Не туку ако ти истече регистрацијата можеш да го паркираш на пример и да решиш да не го возиш извесен период. Пример ете, некој сака да паузира една година и да не го користи. А сега веројатно се мисли на тоа да немаш избор и ако веќе поседуваш автомобил да мора да го регистрираш до денот на истекот на тековната регистрација.
Возилото смее да ти е нерегистрирано, но не можеш да го возиш. Не верувам дека ќе го изгласаат овој закон.
Не смееш. Дури и да ја возиш за до на технички преглед за регистрација, ако те застане полиција, може слободно да те казни дека возиш нерегестрирана кола (не е оправдание дека баш таму возиш во моментот). Затоа колата се регистрира најмалку 1-2 дена пред истек на регистрација.
Ова ако е точно, немам коментар. Луѓево ( повеќето) не можат да сврзат крај со крај и додатно казна за вакво нешто. Арамии, полоши и од претходните. Деновиве по институции имав обврски, толку сум разочарана значизбор немам адекватен. Буквално си плаќаш како теле на секое можно ќоше. Уште влез што не се наплатува. Плаќаш за лешинарите да земаат плата- нашминкани, лакирани, за кафе пиење, оговарање, сончоглед грицкање, авон, лакови и парфеми по бироа итн.. До кој степен не делкаат Понатаму ќе си молчиме и викаме- АМИН
Епа еве, СЛУШАМ дека Националното биро за осигурување доставиле предлог до Владата... https://republika.mk/899600 http://www.alfa.mk/News.aspx?id=131401#.WsIcw_lubIW А нешто ми зборува дека работата им е однапред договорена!
До каде сме со романот на Агата Кристи: „Кој ја намести Агенцијата за млади корнишони“? Откако излезе спремна, одбрана, лекторирана, платена од буџетски (наши) пари, сосе потпис на уредник и издавач, испечатена со шарени корици, поетската читанка не виде бел ден! Абе ни збирка поезија не можат да испорачаат без скандал, а не па нешто поозбилно да се очекува од овие. Директорон Каевски бидејќи фотељата му сраснала на задникот нема шанси милом да поднесе оставка, па ги набедуваше оние од комисија и авторот на песната дека сносат цела вина. Ама и тие да ти биле невини, зошто они само дале награда на најдобрите тројца автори, веројатно унапред ги одбрале (им ги посочиле де) што има да се замараат понатаму и да ги читаат сите творби. Па испадна дека потпишаниот автор не бил баш тој, само возраста била негова и ја позајмил на некој трет, за да може третиов да си се реализира како несуден поет, зошто бил професор по математика, ама желен за освета кон партиските спонзоруши?! И сега, кој ќе испадне „убиецот“ на крај? Абе глава не фркна, викнете го Шерлок, итно е!
Си пишува 'Национално биро за осигурување' побарало од Владата!Тоа е желба на Бирото. http://www.nibm.com.mk/NBO.nsf/allLang/3E79A2062E4233C8C12579680045E8CA
Велигденска честитка со поскапување на бензините за 2 ден поздрав од Зајеффф https://www.facebook.com/videovesti/posts/951299441696169
Ќе дојде Вемерото ќе поеФтни се за да додржи нова власт со покрадените пари наши од заштедите. Што му ја мислиш ти тоолку
Аман што сте се фатиле за грујо бар нешто напраи, а заев што?? Заев смета дека каевски (директорот за агенција за млафи и спорт) е "КВАЛИТЕТЕН КАДАР" ??? Што му е???? Здрав е човеков што збори? само за да не го сменат од директорско место "сирото дете" за тоа директорско место не си го преживеа детството како што треба за таа пуста партија и сеа нема лесно да го даде местото па макар му се смеела цела држава а заев уште и ќе го подржува цццц еееее од таквите си патиме
Изјавата на Заев не може да биде по вморонска. Читајте Огнен како го подбра у коментари Каевски. Ја мислам само вчера изгубија едно 20-30 000 гласа
Регулаторна комисија за енергетика ги формира цените на горивата по методологија на чие чело сеуште е Петров што ДП.НЕ го донесе од К.Паланка. Заеффф ти е крив само зашто се уште не го сменил тој опинок од човек.