Очигледни се сивилото, пост социјалистичкиот брутализам, бетонот, магариња и Роми на сред плоштад, ѓубре насекаде, диви таксисти кај Камени мост, празен плоштад ко да е паркинг, никакви знаменитости и ред други глупости.
Нека снима некој аматерски сега, па ќе правиме споредба. Се сложувам дека порано беше депресивен Скопје,ама сега е дупло повеќе, само е ''украсен''. Да не одиме повеќе оф.
карма или нешто друго? Некогаш албанија ја немало била голема македонија а сега се спрема за голема албанија.
. Постои иста таква мапа, на која пишува Албански вилает или кнежевина Албанија, а Македонија воопшто не постои.
Само што ова се границите додека Македонија била под турско ропство или отоманска империја. Пет века тие ги чувале границите, што е најпоразително, не ги чувале Македонците. И да е иронијата уште поголема, во тој период најмногу се развивал македонскиот фолклор. Сега од друга страна има тотална регресија. Не се согласувам баш дека картава е најверодостојна, ама има по мала вистина и тука. Сум го слушнала дијалектот во околина на Ниш, неверојатно потсеќа на македонскиот. Или поточно мешавина од македонски, српски и бугарски. Не ни е никој крив, сами ја сечиме гранката на која седиме. Колку за увид, огромни се сличностите. https://www.bastabalkana.com/2012/0...ja-govora-i-dijalekta-iz-nisa-i-juzne-srbije/
Политичари што ја користат моќта за лични интереси имало и ќе има, не е ништо ново тоа, за жал и во најразвиени земји ова е реалност и во СДСМ ги има и во ДУИ - ништо ново. Треба да се решаваат проблемите на луѓето, а не цело време да се препукуваат едните украле толку, другите толку па тоа нонстоп ќе го има и трета опција нека дојде
Која трета опција? Која??? Не гледате дека и тука сме во криза Народот успешно го поделија на Вмро и Сдсм. Си ги ископавме очите и до овде дојдовме.
Зарем има некој поштен,вреден,без страст кон сопствени интереси,а да сака со политика да се занимава во земјава,па да веруваме дека некоја трета опција тоа и ќе биде.Оти и овие сите кои досега се и беа,сите до еден ветуваа,а штом седнаа на фотељичките заборавија што зборуваа,па продолжуваат претходните каде што застанаа.И после се досега видено и чуено,зарем и во трета опција да се верува?Само после колку време од избор на таа опција повторно истите муабети ќе ѓи вртиме,овие правеа така,оние како нив и дамбетер,а со третите богами дури тогаш Швајцарија на Балкан ќе бидеме.Би сакала да сум оптимист,ама тешко ми оди.
Вредна трета опција е Левица, на пример. Не мора да се бира меѓу две зла, навистина, не мора. Ако се охрабрат третите опции и се напушта поддршка на главните, најголеми партии - ќе се охрабрат и други партии, ќе има повеќе опции. А вака, само се бара трета опција и никој не ја гласа зошто важно било ВМРО да се тргни од власт, ништо друго. Следно сите ќе гласаат за ВМРО зошто СДСМ претерале и така во круг. Никој не бара една трета опција, туку една која ќе добие поддршка за да се охрабри настанок на повеќе "трети" опции. И кога се има избор, вистински избор, се губи апсолутна контрола (овде мислам на контролирање луѓе, вработувања, неконтрола на ресурси, трошење) и авторитет, има поголема контрола (тука мислам на контрола за работа, дека нема да можи да прават било што) и од таму каква- таква промена. Јас разлика меѓу ВМРО и СДСМ не гледам. Веројатно зошто и нема.
Не знам колку од вас ги имаат на пример видено профилите на луѓе кои се во Левица. Зборувам за оние во врвот на партијата. Дечки, кои многу имаат да понудат. Пробаа Сдсм да ги извалкат. Има и бивши членови на Левица во Сдсм кои за жал ги потопи и нив лошата политика на партијата. Да, Левица и треба да ви биде светла и трета опција. Си мислам дека ќе ги прибере сите разочарани и освестени членови на Сдсм оти по идеологија се слични и секако не се Вмро.
ОМД (обединета македонска дијаспора), најголемата и најорганизираната македонска организација во дијаспората, ги прекинува сите контакти со владата на Зоран Заев и СДСМ и бараат колективна оставка. Треба да се напомене дека ОМД беше жесток критичар и на ВМРО-ДПМНЕ.
Со секој нов убиточен потег на СДСМ се почесто слушам коментари од оние кои беа борци за подобар живот дека " не бее, јас за Левица сум, ама ете "морав" да гласам за СДСМ затоа што ЗНАМ дека нема шанса нова партија да успее на избори". Епа борци не е така. Ако некого поддржуваш тоа значи да му дадеш глас за поддршка. А убаво викав дека СДСМ нема капацитет. Нема и нема да има никогаш. Кога друг ти свири, а ти играш, веројатноста дека ќе го знаеш секое оро е невозможна. Ете така и Заев се сопна на туѓата музика. Арно ама, он се сопна, а сите ние ќе паднеме.
Сања, па членството на Сдсм не е како на Вмро, постојано. Вмро има постојано членство кои ги гласаа без разлика на се. Сдсм, не знам како да го дефинирам членството. Затоа и нема капацитет. И оние малку кои вредеа, се изоставени. Не знам зошто. На Заев, Владта му пропаѓа пред се поради лошите кадровски политики и преголемите ветувања. Најмногу ветуваше за владеење на правото, а токму Законот е донесен во еден недемократски чин. Исто, многу изгуби со ветувањата за непартизирана администрација, а вработувањата одат преку општински организации. И оставањето на Вмровци на раководни и клучни места. Нормално дека ќе има опструкции и сопки. Кажав, Вмро има верно и постојано членство.
Мене ме интересира што курела бараат во праламент павле богоевски и ивана туфегџик ??? Независни а во сдсм За овие двајца не верувам освен нивните семејства друг да гласа .... Штета и жал ми е за сдсм за нивните погубни политики , и ние како членови се оградуваме од нив .... Уште кога ја видов Маја Лукаревска разочарената вмровка сега кумуњарка , директорка на ујп , почна да ми смрди на изгорено ..... После ова немаат да дојдат на власт никогаш ... Замислете на следните избори ке се гласа патриотизам (незнам колку тој ке е вистински) а не за стандардот или за нови работни места ... Народов ни тоне во сиромаштија
Индиректна навреда е чекање погоден момент за вперување прст во одреден член и постојано цитирање на истиот во секоја можна прилика, без да му се спомене никот. Сите овде се сведоци колку од неа и уште неколку од овде одмазнички им се ругате со свилени ракавици. Кога тоа Груевски бил доследен само ме интересира? За спортските сали, пензиите, обидот за внесување механизам за контрола во Болоњскиот систем? Најсериозно ме интересира за што тоа Груевски бил доследен, зошто за овие работи стварно беше и свака му част, зошто не упропасти. Исто се прашувам дали беше доследен и во време на спорот со Грција, кога се сончаше на плажите во Халкидики и Крф додека баш го болеше брига за нашите и неговите имоти во Егејска Македонија? Друго, ако некој поставил услов за подигање членска во замена на работно место, тоа е дефинитивно Груевски. Заев не е ништо подобар, само е една лоша извитоперена копија на режимот кој го турнаа за да донесат нов. Не знам во која држава ти живееш Каранџи, ама во државата во која јас живеам повеќето семејства се на работ на егзистенцијата. Јас сум член на едно такво семејство, а од поволностите кои државата ги "даваше" се обидов да искористам само една, (поднесов легитимно барање за стипендија со солиден просек), и погоди што се случи? Не ја добив. Ниту трошка не сум добила од т.н поволности кои ги нуди државата, така да верувала или не, јас и тие семејства кои немаме пари за да се чекираме по ресторани, одмори и шопинзи не сме холограми, и не има многу благодарение на единаесетгодишното владеење на вмро. Субвенциите, надоместоците, бесплатните карти се меч со две острици. За сето тоа имаме ние на друг начин платено, не се секирај. Затоа ни е секое второ семејство со кредити до гуша, токму ради тие милион поволности кои ги спомена. Што се однесува до случајот Смилковско езеро, реалноста е дека никој од нас не ја знае целосната вистина за случајот, а како тргнало нема ниту да се расветли за некое време. Само знам како тогашната Влада успешно и тактички ги убеди семејствата на убиените дека сторителите се Албанци. Не велам дека во тоа нема вистина, само велам дека не може со сигурност да знаеме каква вистина лежи во позадината на настанот. Токму тоа се обидувам да го доловам цело време. Додека меѓусебно се обраќаме со "тие" "oние" како да не делиме иста култура, традиција и тло ќе ни се случува токму ова што ни се случува сега.
Имам обврски, па не можам реферати да пишувам, ќе пробам накратко да опфатам повеќе работи. Гледам дека си заштитнички настроена кон оние кои „индиректно сме ги навредиле“, а каде беше ти кога они нас директно не навредуваа? Погоре ти наведов неколку случки каде јас бев навредена, зошто ти не дојде да ме браниш? Зошто никогаш ти не не бранеше кога членовите ни велеа дека сме вмрони, испрани мозоци, во штаб ни кажувале што да пишуваме на форумот и ред други работи или тогаш тебе ти одговараше? Се приметува дека си пристрасна кон тие членови, ајде со тие двојни стандарди. Еден збор ти немаше напишано кога сдсовците се исмејаваа и навредуваа, сега ти текнало есеи да пишуваш само затоа што сум ја прашала Рама како можела така да постапи. Рама ми одговори и тука заврши конверзацијата. Не ми е јасно која е твојата потреба трет ден @Nigredo Odor само тоа да го верглаш? Груевски си остана доследен на се што кажа- рече дека заеб ќе воведе двојазичност и ете тоа се исполни. Он остана доследен кога изјави дека се реновираат студентски домови, дека отвараат нови работни места, изградба на патишта, навремена исплата на субвенции и многу др.работи. Ако не си бил/а задоволна од вмро, ете ти ги сдс на власт они ќе ја подобрат состојбата во државата Не знам за каков вид на стипендија си конкурирала, ниту дали си на приватен или државен факултет, но сигурно си добила решение во која ти е наведена причината зошто си одбиена, а после тоа си можела да поднесеш жалба. Ти си имала солиден просек, но имај во обзир дека за таа стипендија конкурираат студенти од цела Македонија, а се разбира дека тука имало и студенти со многу висок просек, можеби твојот солиден просек не бил доволен за стипендија. За смилковско езеро мене ми е доволно да ги слушнам изјавите на родителите на убиемите деца, а другите во што сакаат нека си веруваат.
Денеска имаше промоција на нова партија Ѓраѓанско демократска унија. Ја пренесуваше во живо А1он.мк Не знам кој се овие,прв пат ги гледам
Затоа што и од едната и од другата партија има луѓе кои се послушници во штаб, а овде доаѓаат да ги цитираат оние работи кои им ги кажуваат таму, па пишуваат што ќе им текне во отсуство на критичко размислување. Не викам дека си ти, една од нив ама вистината е дека многумина се забележува по стилот на изразување се еквивалентни на Заев или Груевски. Ова што го зборуваш нема врска со позицијата на членката Рама. Таа никогаш не навреди никого овде, а од друга страна си го доби по нос за својата искреност и покајание. Никогаш не сум се ставила во одбрана на едните или другите, дури ако забележиш лајкувам и твои постови и постови на девојки кои гласале за сдсм. Односно, кликам лајк за сешто според мене е објективно размислување буквално без оглед на која партија е тој член припадник, и затоа што стварно не сум за ниту една партија, иако повторувам, гласав за вмро затоа што како некои што проценија дека сдсм е помало зло во моментот, јас проценив поинаку, и не ми е криво за изборот кој го направив. Околу ова за Смилковското само ќе ти кажам дека родителите поради длабока болка и депресија се подготвени да поверуваат во секоја лага од двете страни, само за да имаат кого да обвинат, што апсолутно не ги осудувам, дури и можам да ги разберам, но тоа и понатаму не значи дека ја знаат вистината. Човекот којшто вети дека ќе го расветли случајот како и уште илјада други работи, требаше да престане да не држи во неизвесност, ама никако тоа да се случи. Едит: Вредноста на стипендијата не лежи во просекот туку во врските. Не можам да кажам дека сите стипендии се добиени со врски, зошто тоа би било сулудо, ама слободно можам да кажам дека половина апсолутно се добиени на тој начин. А мојат просек беше сосем доволен за стипендија, но наместо јас да ја добијам, добија мои колеги со 7,60, кои не беа ни социјални случаи за да го исполнуваат критериумот.