Прво, сите излети на бес кои што ќе ги читаме овде се резултат на сопственото каење. Како некој кој се смета себе си за интелектуалец, дозволи да биде прелажан од некој сељак од Муртино? И во недостаток на себекритика, ќе се кршат тастатури на темава. А виртуелниот булинг, ќе прерасне во реална апатија. Особено по оние моменти на ароганција кои ќе си ги осетат од сонародниците, велам, браќата албанци. И сето ова, оти касно открија дека се заебана странка. Оти се тргувало со нивни гласови. И во моментот кога ќе им речеш, кажано ви беше, ќе фрчат епитети: сесре, вемеро, мемеро. Оти, всушност интелектот и не бил толку висок, ами ограничен.
Не ми беше муабетот состојбата на Албанија, туку начинот на кој тој кажуваше (Албанија -Ние). Нели родители, дедовци, прадедовци му биле тука? Нели децата му биле тука? Нели тој живее тука? Како тогаш Албанија е Ние, а Македонците кои не живеат во Македонија нека не се мешаат. П.С. Не сум сигурна дека ми ја разбираш поентата. На крај, тие ги имаат сите јазични права. Кај сакаат можат да зборуваат на мајчин јазик со преведувач доколку нема вработен од нивните. А скоро секаде има и секаде си зборуваа и досега албански. Ова со париве, со униформиве...жива катастрофа.
Јас барем невидов момент да се индетификува со Албанија него како Албанец тука роден деца фамилија дедовци тука му било поколението така рече. И да си ги добија нивните права со Рамковниот и барале да испочитува тоа. Башка рече дека кај што има помалце од 20 % нема да се користи јавно го кажа.
Не се сметам за нешто вау интелектуална,ама сесре и мене ме прелажа Муртинецо,и затоа го плукам и тука и секаде,од прв ден кога сватив дека сум заебана странка ама после е*ење велат нема каење Првпат го употребив сесре(сори,знаеш немам ништо против тебе)ама секој пат кога ќе прочитам вемеро,комуњара,вморони,и сесре се акам од земја од смеа
Немам ни јас против тебе. Не алудирав на тебе, поим немав за кого си гласала. Па немам јас патент на зборот сесре, само го користам за да докажам дека немам смисла за хумор. Абе комуњара и јас не го користев, ама во дадено време и момент е сосем прикладен. И нема вреѓање тука, остатоци од стариот комунизам се ваљда.
Мене едно не ми е јасно. Зошто религиозни луѓе и блиски до МПЦ гласале или гласаат за СДСМ и Левица? А познавам доста такви. Зошто? По кој повод? Некое логично објаснување?
Овој пат ќе отидам оф топик, бидејќи навистина некои од вас се крајно безобразни. Имено, и покрај тоа што членката @Rama во секој свој пост од доаѓањето на сега актуелната власт потенцира како не и е сеедно што го направила овој избор, вие користејќи ги нејзините доблесни карактеристики како искреност и критицизам, и понатаму врз неа вршите вербален линч и тоа никој не го санкционира. Океј сфативме, Рама е вештерката, не другите мал милион луѓе кои гласаа за СДСМ непресметувајќи го исходот. Наместо да се отвори тема во која политички би се апстрахирале и реорганизирале за излез со цел да го одбраниме сопствениот идентитет, ние тргнуваме во апсурден лов на вештерки. Ало, луѓе, кој ѓавол ви е најсериозно?!
Ова за мене ли требаше да биде? Во никој пост не сум се обидела да ја навредам, ни суптилно ни намерно. Една од омилените членки ми е тука. Зошто секогаш погрешните се препознаваат.
Не е за тебе Аква, за @carangigia e. Значи Каранџи, знам дека си патриот и дека те засега сегашнава ситуација, ама не е во ред вака што плукаш по членовите нарекувајќи ги предавници бидејќи не секој е упатен во политичките води колку и ти, и не секој со гласањето на СДСМ посакуваше двојазичност, туку очајна втора опција која беше неопходна за да не преминеме во апла олигархија.
Одорке и јас ќе одам офф,во право си,фала на одбраната....многумина ме нападнаа не само мене,туку и другите кои јавно си кажаа за кого гласале,напади имаше и исмејувања со денови и тоа од членови кои мислев дека ми се "блиски" но,дефинитивно @Aquamarine93 не спаѓаш во таа "клапа" ти Едит:ве молам да не се расправате никој поради мене,никогаш не сум барала "санкции" за никој досега и не планирам,сакам мирно да дебатираме колку што се може...
@Rama имаш можност да се поправиш ако си гласала за овие можеби си верувала дека ќе бидат подобри ама испаднаа бетер така да има следен пат ужива те поздравувам
Луѓето не се идеолози. Едноставно имаат премногу свои лични проблеми за да би губеле време со идеологии. Така да смешно е некој да и суди на личност како Рама или било кој, но мене чисто ме интересираше зошто религиозна девојка би гласала за исклучително антихристијанска партија како СДСМ или Левица?
Тоа што сум религиозна не ме прави совршена,ниту па очекувам совршенство или идеализирање од другите. Да,ВМРО е "религиозна партија" но,не знаеме колку од тоа што се презентираше е вистина а колку е мачкање на очи... Гласав за нив,од причина што сакав промени,наивно подлегнав на пропагандите за тоа подобро утре,како што направи впрочем и повеќе од половина Македонија. Не оспорувам дека првите години на власт кога дојдоа ВМРО направија многу,но после многу забегаа со шерифување од чистачка до директор,со крадење,со ставање на прв план секаде и секогаш само на тие со членска книшка и уште многу други ситници,придонесоа за мојот глас,ама тема не сум јас,сакав само накратко да одговорам.
Се е во ред тоа за негативните страни на ДПМНЕ, но зошто би гласала за партија која е во суштина против тебе и има дијаметрално спротивни ставови од твоите? Подобро воопшто да не си гласала отколку на својот џелат да му подариш власт над тебе
Кој гласаше, бараше да види и еве. А сеа... Сега одморете малце од тука. Има протести- излезете,а на кој му е под нивоу ќе му подарам карта у еден правец, со панделка и тоа. Нема потреба од препукувања веќе. Нема смисла.
А каква врска игра сега религијата тука? Секој си е верник за себе,точно е дека многумина во СДСМ се тешки комунисти(атеисти или што и да се)но тоа пак,од друга страна не значи дека не би можеле да бидат "добри владетели" доколку би посакале да е така.... А за кого би гласала друг,за Дуи за кој? Или да не требаше да пуштам неважечко ливче?вака или така,со мој глас или без него,овој пат победата беше неизбежна,за жал,оти на народот му прекипи од патриотизам...ама лажен и без пари. Граѓанска должност ми беше тоа,сакав промена и направив така,а тоа што сметам дека згрешив и се каам е сосема друга работа,сигурно и многу други верници кои гласале за ВМРО,кога ги слушале бомбите се покаиле и се згрозиле(една бев и јас)гледаш,зезнато е малку од која и да гледаш страна. Цела поента ми е дека не идеализирам никој а уште помалку да се приврзам слепо и во лавиринт да ме држи некој со години.... Ама како рекле,секоја грешка е искуство,и ако не се обидеш нешто,нема да знаеш како би било
Јас со години и години не гласам на избори, но последно да ми е не би гласал за партии како СДСМ или Левица. Секојдневно комуницирам со нивни симпатизери и членови. Знам што сорта народ се и каква деструкција носат сами по себе. Следна година гласај за Левица за да добиеш пута три од СДСМ