Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Да, токму тоа и јас го реков. Илјада пати членката кажа дека кога би можела би го поништила својот глас, ама вие продолживте да ја мавате со свилени ракавици упорно потсетувајќи ја, што оддава впечаток како да се ситите со она што таа сега го смета за погрешен избор. Да не зборуваме дека тоа не беше само нејзин избор, и на десет други членови од овде, туку општо и севкупно мнение на народот, но вие ги најдовте тие двајца тројца кои јавно признаа дека се каат, и само користите прилика да ги навредите, да им се одмаздите, што стварно не е фер и човечно. Патем, што се однесува до изборите, знаеш и сама дека колку и да бил добро испланиран и опсежен обидот за прикривање резултати, толкав пораз на сега опозиската е невозможно да биде намештаљка. На народот му се смачи од црнчење Каранџи, и револуција не се крева со празни стомаци, ти тоа најдобро го знаеш.

    Да се биде патриот не е воопшто лоша карактеристика. Ама да не се обидеш реално да согледаш зошто луѓето ги одбраа сдсм наспроти вмро е знак за необјективност и пристрасност. Ти ги посочуваш интервјуата на Груевски, а ги забораваш предизборните ветувања на Заев кои "гарантираа" транспарентен и мирен соживот кои не изискуваа уставни промени и подобри стандарди. Воедно, забораваш дека никој од нас без оглед која страна и да ја одбрал не може во потполност да знае какви ќе бидат идните планови на владата, и дека желбата за подобар живот, макар и за корка леб, е понекогаш доволно легитимен причинител егзистенцијалните потреби да се стават над патриотските. Сега веројатно ќе кажеш дека тоа не е изговор за да се "продадат" идентитетот и името, и јас ќе се согласам, ама има луѓе кои не размислуваат така и сакаат подобра иднина зошто имаат само еден живот, а тој е над апсолутно сѐ. Над идентитетот, над името, над државата, и пак ќе кажам не можеш да судиш зошто е така зошто предолго сме до гуша.

    Воедно не можеш да негираш дека еднопартиски систем од 11 години е одлика на едно "здраво" oпштество. Напротив, таквиот обид за хетеронорматив, или идејата дека постои истиот само ја задебелија егзистенцијалната слоевитост и накалемија оваа сиромаштија во државава.

    Груевски кој го спомена, е истиот тој човек кој верни образовани членови од партијата со години туркаше на страна, притоа градејќи идоли од веќе позиционираните криминалци доделувајќи им апсолутна власт. Истиот човек кој не натера да веруваме дека нашата држава која е ризница на земјоделие сточарство и разно разни други занаети е сиромашна, додека тешко заработените пари од нас аргатите ги земаше за себе и своите од врхушката. И сега кажи ми искрено и чесно, зошто луѓето би верувале на таков човек? Зошто би верувале во неговите изјави дека е можна кантонизација/бинационалност, наспроти некого кој шизофренички убедливо верува во своите лаги дека може да донесе подобар ,,живот за сите" и петстотини евра плата? И кој впрочем не бил во толкава мера актуелен на политичката сцена?
    ..Можеш за почеток да пробаш да бидеш помека, човечна и да кажеш: "дечки, мислам дека погрешивме,,. Зошто да, сите заедно ја донесовме оваа одлука и сите заедно сме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме денес. И се додека трае оваа игра на освоени трофеи ќе го допираме дното од амезот темнина. Сѐ додека на нашиот македонски народ се обраќаш со вие, како на пр. ,,вие ги одбравте па еве ви сркајте'' извини, ама нема никогаш да бидеш спремна да преземеш одговорност.

    Јас гласав за вмро на последните избори зошто извагав дека е тоа подобра опција од сините, и бев страшно изреволтирана кога пред некој ден се донесе законот за двојазичност и напишав порака со ужасна содржина под наплив на емоции и револт која ги навреди овдешните членови од двата табора во моментот, ама никогаш нема да станам и да плукам по никој од вас, зошто вие со сите проклети маани и предности сте мои македонци и ве сакам. Сите вие што сте гласале за вмро и сите вие што сте гласале за сдсм. Посакувам само обединување за да престане да се случува ова сега, и отсекогаш сум се борела за истата идеја, и нема да престанам. Прашање е колку ти го цениш нашиот народ и го ставаш пред политичките интереси. И сега ќе ти кажам нешто, на кое можеш да се лутиш колку сакаш, ама иако со многу твои мислења се согласувам во однос на актуелната политичка сцена, во многу свои мислења ти не оставаш впечаток како да ти е грижа за нашите луѓе, всушност ти само оддаваш впечаток како да се бориш за сопственото его и идеал кои коренсподираат со потребите на партијата наспроти колективното добро.
     
    Последна измена: 17 март 2018
    На lovestonedd, bile454, EvAngelos и 7 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Стојанче беше пред извесно време на Само Вистина. На прашањето дали поддржува промена на името и слични прашања, одговараше дека не знае ништо за преговорите, дека верува во политиките на заев и дека овој правилно работи.

    П.С. Сакав да кажам и други работи за муабетот погоре, ама ќе се воздржам да не се оди веќе офф. Или отворете нова тема.
     
    На carangigia, orevokrsacka, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  3. beauty007

    beauty007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Може ли линк од видеото некој кажал дека заев го чека снајпер водителката се засркнала?
     
    На Aquamarine93 и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    55.551
    Пол:
    Женски
    Сашо Орданоски го кажа тоа завчера во Само вистина,на Канал 5,побарај на страницата нивна ги има сите дебатни емисии.
    Не кажа со сигурност така,рече можно е да го чека иста судбина како Зоран Џинџиќ бидејќи правел внатрешни-државни немири,така нешто.....
     
    На makedonkamak и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.988
    Допаѓања:
    26.093
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека ништо нема да се случи . Изгледа АРМ се спрема . Баш вчера видов 2-3 камиони со големи канистри за течност ( не знам за каква течност се работеше во случајов , можеби беше само бензин за возилата , но сепак ) се упатија кон воена база Еребино . Можеби собираат залихи за секој случај , да бидат подготвени , ама во целава ситуација , малку ми е крипи тоа , посебно ако знаеш дека од 2001 наваму сите вработени во касарнава наша спијат . Ќе се прошета некогаш некој регрут или некој професионален војник и тоа по храна или цигари и крај на работниот ден . Така да , нешто ми смрди .
     
    На makedonkamak, orevokrsacka, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски

    Јас на Рама и се обратив еднаш и напоменав дека тој цитат не се однесува само на нејзе туку на сите сдсовци, откако Рама ми одговори ја цитирав уште еднаш и тука заврши тој муабет. Ниту ја навредив, ниту пак она мене ме навреди. Уште еднаш ќе ти повторам моето мислење се однесуваше на сите сдсовци и тоа го имав напишано.
    Не сакам кога некој ми извртува зборови, точно знам со кој зборови се изразувам, ако некој друг ја навредил нив означи ги, не треба мене ме мешаш во други дискусии или расправи.

    Кога ги посочувам интервјута на Груевски кај него се приметува дека е доследен на секој кажан збор во секоја изјава, а од друга страна Заеб за двојазичноста рече: глупости невидени до каде забегаа.....а потоа истиот тој Заеб отиде во Швајцарија да вели ќе има проширување на рамката на рамковниот договор. Доволно е да ги слушнам овие две негови изјави за да сфатам дека за да освои гласачи на народот ќе му каже тоа што народот сака да слушне.
    Плус неговата изјава ќе бркаме од чистачка до директор, многу кажува колку он добро мисли на народот. Ете денес избркале од работа речиси 100 наставнички.
    Пак ќе напоменат истото што денес го напишав ако народот гладувал за корка леб зошто секој ден објавува слики од патување во странство или се чекира каде јаде по ресторани?

    Груевски овозможи субвенции, нови автобуси, бесплатни автобуси за средношколци/студенти/пензионери, изградба на споменици, надоместок за трето дете, субвенции за започнување на сопствен бизнис и ред други работи. Откако он дојде на власт Македонија буквално живна, ок имал недостатоци ама кој политичар немал.?
    Од мерките кој он ги воведе јас ниту една не искористив, но познавам многу луѓе на кои им се подобри животот со тие мерки. Мене најважно ми е да имам стабилна држава, со име Македонија, со македонски јазик и македонска историја, многу ли барам? Додека он беше на власт јас бев сигурна дека мојот идентитет нема да биде доведен во прашање.

    Кога се зачленив на форумот не читав поликита, ама кога ја отворив темата и прочитав како членка за убијците на Смилковско езеро пишува дека они биле невини, а јас напишав како не се засрами што наместо да бара повисока казна она бара ослободување? Добив навреди од членката дека сум монструм, на исто рамниште со убијците, дека не ме поднесувала и.т.н. Модераторите едвај го избришаа нејзиното мислење после 2-3 недели не ја ни банираа.
    Секој мој коментар од сдсовците на форумот беше искоментиран дека од штаб ми кажувале што да пишувам, сум била испран мозок, ме вработиле во администрација и др. бла бла муабети.
    Од самиот почеток моите коментари беа етикетирани дека пишувам од лична корист, ок многу работи им преќутев, ама моето молчење заврши.
    Епа сега кога некој не те почитува зошто јас него да го почитувам?
    Со месеци дрско се однесуваа, епа сега ќе ме читкаат кога ги критикувам.

    Политичка ситуација не подели на наши и ваши. Тука нема ништо спорно, а јас им се обраќам на сдсмовците со вие затоа што свесно заокружиле на предвремените избори, сега штом не се задоволни со ситуацијата нека си ја поправат грешката, а јас одговорност нема за што да превземам моја совест е чиста.
    Народ ќе се обедини кога сдсовците ќе сакаат да си ја поправат грешката тогаш нема да има наши и ваши.

    Повторно ќе напишам дека мене најважен ми е да остане библиската земја Македонија без промени во јазик, територија и историја, а за мене ова е пред секоја потреба.

    П.С. еххххх на форумот многу членови се ситеа и се смеа кога ги затворија патриотите, а тие патриоти влегоа во Собранието само поради македонскиот народ за да спречи ова што денес се случува на македонскиот народ.
     
    На Sofronko, Rama, ladyySi и 4 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Има едно добро во сето ова црнило и зло. :?: После толку години, конечно на форумот Фемина секој член може најискрено да пишува се што мисли за сдсшкљ, без агитаторките да го постават на ѕидот на срамот во исчекување на перманентниот бан кој го издејствувале.

    Исто лице не може да биде претседател на државата повеќе од два мандати.

    Едни од наивност, други поради кратковидоста на својот личен интерес.

    Да де, откако цело време активно помагаше да дојде до таа ситуација, барем ќе си ги чисти сам срањата.


    Видеоно со Заеф постирано поназад се шири како лентата на Самара Морган, ќе спијам со вклучени светла, или не спијам воопшто, упм.
     
    Последна измена: 17 март 2018
    На Rama, Aquamarine93, YoungandBeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Нај голема глупост до сега е што се протестира пред домови на пратеници јас да сум власт одма би ги привел тие што нарушуваат јавен ред и мир и ја загрозуваат безбедноста
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.149
    Пол:
    Женски
    Ajde de, a tie istite pratenici Ne go narusuvaat redot I mirot vo domovite na tie lugje so ona "stsni dugme pobrzo da Ne snema", tie nikogo ne napadnale kolku jas sto znam, samo revoltot kon ova raznebituvanje go izrazile. A Koj Ne e svesen ili ne mu odgovara toa, trebalo da misli porano za da spie mirno.
     
    На ceca-1, Rama и makedonkamak им се допаѓа ова.
  10. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Машки
    Овие пратеници се единствено виновни што ја носат државата на прав пат за рзлика од претходните
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Шо се нервирате, не гледате ве трола ракометаров :)
     
    На Rama, Someonespecial, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    5.149
    Пол:
    Женски
    Gledame site patot e prav, direk u provalija ni levo ni desno, samo pravo.
     
    На Rama, ladyySi и zuto им се допаѓа ова.
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Може некој да ми објасни што тоа вие подразбирате под поимот патриот? :)
     
    На carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  14. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Политичкиве настани ни се ужаш, неколку пратеници од дуи буквално го држат во заложниство целиот Македонски народ без разлика дали СДС или ДПМНЕ.

    Дефинитивно ништо ново не видовме од СДС како и порано од едни предавства ништо друго...

    Во моментов едно е сигурно, СДС на следни избори ќе го извлече подебелиот крај дефинитивно и тоа ради ДУИ. ДПМНЕ колку толку ги контролираше и немаше вакви големи испади.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    11.032
    Пол:
    Машки
    Заев вика дека законот за употреба на јазиците доби подршка од мнозинството граѓани на последните парламентарни и локални избори, а видеото на YouTube му го лајкнале само 52, наспроти 2700 души што му ставиле дислајк :D Која иронија над ирониите.
     
    На Outlook, Rama, Luciferovog zlo♧ и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.242
    Пол:
    Машки
    Да, но има 3.700 лајкови на фб.
     
  17. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Ако листаш низ листата од лајкови ретко Македонци има, све се Албанци, нема потреба да браните нешто што не се брани.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    за првиот дел couldnt agree more
    Еднаш до два пати решив да искоментирам овде итоа без да заземам политичка страна очи ми извадија напаѓаа како хиени
    иронијата е што сега тие членоови идат овде со арггумент од типот:се додека како пијан за стап сте фатени за една партика или слепо верувате во сдсш или вемеро нема да не биде
    You dont say?!(fingers):rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Rama, carangigia, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Тоа е секој нормален човек што си ја сака, почитува и брани сопствената земја, ама да не е Македонец и да не се работи за Македонија. Македонија не познава патриотизам, само национализам! ;)
     
    На Outlook, Rama, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.990
    Допаѓања:
    11.032
    Пол:
    Машки
    Нормално, партиските послушници мораат да стиснат лајк, обврзани се макар и повратиле после тоа, затоа што од тоа им зависи и работа и функција и партиска кариера. Додека на Јутјуб е анонимно и таму се пообјективни. Таму и они не лајкаат.

    Еве кажи ми ти, зошто овие 3.700 лајкаши на ФБ не стиснале лајк и на YouTube видеото? :^) Баш ме интересира твојот одговор.
     
    На Outlook, Rama, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.