Не реков дека не ми е криво, туку дека не ми менува, бидејќи и до сега така беше И живеејќи така со години, се навикнуваш... Не велам дека тоа е во ред, не е воопшто... Ми се случило да ми бараат да зборувам албански тука, во едно село... Ама истиот тој ми дојде на туфек после и му вратив Ми се наежи кожава кога на тв ги видов албанските пратеници како си честитаат...Немам ништо против албанците, напротив им ја почитувам ратоборноста и сплотеноста, нешто што ние како народ нема никогаш да бидеме
Да се најдат уште 2 јунака, еден за Грујо и еден за Али. И доста е. Решена работа. Кратка меморија имаме. Ако веќе се чистат, нека се исчистат сите. Се додека овде го величите Грујо и за вас само еден е предавник, а слушнавме кој друг продава држава и договара двојазичност, тогаш не ви верувам на вашата загриженост за Законот. Пишете бре еднаш што правеа и другите, доста читам само "патриотски" постови од штаб. Ова важи и за оние од Сдсм. Не ви се партиите животот. Доста со идолите и партиите. Или слатки се парите. Епа слатки се. Бриџит овој дел не е за тебе конкретно, ама и тебе кога ти згусти му ја кидна. Што не остана во Мк? Или полесно е сега да се коментира од странство? Све патриоти, најгласни на фб и по форуми, а во позадина се борат кој како да се офајде. Еден искрен да имаше.
Не сакам да излезе дека ги бранам претходните. Ама што мислевте кога гласавте за будалава? Убаво си кажа човекот - Ќе бркам се од чистачка до директор. Знам дека одма ќе има коментари од типот - И претходните така правеа. Ама овие требаше да направат да биде подобро. Затоа и народот гласаше за нив. Требаше да се дада шанса на Левица. Ама народов запнал за овие две партии. Тражили сте, гледајте. Ништо не ме изненадува од овој.
Potcenuvacko e Se kon narodotot, ne znam zs mandatite peatenicki ne si gi ostavat zs od tie sto GI potcenuvaat sirat fotelji tamu i samo stiskaat dugme po naredba. 5 pari ne davaat sto misli narodot I pak nek gi glasaat !!!
Зошто чичково не го ставија на насловна ? За да допре до срцата на луѓето, да видат дека некој плаче за мајка Македонија ? А, ја ставија жената, која не мора да значи дека е од Вмро. Жената треба да ги тужи !!! Ја навредија како човек пред се. Таа жена не е сама, таа е нечија мајка, сестра, тетка, а пред се е наша сестра Македонка !!!!
Ваков театар ни во ,,Београдско Атеље 212,, нема Се е издоговорено, се е режирано. Пусти народ се истепа, а нив ни влакно од глава не им фали
Леле Груевски колку е смешен со реакцијата хахаха. Лошо ке ни е се додека постојат плитки персони што го величаат како народен херој, за кои најголемо зло е законот за јазици, а уствари најголемото зло што и се случило на Македонија е Груевски. Доволно е човек да влезе на темава, да ги види мислењата и ке свати што народ сме и што дупка од држава сме. Се надевам дека ваквите, надвор од форумот се помалку бројни. Законот за јазици е ужас, се знае во која држава живееме, кој јазик е официјален и тука нема полемика. Но, не сум изненадена ниту потресена ова се очекуваше со години. Само вие тешете се дека вмро да беше различно ке беше. Темелите на овој хаос одамна се удрени, шиптарска држава сме одамна. Немам ништо против нив знам многу фини, културни и добри албанци, знам многу никакви македонци, но ова е Македонија и треба по наше да се живее, ама тоа во некој друг живот. И покрај се Груевски ке остане најголемо зло за оваа држава, а истите што го поддржувате се исто толку големо зло за Македонија.
Луње мои законов како така го изгласаа во собрание. Сега работава е дали Уставен Суд ке си ја сработи работава и да го разгледаат детално законот што е легитимно, што не е да се отфрли. Јасно и гласно да кажат и да се изјаснат да не седат само како здрвени марии, сега им е шансата и тоа ке им биде силно алиби, да не мора Собранието да го гласа. Само ова е решението друго чаре немаме и силен притисок врз нив.
епа од сега натаму тие ќе се изживуваат над нас,тоа и вчера го пишав малку погоре во коментар оти таков народ се. А ние ќе бидеме во своја држава газени оти и ние таков народ сме.
комуна керчове ни е ставена ехехе од кога.... тоа не е ништо ново. Само ме изненадува грасоначалникот кој е албанец.
Da te ispravam: Nie SME vo svoja država gazeni! Eve od 2001 ne gazat! Sega vekje ne pregazija! Zavrsija so nas. Uste zapadna Makedonija ostana da ja zemat i da ni recat zbogum ednas zasekogas. Do togas, pustos ke bide niz cela Mk, nikoj nema da ostane za vo 21 vi vek da go posiptarat, kako vo pusto tursko. Ovoj pat na demokratski nacin,indikrektno,suptilno, sami da posakame! Zgrozena sum. 11 godini Grujo ova pod tepih go kriese, gi butkase problemite, podmackuvase samo za da kjutat. Pukna tikvata, se sto go molea nego da im dade, denes si dobija. Se prevrtuvaat vo grob site zaginati za toa parce zemja.
За да го бушат дното. Зашто се албанофилчиња со голема желба децата или внуците, зависи генерациски, да им станат православни Албанци, како оној Манојловски, така нешто, он им е идол. Не може таа старицата да протестира и да им биде пречка во остварување на соништата. Кога ќе се поалбанчат, можда америчкиот амбасадор повеќе ќе ги сака и така ќе се осетат битни.
Еве зошто баш вчера беше одиграна таа претстава, за да го навлечат бесот и лутината на македонскиот народ. И потоа ќе слушам како некој членови на форумов не нарекуваат сите кои бурно реагираме на темава дека сме невоспитани, напротив поради тоа што си молчиме и сме многу толерантни ова ни се случува.
Да,имам доблест да признаам дека згрешив. Не ми е тоа проблем ни на форумов ни во реален живот. И знаеш оти згрешив? Оти гледам секогаш за напред,оти не идеализирам слепо никој и не се приврзувам кон никој. На времето во 90 ти години од минатиот век,СДСМ многу му наштети парично на моето семејство(како и на цела Македонија)но јас пак не ги мразев,иако живеев во сиромаштија поради нив. Го поддржував Груевски,да,ама не слепо и заљубено како вас(оти не беше и тој светец,како што впрочем и никој не е). Не докажа никој веродостојност на бомбите да,ама знаеш што ми се смачи? Ми се смачи да изиграваат шерифи низ цела земја,ми се смачи цела моќ да биде во нив,од чистачка до директор да ти наредуваат,ми се смачи лица со едвај завршено средно да земаат плата од државна каса,а факултет запишан лажно и го влечат 10 години. И еден куп други работи до недоглед. А имаше и позитивни работи што ги направи човекот,но доста му беше владеење и крадење,упс,упс И не може никој да ме обвини зошто го гласав Зајас,не сум виновна ништо со мојот ебан глас,значи ова беа поразителни избори,цела Македонија,буквално цела сакаше Груевски да си замине од власт,нека ви влезе тоа во глава.
На ова може да се додаде, да свиткаа кичми, да наведнеа глави Заев и Груевски и покрај нивните гомнарии и да направеа македонска коалиција во борба за зачувување на име и идентитет, ќе беше многу подобро. Така ќе знаевме дека и двајцата се за државата а не предавници какви што се, тогаш и народот македонски ќе излезеше на протести, Скопје немаше да може да ги собере сите, затоа што сите ќе излезеа слободно, неуценувани од едните или другите, не плашејќи се за својата работа сегашна или идна.Сега не само што луѓето се незаинтересирани, туку и исплашени, едните да не ме види газда заеф нема да ми најде работа, другите да не ме види заеф ќе ме избрка од работа. Бидејќи секој протест кај нас се евидентира, се заокружуваат глави, кои после тоа се на тапет. А и што сакате повеќе од народот, милион пати изигран и од едните и од другите, што сакате од оние кои загубиле свој близок во овој хаос, зар ќе ги мотивираш на протест родителите на децата убиени кај Смилковско, чии убијци ги пуштија од притвор и токму онаа свиња од СЈО, што зема дебели пари од народот, го враќа случајот назад. Плус тоа за политички поени Заев ги лажеше дека во бомбите има информации за убијците. Каде се бомбите? Како тоа СЈО со бомбите рушеше власт а не може да ги најдат убијците,а ги имаат во бомбите. Овие од дијаспората се посложни од нас, но посложни бидејќи нивната работа не им зависи ниту од Груевски, ниту од Заев. Нив ги води само љубовта кон матичната држава и да останат она кое што се-македонци. Затоа тие слободни излегуваат во туѓа држава, како симболична поддршка за името, јазикот, идентитетот. А потоа си одат во своите топли домови и своите работички, а ние остануваме други да ни го кројат животот. На македонскиот народ му треба сплотеност во создавањето на слободна, обединета и независна Македонија. А таква сплотеност не може да постои, ако нема политичка сплотеност на македонците. Или можеби па едноставно македонскиот народ не е способен со сила и сам да сруши власт и да се зачува себеси од историско бришење. Не зборувам за пичкарско рушење на режим со пенкало, финансирано и помогнато од сорос. Зборувам за херојско револуционерно обединување. Штета што партиите во борбата за фотељи, го исекоа тоа од корен а народот оди како зомби во својата држава воден од вмро-сдсм, кои одамна ја заборавија Македонија и Македонскиот народ. Алчноста за моќ, бизниси,фотељи ја уништува Македонија уште од нејзината "независнот". А народот дојде до степен да се потсмева на својата сестра,брат, сосед, да го колне и пцуе блискиот воден од автоматска поделеност на груевисти и бранковисти (заевисти). Штета што се намалуваат емоциите кои ги искажува граѓанинот од протест кој плачел за својата земја. Секогаш ќе се најде некој за исмевање, но се помалку ќе останат такви кои ќе плачат за своето име, за своето парче земја. А како што тргнало, македонскиот јазик ќе биде втор, власт ќе бидат шиптарите, Македонија нема да постои под своето име, македонците нема да постојат, ќе им се изгуби идентитетот, историјата ќе биде насилно сменета, ќе биде создадена вештачка држава додека не се распарчи на крај. Страшно и жалосно. Ова ти се вика, од своите си патиме. Повеќе не ме интересира односот сдсм-вмро, ниту Груевски-Заев, сетоа тоа е далеку небитно, кога гледаш во немоќта на својот народ да се обедини и да се одбрани од партискиот раздор создаден меѓу нив, чиниш се смртни непријатели. Иста слика и на форумов. Затоа ни се смеат комшиите, не знам дали постои држава што вака мирно остава да ја силуваат до смрт? Дали постои народ што не му е битно како ќе се вика и за што се бореле неговите предци? За вакви работи крв се лее, се руши власт, народот одлучува. Изгледа немаме народ, туку само вжештени сдсм и вмро глави. Ќе поверував во искреноста на Груевски ако го бутнеше Талат на земја и му ја смачкаше главата со газење, а вака со бутната чашка со вода врз бројчалото или што и да е, и растурање на хартија по неговото биро не ме убеди многу. А на оние 64 што гласаа за законот за употреба на јазиците, им посакувам нивните идни колена најтешко да им патат баш поради овој закон (упс, заборавив, нивните внуци ќе бидат далеку од тука, онаму кај што им се банките), други клетви нека ги стигаат. Такво ноншалантно, мирно седење во фотељите откако си го продадоа јазикот е за секаква осуда и клада.
Се молам да не се спомнува дијаспората...тие како ги нарекувате патриоти од надвор?Па и јас можам да седам овде и да протестирам за северна и јужна кореја. Благодарение на дијаспората и тие колку се?300 000...400 000..можда 500 000 иселени? Благодарение на нив сега вагата е 25% кај албанците?удрете ги главите...Викаат нема живот во Мкд па се иселуваат па потоа од Австралија се борат за Мкд?Каде се тие патриоти да дојдат да вложат во Мкд како што прави албанскиот народ. Кој заминал странство и се вратил од патриотиве? 1 од 100
Кое лицемерие. Оние кои го плукаат Заев за јазикот за двојазичност го величаат оној кој ги амнестираше хашките случаи и плус им даде споменици за истото зло. Абе еднаш да бевте реални и да кажевте дека сите се исто гомно ко за промена и оти немаме избор освен да почнеме како Украинците па да ги фрламе по контејнери каде што им е местото. И не, не сметам дека странците ни го сместија. Овој закон се лицка 18 години. Зарем мислите дека за 18 години не го налицкаа да биде според Устав? Па сите дупки од Уставот ги искористија, а па сега и откако сдсм си поставија нивни судии, зарем уште некој се надева дека нема да помине на Уставен? Чисто се сомневам. @simonka93 тебе со овој закон апсолутно ништо нема да ти се смени. Ниту некој ќе смее да те натера да учиш албански освен ако сама сакаш, и во сите институции според закон ќе мора да си вршиш функција на јазикот на кој ти зборуваш. @macka91 девојката комотно може да тужи за таквата дрскост. Тоа е надвор од закон. А таа козата очигледно ниедно право не заслужува и пожелно е да се врати во пештера. Она што нас не боли е тоа што јазик на 10 посто од населението се изедначува со нашиот. Она што боли е оти се е на сила. Она што боли е, што права насекаде во светот се добиваат со протест, како што пред некој ден славевме 8ми март, оти некој протестирал, и се изборил легално и легитимно за она што го заслужува. Со оружје, жртви, уцени и насилство се зема само нешто што по ниеден основ не ти припаѓа. Оти никој никогаш не им забранил да зборат на албански, да учат на албански и во сите институции да бидат услужени на албански. Ниту биле присилени, репресирани ниту окупирани. Биле слободни и со слободна волја. И боли што секогаш кога ние се буниме, ние сме националисти, а тие кога се бунат - се борци за права. Ја мајката! Признале или не, мора да има нивна партија во коалиција со власта и кој и да беше на власт истово ќе се случеше. Оти сме глупи, оти сме ретардирани, оти очигледно ни фали мозок. Од се срце сакам да постои начин ова да се смени... ама тешко сега некако..
Ко кажував ќе гласам и гласав за Левица,повеќето гледаа со смеење,демек што можат тие да направат,пропаднат глас,битно е Грујо да си оди.Не, битно беше да имаат некој пратеник,да размрдаат малку,да нема ваква едносмерност. Епа сега... Дедото од погоре ме расплака и мене.
Се сложувам со тебе со секој збор. И ќе ги плукам и Заев и Груевски и секој што ќе дојде на власт. Верувам дека и кај вас ќе биде истото што и кај нас. Колку што читнав за законов доколку не му вратиш на албански јазик има право да те пријави и да добиеш казна што не знаеш албански јазик ама за државни институции мислам дека важи ова. Така да после законов девојкава и нема право да ги тужи, си имаат право. Да е до мене се би запалила тоа од Вемеро до Сдсм. Уништија се што можеше да се уништи.
Гледам на некои не им влага у глава ( оти се продадени гзови, па им влага у друго место, кхм ) дека ова мораше да се деси, и оти Грујо го одолговлекуваше за да мора Сдсм да го стори, па он пак да биде Спасител и пастир на овците македонски... А Заев знаеше, али дебело наплати, па не му чуе...Се тоа треба на плоштад да се обеси, али јбг... Каков народ, таква држава.