Не браниш никого ? Па што е рабова, што се запали толку? Ете ние кампања тераме, а ти што тераш? ајде релакс олабави ме, да вежбам изразување
Ти сама се негираш сега, ај испитај се малку пред некое време како викаше... Ние не викаме дека Вмро беа цвеќиња , ама беа многу подобри од овие говеда што ти ги Величеше до небо и назад
Најголема грешка на ВМРО и нешто што мене лично многу ме иритираше беше попуштањето и удоволувањето на секој каприц на неартикулираната, деструктивна опозиција која ама баш ништо не понуди, освен што 10 години плачеа како размазено дете за лижавче (а и што ќе нудеа, кога а зинат - лажат). Само слепец можеше да види алтернатива во сдс.
Како викав? Дека не сакам веќе никогаш да ги видам ВМРО на власт? И стојам зад тоа Ама не можеш да сфатиш и никогаш нема да сфатиш Имам среќа што не ме храни државна цицка па не морам да лајам по форуми
Хехе а што викаш ние ради тоа лаеме по форуми хехе, иначе плата нема да ни дадат овие од Вмро ај ти се молам и ти нема да сфатиш никогаш... А впрочем заштоо лаешш???
Да не работев и јас во училиште, ќе ме прелажеше @ADOKI да се вработам, жими се Кога ќе видиш, па може само на тие од вмро-дпмне им ги направиле толкави платите, што знам па јас
Па нема сигурно вас да ви верувам. Некој таму во суд седнал и одговара под полна морална и кривична одговорност и тоа го пренеле медиумите.Читаш за првичната изјава на Николов *НЕ СЕ СОВПАЃА* со денешното сведочење во превод ЛАЖЕЛ. **Бизнисменот Иван Николов Сечавалиев сведочејќи во Поткуп против премиерот Зоран Заев, истакна дека кога отидел да го пријави лидерот на СДСМ за поткуп во МВР, случајно го сретнал Митко Чавков. Додека одев во ходникот во МВР, Чавков беше таму. Ме праша што бараш тука? Тогаш Чавков им рече на луѓето што беа со мене дека сум најголем работник во Струмица. Повеќе не го видов, рече сведокот. Потоа, тој се поправи и рече дека не го сретнал Чавков во ходник, туку додека тој поминувал низ ходникот една врата била отворена од канцеларија и тогаш Чавков го здогледал и го прашал што бара тука. Тој истакна и дека не му одговорил зошто е во МВР, бил под стрес, а двајцата што биле со него на кратко поразговарале и продолжиле. На прашање на адвокатот Филип Медарски од кога го познава Чавков, тој одговори дека го знае подолго време, но не се гледале во Струмица, освен ако случајно се сретнале. Сведокот се потсети дека во 1993 година кога кај него имало грабеж, тогаш Чавков, како инспектор бил кај него. На прашање дали се сретнале со Чавков откако се виделе во МВР, тој рече дека се видел со неговиот син. На средбата разговарале за бизнис, бидејќи син му се занимавал со градежништво. -Вториот пат дојде и татко му Чавков. Во 2017 година, рече сведокот. Освен овие две средби, рече дека повеќе не се виделе со екс министерот за внатрешни работи.** За аболицијата цел свет знае само вие од штабовите не,завршена постапка отфрлена тужбата.Бранко му направи лоша услуга што го аболицира во смисол што самиот по судски пат ќе се одбранеше,ако му дозволеше Сваровски судството.Многу е јасна намерата на предходните,Заев по секоја цена да биде оцрнет,омаловажен како некоја идна опција што би го заменила Диктаторчето, бидејќи реално човекот реди успеси! Ама не успеси на државна цицка како НГ, АнтониоМ;ФилипчеП дојдени без гаќи по опинци па сега не знаат колку да украдат,туку дојден од приватен сектор со успешни фирми,потоа успешен градоначалник.Со еден збор Остварена личност како што треба да биде,како што е и на запад.
Се ок, ајде, човек додека не е осуден не е виновен, ама тој е на власт, а постојано се одлага за него и сега опп ќе се дознае вистината ... која вистина ? кој кому сега или некогаш држи в раце и изјави се менуваат, снимка, видео има, како сакаш врти ја, не бива некако ... А ЗЗ ако се сеќаваш тргна да бега пред аболицијата... остави подобро ... нема крај во игриве.
За вашите покачувања плаќам јас (данок) иако сум во странство. Ќе беа супер покачувањата да беа од државни пари, ама кредити кога се во прашање, не можам да се согласам дека треба да има покачување на плата. А за живот у мк со тие плати, ја стварно не знам како излегуваат луѓе на крај, а и ние дома како сме преживувале искрено. Скапо, прескапо секаде. Стружанка боди за дете 280 ден кога ми рече ми се стемни. Чорапчиња 70 денари. Вер ај ем? Прашакот поскап од овде. Млекото поскапо! А тек храната. Фармерки 1200 ден, маичка 950 ден. Тоа е нормална цена тука, каде платите се 800-1200 евра, не може да биде нормална и во мк. Струја сметка јас платив минатиот месец 28 евра, моите 4200. Приближно иста потрошња. Како?
Јас се погодив денес дежурна девојче сите плаќаме даноци, а покачувањата не ни се душо затоа што не работиме или ние немаме право на подобри плати и примања и живот, да не плаќавме и ние даноци во ред во право си ама не е така. А за кредити сега не знам ни кој ни зошто земал кредити ама важно се земаат и тоа не мали. А цените и ќе растат зш акцизата на горивата се покачи така да ...
Акцизата се покачи за дополнителни средства да влезат во буџетот бидејќе сме банкрот капут бидејќи тие кредити треба да се враќат некој што ги земал/ крадел. Државата ни функционира на вересија,Не се прајте слепи при очи!
...Кредити се земаат за да може Заеф да подели плати и пензии и секако да тури најповеќе во џеб! Милијарда ипол се задолжија за нецела година, а што видовме од тие задолжувања? Со економски раст од 0% како резултат на уништување на столбовите на економијата како што е градежништвото, рударството и сл., тоталната неспособност да создадат нешто или да привлечат странски капитал, лоша даночна политика, тонењето на приватниот сектор ќе не доведе сите да работиме за 50 евра! Сите пиштат и кукаат дека е катастрофа, ништо не оди, се е затка,ниту може да се наплатат побарувања, ниту да се надеваат на подобро. Ова секако за приватниот сектор, оние кои произведуваат и се вистински двигатели и показатели за економијата во една држава. Ако на нив не им оди, не се надевајте и вие во администрација дека безгрижно ќе си земате плата за навек! Банкротот ќе важи за сите! Покачување на плати (државен сектор) е оправдано само во услови на економски раст. И колку што се сеќавам дури и во услови на светска рецесија, владата на Вмро успеа да се пофали со 3 или 4 % годишен ек. раст. Затоа и им се можело да ги зголемат платите на административците. А Црпко сега искача и се фали дека просечниве плати биле „плафон“. Абе шу збориш? Како успеа бе, за кого важи тоа? За 95 проценти од вработените сигурно не, за останатите ти си знаеш. Со 0% мрдање од место без светска рецесија? Како ли ќе беше ако имаше некоја криза, во длабок минус ќе бевме.. Па уште имаа лице, излегоа се пофалија дека помалку трошеле за кафиња од претходните. Епа да ве прашам: А што сработивте за да го оправдате и тоа „малку“ што сте го изеле и испиле по авиони и кафани? Лошо, лошо ни се пишува...
Какви растови каков бакрач, Само контото на фамилијата растеше и ништо друго. Ск 2014 перална класика на фамилијата и орце камчев.
Сите плаќаме и ќе плаќаме, ама тие даноци не се доволни ко што гледаш. Тоа ти е исто како ти да зимаш кредит за да одиш на шопинг во Солун. До каде е чергата до таму и нозете нели. Да бе душо нас нозете до Германија, а чергата до Врање. Како? Покачување велиш си заслужила, точно ево рука, ај кажи нели заслужи цел гранит плата поголема од 10.000 денари како што доликува на градежници? А знаеш зошто од 18000 падна на 10.000, пошто се што се изгради, изградено е на рецка. Ај направи па ќе ти платам. Кога мене Господ тогаш јас тебе работава. Државата е должна на гранит повеќе од 80 мил евра, овие хипотеки колку сакаш и кој ќе ги плаќа? 210 работни саати на месец за 10.000? Душата кај ќе им оди? Конфекција по Кочани, Неготино, Штип за 7.500 на две рати исплата вклучени во сумата храна и превоз ? Нели и они сакаат да живеат ко ти? Оди нека писнат да пријават, и без тие ќе останат. За кредитите... За исплата на пензии, плати на администрација, струја мвр нема од 2010 платено на евн, тркало, споменик за кој мене како студент во тоа време ме за*оле за ќосето, аце, гоце додека јас имав 100 ден само у џеб. Палми, бродови, пирати си играа мам*цата нивна, додека колеги на факс кафе од 15 ден немаа да си купат. Никогаш нема да разберам, СТУДЕНТСКИ ДОМ СО МЕНЗА како што доликува, зошто никој не направи??? За 11 години, цигла по цигла да ставаа, сега студентски град ќе имавме во Скопје, со мебел од бујото, душеци дормео, наместо кревети од јна и бироа од центро. Срам и арам сме. Па уште врски требаат за кревет да добиеш и згора на тоа плаќаш за да живееш повеќе од мизерно. Лута сум премногу, симпатизер бев на дпмне и срам ми е искрено. И да се разбереме, не дека овие кретениве сегашни ќе се сетат на овие групи граѓани и ќе им помогнат некако. Помогнат, зошто пишувам уопште помогнат, ма должни се да им овозможат, од нив даноци бараат и чекаат исто ко од тебе. Они се наши слуги кои ние сме ги избрале за наше добро, а не обратно ко што е. Ама ти велиш покачување си заслужила, другиве еве не знам... П. С. Јас не живеам, не работам и немам ништо со Македонија, освен пасошот кој набрзо ќе го заменам и должна сум да им плаќам на тие кретени на власт 10% од вкупниот мој годишен приход.
Ти најголеми кампањи правиш овде, кажуваш за други. Не биди лицемерна. ИМА разлика меѓу Вмро и Сдсм зошто Сдсм се ујдиса со Албанците, со Грците, со Бугарите и со сите непријатели итаат заедно кон продавање на нашата држава. Брзо и бескруполозно. Ако ти не го гледаш тоа, има луѓе кои го гледаат тоа ! И не можеш нив да ги правиш будали. И уште нешто, пред да помислете на законот за јазици, на сите права кои им се даваат на албанците тука, сетете се дека Албанија ЈА НЕМА признаено Македонија под уставното име.
Јас кажав тогаш, замина не од што немаше (доктор е, и овде земаше висока плата), туку од што му се сакаше повеќе и повеќе. Знаеш како е, на човечкото око му нема крај. Јас и ова го објаснав (не замина од немање), зошто ова не го кажа ? Туку само дел, како што ви одговара ? Многу лицемерно. Значи не му е Вмро причината.
@Silver.E Добро де исто му доаѓа, значи пак си отишол зашто тука не можел повеке, не е шија него врат испаѓа работава.