A Европска унија што изјави дека не бараат од нас да се смени уставот за јазикот што праеме? Исто така до 2025 не планираа никого да примаат во Европска унија. Само пробуваат да се вадат на таа карта да се разбереме.
Ок Рама си згрешила, гледам и други сдсовци велат дека згрешиле. Како сега ќе ја поправите таа грешка? Не треба само дома да седите и да велите еј јас згрешив. Вие го гласавте, па сега треба да бидете најгласни ако се буните. Ако има протест сдсовците треба да бидат во први редови, ако се рушат спомениците сдсовците треба да бидат во први редови, ако се менува името сдсовците треба да бидат во први редови. На тој начин треба да си ја поправите грешката. Нормално дека ќе му верувам на Груевски он не го загрози мојот идентитет и мојата држава. Добро проценувам луѓе и знам дека мојот избор беше правилен. Македонскиот народ ги обвинува сите сдсовци што гласаа за сдс. Свесно тоа го направивте иако ви беше кажано дека ова ќе се случи. Треба да се срамите што војната започна на 14 март, а во ист ден се изгласа двојазичност. Треба да се срамите што ви беше укажувано дека ова ќе се случи ама одбравте да мислите дека е спин, треба да се срамите што на форумот пишувавте дека името на државата не е важно, важно е што ќе јадете. За многу работи треба да се срамите, а како да се срами човек со образ ѓон? Тие работите што Груевски ги спроведел се направени за да не почне нов воен конфликт. Он сега не е на власт па пишувањата дека Груевски е крив не поминуваат. Џабе верглате едноте исто вината ви е во муртинецот. Што нужно ти било да се смени Груевски? Сега нужно ќе ти биде да учиш албански јазик, твоите дека да учат албански јазик, да вадиш нови документи, да се менуваат парите и.т.н сега сето тоа ќе биде НУЖНО. Реформи се ова, па ти што мислеше нема да се изгласа двојазичност? Да не мислеше сдс ќе воведат реформи во здравството или образованието И пак да си останеш на изборот што си го направила и не треба да се каеш, знаеш како велат после е**** нема каење. Сепак убаво ве насамарија за да дојдат на власт за да се промени името, јазикот и територијата.
Вечерва во "Само вистина" на Канал 5,гостин ќе биде Сашо Орданоски,ќе има што да се гледа и слушне П.с бидете без гајле,се јави Зајас,законот бил скроз уставен,и морало да биде вака за да граѓаните функционирале подобро меѓусебно со институциите
Додека ние овде се расправаме за политика, оние си тераат мајтап со нас. И немојте да ми кажете дека е подобро што овие се на власт. Овие се поголемо зло од претходните. Ќе ја упропастат државава, а народов ќе почне почесто да се иселува. Идиоти. Ќе ги стигне казната.
Тимоние: Препораката за ЕУ виси поради начинот на донесување на законот за јазиците http://meta.mk/timonie-preporakata-...tsite/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook Странците полека го вртат својот грб. Го кутнаа Груевски од власт, ама им стана јасно дека алтернативата била исто толку погубна. Зарем мислите дека тие не го познаваат албанскиот менталитет? Пола ако не и повеќе од тие функционери се исламофоби, вакви случки во парламент само им ги зајакнуваат ставовите. Ај уште еднаш да потсетам, вакви племиња не примаат во Европа. Претходно сте ја спомнале Левица. За жал и таму има некои ликови гладни за власт. И тие би поддржале двојазичност, ако од тоа би им зависела фотелјата. Луѓе кои живеат во минатото и сакаат да ја рекреираат Југославија. Има и други работи, ама засега е доволно.
Але аман ој играј ракомет, не туку паламуди оти се помочав од смеење на твоите мислења Стари магариња
Ако може некој да ми појасни, како бе до завчера не ви пречеа двојазични табли ? Јас откако знам за себе Македонија е двојазична, на секоја институција ама буквално секоја има табла со Македонски назив и албански, на автопатите исто,лични исправи. Во секоја државна институција прст и плева ги има Албанците,писмено или неписмено небитно . Еве ти @carangigia, кажи ми на Марс ли живееш па не знаеш дека се што као е донесено со овој закон, не било претходно присутно ? ! Заев ли им го даде сето тоа дури беше опозиција?!?!? Или твојот златен Грујо ? Гледам дека многу те 'боли' македонштината, затоа те прашувам, зошто тогаш немаш пишувано постови како ти бодат у очи албанските преводи,зошто тогаш немаш иницирано протест пошто ете сега се осеќаш загрозена ?!
Двојазични табли постојат само во средини каде што малцинствата се 20%. Сега се ќе биде двојазично во државата без разлика дали живеат или не процентуално. Исправете ме ако грешам.
Пред 2 месеци си зачленета па од каде знаеш што имам пишувано на форумот? Немој мене да ми испревртуваш зборови, јас напишав сдсовецот кој се кае, нека гледа да си ја поправи грешката....не иницирав на ништо научи се да читаш и правилно да се изразуваш. Гледам вас само за пари и за албанизација ве боли. Како бре не ви е срам само по Македонија 24/7 да плукате? Така ве имаат ли воспитано да мразите се што е македонско? Јас си живеам во Македонија и тука ќе останам, а ти изгледа си седела во подрум па не си информирана кој го донесе законот. На дневен ред се донесе овој закон кога сдс дојдоа на власт, а го вчера беше изглласан истиот ден почна воениот конфликт 2001 год. Двојазични табли имаше АМА немаше двојазични банкноти, двојазични уплатници,униформи во полиција, поштенски марки, бандероли, учење на албански јазик.... Престани да глумиш лудило ова го донесе сдс.....кривицата барајте си ја во вас
Реков дека се повлекувам од темава (на задоволство на „зрелите експерти“ овде), ама читам од вчера за новостиве и уште помалку па сакам да трујам со политика во друга тема, макар била и Испукајте се. Па ќе се испукам тука, а вие (се знае која тајфа) колку сакате после фрлајте камења, колнете, лајте, беснејте во празно - нема да ве удостојам ни со читање, не па со одговор. Се прашувате каде „сМе“ ние „шарените/соросоидите/сдсмовците/комуњарата“ (читај: сите што имаме поразличен став во врска со целокупната ситуација во државата од вас?! Тука сме. Гледаме, читаме и сме бесни, револтирани, згрозени - освен од политичарите од кои не сме имале никакви блескави очекувања, додатно и од народов што на секое с*ање паралелно со нив го буши секое можно дно со своите реакции на истото. Сосема точно е дека сите политички гарнитури си играат со нас поради недостатокот на обединетост, но уште се чудите зошто е таа разединетост?! Само препрочитајте си ги мислењата што сте ги пишале/лајкнале вчера, а на оние „најјаките“ што беа избришани пробајте да се сетите... и ќе го добиете одговорот. Толкава злоба, толкава „креативност“ за најгадни навреди и клетви на едно место јас не сум видела. И не дај Боже у догледно време да се освестат овие за таквото понашање, туку којзнае до кога ќе си го величаат тоа како некоја морална вредност... Фуј!!! Е па, додека сите не сфатите дека и двете страни СЕ исто зло, додека едната иста багра што нема кажано еден заслужен лош збор се знае за која партија - тука вреѓа, пцуе и колне не само политичари, туку луѓе со поразлично од нивното секакво само не објективно мислење... е до тогаш никад нема да нè бидне! Затоа што, јас пред Македонка, прво сум индивидуа со свое јас, чувствителна пред сè на своето лично достоинство и сопствени морални вредности. И колку сака нека звучи себично, незрело или не знам како - со гореопишаниве персони да излегувам на протести?! Попрво за Недојдија би се отселила - и не само тоа, токму тие и тој менталитет би ми биле и ми се втора причина за таа желба. Не дека верувам во клетви, а и добро знам која сум и што сум и јас и мои истомисленици - а тоа ни у крај памет не е ни „комуњарка“ за вистински да се пронаоѓам, ама сфаќам како изгледаат поделбите во ограничените видици на многумина тука. Си имам кажано отворено, на прекланските избори гласав за Левица, само на локални (последниве) за СДСМ (читај - за промена и пред сè против ВМРО). Дали сум разочарана и дали ја осудувам нивната досегашна работа? Да, апсолутно - иако ниту како симпатизер сум го дала тој еден глас за нив и тоа на локални, ниту сум имала некакви големи очекувања ни од нив. Не сум воопшто задоволна, се согласувам дека го доразочараа народот, си гледаат за сопствена корист додека обичните луѓе се во истата потпросечна положба и приоритетите во општеството си стојат на потпросечно ниво. Не се држам воопшто ни до илузијата дека од тие политички меѓународни и меѓуетнички игри за сопствена корист само на политичарите - ќе излезе нешто добро за стандардот и квалитетот на животот на народот. Што заклучив од тоа како поука во врска со давање глас на избори? Дека отсега во гласачка кутија мое ливче влага само исшкртано, нацртано, со мајтапи, чуда... не дека ќе гласам за да се врати ВМРО! Дали и у лудило се осеќам ЗАСРАМЕНО ради мојот глас против минатите криминали, пред особи за кои имам најниско мислење на форумов и сите ним слични у риал лајф? НИ ТРОШКА!!! Бај д уеј, чисто уз пат - на насловна на весник на Героски осамнала одвратна булинг-слика со постара женичка без заби на протест, со потсмев за нејзиниот физички изглед и сиромаштија. Истиот Героски кој пред некој ден беше „цар“ оти ѝ покажал на Фатиме кај ѝ е местото. На фб први и најгласно сликата ја осудија (со што нормално се согласувам) токму „модерни либерали без морални вредности“ и „одродени феминистки“ за кои не би знаеле која клетва и навреда попрво да ја искористите. Многу интересна ситуација, би рекла по вашиот бесчувствителен и циничен речник! Поздрав до сите разумни што „ги нема никаде“, „славеа“ и „отров пиеја“... многу е разбирливо да на темава веќе ти е мрско да напишеш нешто паметно... Ариведерчи!
Who cares што Грујо вчера правел театар и која е важноста на тоа, крајно сте досадни со ликов, од вчера пола мислења се за него, преокупација ви е некој бивши премиер. Не им доликува на самопрогласени прогресивци целата младост да се занимаваат со истории и минато. Немој Заеб да го спомнувате, или спомнете го онака ради реда, ама фокусот да ви биде на Грујо, такви инструкции добивте? Не е битно, и онака ви паѓа владата на следни избори, туку дај скријте се повторно, колку убаво си бевте тивки првиот пат кога се изгласа законот, уште не бевте координирани тогаш. Што би било кога би било ако во грујово наместо во заево доба албанскиот се издигнеше над македонскиот јазик на целата територија, знаат луѓето во некој паралелен универзум ваљда.
Извини вака ама не знам дали си стварно налудничава или така се правиш ? На ниту едно прашање не ми одговори, можда прво да прашаш у штабот за насоки за одговарање,па тогаш ке пишеш. Немој ни да се осудуваш да ја спомнуваш 2001,после она што Пресвеети Никола превзеде во врска со случајот. Последниве избори зависеа од Албанците,ако не си доразбрала во штабот, и двете партии беа спремни да им понудат се што посакаат,само да се дограбаат до фотељата. Истово што им го даде Заев би им го дал и Груевски!!!!! Они се одлучија за Сдсм пошто видоа колку е часот и дека албанците не го мирисаат Грујче мнпгу многу. Толку сте затупавени ,со превез врз очите, во Грујо да гледаш добрина и патриотизам е еднакво на лудост !
@RainBow зошто се дозволуваат вакви накази да се зачленуваат на форумот и да навредуваат? Зошто не се банираат? @lovestonedd Ти реков да се научиш да читаш одговорот е во вториот дел. Последните избори зависеа од народот и еве што сакавте. Сакаше двојазичност епа ете иди да учиш јазик. Немој мене да ми кажуваш јас што да спомнувам на форумот, земи преиспитај се. Од таа затупавеност да влезете во еу, спремни сте и душите да си ги продадете.
Го знаете она "Раздели, па владеј"? Епа така ни прават нашиве политичари. Народов се испотепа меѓусебе за нив додека тие си се ладат. Сите се исти с*ања, колку треба да си затупан за да веруваш дека некој политичар му мисли добро на народот и Македонија? Епа дури е вака ќе си патиме.