Еве една интересна мапа според продуктивноста на работното место во Европа. Сите земји коишто имале комунистичко/социјалистичко/левичарско уредување имаат исклучително мрзелива популација, нерад, партократија и бирократија. Денешната ситуација во Македонија е директна последица на 60 годишен левичарски систем на вредности. Партократија и бирократија. Нашите родители беа воспитани во тој систем на вредности и нам ни го префрлија тоа. Што ми е поентата? Гласање за опции како Левица е подеднакво лошо како и гласање за СДСМ. Мене не ме интересира Аспасиев каков е приватно, туку неговата идеологија која ја промовира е отровна и деструктивна сама по себе.
Бугараши на чело со штипјанецот Петар Колев, самодеклариран Бугарин од Штип. Немаат јајца да формираат бугарска партија во Македонија, затоа што знаат дека ќе освојат 200 гласови се на се, па преку бугарски пари формираат некои фејк граѓански партии.
Читнав некој статус за Левица деновиве со кој едно 90% се согласувам, пошо познавам луѓе од таму. Не дека останативе политичари се многу посериозни, туку поубедливо звучат кога лажат. "Без да навлегувам, меѓу тие луѓе има неколку болести шо од таа...партија прават неатрактивен проект. Таму имаш екстремно лево настроени хипици(анархисти уствари), кои шо приватно за дотичниов закон ќе ти речат, без сарказам, дека Уставот е креиран за да ги тепа и обесправува чувствителните категории граѓани, а вакви закони шо рушат едно такво чудовиште можат само да бидат добри. Ги знаеш таквите, шо одеа на граница со welcome refugees транспаренти. После имаш, од категоријата етничко виножито, поозбилни (за степен) варијанти на Љуми. Поначитани. Со јавни настапи у кои меѓу редови викаат дека се залагаат за граѓанско општество како француското или америчкото, ама со минимизирање на национализмот. Нешто крајно провидно шо неминовно ќе биде демантирано ако тие ликови добијат било каков политички кредибилитет и експонирање. Има кај нив цел еден матен историјат на национал-шовинизам(проалбански/турски, зависи), а кај поединци и религиски фундаментализам. Па имаш наивни синдикалци. Добри луѓе, злато луѓе. Цел живот на протести. Солидарни со маката на сите. Equality ofoutcome луѓе. Стај ги на функција, дај им моќ, донеси ги во ситуација да бираатмеѓу две зла и глеј како тоне бродот. Цел живот нешто барале од државата.Државата да направи ова, државата да го згрижи овој, да му исплати на оној. Заглавени у друго време, полни презир заприватен сектор, големи борци за капитална национализација....у кратки црти, поише би му верувал на некој шо имал луѓе (професионално) под него,макар и продавница шо држел, отколку на овие дечки. Да не ја тупам, само Апасиев вреди. Инејќам да го вреѓам со Стојан Андов или Ѕинго примери, ама човек-партија не бива. Несериозно е. Мора да воспоставихиерархија, да маргинализира еден куплуѓе таму, да ја определи малку поцентрално партијата и програмата(согласно неговата идеологија, шо е само навидум левичарска) и да сеекспонира он лично повеќе, со неговоучество на пресови, одење на телевизии и, на наредни избори, митинзи и јавни настапи."
Фала на информации,и во коментарите прочитав дека се бугарофили.Ме зачуди што една Хрватка,полицајка беше гостинка
Секако го поздравувам противењето кон овој закон и заложбата истиот да не помине (за Апасиев зборам), ама гледајќи ја дебатата на телма, забележав млакост и ненаметливост, недостаток на упорност, што е обратно од лидерски квалитети. Требаше патос да избрише од тој Кадриу.
Секој збор ти е на место! Се согласувам за се што напиша, нема што повеќе да се каже, што и да ти контрираат излишно е и паѓа во вода
Не би се сложила дека само Апасиев вреди. Апасиев е само поекстровертен. Има многу генијални умови таму. Мене лично Здравко Савески ми остава силен впечаток на пример.
Честитки на Путин за 4ти пат по ред победа со над 70% гласови. (8 кандидати беа , неизвесно до самиот крај ) Се надевам ќе владее вечно и ќе им биде голем трн во очите на Америка. Спојлер
Па знаеш, донекаде и си во право со описов за членството на Левица. Пример за тоа дека и таму членството му е и тоа како нелојално, се неколку случаи ама ќе издвојам само еден. Дечково неколку години страшно агитираше за партијава. Мислам и да немаше нивни протест пропуштено. Минатата година, предизборно замре. Епа замре оти се регрутирал во редови на сдсм и се вработи, не е битно каде. Поентава ми е секој се бори за идеологија, се дури најде начин да се продаде и добие тоа што посакувал. Како народ треба да престанеме да бираме помало зло. Нема такво нешто, ако не сакаш зло не го бирај. Откако имам стекнато право на гласање јас не гласам. Или воопшто не излегувам или правам неважечко. Зошто да му помагам на некој да се избори за лукративните цели?
Левица ќе имаат се повеќе гласачи. Сите што се разочарани од ВМРО и СДСМ ке гласаат таму, посебно тие од шарена револуција . Откако ке добијат пратеник ке имаат и финансиски средства, затоа што кај нас тоа така функционира. Апасиев добар ама шо знам веке не веруваме на никој. И Павле беше добар па ете го сега бега. Кога сме веке кај бивчи Че Гевара политичари денеска хит ми е Ременска. Замислете 10 луге и протестираат пред куката ие ке ги тужела. Тоа е таа народна власт. Уште и коконата им се обрака на ФБ со имиња како МАЦИ на јоци и на тие што и коментираат. И после СДСМ биле елитата Вмро сењаците. За 12 години ни бетица ни Гоца ги слушнав со вакви речници ко овие на Заев и Ременска. Од кои ниви се собраа, Киро и Нада у гроб се превртуваат.
Мене Јоци се посимпатична ми станува. Јоци е уствари лик на кој што не му е страв да го кажи она што го мисли. Сето она што го пиша таа, 80% од луѓето го мислат ама се плашат да се изјаснат јавно. По нејзините објави добија храброст и навалија по Ременски, со право. Го прекршија се она што го ветија. И нивните најверни борци се оградуваат од нив. Изглумена фарса да се придобијат гласови.
Jac не оправдувам вакви толпи, вакво нешто потсеќа на линчовите од пред 50тина години. Прашање на време е кога некоја будала ќе фрли молотов коктел. И ајде пред да зинете, да кажам дека не оправдувам вакви чопоративни собиранки и шиканирања на било кого, ми е гајле за Ременска лично. Нивото на омраза во државава е застрашувачко, толку многу омраза, навреди, колнења и закани не сум прочитала досега по социјалните мрежи. Немерлив простаклук.
Правото на протест е основно граѓанско право. Секое репресирање на истото, доведува до зголемена радикализација. Ваквиот закон, изгласан на ваков начин се знаеше кон што ќе доведе. Можеби, провокацијата беше уште поголема што цела армија им ги чува домовите. Ама сепак, имаа сила од дома да си куцкаат статуси. Невини жртви. Јас сум разочарана од Ременски. А за демонстрации, на шарена се извикуваа исто толку гадни работи.
Во право си, ама ова не е протест на јавно место, туку толпа пред нечија куќа, дојдена со цел да застрашува и шиканира. Јас сериозно ги сфаќам овие работи. За говорот на омраза на социјалните мрежи... Не сфаќам како може да се караат, колнат и закануваат на некој непознат како да им е најголем смртен непријател. Зошто? Само затоа што има спротивен став.
Ременски се избрука многу (а какво високо мислење имав за неа ) Не знам како заборавила кога ние заедно (сдсм, шарените , и сите останати организации) му одевме на Гвујо пред зградата кај што живее и се извикуваа секакви пцофки (и јас го пцуев ,бидејки заслужил ) Но тогаш беше демократија , а сега на дотичната ременски е сметало и ке поднесувала кривични ... Како само ова жена глумела и како и падна маската Апасиев им одржа лекција на сите таму , овој шипоњата професорот мн беше глуп , посебно коа му рече на Апасиев : " Како што дававте пари за споменици така и за законов ке дадете " Посебно коа им честиташе на граганите албанци за законот , дури и водителката му рече : не може да стапи во сила законот Апасиев е гениј !
Gi gledam momentalno Gjorcev i Lokvenec vo Samo vistina . I dvajcata se vo pravo donekade . Lokvenec ne odgovori na prasanjeto na Gjorcev - Kade se 500 evra plata ? Kako i sekogas Vmro ja prefrla vinata na Sdsm a Sdsm na Vmro .. I taka vo krug ..
Секогаш има по некој инсталиран провокатор, на секој протест. За да се дискредитира и оцрни. Види, не сум ни јас за такви собиранки ама сами го испровоцираа. Им дадоа идеја со тоа што решиле да не излегуваат од дома. И сепак, пред две години вакви протести имаше и пред домови на пратеници од вмро. Тогаш имаше и повеќе луѓе собрано. Не сакам да ги гледам едострано работите. Не ги бранам ни едните, ни пак другите. Ама добро е од време, на време да ја почувствуваат болката на обичниот човек. Затоа не ги жалам. Ременски си го уби кредибилитетот, покажа дека е верна слуга на партијата со тоа што гласаше. Кај ја чува армија дома, па уште се жали дека е жртва. А жртва во никој случај не е, затоа што зема пари за седење.
Ременски изгледа мнпгу брзо заборавила кога протестираше пред на груевски зградата со шарените, а сега се крие и кажува дека ќе поднесе кривична пријава против сите тие што протестирале пред нејзиниот дом, од кои бе сестро златна од тие што те избраа ли се плашиш, ако веќе поднесуваш кривични, прво груевски против тебе нека поднесе па после ти, мислам како што си е редот, а не преку ред! Едвај чекам да дојде ден да не ве гледаме во фотељите и пак да се мачите 1 деценија за да дојдете на власт, срам да ви е
КОга сме веке кај Ременска мора ова да го видите женава има титула Доктор на науки хахаха Е ЗА ОВА БЕШЕ ЕКСТЕРНОТО!!! Ама не вмровците се неписмени Ноу дискасити