бил соросоид, пе*ер, ситнач на отпорот, ѓубре, платеник, предавник, кој порано беше прогонуван, а сега сатанизиран. Ама, пак, да ви кажам искрено - мене вистина ми е полабаво, отколку вам, туку вие кон каде терате? Никој не рече дека ќе биде лесно, но, и никој не очекуваше да се избере полесниот пат во одредени сфери. Пат, кој веќе го знаевме. Пат, кој не сакаме да го одиме. #KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥
Сегашнава власт со „реформите“ го допре секое можно дно. Ужасно сум разочаран од овие. Ќе се вратат во опозиција и ќе останат дваесет години таму, после тоа кој ќе ги трпи дваесет години нивните плачења. И кога ќе си заминат овие, ќе дојдат другиве со нивните неплански градења, перење на пари и бирократски систем на владеење на кое народот ќе се теши и ќе си вели „важно градат овие нешто, ако крадат“. И така во недоглед, а во приватниот сектор и после дваесет години највисока плата ќе остане 200 евра, а храната ќе поскапе, и ред други работи. Најсоодветно име за државава е Република Мутљак и треба сериозно да се размислува за тоа да се развива овчарството. Најисплатлив бизнис ќе биде во државава, со оглед на тоа што има два милиона овци.
Нешто реформскава влада ја тресат скандали. Директори спиеле по хилтон хотели, си пазареле со службена картичка, скапите авионски карти се друга приказна. Скандали во Министерството за култура, ДИК што делеа пари си делеа и таму скандал. Министеро за здравство советник на Тодоров, директорот на МРТВ, советничката на Шекеринска екс вмровка.. Бонева не чинеше ради патни трошоци од уста не ја извадија машала не се ништо поарни. Вработувања без конкурси, повисоки сметки, животни трошоци, градоначалниците си вработуваат роднини, другари и пријатели по цели фамилии одеднаш. За крај го заборавив секс скандалот во владата за кој се зборува. На новата влада очигледно претходната и била идол и работат по нивен концепт ама за година дена паднаа во лагите што ги зборуваа. Ќе видеме нареден пат дали некој ќе им верува на се што зборуваат. Скандал до скандал редат. Груевски барем беше човек од збор таму каде плукаше не газеше а овие секаде плувнаа а потоа избриша. Зоран рече ама не се консултираше со Заев. Патем до каде е платата од 500 евра, продажбата на мерцедесот, клупите од оградата?
http://svedok.org.mk/mk/record.php?id=1097 И сега, кој ќе им надохнадува на оштетените за непријатните искуства, државата или како?
Толку сме презаситени и удавени од секојдневните невидени спектакли и вонвременски скечеви од актуелнава влада, што вакви ситно-криминални дејанија не ни го одвлекуваат веќе вниманието. Како кога гледаш мали гомца пливаат по Вардар, ама што се тие во однос на силните гнасотии кои се истураат во него. И така, ќе си поц`цкаме малку и ќе си одмавнеме со глава само... Туку, кој бил тој фраер од Влада што го обвинуваат за мобинг? И онака ни фалеше уште секс-афера за да го номинираме филмов во режија на Заев енд компани за „Златна малина“.
Кога уметноста ја имитита реалноста. http://telma.com.mk/vladimir-milchin-opasno-se-dvizhime-nanazad/ Милчин се инспирирал од дешавкиве, на претходна и сегашна гарнитура, па направил своја претстава. А има нешто што ми е интригантно овде. Интернетот буквално зовре после објавувањето на оваа слика: Овде не прочитав ниту еден збор, за најверојатно старата Муртинска традиција на кроење лозје на црвен тепих. И да, после дегустацијата, Ве замолува да бидете трпеливи.
Треба позитивно мудро паметно и со добра стратегија да го искористиме претседателството на Бугарија што го водат до Јуни, и позитивно да го искористиме за да добиеме датум за преговори со ЕУ пошо ни е битно како држава и денешната посета на Радев во Македонија да се искористи за да се донесат инвеститори бизнис соработка , подобрување на инфракстутура пошо патот до границата е катастрофален и разни други области. Сето ова треба мудро да се искористи во наша полза и да не подржуваат во Еу интеграциите.