Еве кои се главните ѕвезди на „непартискиот“ протест за „битни работи“ (а не „себични побуди“ како извршители, загаден воздух и слично) и хајлајтот од сето тоа промовирање на „вистински морални вредности“ кои треба да се зачуваат: Спојлер А, да, и грчко знаме запалиле. Ја решиле работата, geniuses! Да се знае дека и тука има национализам, него што, не ќе остануваме покуси. Пред да почнете да ги мерите реакциите спрема грчките протести и за ова, полесно е туѓ срам да те јаде отколку за твои сограѓани. Жално е само за постари луѓе што навистина веруваат во идеали и во тоа дека вакви ко дотичниве на сликата се достојни и вистински претставници на истите, па идат со наивни искрени чувства на протестиве предводени од нив. Многумина со спротивна идеологија с(м)е исто против промената на името и против грчкиот национализам како овие што урлаат по форумов, ама не би излегле на протести организирани од овие луѓе и во ваков стил. Лично, со своето јас, никогаш не би излегла на нешто зад кое стојат Тврдокорни. Бруки...
Името и така нема да се реши. Требаше знамето со орле да чади вчера (всушност, се зборува дека и тоа се случило, ама не видов фото?)
Chim Mirka izlegla i Todorcho turi mu pepel na vakviot protest. Mirka e poznata po toa shto za pari menuva i partii kako chorapi. Taa dolgo vreme beshe na stranata na B.C. i e novinar od kalibarot na Milenko ramna zemja i Sashe Polikliniko. Zhalno e shto samo gi koristat lugjevo za niven profit, ne deka im e gajle za drzhavava. Takvo e prosechnoto Makedonche- go interesira samo pozicija kafe-kuvarka da raboti vo Sobranie.
Верувај во што сакаш, јас ти кажувам како беше. Главната поента е името. Еве во недела има протест САМО ЗА ИМЕТО. Ќе дојдеш?
За протестите вчера ова Во фокус објава дека се запалени и грчкото и албанското знаме. Што па Грците да бидат шовинисти и наци, дај ние ќе бидеме поголеми. Ова ко натпревар кој по поголема глупост ќе се прочуе. Мирка среден прст покажува па уште без срам објавено на интернет видете што сум напраила. Не знам Заев од кај толку позитивен во секое интервју, кога очигледно нашите и јужните позиции се дијаметрално различни. Се помалку верувам во решение. Туку по Еленовски, сеа дечки озбилно ова? http://fokus.mk/imenuvani-27-direkt...on-budhaku-na-tsentar-za-upravuvane-so-krizi/ Има ли пилот во авионот?!
Како процени дека Пандов и Велиновска се главни ѕвезди? Ниту еден од нив не водел никого на протестот ниту беа дел од организацијата. Протестот беше отворен за сите. За изолираниот инцидент со знамето, тоа е само да се оттргне вниманието од успешноста на протестот кој помина во најдобар ред. Не знам за кои постари луѓе зборуваш затоа што вчера имаше и млади и стари и жени и мажи. Еве ќе те прашам како што ја прашав и другата членка на форумот - во недела има протест организиран и поддржан од универзитетски професори и од невладини организации кои не се поврзани со групите кои ги организираа протестите вчера. Дали ќе дојдеш?
Малку се вознемирија божемните интелектуалци како оваа од Капитал, Синадиновска тетовчанката. Овој не и чинел што присуствувал оној не и чинел. Кој е нејзиниот став? А во однос на запаленото знаме - го запалиле тројца од група од неколку илјади луѓе. Поентата не е дека некој сакал да се окажува кој е поголем шовинист туку дека како што се случило во Грција може и тука да се случи некоја вжештена глава да го направи тоа. BIG DEAL.
Од кај знаеш дека и вчера не сум била? Кој го организира протестот во недела? Кои се барањата на протестантите? Ќе се мава ли пак со камења по полицајци? Ќе се носат ли молотови коктели? Ќе се скандира ли за ослободување на оние што упаднаа во собрание?
хахаха Можеби си била иако тоа би било крајно нелогично според твоите ставови. Го организираат универзитетски професори без ниедна дамка во својата кариера, речиси светци (се чека да умрат па да ги прогласат за светци). Не, нема да се маваат полицајците (како што впрочем не беа ни мавани ни вчера) ќе имсе делат бонбони, свеќиња, бакнежи и тн. Нема да се носат молотови коктели (како што немаше ни вчера, на МВР им требаше 15 саати да смислат смешна приказна). Ќе се носат урбани коктелчиња, граѓански како блади мери или космополитан. Нема да се скандира за ослободување на тие што влегоа во собрание. Ќе се извикуваат имињата на миротворците и државотворците Талат Џафери, Зоран Заев, Артан Груби, Зијадин Села. Скандирањата ќе бидат проследени со аплауз.
Сега нормално ќе се појават милион фејсбук in the face фаци по партиска директива којашто главна цел ќе им биде деморализација на народот да не излегува на улици со пласирање паушални глупи тези. Кој го шиша Груевски и стара гарда на претходната власт. Тие нивното си го отсвиреа, а според документите на Викиликс Груевски го одбил предлогот на Меркел. Шу правиме сега? ВМРО-ДПМНЕ забранува на своето членство да излегува на протести. Вчера на сите влезови кон Скопје имало полиција и се проверувале автобуси случајно да не има насочено кон протестите. Палењето на грчкото знаме беше глуп контра продуктивен потег. Веројатно станува збор за инфилтрирани поединци од страна на полицијата. Гледав неколку видеа по порталиве. Атмосферата генерално беше мирна.
Ах, сиромашка раја... Уште ли лаже Зајас дека е блиску до решение за името? Евро-атлантски интеграции, кога ќе бидете трета албанска држава, можеби.
Па баш е биг диал. 3ца го запалиле едното знаме, други 5мина другото, трети 3-4ца покажуваат средни прсти, трети 4-5 души мавале со камења, и така сите со нешто скоро па сите 1000 души што беа вчера. И не, вжештени глави не е изговор. Може да се деси да те понесе моментот и да фатиш нешто што ти е при рака, а за знамињата се планирало, не се нашле тие туку така таму. Требало прво да ги најдат па да ги донесат на протест и да ги запалат. Баш како што кажав. Ко натпревар му дојде. Ако овие на југ се ретардирани, дај ние повеќе да бидеме. Да беше протестот од чисто родољубие сите ќе бевме таму. Има линк, ама извор нема. Така ги лажеа на времето.
И што кажува документот? Дека Груевски не прифатил Република Скопје? Уау, кое изненадување Плус, ако Меркел била толку неразумно, зошто и во 2014 се фалеа со неа дека ќе помогнела со Грција (прогуглај, имаш), или тогаш беше пријателка? Кога е објавен документот? Зошто дури сега нашите квази портали креираат вести околу тој документ, кој е објавен барем неколку години? Марионети сте, си дозволувате да ве вртат како сакаат.
Тројца го запалиле се гледа на сликата. Една покажала среден прст. Вау, среден прст на протест каква дрскост. Третото е најверојатно измислица затоа што никој ништо нема сликано и видено. Еве нека се и тие 3-4 луѓе. Севкупно 7 непримерни и 1 дрска. На протестот имаше далеку повеќе од 1000 луѓе на чувствителна тема, а еве и 1000 да беа (а не беа со свои очи видов) тоа се помалку од 1 процент од присутните. Деновиве се изначитавме срамни предлози од грчка страна, навредувачки дури. Нивните протести беа шовинистички не заради плаење на нашето знаме туку заради пораките. И мислам дека ако 0.1% од тие што протестираа кај нас изреагирале недолично тоа не е биг диал. За знамето, да веројатно од дома планирале. Не се потресувам многу а очигледно е дека едвај чекаа некои за да го оцрнат протестот затоа што нема со што друго. Ако не беше знамето ќе снимеа некој се начукал и дошол на протест, па шеговити интервјуа со по некој помалку образован човек и тн. За спинување има 10000 техники. Еве јас не барам да одиш на протест ако се сметаш за родољуб. Најпосле протестот е само една форма на искажување на мислење. Најбитно ми е да имаш став за ова што се случува и да биде горе долу ист со мојот