Уставот тоа го предвидува член 75: Законите се прогласуваат со указ. Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот. Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Не пројдува без потпис од Хорхе , и да го потпише ке падне на Уставен бидејки е неуставен .
Симона законов за јазици не го опфаќа само јазикот. Тоа е поставување подлога за албанизација на цела Македонија, низ сите градови. Тебе може не ти менува, ама им менува на еден куп други Македонци, иако мојот став е дека ќе ја видиш промената кога ќе се донесе. Не можеме да тврдиме дека вмро ќе го направеше истото. Не можеме да тврдиме ни сега дека ќе бидне законов, ама веќе е на финалната аудиција за да пројде, сведоци сме сите. И да не се надеваме веќе во партии, експертски или не знам какви влади. Да се обединиме како народ и да застанеме цвсто да го одбраниме своето. Јас се чувствувам како некој насила да ми влегол дома и да ми диктира свои правила. Да треба да бирам дали ќе си одам и ќе му ја оставам куќава или ќе живеам со него под мој покрив, а под негова директива. Роб на своето. Зошто само ова да ми е избор?
@Justicija фикусот ќе свитка кичма инаку ене си рекоа импичмент Албанците им требаат на СДСМ,на нас сите во коалиција за да се надмине и конечно реши проблемот со името. Тие си бараат тоа што Заев вети. Двојазичност за нив,сојуз нивни со СДСМ во преговорите за името,побрзо да се реши и побрзо да се влезе во ЕУ. А ЕУ не се наивни да примат нестабилна економија како МК,ќе бараат сојуз МК+АЛ+Косова.
Тоа дека Косово било српско е во голема мерка мит, додуша мит е и дека било отсекогаш албанско. Србите стигнале на балканот некаде 6-7 век, а Косово го освоиле дури 12-13 век. Неколку века претходно било бугарско, а пред тоа римско. Србите го губат Косово под налетот на отоманската империја кон крајот на 14 век. 1912 год. повторно го окупираат но правно не го вклучуваат како дел од Српското кралство - во тоа време веќе доминантно население (околу 70%) биле етнички албанци. Дури некое време по 1918 (крајот на Првата светска војна) станува дел од Кралството СХС кое набргу станува Кралевина Југославија, која пак по 1945 се трансформира во СФР Југославија а во рамките на истата Косово било автономна покраина. А кога Косово денес би било српско тогаш би било под контрола на српската војска и полиција, платежното средство би бил српскиот динар а на косовските жители не би им биле потребни визи за патување низ ЕУ, Русија, Кина и Монголија. Ништо од тоа не е случај. Косово е според бројни параметри една жална црна дупка на Балканот и пошироко, не случајно луѓето (албанците косовари, но и другите) се иселуваат од таму. Вистинската мака не е во тоа. Маката е што нема доволно преведувачи од и на албански и македонски па се печатат смешни и неупотребливи преводи кои честопати не се точни ниту на албански ниту на македонски. Се согласувам дека нема потреба од двојазичност низ цела територија на РМ. За Струга, Дебар, Гостивар ај да разберам, ама Берово, Радовиш, Гевгелија... не гледам никава логика.
Ќе стане земјава една пустина. Ќе се иселат и тие што останаа. Кој ќе излезе последен нека изгаси светлото...
А што ако и Уставен се однесува неуставно? Ене ги уште прибираат докази за неуставното поставување на Талат. Збор не зуцнале за ова скоро цела година.
Исто рече и Заев не го прифаќа за премиер. И на Иванов и на нас ни одговара мир во коалиција за да има заедништво на Македонија како земја во преговорите за името со Грција. Ај на кантар двојазичност и име како виза за влез во ЕУ што е покруцијално а? Ќе легне Иванов на брашно за мир во хотел Македонија
@zuto затоа прашав дали некој го има детално прочитано, бидејќи иако живеам во таква средина, ни мене нема да ми е сеедно да мора да морам да учам туѓ јазик. И се согласувам, заминувањето од тука не треба да е единствен избор и решение Ама џабе, кога за туѓи интереси се караме и убедуваме, место рака под рака да се побуниме
Лилит од странство доста работи ни кројат , поентата ми е од странство ни викаат ако сакате да просперирате и да влезите треба овие чекори да ги направите. И ете затоа толку надворешна политика се води и се менуваат ствари , се брза, на милом или силом се работи. Двојазичноста не знам дали лажел, мислам дека се знаеше одамна , знам албанците го гласаа за тоа и за да одржи коалицијата со Дуи , како и да Заев ја добие подршката од албанскиот блок кога ќе има референдум( ако воопшто и има ) за менување на името односно додавање Вардарска , Горна или што и да е .... Фактички ова се мали чекори кои водат до големите и до брз влез во нато (ако некогаш и тоа чудо се деси) Е сега странците притискаат многу за да може Македонија да припадне на Нато и Еу и да се истера целосно Руското влијание од Македонија ( вака нешто направија и со Црна Гора мислам) На тоа мислев странците не притискаат и кројат политики. Сеа кои се тие луѓе , мислам дека никад нема да ги видиме нит па да ги дознаеме , ќе си останат во сенките , така барем јас верувам. Можеби и грешам , не сум на тоа ниво да знам све како иде , можеби некој знае повеќе за овие работи. А за неспособни политичари немаме, сите се способни , и тоа убаво се способни ,да го шетаат народот како сакаат и да лапаат пари , или пак како Грујо да собираат поени пред камери демек се борел за Македонија да истура чаши или прави глупости... а до вчера си беа најдобри другарчиња кога се амнестираа.... смешна политика...
Даде соопштение и дека не дава мандат на заевиу, па излегоа разговори, гаранции, тракатанци... Ни гаранција се испочитува ни ништо. Државава стана хаос. Законите вицови, документите тоалет хартија. Симона дојдени сме до дереџе да мора да се браниме сами. Никого не штитиме, никого не браниме од политичарите. Ова НАС не засега. Кога ќе го разбереме тоа? Мислам дека мора народот да покаже малку заби за "големиве ѕверки" да си ги смират страстите и апетитите.
Таљат беше уставно избран , и нема докази дека е неуставен. Уставен не може да биде неуставен , бидејки овој "закон" го крши самиот Устав . Нема душо да свитка кичма , уште неколку месеци е преседател За Заев беше потребен мандат а не потпис , мандатот му го даде на заефа со потпис и гаранции од страна на заефа Без потпис на Хорхе не може да се оди понатаму .
Е добро и сама кажуваш тој уште неколку месеци е. Ама по тие месеци другиот ќе аминува се. Чаре? 100камшици по народот дал Ѓоре или Чоре ќе потпише указ за камшикување што мења?
Заефа го прекршил ветувањето , али без мандатот не можеше да формира влада , како што и без потпис од Хорхе овој "закон" не може да оди понатаму.
Мислам дека после ова Сдсм никогаш нема да дојде на власт . Како што не можеше да дојде 11 години од погубните политики , сега дефинитивно си го организираа погребот. Ке биде изгласан преседател кој што ке биде против овој "закон".
За пописот- Да се потсетиме во 2011 година како беше организиран и како се спроведуваше. Со оглед на тоа како се попишуваа албанците преку скајп и низа нерегуларности во процесот на попишување. Кај нас кога дојдоа се погоди една албанка којa не знаеше македонски јазик, но сепак ете беше дел од тоа. Пописот заврши за две недели,мислам со низа инциденти додатни. Пропадна процесот, припаднаа парите обезбедени за истиот. Од тогаш до денес како не се најде некој нормален да го спроведе овој процес. За оваа тема не се ни зборуваше од страна на политичарите. Груевски години молчеше по прашањето само Али да е задоволен. На албанците и те како им беше во прилог ова тема да се стави под тепих. Сите знаеме и зошто. Тие мудро изиграа , а видоа до кај им гори под нозе и оп ајде попис- ма што е тоа, не, нееее. Си продолжија сложно и работеа на нивните политики. Заев и тој не ни планира попис во скоро. Така да,до нас е кривецот. Не се криви алванците. Тие си најдоа село без кучиња, секако ќе играат како сакаат. Ние, македонци проклети од крај, нема уштњ долго да не биде. За таа проклета власт , се си продадовме. Во западна Македонија одамна уште сите имиња на училишта се сменија и се е во нивен дух сменето. Да не зборувам каков филиг имам кога поминувам со кола покрај с.Зајас. Албанија во мини издание. Зошто ли се изгубија многу човечки животи таа 2001? За ова да го живееме денес... Арам ќе ни е ,додуша веќе ни е. Заев ако беше чист, зошто денес не излезе никаде да пролае некоја лага плус???? Валкан образ, куче краставо... За жалење сме, си ја изгубивме државата за паметот сопствен.
Ама за СДСМ мене не ме тангира. Јас дискутирав со тебе на друга тема. И јас сакам приспивна приказна дека идниот претседтел нема да го аминува законов.
Тоа од нас зависи Со ваква "демократија" не верувам во ништо, а најмалку во валидност на изборите. На претходните избори власта и првиот човек на дик беа од една партија, па ти види сега. Не е важно кој ќе гласа, важно е кој ќе ги брои гласовите
Па ако Грујо се кандидира за преседател сигурно не би го потпишал Мислам ке има опција да гласаме за преседател кој нема да го потпише , тоа ми беше поентата