Каде тоа имало предавања на албански?! Законот не е влезен во сила, уште не излегол во службен весник. Мора да се потпише указ. Иванов е должен да потпише указ, ако Законот помине второ гласање, ама има една финта. Само ако има двотретинско мнозинство на второ гласање. Освен тоа, се чека на Уставен. Не велам дека е во ред тоа што помина законот на Собрание. Напротив. Ниту велам дека има Албанци кои ова не го злоупотребуваат уште пред да влезе на сила. Оти им се може. Ама луѓе, има уште процедури. Иванов засега, е на наша страна. ВМРО требаше да гласаат против, а не да се силат на говорница.
Што точно исмевам? Тебе? СДСМ? Мислиш до смеење ми е? Троловите кои се бесеа по темиве со коментари „вмро-ни“? Во кои ме ставиле и мене? Тоа ти е проблем? Не сме сите обоени на форумов. И се во животот па и тоа да си член на партија и да веднеш глава и да по таков начин се вработиш е избор. Сите сме можеле. И не сите сме го направиле. И во скопјево да си, не ќе ти е многу по...спектакуларно, патем. Ако мислиш дека се' што ти фали е тоа. Што точно ти е болката всушност? Дека си член на СДСМ? и дека ти продаваат врмо-нски финти?
Кој ми продава вмровски финти мене? Што ако сум член, тоа не значи дека они ми кажуваат како да размислувам. Мене не ми е срам да го кажам тоа. А ниту пак ми преставува проблем дека Законот не чини и ред други работи. Всушност ништо не чини. А тоа како јас барам начин за вработување е мое лично право. Немам јас никаква болка освен разочарување од некои очекувања кои ги имаа сите. А знаеш на времево вака и јас се удирав во гради и ги обвинував сите кои очекуваа државна работа. Па и ги исмевав. Ама за жал никој тоа од убавини не го прави. Не знам дали знаеш ама во што се спуштаат луѓето за да добијат работа. Да, особено во мали места каде што освен државно, вработувања има во кладилници, маркети и казина за плата од 200 евра. А и за таму знаат да побарат книшка. Затоа слободно смејте на тие луѓе и нивниот начин на егзистенција. Мораат знаете. Некои мораат. Претходното мислење го избришав по грешка.
Не можи тоа така , мислат за коа ке дојде време за коалицирање со албанска партија, да речат ние не гласавме против , само се буневме зошто не се расправаше за амадманите ! Мислам тоа е тоа , нема ништо од оваа држава , ако можете бегајте што подалеку !
Јуле, твојата болка и проблем со сите политички теми, не се мој проблем. Моите се други. И се мое право да ги искажам, на начин на кој јас сакам. Доволно ви е отстапен простор во темиве за мудрување и вреѓање на се' живо и диво кое не е за СДСМ: Коментарите генерално не можам да ти ги разберам - на што уствари ми реплицираш и сакаш да кажеш, затоа и ќе ги избегнам. Васе Доневски, ех директор на СОЗР, служба која ги спроведе тендерите за сите „убави“ згради кои се поплавуваат, ко и за многу други работи...бил приведен вчера. АКо се прашувавте кој ги фаќаше за уво луѓето и вадеше на протести...тој. Тиранин над тираните кого Груевски го држеше до последно, само и само оти ги правеше сите валканици.
Sum rekla 1000 pati i pak ke recam . Site se piece of sh*t . I Grujo i Zaev i site po red . Od najvisoko do najnisko . Do kade stignavme Tonguzija ne ni e ramna . Ocajno ni treba popis , ama koj da go napravi . Mi se gadi od politicarive
https://m.kajgana.com/apasiev-samo-so-mrtov-pretsedatel-zakonot-mozhe-da-vleze-vo-sila За џабе сдсм се посраа пред народот! Прочитајте Проф Апасиев подетално има објаснато за овој мртов закон .
Тоа е проблемот всушност со командант Форина. Односно Претседател на Собрание, кој е всушност заменик на Претседателот на државата и врховен командант на АРМ. Ако на Иванов нешто му се случи или од било кои причини е отсутен, погодувајте кој ќе ни ја води државата и кој ќе ги потпишува указите. Мач со две острици.
Каде е албанската интелектуална елите за осуда на неуставната насилничка двојазичност? Или тотален молк кога се во прашање нивните лицемерни интереси? Од друга страна споредете ја нашата интелектуална невладина елита и ѕвездите на социјалните мрежи коишто со недели плукаат врз дијаспората, бабите и дедовците без заби, Ќосето, исмејување на спомениците. Ударна вест на порталите стара бабичка без заби и наслов вмровците ги покажаа своите заби. Ѓубриња невидени. Можеби таа бабичка нема да направи заби, затоа што СДСМ остави без леб илјадници македонски семејства и изнесоа милијарди капитал во странски држави. Нека тие од невладиниот сектор донираат пари од своите екстремно високи плати да и ги направат забите на старата жена.
ако гласаа (против), тоа ќе значеше дека се согласуваат дека собраниската процедура е испочитувана и дека законот е легитимно ставен на гласање.
Не го размислив тоа така. Имаш право. Непроцедурално, неуставно, против деловнички. Циркус и парада, а не гласање. Истото беше и со мандатот, а и со поставувањето на Форина за претседател на собрание.
Нејсе. Како ќе се постапеше во ситуација кога некој неовластен за потпис или чување штембил и печат се потпишува и става печати. Во обична архива е цц Го слушам Заев. Го девалвираат Иванов и зборува како Иванов прави нешто противуставно. Очекувајте баш баш баш акција против него
Во арм се спрема на клучни позиции албанци да постават. Ало НАТО? Знаете колку сме небезбедни во моментов?! Не знаете. Не се палам на националистички добацовки и курсеви за албански, ама на ова и те како. УЧК или АРМ едно та исто... Болката на Заев е што човекот ЛАЖЕШЕ. Ние сега не само што имаме државен проблем, имаме структурен плус национален. Вашите поделби сдсм и вмро се толку ниски и и бедни. Порано албанците ги читав по интернетов со секакви коментари, но многу често со мирољубиви и дека ние сме едно. Сега ИСТИТЕ последниве денови извадија албански знамиња на фб. Денес треба да одам на средба со група на луѓе. Само албанците откажаа. Не мора да ви објаснувам зошто.