Тие документи и евра се бараат од почетокот кога се воведе безвизниот режим, па нели тоа беа најголемите критики ти текнува? - Па ние сме сиромашен народ, пак никој нема да може да патува, тие што имаат толку пари си патуваа и претходно. - Ако јас решам да барам азил во нкоја земја, нема да им го кажам тоа на граница. Ќе си ги средам документите за легално да и поминам, по кој основ ќе ме вратат? А ако некој требало да биде препознаен и вратен, не е работа на владата, си има царина, граници каде се проверуваат луѓето,документите, или да го викнеме Груевски како главен и одговорен за се да стои на граница и да враќа роми назад?
Mашала рано си станала да ми одговориш епа сеа нели викаш дека можеле да бидат препознаени и вратени-мора некој да дава наредба за тоа. Што мислиш кој е на власт? А сега можат да бараат документи, дозволи и докази дури и ако одиш во посета кај роднина да докажеш дека ти е роднина? Мислам дека не гледаш реално на работите ама тоа е, уште од кога ја укинаа визата се знаеше дека вака ќе биде па можеа да преземат соодветни мерки. Еве како што сега на пример европските држави ја засилија граничната конттрола за тој ќе влегува и од кои причини, можевме и ние да проверуваме кој се излегува и зошто.
Да всушност така е во право си, кај нас нема никакви проверки, луѓето си шетаат горе долу по граници без документи.
Кога тргнува утре автобусот од Прилеп за Скопје т.е за митингот на Сдсм знае некој и дали мора да си запишан на списокот за да одиш или нема врска ????
Леле Амди Бајрам глупости тресење пукнав од смеа Сеа даваа исечок од еден митинг и Амди вика, цитирам: Љубе Бошковски е предавник на македонскиот народ, сака да се посвати со Бранко Црвенковски, неговиот син води љубов со ќерката на Бранко Црвенковски...
Груевски не бира начин како да собере гласови ВМРО-ДПМНЕ со притисоци преку своите членови во Торонто Канада, сака да ги замолчи независните медиуми на македонската дијаспора, за кои сметаат дека не се на нивна страна. Ова обвинување стигна директно од уредникот и издавач на македонски весник, Лилјана Ристова. Затоа што не ги застапува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, весникот и бил фрлен пред да стигне до читателите, а закани добивале и нејзините спонзори. Се започнало во времето кога Мартин Треневски, бил генерален конзул во Торонто. Иако тој е заминат притисоците продолжуваат. „Луѓе кои се инволвирани во тие институции македонски, откриле дека весникот по 1000 примероци од мојот весник се фрлаа во ѓубре. Се јавуваат кај нашите спонзори, оние кои рекламираат ги убедуваат дека не треба да рекламираат кај нас, ги убедуваат ако е во прашање некој туристичка агенција, им велат нема да патуваме со вас ако вие продолжите да ги спонзорирате овие три медиуми“, изјави Лилјана Ристова, издавач на македонски весник -Торонто. Ристова со уште две колешки од ТВ издание на македонски јазик и радио, биле игнорирани и за време на посетата на Груевски во Торонто. Вели биле непожелни да ги проследат настаните. Таа се осврнува и на претстојните избори во дијаспората. Вели голем дел од македонските иселеници, не ни знаат за парламентарните избори. Во Отава Канада се пријавиле само 8-мина да гласаат. „Знам дека гласањето ќе биде катастрофално уништување. Зошто? Иселеништвото воопшто не е спремно за такво нешто“, рече Лилјана Ристова. Набрзина организираните избори за дијаспората, допринесоа мал број на македонски иселеници, да се пријават за гласање. Ниту пак во секој град каде има македонци може да се гласа. Парадоксално е што за независен пратеник, требаат 1000 потписи, а само за споредба во Австралија се пријавиле за гласање нешто над 700 лица.
Сега ја гледав емисијата на Миленко со премиерот, мислам дека пола од тоа што го ветува да го исполни е доволно. Посебно ме заинтересира фактот дека државата ќе плаќала за пацинетите што треба да се лекуваат во странство,а тие да си доплатат максимум 200 е И редно време беше некој да го стави во програма за реновирање автопатот Скопје - Велес !!!
Премиерот не го исполни она што го имаше ветено уште на претходните избори, во време кога имаше одврзани раце, кога имаше 63 пратеника од ВМРО и 20 од ДУИ, вкупно 83 пратеника, значи имаше двотретинско мнозинство и можеше се што сака да направи. Зошто сега да верувам дека ќе направи нешто, кога и да победи, нема да има мнозинство какво што имаше и многу потешко би било реализирањето на ветувањата?
ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД ОВИЕ ГЛУПАВИ РЕКЛАМИ-ВМРО ВАКА СДСМ ТАКА!!!! СИТЕ ТИЕ СЕ ИСТИ,ДАЛИ БИЛЕ ОД ВМРО ИЛИ ОД СДСМ СИТЕ ГЛЕДААТ САМО ДА СИ ГИ НАПОЛНАТ СОПСТВЕНИТЕ ЏЕБОВИ,А ЗА НАС ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ ШТО НИ ОСТАНУВА????НИШТО ТУКУ САМО ДА СИ ВИКАКМЕ И КУКАМЕ НА МАКИТЕ ШТО ГИ ИМАМЕ!КОЈА ВМРО СЕ НА ВЛАС ТИЕ Е ОД СДСМ ПОСТОЈАНО НЕСТО ГИ КУДАТ ДЕМЕК НЕ РАБОТЛЕ КАКО ШТО ТРЕБА,А ПА КОГА СДСМ СЕ НА ВЛАС ТОГА ОВИ ПАК ОД ВМРО ПОСТОЈАНО НЕСТО КАО ДЕМЕК ЈА ПРОДАЛЕ ДРЗВАТА,КОЛКУ БИЛЕ ЛОШИ ВО ВОДЕЊЕТО ПОЛИТИКА И СЛ.НИКОЈ ОД НИВ НЕ ЗНАЕ ШТО Е ТОА ПОЛИТИКА НЕ ЗНААТ КАКО ДА ЈА СОЗДАДАТ!СИ ГИ ГЛЕДААТ САМО ЛИЧНИТЕ ИНТЕРСИ КОЈ ПОВЕКЕ КАПИТАЛ НА СТАВИ НАСТРАНА ДОДЕКА Е НА ВЛАСТ!И ОД ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ НЕМА ЛЕЗЕТ!!!
Па логично е дека нема да има. По сите анкети, па дури и по оние вмровските. Значи до сега ВМРО сами имаа 63 пратеника, а во коалиција со ДУИ 83. Значи сам имал апсолутно мнозинство. Тешко дека ќе може да го повтори тој резултат.
Ова е Неготино и тука уште не е почнат митингот,значи не ти е веродостојна сликата.Јас бев на митинг и имаше мноооогу народ и гужваници дури и ми се слоши.