Како го кажувате тоа Алфа тв не промени страна како секоја телевизија да мора да е приврзана за позиција или оппзиција. Се дури така се размислува нема да не биде. Се додека властите не дозволуваат објективно новинарство нема да не биде! Се додека новинарите се потплатувани и и работат врз основа политички побуди уште повеќе нема да не биде! Како не им е срам , како немаат достоинство еднаш вака, еднаш така, дипломите у газ нека ги стават! Никогаш нема да не биде!
За да немам лошо мислење за твојата партија, требало да водат сметка за квалитетот на живот во државата. Џабе тие и онака условени признавања, датуми за преговори, средби со високи претставници, дипломати и сл., кога сдс економски ја пустоши земјата. И кога носат закони кои се закана по суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста. Од тие причини стана обичај сдс да губи на парламентарни избори. За останатото не ми се коментира веќе, филм ти е тоа дека Бранко спречил голема Албанија, ама не ти се мешам. Никој немаше замерка за Телма кога 11 години не менуваше страна, сите бевте тивки. Toa во Америка теливизиите се партизирани, и врапците на дрвјата знаат на чија страна се Си-Ен-Ен, а на чија Фокс Њуз, во кој свет живеете? Не дека мене ми се допаѓа необјективното новинарство, патем.
Девојче зошто зборуваш дека сдсм ја пустоши економијата ??? Економијата ја упропасти никола груевски со ставрески и ред други криминалци , како зборуваш ти како за време на вмро богато сме живееле Очекував дека сдсм ке ја опорават ... Т.е , ке ја воскреснат економијата од мртвите (кај што вемеото ја остави , мртва), но јас не сум као вас партиски војник па и покрај толку криминали сте на страната на вемео Што да ти кажам освен да те оставам да фантазираш , премногу е испран мозокот na caro nasi od gospot pusten dolu Заев му рече на гвујо дека македонија расчистила со него , јас би рекла македонскиот народ расчисти со вемео засекогаш
Јас говорев за необјективно новинарство, безразлика дали држеле само една страна или биле каде дува ветрот. Значи не треба да постои страна, треба критика (позитивна/негативна). Мене само едно не ми е јасно. Еве ние, со Јустиција јавно кажавме за која партија гласавме, јас кажав и дека имам членска од СДСМ , сум трчала за партија не велам не, ама гледам лоша политика, ооп критикувам,кажав нема повеќе да гласам за нив, Јустиција критикува и таа кажа дека не гласа повеќе за сдсм,ете дури на протести повикува за извршителиве. Него на ВМРОвциве не можам да им го сфатам менталниот склоп. Значи снимки слушавте, се се виде и откри, секој нивни криминал се откри и вие пак сте се фатиле за Грујо како слеп за стап. Замисли, вмро кога беше ба власт, нивни член да повика на протест што би го снашло? Абе дотолку ли сте? Јас би се убила некој да ме тегне за нос и да ми каже црното бело и белото е црно и јас да климам со глава.
Не е точно дека изминатите 11 години луѓето генерално живееле посиромашно отколку во мандатите на сдс претходно, ниту вие самите не верувате во лагата, ама ви одговара да ја пласирате, нели ако ја повторуваш одново и одново, ќе стане вистина. Не гледам јас како сдсовците сте расчистиле со Грујо и со ВМРО кога цело време зборувате за нив. Ако ми ги спомнуваш мене повторно, не ме цитирај подобро. Изгледа забораваш кој е на власт моментално.
Ти кажав да не зборуваш во множина , најлошо јас лично поминав во тие 11 години , а и моите најблиски , и околинава , посиромашни никогаш не сме биле , одредени личности имаа привилегии тоа беа најнеписмените кои цицаат од државна цицка и сеуште цицаат , заев не ги истера од на работа и тука го има најголемиот минус ! Соромашниот народ му ја запечати судбината на вемео !
Зошто бе маче да ги избрка, па поради нив доби гласови, администрацијата се залажа дека навистина ке добијат поголеми плати и ги дадоа своите гласови..а сега тоа гоедо не уценува, ни се заканува а од друга страна ги прими клатаџиите на врати. Поголемо ѓубре од него нема..па замисли, ќе размислел дури и за тие пет помочани посто покачување дали ќе ги заслужиме да ни ги дал...
Апсолутно неточно бабе, тие од администрација сега велат дека гласале за сдсм , но тие гласаа за вемео и затоа се вработени од страна на вемео , и нив ги викаме сончогледи , додека не ги истера заев од администрација јас нема да гласам за сдсм .
Точно така е тие што се вработија во администација се Вмровци што гласале сега 3а СДСМ да ни биде јасно, и точно е дека адмонисртацијата наша генерално треба да се поправи и поефикасно да работи па тогаш да бараат покачување, а не преку леб погача да се бара. Се научија и писмено и неписмено да примаат чест на ретки исклучоци, треба некој ред да се има.
Да пошто е неред коа веќе прашуваш и треба да се стави да биде во ред, ако сакаме некоја нормална администрација и да имаме нормална држава. Шо е тоа се научија не работат како шо треба и факт е тоа. Во времето на ВМРО се живо вработија партиски и писмено и неписмено, па ние држава треба да бидеме ли некад?
Исто исто. Се додека не се изврши реформи во секоја институција, се додека интелектуалци седат дома, а глуперди со 4 разреда школо ни се инспектори и држат позиции и јас нема да гласам за нив! Ама се надеваат дека ако не избркаат никој дека ќе ги гласаат на следи избори, што гадно се зезнале, оти закоравен вмроец малку тешко да го натераш да гласа за друга партија. Како мислат да вработуваат студенти кои штотуку дипломирале или магистрирале кога за секоја позиција бараат 5 години искуство? Како ќе го решат статусот на нивни членови кои немаат толку искуство оти работеле непријавени , од што немале каде? Вмро барем се грижеа за нивните членови, овие таквото ги боли!
Сега е моментот кога САД, Британија и Франција ќе ги отворат вратите за сите бегалци, така? Пошто се ептем хумани и ептем се сеќираат за доброто на сирискиот народ, ко и за сите народи кои имаат нафта. Нели. Обединети нации, фрау Меркел..имаа ли некаква изјава?
Каде се моабетите за здравство, каде се смртните случаи за новороденчињата, каде се новите вработувања, поголемите плати, чист воздух и др...каде се сдсовците ..или немаат образ веќе да говорат за ова??
Здравството, разочарување, веќе зборував за тоа, посебно за квотите, ако немаш пари ќе умреш од обичен грип. Квоти само до 5 ти месецот. Заев треба да прави чистка прво од министрите, па на крај администрација. Искрено сум многу разочарана, сеуште имам надеж дека нешто ќе се смени, ама изгледа тешко.
За ситуацијата во здравството сум песимиста, шанси нема да се оправи..бајаги е потонато во долгови, апарати нема кој да сервисира, нема персонал, нема објекти, нема лекови, нема саглам министер..нема ништо...бог нека ни е на помош да не се разболуваме.