52те лајкови и 2700 дислајковите на ЈуТјуб видеото се доказ дека луѓето не гласаа за СДС, туку само против режимот на ВМРО. На следните избори СДС ќе губат како никогаш порано во историјата.
Понекогаш ги читам коментарите под некој линк за состојбите во Македонија. Не зборувам за македонски портали, туку за странски. Ретко, скоро невозможно е да се прочита нешто позитивно. Станавме сценарио од Монти Пајтон и знаете што? Воопшто не им се лутам. Не чувствувам никаков бес, затоа што знам дека такви луѓе не претставуваат надвор. И јас би ја имала истата реакција. Пред некој ден имаше реакции од Србија, за прогласувањето на албанскиот јазик како втор официјален. Имаше еден куп гадни коментари по социјалниве мрежи. Пак не се налутив, оти имам доблест да ја прифатам вистината. А вистината е дека крајно време е да и се стави клуч на државава. Нема повеќе друго решение, ги прокоцкаа сите можни опции. За Ордановски, потрошив неколку минути од мојот живот залудно. Што е она што “аналитичаров“ го кажа а не го знаевме? Откако падна цел рејтинг на сдсм, тој излезе на ТВ за да им каже дека нема да ги биде. Вау, навистина не можевме да предвидиме. Ако имал храброст, ќе го кажел истото пред неколку месеци. И најпоразителното, интервјуто со Апасиев каде на крај кажува дека со ваква одлука можно е да избијат нови етнички тензии. За ова ли ги плаќаме куртоните? Во нов амбис да не водат? Заев, друже, изгледа многу неславно ќе ти заврши кариерата.
Странските медиуми со години немаат ништо позитивно напишано за Македонија. Пред точно 3 години, во холандскиот Фолкскрант излезе статија со наслов "Големиот Брат владее со Македонија". Груевски мораше да падне, штета што немаме трета опција. СДСМ ќе падне во најбрз можен рок, и пак ќе дојде ВМРО на власт. И ќе ни ја ебат мајката сите по ред. Претпоставувам дека да си дадеше "Големиот Брат" порано оставка и да ја отстапеше партијата, ВМРО немаше никако да изгуби. Како што рекоа скоро сите, никој не ги гласаше СДСМ, сите гласаа против Груевски.
Груевски не направи ништо лошо туку баграта околу него што се собра годињево наназад да. Кога сме кај партиите ВМРО знае подобро да владее од СДС, овие одма се фаќаат за државни симболи пошто нонстоп се уценети, сетете се на територијалната распределба во 2004, знамето од вергина што го сменаа, 150 000 државјанства што ги дадоа на косовари и сега по најново јазикот и името го чепкаат уште тоа и остана за жал.
Не си ми го сфатила коментарот, не зборувам за тоа што пишуваат странските новинари во нивните статии, туку коментарите под линкот. Човечка љубопитност, сакам да видам како размислува останатиот дел од хомо сапиенсот. Значи, тие обични луѓе од Грција, Србија, Романија, па дури и Полска ни ја доживуваат државава како срање и никој не може да ги обвини за тоа. Ние можеби и не сакаме да ја видиме албанизацијата која со години се крчка тука, ама тие ја гледаат и коментираат за тоа. И знам, ни една од државиве погоре не се сјајни во никој поглед, ама барем не дозволиле двојазичност на цела територија. И што останува, едина утеха да ни биде Иванов. Ако не најдат начин како да му направат импичмент. Веќе ни е**ат матер новите.
Еве и ја гласав за Заев и скраја да е ич не сум пишман!Човекот е државник! И не е проблем што ти не го сакаш а и уште некој тука, проблем е што лажете! Нема двојазичност, прочитај нешто, погледај ТВ дуел па коментирај. Не од месен комитет и одма пиши тука. Затварање патриоти, Муковски? Хоштаплер невиден багра ајдучка голи го соблекоа народот, а на такви умислени патриоти како вас ви сервираат прикаска демек се на браникот на државата а они неможат глава да дигнат од местење тендери. Сите тие и ФилиП и АлексаНдар и Антонио направиа кариери од кажување само и само како тоа они не штитат од внатрешен неприател албанците и надворешен грците. Почна со да нема учење на албански на Педагошка 1996 а денес албанците имаат веќе 3-4 универзитети и Мајка Терза од 2016-7 год ама затоа се убаво се нафатираа.Штеточини!Паторо т.е.Надето уште 2001 станчиња ×3 па ти види а сега за џабалк купува имоти по Водно.Се у затвор да одробија а парите и украдените имоти назад кај народо!
ДАнгел, вемеро нема шанси да дојде во скоро. Нема да ме изненади сдсм да праи исто што и вмро да си ја зачува власта оти тие располагаат со државните пари сега, па можат да праат што сакаат. Оти уште се спомнува Груески? Оти тој и аљи го налицкаа Законот за кој првиов напраи таква аматерска драма за неверување. Oh the irony. И уште има луѓе што “паднаа” во транс на истурената чаша вода. Well.. За кого да се гласа ако утре има избори? Вмро што уште си ја чува криминалната фамилија? Овие сега што разочараа до кај што бива и не бива? Која трета партија има шанси? Да не гласаме? Што потоа? Немаме апсолутно никаков избор. Сите не возат. @Mich секако дека е двојазичност кога има израмнување со Македонскиот. Само си го викаме нагалено “закон за јазиците”.
Па да, у право си. По иста паралела ко за некои кога ќе убијат човек и истото го објаснуваат со “тоа не е убиство' оти човекот го пратиле во вечен живот. Она истото за “од месен“ треба да важи и за тебе, патем. Човекот не е државник, човекот е глупи Август. И сите тоа го знаат (почнувајки од Али, продолжувајќи со комшииве) и сите го возат ради тоа. Возејќи го него, се возиме и ние. На наш трошок, се разбира. Добро е бар што ете ти, еден за сега, убаво си поминуваш. Ако се навраќаме, првиот мегафон за ваквите теми ко двојазичност, федерализација и сл. - Фрци... удри мавај правеше 97ма, нели. Гостивар. Ти текнува? Денес некоја друга песна пее, друга битка води.
ВМРО-ДПМНЕ се реконструира од централно до месно ниво. Треба време промените да легнат. Мицкоски за два месеци најави масовни протести низ цела Македонија, а Заев ќе влезе во коалиција со 3 албански партии и да ги добие нивните гласови. Знае дека кај Македонците ќе доживее дебакл. Не само поради двојазичноста, договорот со Бугарија, туку и поради лошите економски резултати и кадровски решенија. Човекот едноставно е изгубен во вселената и тотално нема никаков државнички капацитет.
И да е така вмро пак нема шанси. Оти сите што гз за фотеља си дадоа исто ќе си гласаат за сдсм. Во вмро нема промени. И нема да има уште долго. Консолидирањето е долг процес. Посебно ако не си на власт. Вмро бар за сеа е скроз без идејна партија. Со огромни внатрешни непријателства и несогласувања кои си тераат свои интереси. Таква беше и сдсм пред години, затоа и дојде на тоа дереџе кај што дојде. Нас ни треба визионерство. Мислевме дека добивме, ама популизмост беше скриен под кожата на визионерството. Знаеш.. како онаа старата -волк во овча кожа. И ризик беше, оти што и да гласаш кај нас е ризик. Ама пуста желба и добра мисла за подобро утре сите не понесува, освен оние што се понесени од фотеља нели. @Mich Унапреден да! Ама после извичникот -до изедначување со македонскиот, за што нашиве шупаци уште јавно не говорат.
Така де. И ја симнаа владата на ВМРО и ДПА. ДПА од тогаш аир не виде. I wonder why. I wonder who did it И Фрци&co одједном, станаа поборници за други политики јакичко
Која провалија нели гледаш дека државата се приближи кон ЕУ и НАТО а се подобрија и меѓуетничките односи во нашата држава за разлика од владеењето на Груевски и неговите поданици.
Сакам да се нодоврзам на претходниот член, Заев рече вчера дека нема да се зборува во цела територија туку само таму кај што живеат 20% посто, и нема да има федерализација како некои што мислат службен ке им биде во сите државни институции каде што ке имаат потреба од документи. Никој вас не ви налага да го учите освен ако не сака некој доброволно, доста со тие заплашувања од типот леле сега сме во опасност. Нема ништо од тоа на нас македонскиот јазик никој не ни го чепка, а сите што мислат дека ВМРО се незнам што, они беа тие тајно што се договараа за јазикот и го спроведуваа во 2008. Па сеа се чудиме како е можно? Можно е зашто и Груевски коалицираше со нив и мораше да го донесе и башка што цела држава ја партизирија , и судство и медиуми и рекетирања. Затоа мораше да се сменат да ја запрат кочницата, почнаа да забегуваат, А за Заев ке се види уште е на власт и они треба да внимаваат и да се поправаат. ПС: Мислењево е надовр3ано не е конкретно 3а тебе
Ти така си мислиш, на СДСМ никогаш рејтингот не му бил помал, ако ВМРО издејствува предвремени со блокадиве што следуваат во Мај 100% ќе си победат. СДСМ во моментов нема пилот едни од најжестоките поддржувачи почнаа да се откажуваат како на пример Милчин, итн.
Ne znam , mene se mi e isto ko porano , so ogled na toa sto ziveam vo Zapadna Makedonija , ne gledam nikakvi promeni od pred edna godina i sega . Zboram za megjuetnickite odnosi .
Vikas Se priblizivme vo sto? Haha Francija vika "aaaa nie vaka vo EU Ne glasame zakoni" hehe ce pocakate posle 2025, a prasanje e EU dali kje opstoi do 2025 haha more na more izlez imame vekje neli gledas haha
Во Скопје се чувствува дека пополека се губат тие стереотипи и почнуваме да живееме заедно навистина заедно