Какви експерти, какви бакрачи. Ние сме обични смртници кои ако не си заминат од државата ќе работат цел живот за 10000-15000 денари . А пензија нема да ја видиме не па да ја дочекаме. Сега некои им се смеат на пензионерите кои секој 1 во месецот или 15 одат и прават цели редици во банките. Ние доколку останеме тука тоа нема да го дочекаме. И не дека сме експерти туку од мака си пишуваме, јас не сакам никого да навредувам дури и гледам реално на работите. Знаеме дека оваа дестабилизација засекогаш ќе биде присутна кај нас без разлика кој да дојде на власт. Дури и да дојде некој добар човек на власт (се сомневам) тие ќе го ликвидираат. Бидејќи со помош на мафијата и подземјето власта може да опстои подолг период. Кога мафијата ќе ја заврши својата работа завршува и нејзиното постоење. Така е и со власта, но доколку народот не постои нема да постои ниту државата. Затоа денес дел од рамковните ни се ситат и ни велат дека сонот за нивната Голема Албанија станува реалност. Уште кога ќе погледнам какви коментари оставаат по социјалните мрежи ми се гади. За дел од нив сме само клетите каури како што не нарекуваат. Инаку гарантирам дека дел од Албанците не го сакаат ова туку бараат да се отворат повеќе работни места и да се подобри економијата. Сум разговарал со дел од нив и кај нив има лоши и добри луѓе, затоа не треба да ги генерализираме работите. Некои од нив ми помогнале повеќе отколку моите браќа Македонци. И нека направат веќе еднаш попис да знаеме на што сме. За нив е поважен некој закон отколку пописот или тоа што рударите не земале плати и работат за мизерни плати под опасни околности и немање на основни услови за работа.
Ич немам намера да се расправам со тебе. Јас не ги гласав СДСМ оти им верував на лагите или мислев дека цвеќиња ќе цветаат со нив, ами сакав Гвујо криминалецот да се симне од власт, јасно ли е? Така да, тоа дека ме прелажале не ти држи вода. Второ, се удираш во гради со патриотизам и плукаш по останатите, па пак ќе те прашам: каде беше кога Гвујо го стави УЧК терористот за министер за одбрана? Тогаш не ли ти беше жал за бранителите? Или кога ги изгласаа амнестиите? Протестиравте?! Упс... заборавив, се криевте во административните глувчешки дупки и ич не ви беше гајле за ништо. Така што... те молам, немој мене со тие патриотски финти. Ретки се патриотите во државава. Се се продадени души! Пак ќе кажам, вчера имавме историска шанса да ставиме крај на криминалниве здруженија. Сите беа на куп во собрание, само бомба фалеше.
Само едно ќе кажам: Двете страни се исти, само едниве подобро се криеја, вториве полесно се издаваат.
Желбaтa ти билo Груевски дa не е нa влaст, епa ти се испoлнилa целтa сегa не требa дa мрчиш зa двoјaзичнoстa. Тaљaт кoгa гo стaвијa зa министер oдев вo шкoлo, a ти кaде беше? Кaде беше ти кoгa истиoт тoј Тaљaт гo стaвијa зa преседaтел нa сoбрaние? Тoгaш не ти беше жaл? Не рaбoтaм вo aдминистрaцијa пa нa пoле рaбoтa- двoјaзичнoстa кaј мене не прaви никaвa прoменa. Тoчнo е декa ретки се пaтриoтите, a се пoчести предaвниците. Фaлa Бoгу јaс не сум предaвник.
Па и не е баш некоја поддршка. Повеќе е глума за да се врши раздор на Балканот. Најмногу, за да никад више не се обединат словенските држави. И тоа што вие го гледате како поддршка е всушност трговијата со дрога, органи и бело робје. За тоа им требаат. Јбг, да ги сакаа толку многу, немаше на Косово да им продаваат мелено месо старо 11 години.
За тие што викаа дека ништо нема да се смени, дека во Тетово, Дебар, Кичево итн. веќе било нормално тоа, и те како се смени уште од денес. Свекрвата работи просвета и имале предавање 2часа на албански, без преведувач. Немало. Епа сите сончогледи кои се тепавте за фотељи по државни институции, ве жалам. Јас со мои 27год. сите избори до сега ми се неважечки заокружени, освен последните, не сакав да дозволам ова да се случи, aма ете...
Европска комисија рече денес да се однесе 3аконот во венецијанска комисија и таму да се реши што е добро и што не е., Логично цел 3акон не може да се отфрли 3ашто дел од истиот е донесен 2008 и тогаш не се бунеше некој гласно така да двојни аршини да немаме. Не смееме да ја губиме под никој случај евроатланската перспектива нека не мислат некои дека не ни е од корист Нато. И те како ни е потребно они сакаат стабилен регион да не се лажеме.
Kaде имале такво предавање, во кое училиште? А разбира таа албански или седела два часа без ништо да разбере? Пиши ми во пп за да проверам, освен ако не е дезинформација.
Јас на факултет имав професор албанец. Македонците не тераше да заминеме од предавање, за на албанците да им предава на албански. Ни замина државава во неповрат.
Сфаќам. Ме интересираше училиштето затоа што преку Наставнички Пленум и МОН можам да реагирам во конкретни ситуации. Работодавачот (директорот) е законски должен да обезбеди преведувач. Доколку не обезбеди, тие немаат обврска да седат. Друг пат слободно нека го пријават директорот во Просветен Инспекторат или во подрачната единица на МОН.
"Законот" ке си остане кај Хорхе во фиока За џабе сте насекирани Што би рекол проф Апасиев : Нема лек за џебно вето ! Тоалетна хартија
Леле цуци, каков кам бек напраи, секоја чест, ма им го спопика на сите "зрели експерти" на форумов. Како прво, не знам кој се запрашал кај си ти како "шарена комуњара" ама твојата појава за да повториш нешто што си напишала пред сто страници е патетично. Дојде за да смениш правец во темава, во момент кога изгледа дека мнозинството зазема трета страна и побитни му се народот, идентитетот, обединувањето. Ама не, ти дојде да потсетиш на дуелот комуњари-патриоти, глумејќи притоа интелектуала над останатите "зрели експерти",над "баграта", ти необјективната, праведната и секогаш нај нај, дојде да ги поделиш членовите на зрели експерти, багра, комуњара итн... Па уште под нивоу ти било да излезеш со македонскиот народ на протест, имаш право, Недојдија ти е подобра опција, за таму не ти треба идентитет, националност. Фала што дојде да не потсетиш кој каков е, каква багра, каков експерт, кој пцуе кој лае. За едно имаше право, никогаш нема да не биде, токму од вакви"личности со свое јас" како тебе. Ај ариведерчи.
Како не бе!!! Гледам во Бугарија и Романија ружи цветаат. 5 милјони млади луге се иселија од романија по влезот во ЕУ, млад човек нема по улиците. ЕУ нема да подобри ништо, освен што полесно ке може да се исели народот.
А што ако влеземе во еу? Ќе живееме како во Швајцарија? Нели ви е јасно дека ништо нема да се смени на подобро? Пример е Бугарија. Дојде живот, ама за кој? Убаво пишал некој на фб Срушивме режим, ама изградивме два. Алал да му е.
Повеќе Форина го гледам на ТВ, одошто Муртино. Како Талат да ни е премиер, хм? Или Зајас го фаќаат нервни кризи (чуден поглед има), па треба некој да го одмени.
Ете, не сум била единствена која заприметила. И мене ми делува како да е на некои апчиња за расположение, еден ден изгледа изгубен во погледот, друг се смешка во ситуации каде е потребна огромна озбилност. Башка со лузната на чело е како Хари Потер. Упс. Спојлер Зекир Зајас и одајата на тајните.