Во изминативе 11 години секој кој не е способен за полицаец стана полицаец. Од улица собрани, полицајци ќе бидат. Се гледа кој сѐ станал полицаец, срамота!! Сам не знаеш да се заштитиш, да се одбраниш, а што станува збор кога треба како полицаец да штитиш некој друг. Но, СДСМ не треба да продолжи по стапките на ДПМНЕ кои прикриваа криминали, убиства. Кој и да е дали е од ДУИ или од СДСМ или од ДПМНЕ треба да биде казнет за своите постапки. СДСМ треба да го казни тој од ДУИ, но и исто така треба да ги избрка од работа сите неспособни полицајци. Во МВР ни требаат способни полицајци, кои ќе го штитат народот и ќе ја бранат во секое време државата. А судот не смее да дозволи да помине некој неказнет за своите дела. Доволно трпевме 11 години корумпирани сваровски судии, кој не судеа според закон.
Зоран Заев реално не е крив со овие ситуации што се случуваат, туку треба да направи ка некоиј кадри или конкретно кај некој вработен да направи промена ако не си ја врши работата како шо треба или ја злоупотребува положбата, ако сака да биде и да покаже дека нешо прави, како викаше секој што ке се огреши да си одговора, и тој кој сакал нека бил што му ја зимале колата биди маж плати си а не се брукаат јавно за 4000ден , и никому ништо. А Жената може се исплашила и сигурно е тоа чим дала таква изјава, не е ни прва ни последна. Како ке ја постави работата Заев многу е битна ако сакаме стварно добри реформи не само на папир, овие од надвор не посматраат шо праиме и како правиме. И тие од антикорупциска, чим ја згрешиле работата нека си дадат оставки цел народ слушна бејли шо кажа дека имало корумпираност нека не ни мачкаат очи. Овој буџет наш треба да се полни од тие шо си погрешиле не само да го празнат.
Точно. Никола Груевски вработа полицајци и чоро и сакато . Полицајка стана и оние со едвај 158 см и едвај 35 кг , и не се ни психофизички способни. Па коа вака ке им врзат шамари ке плачат !! Нека си даде полицајката отказ и нека го остапи местото на способните !
На протестот за Алмир, оној Висар Вишка, главен, организира луѓе. Како не му е срам? Си има оваа држава институции.
Во одбрана на Б.А се вмеша лично министерот да организира театарска претстава, тие и замеруваат на обична полицајка. На кого налетала, можело и нешто полошо да и се случи од губење на работата, ако не веднаш, по извесен период. А вака, ќе биде раат. Иако да, и јас да имав надреални очекувања од општеството и денешниот век, ќе се запрашав зошто влегла во професија за која е потребна храброст што очигледно и недостасува.
Што мислиш е работа на еден полицаец ?? Да се курчи низ чаршија со униформата и да глуми кој сум јас? Не!! Полицајкава е неспособна полицајка , бидејки штом овој ја нападнал онаа автоматски требаше да го собори , да го бутне на земја , руке зад газ и лисици шклап !!! Но она не ги исполнува условите за полицајка ! И ова не е прв случај , пред мои очи еден и се дереше на една полицајка (158см, 35кг) зошто го застанала да го легитимира , и онаа си ја навали само главата ... Полиција не е манекенство и курчење низ маало!!
Да била способна полицајка немало да му дозволи ни да ја пипне, а не да ја удри... Уште кога подигнал рака на нејзе физички да ја нападне таа требало раката да му ја фати, да му ја свитка и да го собори. Ако си полицаец нема разлика дали си жена или маж. Има разлика само меѓу способни и неспособни полицајци. Во целост се согласувам со @Justicija
Бoже @Justicija мнoгу незрелo рaзмислувaш,не е oвa хoливуд пa у 3 пoтегa гo aпсиш. И си зaпнaлa сo тaa висинa и килaжa кo пресуднa дa е зa oвaa прoфесијa,и брус ли бил 170 цм пa е еден oд нaјпoзнaтите фaјтери. Или си хрaбaр или не си,тoa е тoa. Ме испрoвoцирa oнa "неспoсoбнa" имaш oк мислењa низ фoрумoв АМА мнoгу брзo судиш . Бит пaзaр е див зaпaд ,oвие индијaнциве oд дуи сите шетaaт сo пиштoли без исклучoк и сите гo знaеме тoa. Oн јa ишaмaрaл сaмo зoштo сaкaлa дa му јa крене кoлaтa a зaмисли пa дa прoбaлa дa гo aпси? Ке пукa вo нејзе без oкo дa му трепне и пaк немa дa oдгoвaрa,кaкo штo не oдгoвaрaше и 2008 зa пукoтницaтa вo чaир кaде штo беa пoвредени 5,6 души ... Не е дo џaндaркaтa,дo системoт е . Системoт е трул и дoзвoлувa неписменa стoкa дa се мoчa нa држaвaтa и зaкoните. Знaм декa нaпрaвијa гoлемa грешкa штo гo испoпикaa секoј втoр дa биде џaндaр ,aмa грешкaтa е нaпрaвенa a зaкoнoт oстaнувa ист пoлицaец МOРА дa се пoчитувa вo спрoтивнo јa нaпaѓaш и држaвaтa.
Ама види сега мислам дека погрешно ја разбра мојата теза . Бит пазар е дивина а ? А Тетова? Струга? Није Холивуд но се знае кој се одговорностите на еден полицаец . Коа се решава една личност да биде полицаец не е свесен со што ке се соочува? Со криминалци , дивјаци , наркомани , со разни насилства со тоа ке се соочува . А замислете оваа полицајка почнала да пишти и да бара помош а полицајка Да не се разбереме погрешно , вмровските полицајки се неспособни за работата што ја "работат", но овој од дуи треба директно во затвор и да го снема од политиката и дуи јавно да се огради од него.
Чекајте,малку... Постои видео надзор и снимка постои од кoја ќе се види што и како се случило. Самата полицајка тоа го потенцирала пред министерот. Воедно, полицијата јавно ги повика сите лица кои имаат било какваприватна снимка или биле сведоци на настанот да се јават во МВР. Шпекулации има, но редно е да се знае вистината. Овој дивјаков од шума или џунгла растен треба да одговара за своите малоумни постапки. Познат е и по други кривично дела на насилство. Пример за удирање шамар на новинар или напад на одредено лице за настани од 2016 година по неуспешен обид за ставање темели на крст во Бутел. Овој створ и пред тоа некој го штител и лесно му се прегледало низ прсти. Не одговар за стореното. Значи и Вмро заташкало се , само бате Але да е задоволен. Не е чудно да се тепал дотичниот зошто научен од претходните искуства во кривични дела поминал лесно и неказнето. Така да, не плукајте само сега по оваа власт кога грешката е од ваше време. Може , пу- пу не се важи, само се брои од оваа Влада. Очекувам да се открие вистината и доколку се утврди вина ова говедо да си лежи за се што сторил. Во право си @cresa-jagoda полицајци станаа кој треба и кој не треба. Такви не бранат нас и нашата држава, а воедно еден посилен ветер да дувне ќе ги одвее, колку се подобни за таа функција е тоа и бебињата го знаат. Најбитно си земаат добра паричка т.е плата која не си ја ни заработуваат. @Justicija Не подлегнувај на провокации и навреди. Бранимир Црвенко тешко дека ќе се појави некогаш, се повлече човекот, сигурно нема да се брука т.е лиже тамо как што плукал. @Someonespecial Зошто да не пишуваш ? Тешко ти е да се разбереш со одредени ликови и ставови? Ајде, иди...
Дури и да не е таа способна како полицајка, како воопшто било кој може да се осмели да крене рака прво на полицаец, потоа на жена? Дивјачиште. Кај остана неказнет, па уште вината ја префрлате на полицајката, самата си била крива неспособна била. Типични Македончиња..
Алоо паметна кој рече дека функционерот на дуи треба да остане неказнет? Од вакви како тебе залутани во свемирот ми се гади !!! Престанете да ги извртувате зборовите, вистината/фактите во секоја тема !!! Македонче мило и златно
Многу нервоза има во твоите мислења, што ти се случи, па барем сега дојде животов во државичката наша...ајде смири тензија и попиј некое апче против гадење
Прво, дека сум паметна, тоа знам и самата, ама фала ти што ме пофали. Второ, нит сум залутана во свемирот, нит извртувам зборови. За мене нема потреба да коментираш. Трето, баш се фокусирав на фактите. Ако не прочита убаво, укажав на фактот што целава страна тука е исполнета попрво со погрдни зборови за полицајката, отколку да се критикува функционерот. Сега ако се дозволи да се случи вакво нешто со полиција, ова само почеток ќе биде. Чукни се малку по главата, па после извртувај ги ти моите зборови.
Нигде не го видов фактот дека полицајката е неспособна да си ја извршува должноста како полицаец , и го држи местото на некој способен што би го соборил дивјаков од дуи, и сега дивјаков ке беше во апсаана !!! Се додека вакви неспособни полицајки го држат местото ке јадат котек од вакви деликвенти ! Така е македонче ?
Не си го видела тој факт каде? Јас истакнувам дека нејзината способност не треба да биде у прв план, туку ненормалното однесување на човекот, ама тука прочитав повеќе погрдни зборови за нејзе, отколку за тој што треба. И тоа е твое мислење, не е факт. Не се одбранила поради Х причини, не мора да значи дека е неспособна. Читам тука коментари волкава и била тежината, толкава висината, тоа било причината. А никаде го нема прашањето за тоа во какви нормални случаи е очекувано да се нападне личност на таа функција? И на крајот на краевите, ставена е да придружува пајак возило, а не да соборува агресивни дивјаци. Не верувам дека некој не знае дека не смее да се нападне полицаец. Ако не знае, тогаш има некои пречки во развојот. А такви обично не се функционери.
А да беше метро и 90 и 100 килограми што?? Била слаба и ниска и што?? Она е полицајка, она е законот и да е половина метро не е важно. Законот, а особено жена се почитува. Со такви размислувања дека ''вмровските'' полицајки се неспособни затоа што се слаби и ниски нема далеку да стигнеш.