Таман, ако ни го сменат името да бидеме Република Надежна Македонија Или Република Македонија- Надеж #првасиреков
Да беа шипците на наше место, сега ќе гореше Скопје! Ви текнува какви протести они правеа со палење контејнери, автобуси кршење итн? Дивјаци ги викавме нели? Епа тие дивјаци денес нас не плукаа смеејќи ни се во очи, а ние глави веднеме. Се осеќам многу лошо, и ми е многу тешко. Бива ли ваков народ да сме? Бива ли нај ненарод да сме? Мажи да имаше во државава поинаку ќе беше...
Рама треба да бидеш бесна на самата себе. Јас на сдсовско место во огледало немаше да се погледнам, кога ќе видев слика од загинатите во 2001 год ќе вртев глава, кога ќе поминував покрај спомениците на сите војводи ќе веднев глава. Да бев на ваше место ќе се срамев од самата себе си. Постов не се однесува само на тебе туку на сите што гласавте за сдс. Чекај малце како тоа ве прелажале? Па колку години имате па да ве прелажуваат? 5 годишни деца ли сте па да ве прелажат? На кога поверувавте? На тој што рече ќе бркам од директор до чистачка, на тој што рече ќе ја прошируваме рамката на рамковниот договор, на тој што фрлаше боја врз спомениците, на тој што ќе ставел бројчаник на Триумфална порта, на тој што ветуваше кантонизација на цела Македонија на него ли му поверувавте? Поверувавте на некој што плетка во сопствените лаги? Бравоооооооооооо Бомбите ти влијаеле кога си гласала? Кој ја докажа веродостојноста на тие снимки? Што сработи сјо? Си слушала некои гласови без слика и тоа пресудило на кој ќе го дадеш гласот? Бравооооо. Зошто не пресуди тоа што Груевски ви кажуваше дека ќе се воведе двојазичност и дека после тоа нема назад? Во тој момент зошто кај тебе не пресудила снимката 1 евро за Вицето ????? Гласавте за промени, еве ви ги промените и сето ова за сдсовците е малце. Само ми е жал за сите кои не гласаа за ова, а поради вашиот избор ние ќе ги трпиме последиците. Што е најлошо ова не е крај. Сега следи рушење на спомениците, промена на име и поделба на територијата. За многу кратко време ќе ги рушат спомениците, бидејќи сакаат да ни го уништат македонскиот идентитет и дух. Сдсовци пренесете им на вашите деца дека вие гласавте за двојазичноста и за овие промени, сепак децата ваши треба да се гордеат со вас
Точно ! Сето ова е само заради нас /! Никогаш не дозволивме да дојде некоја трета политичка опција... Левица имаше многу што да му понуди на народот , но ние се одлучивме за помалото зло од двете зла ...
Смеј се слободно и на албанците смеј им се а они ќуту и буту. Абре ние меѓу себе очи си извадивме па друг ни е крив саде ние прави и нај праведни Инаку дискусиите со тебе предлабоки јас на една тема ти СДСМ криви се,џанам од многу право знаење со никој не си на иста бранова должина. Не ти се смејам ова,џаст сеинг. Ама ај па и јас ти давам 5минути слава нелегитимно @simonka93 нас и Надежта не одминала,следно Верата и Љубовта да видиме и прашаме со нив како стоиме,стој на раце или плес на земја @Mari-Ja мажи нема кондурите ги остаија само.Отидени се по бел свет не од ќеиф од мака.
Кој мажи бре све се пичкици ние жените имаме поголема муда мажи од 1900тата навака веќе нема ни машки манири ни став ни ништо,за муда муабет не правам сите јаки пред телевизор и преку социјални мрежи
Заборавате многу битна ствар !!!!!!!!! Сето ова е последица од ерата на владеењето на оскаровецот Никола,последици кои многу многу време ќе ги осеќаме на кожа како врел жиг. Престанете да го правите светец и народен херој пошто он е све само тоа не! Барем бидете реални ако толку ве боли за македонското. Пардон на изразов ,ама исти гомна се со Заев, хиени, кои гледаат само за свој џеб. Првиов им даде сила,залет а вториов го зададе конечниот удар, ги стави на пиедестал. Престанете да бидете лицемерни, и кривицата барајте ја на двете страни! Го заболе Грујчо за јазикот,ве манипулираше додека беше на власт, ве манипулира и сега играјќи од позадина, фрли 2 3 листа кон Талат, расипа чаша, готовооооо љуби га мајка, херој македонски.А кој го псотави тој ист Талат за министер додека беа на власт ?!?!? Кој?? Кој во бомбите преговара што да им се понуди на Албанците за да коалицираат, кој разгледваше предлози за ново име ?!?!?! Освестете се, чукнете ги главите,зарем не гледате дека сите се исти ? Аман од глупости
Абе и Вмро и Сдсм можат да идат у пм, сите комплет!!! Ебати ботовите партиски, државата ни отиде они уште криви дрини исправаат кој бил крив, Груевски или Заев Двајцата се криви !!! За да ги задржат ДУИ у коалиција и мајка би продале ! Инаку она што најмногу ме нервира денес е индиферентноста на некои од македонците и спинувањето со глупости на ку*тон порталите и на твитер револуционерите ! Значи не е битно дека е донесена двојазичност и на кој начин, битно било Грујо дека ја завршува боксерската кариера ?!! Сериозноооо ?! Ебате ботовите партиски !!!! Не сте ништо подобри од сендвич вмровците на кои толку им се потсмевавте !!! On the bright side: http://respublica.edu.mk/blog/2018-03-14-08-47-51 Димитар Апасиев лејдис
Не ме чуди што немаше никакво вето од Иванов он секако како свиреа така играше.. На пример 2009....2010 кога влезе албански јазик во собрание толку ги замачкаа очите на јавноста со патриотски дела и споменици што никој не примети дека го изгласаа тој закон.....он секако не смееше да стави вето. Добро си кажаа некои членови не е Вмро или Сдсм газот и фотелјата е.
Нема никакво чаре се додека не го подигнеме нивото на свеста. Значи крајно сме затупавени како нација,не вртат околу малиот прст,се што ни сервираат голтаме. Не може да имаш иднина ако не расчистиш со минатото. Не силуваат буквално еј, а ние ,значи зборам за сите во целина, повторно се фаќаме ко давеници за сламка за помалото/поголемото ( за кого како ) зло ,од кое не видовме ништо арно,место да дадеме шанса на нови умови, нови лица,како што споменаа погоре за Левица. Искрено зборувам,лично не сум патриот,ги гласав сегашниве, и се каам. Колнете,пцујте што сакате правите тоа ништо нема да смени ниту ке ме навреди. Тоа не значи дека сум вртикапа по народски кажано , напротив реална сум, кога нешто не чини ,не чини. А никогаш од Вмровец немам слушнато ништо лошо за нивното владеење. Абе ајде, безгрешни да не беа ? Можеме на нештата да гледаме од навистина многу различни аспекти, да ги коментираме според сопствениот визир и така да ги доживуваме, да истапуваме со ставови и мислења кои ќе се обидуваме да ги наметнеме како валидни, да ги апострофираме, секој според своето искрено мислење, интерес или лична причина, горливите пунктови во рамките на кои се гледаат причините и последиците,ама тоа нема ништо да смени. Дупка сме која е толку разурната, толку деформирана, толку маргинализирана и толку девалвирана по сите основи, да се чини дека нема да е можно да се исправи, да се залечи, да се издигне и да ја покаже сопствената достоинственост. Не умееме, пусти. А толку малку треба да бидеме добро. Ама и тоа малце не го можеме. Знам само дека дете во ваква држава не раѓам. Поздрав и лека ноќ
А добро претседателов на нашава државичка што направи во врска со законов? Народ ни се смее и се согласувам со коментарите дека и Груевски и Заев зинаа за пари само, ја продадоа државата, утре кога некој ќе Ве праша од каде сте, нема да Ви биде срам да кажете Мк, одма ги асоцира на алб. колку пати ми рекле а ти си албанка сега уште толку блам! Аман више и знаме ни палеа, и убиваа, ова јазиков му доаѓа како знак благодарност? Ниту една нормална држава не воведува јазик па и 50% да се! Се срамам искрено од се ова , угледот на државава е дно, иначе да ми кажеа лична карта пред една недела вадев, сега ќе треба пак да идам по двојазична, бидејќи оваа не е? Баш чудно пасошите тројазични, личните карти не (користам два пасоша, на нашиот мк, пишува на мк, алб и англиски, на овој другиот само јазикот на државата, дури ни на англиски нема!) Да можев би го фрлила со се нивната тро/двојазичнот
Знаеш зошто мажите не се удираат во гради сега? Затоа што 2001 година мн се удираа и изгинаа за оваа вукојебина , за да тие пички од политичари си направат коалиција со терористите а мајките , сопругите и децата кои беа завиени во црно не беа битни , кој загина -загина ... Битно си ги сместија дебелите газој во фотљи ! Јас да имам брат или сопруг нема да дозволам да гини за вукојебина а некои пички од политичари да испаднат херои ! Мало морген
Не, извини но не се сите исти. Заев е еден толку голем предавник и лицемер, како него немало и нема ни да има. Најголемо зло што ѝ се случило на Македонија. Не бранам никого, сите политичари имаат валкани раце, но Заев е ненадминлив. Себеси се продаде веќе, сега ја продава и Македонија. Е не може мене да ме продаде. Народот да даде отпор, да не биде продаден и тој. И доста со песимизам, што дигате раце? Ништо не е готово. Иванов нема да потпише, веројатно ќе се гласа пак, тогаш ако падне, супер, ако не, народот да се сплоти и да не се тргне од улиците додека не го отфрлат законов. Вистински Македонец нема така да дига раце и да се откаже. Доста беше молк и веднење глави.
Покажаа дека се различни. АМА НА ПОЛОШО. Сдс откако била на власт уште на времето - САМО ШТЕТА и направила на оваа наша држава. Зошто се најрасипаната партија со најрасипаните луѓе во неа !!!!!! Очигледно Заев е продаден кај албанците и странците, а вие уште му верувате !?!?
Баш затоа зошто кај тебе го има јазикот, треба најмногу да ти е криво. Зошто знаеш дека си граѓанин од втор ред кога таблите по улиците прво ти се на албански, па на македонски, општината прво на албански, па на македонски, интернет страните ги водат само на албански јазик (барем во Тетово, Дебар, Струга, така е). И треба да ти е криво што прво читаш на албански, а после на македонски. И на оние однадвор од другите градови треба да им е криво што нивните браќа македонци живеат така, второразредно. А, не да велат: што ми е гајле, немам мака јас. Па, еве сега нека видат како е, зош не им било мака, нека осетат мака. Зошто борбата е за цела Македонија, а не само грижа за градот во кој си. Еве мал дел. Истово е во Струга (нема оригинална слика на Гугл, зошто сега поставиле нова табла со џамбо албански букви, а мали македонски), ИТН. Значи ова е МАЛ дел од преку 100 табли (на училишта, болници, патишта, патокази...........ИТН.)
Кај нас во Тетово одамна било на албански, само што не моравме да зборуваме албански. Сега со новиот закон принудени сме да зборуваме албански, иначе може да те пријави. Случка од општина во Тетово. Девојка на пракса и се обраќаат на албански и кажува дека не знае албански и тука следува дрско одговарање дека мора да знае она албански јазик. Па во моја држава некој да ми кажува на кој јазик да зборувам, е нема да може. Исти џган се сите од Груевски до Заев. Сите гледаат да покрадат најмногу што можат и егото им се полни поради моќта што ја имаат да управуваат со народот. Додека има овци ќе има и волна.
Гледате, уште на протести (настрана од оние вашите шаради) оделе луѓе по свое убедување и чувство, не биле сите сендвичи како што пробувавте да протнете. Во меѓувреме: https://www.faktor.mk/potcenuvachka-naslovna-strana-reakciite-ostri Ај да беше портал на поликлинико, ама не, насловна на дневен весник...