Абеја си запнала за здраството дека е ужасно , но да те потсетам дека здраството е ужасно веке 12 години уназад , но јас не те прочитав на темава да се жалиш коа беше вемерото на власт. Напротив , ти си проѕирна личност , имаш двојни аршини
За зголемувањето на старосната граница за пензионирање сум без коментар. Се надевам ќе се успее да бидат спречени со притисок од опозицијата и ако е потребно, од народот исто така. Од кога дојдоа само поскапуваат, граници наголемуваат... епа, за скоро нека си одат ако не! Прочитав ќе ги уривале и Воинот на коњ, Порта Македонија и Филип Втори. Очигледно само со бават со побивање на тоа што тие пред нив го правеле, наместо да го остават тоа што било и да тераат напред! Жалосно, ама, бетер се и од хаосот претходно.
Душо нема да се покачи старосната граница за пензионирање . Го кажа и Тевдовски и од владата имаше соопштение .
А до кога пак ќе се вадите со тоа дека некој се вади со тоа дека крив му е Вмро. Не, не му е. Види, јас ги гласав и во кампања бев, ама ги и плукам. Муабетот ми е, зошто никој од вас порано не кажа една критика барем за здравството? Зошто? Ете затоа не ви верувам. Коментарите ви се повеќе оти се сега Сдсм на власт. Инаку, Заев до сега барем можеше да ги снабди болниците со основни работи. Ама ништо од тоа. Лоши кадровски избори и непопуларни мерки за справување со испразнетиот и украден буџет. Свесни беа што ги чека. Кредити, долгови, празен пензиски фонд... Погрешни ветувања дадоа, а народот очекува подобро. Зар никому не му е јасно колку пари се открадени и дека некој треба да ги враќа кредитите? Се знае и кој. Така да, не знам што очекувате. Еве не знам.
Абе дека сите институции ни се дно , не е лага . Да беше само здравството ќе бевме среќни . Овие не знаат од кај да фатат ( или не сакаат уопште да фатат ) да оправаат институции , па се повеќе тонеме . За предходните ич муабет не ми се прави . Они не доведоа во ваква состојба . Здравството ни е најкритично , бидејќи и ни е најпотребно . Инаку , сите институции од судови до здравство се катастрофа . Од највисоко до најниско . Дно од држава сме . Разочарана сум . И од едните и од другите . До кога ќе тоне државава ? Ќе го слушне ли некој веќе плачот на народот ?
Не знам на какво здравство мислиш, одамна не сум во тие води, а за смеење имаш соодветни теми ама ќе те предупредам дека обидот да насмееш ти е бајат и очаен https://forum.femina.mk/threads/Пол...атури-видео-клипови.6618/page-28#post-3801687 https://forum.femina.mk/threads/Вицови.82/ Се гледа дека не знаеш бе Јуле, и без да кажеш. Јас не се вадам со тоа дека ти се вадиш дека вмро е криво, иако смешно звучи, ти си таа што се повикува на времето од вмро, во актуелна политика. Наместо живот сдс донесе хаос, кој го признавате и вие што гласавте за нив, ве гризе совеста, барате гранче за спас. Најчудно е што уште верувате во штабските муабети како сдс дочекале празен буџет, кредити, дрн дрн... а јадните уште не дојдени почнаа да трошат, да се задолжуваат, да зимаат кредити, да перат пари, зашто знаат дека откако ќе ја продадат државата, нема од кај да грабаат. После нема да има ни вмро ама ни сдсм, ќе има дуи, беса, алијанси...
@Abeja нема зошто мене да ме гриже совеста оти Сдсм разочарала. Ниту пак дека некој на мене ми продава штабски приказни. Здравтсвото и државата се оддамна во хаос. Се очекуваше од Сдсм да сменат нешто, но засега не понудија ништо добро и поразлично од претходните. Воопшто не е минато да зборуваме за украдениот буџет и кадрите поставени од Вмро на пример во здравството. Чекај, кога спомна совест, тебе не те јаде што подржуваше криминалци? Мислам до утре ние можеме да се препукуваме, ама во позадина некој дебело профитира. И така правеме со години, исправаме криви дрини, мериме чиј мозок е поиспран, а некој таму џебот си го полни. И после ќе плаќаме. Епа да, ќе плаќаме.
Ок е @JuLleE со тебе барем ќе помуабетиме нешто и ништо нема да решиме на крај Сите крадат, тоа е факт. Не ме гризе совест, нема за што. Кој имал среќа и врски се вработил за време на сдс, некој за време на вмро, некој има фирми и недвижности од татко, дедо што краделе од времето на кирчо, б. ц, некој остана со празни раце, кој како успеал да се снајде. Ама ваква отворена продажба и предавство на македонскиот народ, само партијата која ја гласавте и дојде на нелегитимен начин ни приреди.
Зголемувањето на старосната граница е во интерес на неолибералниот капитализам и што поголема експлоатација на работниците.Логиката на Груевски: Ајдеее странски инвеститори ,имаме најефтина работна снага, бесплатно земјиште, безброј бенифиции и олеснувања,толку и толку за секое работно место.Сето тоа заедно допринесува за тврдењето т.е методата која Маркс во 19от век ја нарекол метода за цедење на работничкиот зној.Што добивме од сето тоа? Приватните компании ги тероризираат вработените, голем дел од нив држат на црно, не плаќаат ниту здравствено ни пензиско осигурување, к15 земаат на сметка па враќаат на рака,минималец исто, во поруралните средини не им даваат на луѓето ниту во тоалет да идат или вода да се напијат.Што се тие работници освен современи робови? Moже ли еден физички работник да го издржи тоа? Со душа чекаат пензија иако мизерна, а голем дел од нив не ја ни дочекуваат.Сега се нашол некој од иста сорта како Грујчо ,да им каже дека померувањето на границата е за нивно добро.Факинг нон сенсе. Но кому му е гајле, ќе се запнат и ќе го усвојат законот, според логиката на капитализмот 'Кој не може да издржи,нека умре' , 'Само способните успеваат' и слични идеологии. Срамота, нехумано, ниско .Баравме живот, сега и добивме.
Највеќе се иритирам кога ке прочитам некои мислеља дека сегашната власт приредува предавство на народот. Мислам zа какво предавство ние zбориме. Треба да си имаат нашиве некои нивни граници и тоа е валидно. А ѕа сите други работи е ок тоа што претходната власт ја приватиѕираше цела држава од Мијалков па нагоре, правеа да али колку се си лапнаа покрај тие споменици еве конкретно ѕа тоа, па кој ја zамајуваше јавноста дека не се преговарало ѕа името кога и они се договарале, да се согласувам дека и оваа власт треба да работи повеќе и да го поправи тоа што го расипало претходната власт премногу пари си направија што беа на власт, и многу си се опуштија реално, а ние народот ни криви ни должни кој како се снаоѓа и умее, и ѕа жал многу млади кадри ја напуштија држава, и неможеме да кажеме дека ни цветала државата. На оваа власт добро е што сака да се izнајде решение ѕа спорот zа ние како народ да бидеме беѕбедносно постабилни и што ке треба да усвоиме реформи кој се најважни ѕа нас како ѓраѓани ѕа нас да ни биде полесно и да бидеме рамноправни со еу членовите.
Не испокрадоа 20 години кој како стигне и уште не ни доаѓа памет. Просто македонче ем ќе го молзат од сите страни и пак добро ке му биде, битно патриоти без пари во џеб.
Очигледно во очи им боде само Грција,Бугарија си ја милуваат. Им смета Грција со промена на името,а не сфаќаат дека со тоа услуга и прават на Бугарија пошто уште малце пола население ќе биде со бг пасош,утре да се укинат двојни државјанства сите ќе го изберат бугарското. Од двете зла, го бираат поголемото.
Добро, овие 500.000.000 евра што ги нема во Фондот за пензиско осигурување никој од Вас поборнициве на Вмро не ги приметува? Случајно Заев да не ги укрде ??? Немате коментар за тоа. Смешна сума, небитна е ова за ваш коментар. До толку не сте луѓе да по секоја цена мора да величите пропаднати криминалци како Н.Г и партијата? Ако нешто не е за опрадување, морате да го опрвдувате т.е фарбате од црно во бело??? Не ми е јасно??? Реплицирајте и навредувајте до утре. Реалноста е таа. За ваша информација здравството се уназадуваше години наназад. Да, пред 5-6 години сред лето мајка ми со тежок стомачен вирус, дехидрирана чекаше да купиме ние инфузија и додатни лекови кои на Инфективно ги немаше. Ништо не е раазлично ни сега за ваша информација. Порано кога јас примав инекции не плаќав 50 денари за услугата секој ден додека примав инекции како што е сега и нр купував ампули како сега. Ете ги реформите ваши. Очекувате В.Ф магично за неколку месеци се да доведе до совршенство. Не е возможно, просто. Каде што треба да критикувам јас ќе критикувам без разлика кој и да е, а вие тешите се дека само Сдсм е крива за се. Ако така ви е полесно, океј. Исто и да напоменам дека Сдсм не вработи ни 5% колку што навали Груевски од самиот почеток кога стана ПЛЕмиеЛ. Ни пола директори не се уште сменети, а овде блатите многу гласно. Мијалков најгадното Ѓубре овде , секаде се посеа и се обогати дебело благодарение на тежок криминал распространет во многу области. Да се убедуваме до утре, до недоглед....
http://fokus.mk/makedonija-go-otkazha-uchestvoto-na-konferentsijata-vo-bana-luka-zatoa-shto-kosovo-ne-e-pokaneto/ Пријателство
Koи се тие протести на 27ми? Некаде прочитав биле против извршители, а некаде пак дека вмро-дпмне ги организира против промена на името. Што е точно?
А се сеќавате на изјавата на Таравари за Заев дека не бил човек од доверба? И додека го барав линкот со изјавата, на ова налетав: http://novatv.mk/taravari-do-zaev-se-davish-vo-diktatorski-skandali/
По скандалот со бојкотот на Конференцијата посветена на Западен Балкан од страна на Бујар Османи се поставува сериозно прашањето кој и каква надворешна политика води? Дека нема координација одамна е јасно, кадрите на СДСМ и ДУИ си тераат секој соло. Но, сега таа соло игра ја загрозува евроинтеграцијата на Македонија. Бујар Османи е вицепремиер за евро интеграции само на Албанците во Македонија или на сите? Дали ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме или дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово? Не очекувам одговор од Османи, очекувам од Заев и СДСМ кој е спремен се да даде за власт! Толку ли му е слатка? Заев е слеп, глув и нем кога се албанците во прашање. Епа да се знае кој го донесе на власт.
Денес го отстрануваат натписот Александар Велики од АЈРОдромот сдсовците и во сабота работат кога треба да се отстрануваат македонски споменици или натписи. Сега кога на АЈРОдромот ќе блесне натписот Пријатели одма ќе влеземе во ЕУ и НАТО Кога ќе има 500 еврича плата? http://novatv.mk/otstranet-aleksandar-veliki-od-skopskiot-aerodrom/