Затоа ќе те болат пред орелот, но тоа секако нема да го пишеш овде на форум. Кога веќе почна да се отстранува кичот, во обид за одмазда од која обичниот народ нема апосолутно никаква корист, зошто да не се отстранат и националните амблеми, знамиња, вкучително и ,,Албанскиот" Скендербег. Бидејќи нели, се стремиме кон етничка рамноправност и ,,порамнување" на сметките. Главосечачот им е побитен во момент кога се случуваат мал милион срања со бремени малолетнички и недостаток од елементарни реагенси за анализа. Тоа многу зборува со каква власт имаме работа, а вие и понатаму радувајте се на нивните заебанции во надеж дека токму тие ќе ви го извадат утрешниот леб.
Знам. Пред шест месеци. Нема реагенси ни на хематологија, а ниту на микробиологија, и тоа за обично бактеролошко иследување. Eдит: Поранешната власт побрзо се снабдуваше со реагенси. За најчестата H.P. бактерија немаше реагенс со недели, можеби и месец. Морав на приватно да одам да проверам, а башка што немаа и за други па се ствараше општа паника и пискотница пред шалтерите. Зборував сега со познаничка, ситуацијата не е многу променета. Поранешната Власт исто доцнеше со испорака, но не во оваа мера со месеци да нема основни реагенси и опрема за вадење крв од типот на стегач и игли. Дури и да доцнеле, зарем не требаше оваа идна Влада сѐ да поправи, или сепак сеуште ќе ја префрлуваме одговорноста од едни на други и ќе правиме натпревар со поени кој повеќе направил беља.
За сите оние кои добиваа очобол од Ќосето, одвреме-навреме нека си поминат низ Чаир за да си ги одморат очите со овој учко-балистички терапевтски иљач! Кој патем е дивоградба, ама на кој му чуе?
За џабе ви се тие глупи фори , бидејки никој више не се пали на тие националистички провокации, мене уопште не ми е галје Оди кај царо никола груевски и речи му да го извади орелот , тој го стаде (дозволи) орелот , па тој нека го извади , штом толку ти смета
На 27.02.2018 ќе се организирал некаков протест против извршителите. Протестот ќе бил пред седиштето на ЕУ-Центарот во 18:00 h па после тоа ќе продолжел накај Собрание. Тоа го дознав сега. Бидејќи никој со прст не мрда против џелативе иако имаше разноразни ветувања. Јас ќе одам.
Се зезнале ако така ветиле дека ќе го укинат законот за извршување. Може само да го ревидираат или да го изменат. Имам учено право така да пола од тоа што ветиле им нема никаква логика и тешко дека може да се примени во пракса.
Кога веќе го спомнавте Скендербег , он не бил баш Албанец . Србин бил ( или половина Србин ) . Бил земен како јаничар . Бар така ми кажуваше професорот по историја . Туку , што се случи со девојчињата од " 25 Мај " ? Некоја информација ?
Србин бил тоа е вистината, а кога ќе ја прочитаат Албанците историјата на вистински начин ќе бидат вчудоневидени за многу работи. Се додека им сервираат новокомпонирана историја тие ќе си останат вакви шабани како што си се сега (барем поголемиот дел од нив).
Што мислите за ноторната глупост за евентуално зголемување на старосната граница за во пензија? Сметате дека има логика? Сметате дека ќе промени нешто? Или сепак решенијата се малку поинакви и проблемот не е добро адресиран? А што правиме со невработените над 55 години кои кубурат на работ на немаштјата, ни па ги има во аврм како регистрирани, ни па има некакви програми за нив, ни па поддршка за истите...или поддршките на вмро кои беа беа со триста глупости и услови... а тие луѓе се или веќе недоволно квалификувани или престари за да бидат вработени. Ги уништил забот на времето, немаштијата и приватизациите. Според мене најранливата група на невработени граѓани. Проблемот е ужасно голем и сметам дека со зголемување на прагот за пензија проблемот ќе се зголеми. Не можеме да зимаме и да имитираме пример од други земји бидејќи ситуацијата кај нас е далеку поразлична. Имаме огромен број на млади невработени од друга страна. Не ми е јасно како при толку професори економисти од кои сме учеле алфа и омега, страшни аналитичари, не успеваат да соберат храброст и да адресираат. И треба да се одземе ПИОМ од рацете на Али. Го уништи и злоупотреби. Зошто таму не се погледне?
Ветија многу работи, јас лично во ништо не поверував ама голем процент од рајата се спопали по митинзи. Е сега, нека бидат фер и на прес нека им објаснат дека ништо од промените кон подобар живот. Имам чувство дека цели 4 години ќе преседат во фотељите и ништо нема да сработат. Освен, освен да местат тендерчиња и да прават преметки кому по колку во excel табели.
Затоа јас за ниту една партија не гласам и сега сум си раат. Ниту ќе ме јаде јанѕа ќе си имам мирна глава и мирен сон.
Аматер си. Излегуваш и пушташ неважечко. Можеш и да бидеш креативен и да испцуеш се до 5то колено. Ова е веќе за професионалци.
На ТБЦ немале црева за инфузија па не им ставале инфузија на пациентите неколку дена. Морале да си купуваат сами од аптека. Црева бе еееј, а за реагенси да не правиме муабет.
Во Штип на детско, пред 2 год немаа чашка за измет и ќесе за урина. Детево со рота лежеше и чекавме да дојде татко му и да донесе, а тоа мораше да биде наутро пред 13 часот. А татко му на работа. Чекавме за дијагноза. Немаа ни поробиотик, а за ручек зелка манџа. Пиша ти пред 3 години дека во болниците фалат и завои? Не! Што сега одденаш се загрижи?
Видов баш затоа и напишав а морковот каде е сега ? Ѓупска работа што сакаш. во право си ние не сме опозиција што ќе зборуваме и ќе ветуваме живот како вас а притоа да нема ни ж од живот. Грешка извини има живот за семејството на први луѓе во сдс.
Јас зборам за сега и за владата што требаше да донесе живот, нели, што се фаќаш сега за пред години и години. За сега зборам и за власта која ја изгласавте за да не се случува тоа што се случувало како што викаш ти порано. Или ќе играте на картата како што беше порано Бранко е крив. Сега Грујо ви е крив што било од пред години наназад, а Заев што треба да ги решава проблемите никој да не ви го пипка. Купи ли Заев чашки за измет, зашто црева за инфузија не купил. Проѕирни сте.