Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    8.875
    Пол:
    Женски
    А што ако сме гласале за сдсм? Зошто мислите дека ни е криво?Воопшто не ми е криво, никогаш нема да заокружам вмро па последно нека е. Не дека можеби ке ги заокружам пак сдсм, ама вмро како опција ми ја вреѓа интелигенцијата, дно дна.
     
    На Mishela, Mich, Sesil и 7 други им се допаѓа ова.
  2. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Во моментот беше битно да се тргне режимот на дпмне, така да повеќето што гласаа за сдсм, гласаа против дпмне, а не од што ги љубат многу сдсм, едноставно во тој момент само сдсм беше опција за тргање на режимот.
    Истите свесни граѓани ќе гласаат и против сдсм ако не научат ништо од своите и туѓите грешки. Засега покажуваат дека не научиле.
    Ја имам таа гордост и привилегија да немам партиска книшка и никој да не ми стои над глава при избори, така да секогаш гласам за тој што ми изгледа најдобра опција во моментот.
    Се дури повеќето граѓани не започнат да реагираат како коректори на власта а не слепи партиски послушници, нема да ја биде државава.
    И како што кажаа, доста веќе со тој лов на вештерки. Никој на форумов не е крив за вашите фрустрации. Тие кон кого треба да го насочите револтот ионака не читаат.
     
    На kikikikirika, bile454, zhap4e и 14 други им се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    8.875
    Пол:
    Женски
    @LollySky Убаво кажано од збор до збор. Се додека има слепи партиски послушници нема да не биде.
     
    На Mishela, makedonkamak, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.803
    Пол:
    Женски
    Тачно .
    Можеби за некоја трета - четврта партија би гласале (иако сум член на сдсм , јас сум реална и имам доблест да ги кажам грешките на партијата , но никогаш нема да ги разберам овие од вемерото што им е испран мозокот, и не гледаат подалеку од носот ) затоа нема никогаш да гласам за вемерото.
     
    На Mich и makedonkamak им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.551
    Пол:
    Женски
    Oк.Доволно ја исполнивме темава со "мојот глас", не сме јас и ти исти,и никој со никого не може да биде,како ти одговара прави си.
    Јас лично,не сум видела арно ни од едните ни од другите,но пак сум ги гласала наизменично,оти тоа ми е граѓанската должност,гласав и ќе гласам пак и ќе бирам "помало зло од поголемо"како што ќе налага ситуацијата,а да се стават на вага двете зла,исто ќе натежнат,ама подобро така,отколку да пуштам неважечко ливче или друг да ми моделира глас :D

    Поздрав и секое добро!
     
    На orevokrsacka и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Јас не ја нападнав @Rama само и кажав дека не смела да си ја дозволи таква грешка и тоа и го кажав сугестивно бидејќи ја сметам за поблиска личност. Рама си кажа дека се прелажала и дека згрешила.
    Според мене секој што ќе згреши треба да се труди да си ја поправи грешката. Ако погрубо се изразив кон @Rama нека ми прогледа низ прсти.

    Јас за себе на форумот никогаш не велев дека сум патриот, но во секој пост кога велев дека мене само ме интересира идентитетот на мојата земја, сдсовците мене ме означуваа дека сум била патриот или дека сум глумела патриот.
    Ок ако според нив јас сум патриот, што треба да бидат они во моите очи?
    Секој човек за сопствената земја треба да биде патриот. Kога на некој ќе му речеш дека ќе сакаат да ни го променат името на држава и тој некој ќе ти рече па што ми е гајле, јас битно да се најадам како поинаку да го наречеш освен предавник?

    Јас се нервирам што Груевски на секое интервју изјавуваше дека сдс ќе воведе двојазичност и дека тогаш назад нема, јас тоа кога го пишував на форумот бев исмејувана....
    Ако сте сакале да гласате за втора опција сте можеле да гласате за левица, тморо и некои други партии.
    На 27 април народот се обиде да не дојде до двојазичност и заради тоа беа наречени терористи.
    Нека ви биде......што сеевте тоа и ќе си жнеете
     
    На kikikikirika, orevokrsacka, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.551
    Пол:
    Женски
    Ок,Каранџи во ред е.Јас ионака ти прогледав низ прсти уште истиот ден,само сега се надоврзав на муабетите од погоре....
    Доста чувствителна ти е темава за политика и сакаш сите да бидат како тебе,ама не сме сите исти.
    Те разбирам до некаде,и мене ме боли за име,за двојазичност,за идентитет,но....
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Двојазичноста е како предигра во Секс.
    Да знаете само колку убав секс ќе биде.
    Ќе се свестиме еден ден но доцна ќе биде,назад ќе нема тогаш.
     
    На zuto и Rama им се допаѓа ова.
  9. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.988
    Допаѓања:
    26.093
    Пол:
    Женски
    Мене состојбава не ми мириса на добро . Не знам зошто , едноставно така чувствувам . Овој пат нека ме прелаже инстинктот .
     
    На orevokrsacka и Rama им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.551
    Пол:
    Женски
    Почнаа провокациите,и тоа во мали и чисти етнички градови како Виница и Демир Хисар,некој сака јако да раздрма ситуација ;)
    Господ нека е на помош само...
     
    На carangigia, "Zoki" и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Ништо нема да се случи. Ништо не превземаме ние македонците. Најубоо не научија браќава- ден- два галама, трет ден као ништо да не било. Тие победници, ние губитници.
    Се заборави и полицајката и дивјакот од ДУИ, нели ? Ете ти пример.
    Ако има линк од дебатата од Телма гледајте го крајот само, уф ќе сфатите како јавно не понижува еден клошар. Ни се смее под мустаќ ( што се вели) и на албански ср обраќа за благодарност и честитка по повод донесувањето на новиот закон.:x
    Кога ќе го спроведат, многу ќе си ја мислиме. Само пак ќе седиме по форуми и фб и најгласни ќе сме. До нас е, тоа.:!:
    Зајко , јас не знам со кое лице ќе бара во иднина да се гласа за него? Значи во Македонија нема саглам политичар и маж со м...
    За грев сме.
     
    На bile454, Lianna Anna, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Тие што имаа М се Терористи оставаме на Бранителите да се борат.
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Одма ме асоцира на С.Ангелов, некако и тој се скри од јавноста. Нешто слушнав дека е вработен во МВР и тој и неговата сопруга. Не знам дали е точно.
    Ако е точно, значи од тамо доаѓа тоа затишје на гласниот.
    Општо за бранителите, не ми се зборува. Уште имам слики од 2001 и трауми.
     
    На Lianna Anna и Rama им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Точно е. И тој и жена му се во МВР сега.
     
    На makedonkamak и "Zoki" им се допаѓа ова.
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Не мислев на такви бранители Стојанче даде премногу за Државава и многу како него,телото му е како решето.
    Зборам за тие бранители што го осудија чинот на 27ми април.
    Ги има во голем број,кај се сега да шкртаат по Скопје.
     
    На carangigia, orevokrsacka, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Те разбрав, но тоа бранители одма на него ме потсети ( затоа и ти потенцирав). Неспорно е што придонесол, но си завршил работа сега и никде го нема. Барем тој секогаш излегуваше јавно да каже се што има. Сега се сменил и тој. Политика.
     
    На Rama и "Zoki" им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Дали се сеќававте кога командант Флорина (Талат) поднесе 16.000 амандмани да го спречи законот за бранители? Кога стана претседател на собранието имаше еден куп реакции на социјалните мрежи колку бил вицкаст, смешен, срцка, откачен. Каков народ живее тука преплет црева да добиеш. Тоа е исто ко Хашим Тачи да им го однесеш во Белград и да го напикаш да биде претседател на собрание и пола српска јавност да му се воодушевува на неговиот смисол за хумор. Со пет прста се крстам моментално:D
     
    На orevokrsacka, Lianna Anna, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Се за функција и пари. Ветрушки. Но кога ќе дојдат тешките моменти Стојанче нема да избега. Пак ќе биде во првите редови. Во тоа сум сигурен.
     
    На makedonkamak и "Zoki" им се допаѓа ова.
  19. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Мислам дека нема,затоа што еднаш се врати од гроб,но за возврат што доби.
    Да работи во Ирак,Авганистан затоа што немаше работа за него во оваа држава.
     
    На SnowWhite8 и Rama им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.052
    Пол:
    Женски
    Лошо гледам или стварно му е изреметен погледот?
     
    На orevokrsacka, EvAngelos, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.