И да тврдам најоѕбилно дека под само под директива на ЕУ ке можеме да ги исполниме некои важни реформи, само ако се сака вистински , не е точно дека не можеме, и ќе не биде само кога ке не надгледуваат од надвор, другачје ние не сме способни. Ова е вистината.
Они не се добротворци, али ако го решиме прво спорот па тогаш преговори. До тогаш ке си тапкаме у место.
Точно од збор до збор. И Груевски би не "продал" не се сомневам во тоа,но ова што се случува денес мислам дека е врвот на максимумот што можеше да не снајде. Денешнава влада претера,во секоја смисла претера.
Ти со моделот да не си бил па знаеш дали била националист или не? Епа манекенката сама си го избрала тој пат и на крајот имало такви последици. Да не беше филмот со Анџелина Џоли немаше ни да ја знаете. Мојот ник е по нејзиното име (иако не го поддржувам нејзиниот начин на живот) Тој ми е никот за да можете полесно да ме означувате, ако ставев револуционерно име три дена ќе ви требаше да го разберете, па после кој ќе ве трпеше со тие прашања зошто сум ставила револуционерно машко име, а сум женско. Ајде сега бидејќи лажеш постирај што имам пишувано националистички или против Албанците. Кај си шарен па уште и лажеш, како не ти е срам? Идеалите на револуционерите немаат ништо либерално. Ти дали имаш прочитано некоја историска книга? Или само на википедија се базираш. Земи ја книгата Дневникот на Васил Чакаларов и кажи ми каде таму гледаш либерални размислувања? Земи прочитај за Христо Узунов и ќе видиш дека нема ништо либерално? Го имаш прочитано Крушевскиот манифест од Википедија и збориш за некојси либерализам Не ти е лесно, а во школо учеше ли историја? Никаде те немав навредено, ама заборавив дека си многу нежен па се сфаќаш како навреда. Извинувањето не ти е прифатено бидејќи многу лажеш и пак си зимаш за право да измислуваш дека сум пишувала работи против некои националности. Сега чекам да ги постираш. Не се секирај ќе се излаже некоја жена за тебе, па после ќе бараш совети на форумот. Како и да е со лесно на несреќницата..... Од шарен чаша вода не би земала,а камоли чоколадо. Јас тебе можам да ти купам некои салфетки да не плачеш и бедоксин за да не те фаќаат бедови, стварно е глупо и грдо маже секој ден да седи на форум и да се расправа со жени. П.С ако немаш лоша душа зошто се поистоветуваш со вампир и сатана? @edenandrej бројката на вчерашниот протест беше многу поголема од 5-10 000 на нет читав дека имало над 20 000 луѓе, а таа бројка не е мала со оглед на тоа какво времето беше вчера. Џабе го прашуваш @+++ дали ќе оди на протест во недела, он самиот си пиша дека ќе одел на протест против извршителите, знаеш нив тоа им е поважно од името @DAngel пак ли поставуваш прашања од каде ние знаеме дали си била на протест вчера? Епа не си била, што бараш ти на таков протест кога си задоволна од Заеб. @Someonespecial со палењето на грчкото знаме не се постигнува ништо, а кога се фрлаше боја врз спомениците дали ти пишуваше дека со тоа не се постигнува ништо?
Грција никогаш немала намера да го реши овој спор. Ним им е сигурно дегутантно што мора да преговараат со северниот сосед кој не сакаат да постои, да зависеше од нив, ќе си исцртаа граница со Србија, ама ете, сплет на околности. Без разлика дали бил Заеб или Грујо, Грците го имаат крајниот збор околу името, значи најверојатно, ништо од преговорите и ништо од реформите под директива на ЕУ. Заеб е поставен на премиерско столче целосно да ја албанизира државата, ништо друго не може да направи.
Македонија се има поставено многу инфериорно и зависно од ЕУ. Без достоинство, аман заман де ќе направиме само да влеземе. Доколку Македонија стане членка на ЕУ, таа ќе влезе во ЕЅ, ама и ЕУ ќе влезе у МК. ЦлегуВлегуве обострано. Ако ЕУ не условуваат само на 3 месеци престој, треба и ние да ги условуваме на 3 месеци престој во МК. Мора да има реципроцитет во таа врска. Мора да се однесуваме достоинствено и со почит, ако сакаме и ЕУ да не почитува. Реформите треба да ги правиме за нас самите, а не за да им се допаднеме на ЕУ. Иначе прилегаме на дечко папучар кој прави вештачки промени кај себе само за да и се допадне на бившата. И таа осеќа дека тие промени се фејк. А исто и ЕУ.
Повторно си вадиш од ракав претпоставки за конкретни членови, секако во недостаток на аргументи. Можеш ти и подобро, на пример да зачиниш и со клевета дека јас лично сум фрлала боја – иако ниту сега ме познаваш, ниту па си знаела воопшто за форумов во времето на тие протести Ние сега зборуваме конкретно за протестот вчера, а за Шарена револуција никаков став не сум изразила во ниедно мислење, ниту поддршка ниту осуда. Еве слободно фати сталкај ме (оти немаш попаметна работа), ти гарантирам дека нема да најдеш ништо И те молам не ме означувај како што и јас те прескокнувам, под ниво ми е да дискутирам со тролачи кои со самиот ник се оксиморон сами на себеси, и толку слабо стојат со факти што со очаен хумор се „исмеваат“ со мислења од други теми Имаат тие право на протест, а исто толку имам право и јас (и мои истомисленици) да се искажам дека не ги поддржувам и се срамам од организаторите и нивниот начин на протест Или да не е веќе забранета темава (па и цела категорија) за сите на кои им е одбивен национализмот како појава, а јас да не знам?!
Каранџи македонска (зошто вистинската не била националист). Не ти е тоа првпат да го кажеш против Албанците. Па и честопати ги ставате во ист кош Албанците со Али Ахмети. Тебе тоа не ти е првпат. Секогаш велиш дека на Македонија ѝ се ближи албанизација а притоа никогаш не правиш дистинкција помеѓу чесниот Албанец и националните орки. Ти девојко не разбираш што е либерализам. Либерализмот како иделогија и политичко движење се кренало на бунт против монархиите во времето на просветителството и се залагало за тоа сите да имаат еднакви права, да имаат право да си го изразат своето мислење и да не се чувствуваат обесправени. Јас не реков дека манифестот бил либерален туку дека има либерални црти, драга. Така на пример Француската револуција имала либерална позадина и бунтот против круната во Америка на колониите. Ако сакаш уште можам да ти набројам. Ти дефинитивно не читаш како што треба. Националистите на пример секогаш си ја ставаат својата народност пред другите и другите ги гледаат како пониски од нив и помалку вредни. Слично на Србите што правеа и во моментов Али Ахмети. Па ни јас не те навредив. Ти кажав само конзерватизмот за што се залага. Каранџи, ти реков, немој со навреди не е убаво вака знам дека те боли вистината ама тоа е. http://documents-mk.blogspot.mk/2010/02/blog-post.html Ова не е баш националистички повик, али ајде, толку сфаќаш. Па ако ти навистина веруваш во вампири тоа е твој проблем. Јас знам дека вампирите не постојат, сега ако си видела ти некој тогаш нешто не е во ред со тебе. Не знам, ти си знаеш најубаво не сакам да ти судам...
Значи повторно неспособност да се одговори на едно едноставно прашање. Ок никој од вас не бил на протестите, сите станавте неопределени. Ваљда срамот кај вас проработе. Како прескокнуваш мои мислења кога пред некој ден пак ме споменуваше во темата со кој член? Ајде не ме моли.... Кога сме кај хумурот мене ти ептен си ми духови човек ќе помисли дека духови имаш јадено @+++ Ајде постирај што имам пишувано, пробај да не излажеш. На подли начини пробуваш да излажеш. Земи постирај што имам пишувано и пиши на која страна е мислењето. Не ми е јасно што си се фатил за либерализам и национализам. Земи отвори тема на форумот па таму пишувај. Тоа мислење што си го цитирал за манифестот не е мое и не е мој начин на изразување. Не пробувај да превртуваш зборови и да лажеш. Земи напиши си кој член тоа го напишал. П.С. јас за Јане Сандански немам пишувано на форумот бидејќи не располагам со многу информации за него. Можеби си слушнал за енергетски вампири, многу ги има на форумот, а гледам и за сатанизмот се изјасни сепак нели ти си човек со чиста душа
Па не превртувам зборови. Еве, тука повикуваат на палење знамиња на Албанци (наместо на ДУИ на пример) а тоа се сите твои поддржувачи и ти си ги сакаш и тие тебе. А богами и тебе те имам читано повеќепати. Нема проблем, си чула за Ѓорѓија Пулески? Така ?! Ајде, пор фа вор, наброј ми во колку војни има учествувано „националистот“ Ѓорѓија Пулески? Не верувам јас во енергетски вампири. Јас имам јасен разум. Ако ти веруваш во енергетски вампири тогаш тоа е твое. Оди во црква, ќе ти помогне а можеш исто така и да посетиш лекар. Ти мислам добро, не ме сфаќај погрешно. Но не верувам дека е толку сериозно. Тоа се најверојатно само моменти. Не мораш да си ја „кршиш“ главата околу тоа.
Што е толку срамно кај организаторите и нивниот начин? Протестот вчера беше мирен, ако се исклучи малиот инцидент со запаленото грчко знаме. Мене туѓ срам ме јадеше кога ги гледав шарените, па што се може тука... Двојни аршини, едните ја демолираа канцеларијата на Претседателот на државата и тоа од некои луѓе се премолчува, а другите упаднале во Собранието и станаа терористи, зашто протестирале против изборот на терорист за прв човек на законодавниот дом.
Да бе да, неопределени сте баш и само вие четири-петорица што направивте циркуз од целава категорија и уште некои што ве тапшаат по рамо во националистичките патетики. За ниеден збор што сум го пишала не се срамам и стојам зад своите независни ставови, џабе ликувате и си ласкате. Не знам па ни јас што уште пишувам воопшто тука мислење, макар и без никого да тагнам и посочам... Ај откачи ми се сега, срцка си
Драга публико, Ви го претставуваме Тодор Петров, поддржувачот на Македоноидите и човекот кој не е националист :
Ете пак лажеш вчера беше запалено грчко знаме и ниедно друго. Сега пак ќе ти речам постирај што јас имам пишувано и на која страна е тоа мислење. Цитатот за Јане Сандански не е мој, па сега напиши од кој го зема тој цитат (мене ми изгледа дека е од дарко1991) Намали со лажењето јадно е таа возраст така да лажеш. Ептен имаш јасен разум, се приметува по пишувањето Ти си кажа каков вампирски и сатански кревет имаш, ајде да не вадам и други твои мислења. Ептен ќе ти го видиме здравиот разум Ех не пишувам јас во темата анкциозност па да идам по лекари. Не те сфаќам погрешно без гајле, психички нестабилна личност никогаш погрешно не би ја сфатила. @Someonespecial а на плениум беше ли? Форум е ова знаеш, дискутираме. Не се лути одма
Драга Каранџи македонска и националист. Не е тоа од никаков Дарко. Документот е секаде достапен драга моја. Јас не сум како тебе да демнеам некој цело време. Самата си знаеш дека тоа е така. Да не беше така немаше да реагираш бурно и да почнеш да навредуваш. Е сега, драга моја, те молам наброј ми „националистот“ Пулески во колку војни има учествувано?
Таа книга што ја поставив горе кои глупости ги има, срам ме фаќа да ја чувам. Ама ајде, добра е вака за да се покажат на некои луѓе вистинските лица. Македоноиди важно држат протести а овој поддржува Македоноиди. Тоа е...
Имено, тоа е разликата меѓу граѓанска критичка маса која ги бара своите права без разлика кој е на власт, и партиски полтрончиња кои и трева ќе пасат ама за вмро ќе гласаат
Од кога ме немаше цитирано Ѓоамити тоа била критичка граѓанска маса? Хаха они се критичка маса затоа што место мас СТАП добија од Зајеффф и затоа сега не им се бендисува па почнаа да лајат... Ама како викаат кучињата лајат караванот врви
Па како, омилен си ми, остај другарка ти @carangigia што вика дека "стварно е глупо и грдо маже секој ден да седи на форум и да се расправа со жени". Вистински подобар живот ќе има кога сите од прв до последен ќе сфатат дека моќта на власта ние и ја даваме и ние можеме да и ја земеме. Не е работата дали моите или твоите ќе крадат, работата е дека на крадците им е место во затвор, а буџетот треба да се користи за тоа што е планиран а не да завршува во нечиј џеб. Еве пример: Ми е гајле кои се тие членови на антикорупциска, крадци се крадци. Исто како и оние во ДИК, па и пратениците со нивните патни трошоци.