Еве јас сум сдсмовка и ќе ти одговорам, да видиш дека не сме испрани мозоци како претходниве. За семафорите во Ѓорче првенствено е пропуст на претходниот градоначалник Сокол Митревски, 11 години, лопужење на велико тешко беше да одвои средства за едни лежечи , ако не за друго. Новиов, Александар Наумовски, ветил дека ќе се реши тој проблем, знаел кои незгоди се случувале на тоа место и не го зел во приоритет тој проблем, што навистина не е во ред, човечки животи се во прашање, како би му било на неговото дете да се случи тоа? Срамота! За враборувањето во Елем очекувано, вработуваат само блиски до функционерите, останатите членови никој не ги ферма, само избори кога има ги бараат и истите се многу разочарани. Мислам дека наредни избори ќе изгуби токму од нив. За Смилковско езеро и птиците во гората знаат што се случило, да не се правиме наудрени, но Заев вети, им вети на сите семејства и на народот дека ќе ги објави тие снимки. Народот заслужува да знае, но не повеќе од нивните семејства. Родителите заслужуваат и мораат да слушнат што се случило. Не го одржи ветувањето, демек од запад му бранеле, да се спречело катастрофа, епа ако знае што има на нив, зошто ветил, зошто им дава лажна надеж на родителите на децата. Значи овие снимки се веродостојни, а останатите сечени и монтирани, е тој момент не го разбирам кај вмровциве, која снимка им одговара во ред е, која не им одговара била сечена и монтирана. И на крајот од денот, тие си уживкаат во нивноте фотељи кои ги добиле од народот, а обичните смртници страдаат и очи вадат еден со друг!
Ич не сте испрани, ако се лажеме. Тоа дека не сте испрани кажи ми го за 1ви април да се насмеа. Ако ветил дека ќе постави нови семафори зошто тоа не го направил? Година дена се на власт и едни семафори не можат да постават. Страмота е во 21 век да се протестира за семафори. Ако ВМРО вработуваше во ЕЛЕМ, сдсовците ќе кукаа 24/7, сега гледам кај вас овие вработувања меѓу прсти поминаа. Овие вработувања ич не ги коментирате За смилковско езеро имаше осудено луѓе, а бидејќи сега се ослободени, а заеб ветувал дека има транскрипти и дека ќе ја обелодени вистината зошто сега молчи? Не сум рекла дека било која снимка е веродостојна, видовме и сјо не се изјасни по тоа прашање. Јас реков кога нешто ќе се вети мора да се исполни. Ако нешто ти е нејасно види ги изјавите на родителите на убиените деца.
Кој не гласа за Вмро и Сдсм од македонскиве партии мислам дека е најпаметно да им да се даде шанса на Единствена Македонија на чело со Јанко Бачев и Стефан Влахов Мицов
Вмро не вработувало во ЕЛЕМ??? Ова ти е виц на годината, дефинитивно. Како едно нешто лошо не пиша за љубовта твоја што дивееше 11 години и не дотера до овде? За испран мозок шампиони се само Вмроовците, за жал. Убедливи на прво место. @ilyan Сега пак ти , што кажуваш за проблемот во Ѓорѓе, знаеш мора да се плука само СДСМ, ама за претходно што било не се важи, ставаат розе очила и се е Роуз,сфаќаш. Не се важи до тој период, само се важи од пред 1.5 година, кужиш.
Јас реков дека вмро ако вработувале во елем ќе крекавте 24/7, а сега си преќутувате. Нели сега нема да има партиско вработување? Јас кога се зачленив на форумот сдс беа на власт, па зошто да пишувам против вмро кога они не се на власт? Порано не бевме доведени до ова дно. За перење мозоци вие си знаете најдобро какви прашоци и омекнувачи ви користеле
Па не е во ред, 11 години ништо не се направи, сега сакаат за една се да се среди, е нема. Во ред е да критикуваат, ама да критикуваат и за претходните пропусти. Еве јас го критикувам и сегашниот градоначалник и сум била испран мозок, а тие што не ни ја споменаа вината на претходниот не се испрани мозоци, така? Овие имаат многууу пропусти, ама имаат време да средат, ако средат се разбира. Не сум партиски вработена, работам во приватна фирма што нема благе везе со политика, ако сама не си се снајдам не очекувам од партија, колку и да ми ветуваат, не верувам на тоа ЌЕ за жал, никој нит те гледа , нит те ферма, те гледаат само кога треба гласови, гласав, верував во промена и се разочарав. А вмровциве, ги изнапикаа со два разреда школо, држат и не така потценувачки позиции, ги заштитија со закони , а сдсм нека им викаат на членовите само трпение дечки, ќе биде! Ние упорно зборуваме објективно, независно за која партија сме гласале, а тие сме биле испрани мозоци. А тие што се ондак, мозоци отстоени во солна киселина кои запреле да работаат во моментот кога ги покиснале. Се додека нема објективна критика и се додека не се уклучат мозоците без да ги програмира друг, ќе тонеме во оваа беда, впрочем, со вакви размислувања и не заслужуваме нешто подобро од владеачкиве и претходите. Едит: мало морген дека би критикувале ако вмро се на власт, би добиле добро пеглање во штаб , може и две три заушки и тоа по брза постапка.
A, знаеш ли ти колку Вмровци се вработени во Елем, тоа те прашував? Мож, се заборавило , нели? Кога се вработуваше на големо кај ќе се стигне и тамо кај што нема потреба е богами тоа беше ОК. Сега за 2- ца ви е проблем, а за 200.000 административци паразити (полуписмениинеписменивоглавно) убоо ви беше. Перење мозок ете ти на дело. Кога Вмровското копито чино, се друго не. П.С нема што да им се пер.е на тие што немаат книшка и имаат свој мозок. @ilyan Царица си, на место ти е секој збор.
Пиши си со име и презиме, не се срами. За двајца ли е проблем ме прашуваш? а Цацко и Богоевски во влада? да не пишувам и за други. Поубаво е да се вработат 200 000 административци или да има 200 000 стечајци? @ilyan кога веќе пишуваш за мене треба и да ме означиш. ВМРО овозможи партиципацијата да биде 200 евра државна квота и 400 евра приватна квота на државните факултети. Оттогаш речиси сите млади се со факултет, така да не знам кој според тебе има “два разреда школо“. Никогаш не пишувате објективно да не се лажеме. Сдсовците на форумот секогаш пишуваат перење на мозоци, изгледа од сопствено искуство си пишувате. Па затоа ви велам наместо само прашок нека ви дадат и омекнувач. Би ви напишала и многу други работи, ама искрено гад ми е да ви одговарам.
Eпа срцка токму тоа е проблемот. Факултет во секој град, во секое село, партиципација 200 евра е ок, ама ако се водиме по стар систем, да има само еден уневерзитет, па полагање приемни, строги отценувања како порано. Овој што направи? Направи секој овчар да може да биде академски граѓанин, магистер и доктор на науки. Е тука ја гледам неписменоста, џабе факултет кога излегува тутурутка со диплома во рака. Направи неписмени луѓе со факултет, кој лесно може да ги манипулира. Порано во една генерација еден магистер, а сега во една генерација 100 магистри , каде ќе одат сите тие луѓе? Го упропастија образованието, чиста нула! Тоа инспекторите со 4 то одделение сите доучуваа отпосле и им даваа дипломи од тетовски факлултет без да се појават таму, да не не е така? Едно друго прашање, не ли мислиш дека прошлата власт имала пропусти, или според тебе е совршена? По што приметуваш дека сме испрани мозоци и манипулирани? Еве јас велам дека неписмени се вработуваа, ти велиш не е точно, завршуваат факултет, Грујо направи секој да може да учи , ова во ред е? Значи битно е да имаш диплома во рака, а како си ја зел небитно. Уствари џабе прашувам и онака знам што ќе одговориш, мука ми паѓа од тоа што го слушам од програмираниве мозоци, сите исто размислуваат, е како може ти и илјадници друго луѓе да размислувате скроооз исто? Дека не сте програмирани .
Па и ВМРО коа беше на власт се плукаше по ВМРО.Ти глеј тебе кој ти направил добро во текот на ТВОЈОТ живот не во на твоите и тако даље.
Zajef.Bpat.Pockaj.Ya.Smiljkovcko.Bombata.So.Imebish.Matep.Gazhi.Gi.Zmronite.Bybashwabi! -neka sedi be bpaty voyna ke napray sfe toa e na mijalkow maslo I plus trajko ima prsti macnato poshto ot decana edno so cerkata mu od trajko ima bideno I bashka so droga se imat zanimawano shto ja prodawale pari my nemat vpateno na veqanovski trajko.xhabe e sea ko taka taka zmponjite ce si lezhat, samo familijte ctres DA dozhivejat #познатдијалогпомеѓудвајцашареникуртоносци И ќе биде ли Зајеф стражарски донесен во суд како што бараат родителите на масакрираните момчиња, пред нив и пред јавноста да ја рокне хидрогенката за случувањата кај смиљковско? Јок? Отиде владата ако каже. А ми текнува и како карактери од тука паѓаа во филмови со Трајко, ќерка му, ЦСИ ЊЈ, пороците на Мајами, Наркос... и ете на крај завршија во филмон на Џим Кери и Џеф Дениелс во два дела. Рипнете прво, па после ОП! Чекај, нека те "доигра"
Јас мислев на вмровциве им дошло памет, ама не бе не. Си тераат по старо, програмирани како роботчиња. Ете пример како се критикува сопствената партија. Да имаше ваква критичка мисла од сите партиски членови, се ќе беше поиналу. Браво @ilyan!
Од една страна се бунтувавте колку дипломирани продавачки во бутици и маркети има и како државата не ги цени, од друга истовремено зборувавте дека дипломите не вредат и не треба секој да добие шанса да учи. Секојдневно сретнував и сретнувам неквалитетни кадри кои образованието го завршиле пред 2006-та, ама ним им е простено нели, оти се црвена буржоазија -- предодредени да зафаќаат удобни столчиња. Не е работата да се брани минатата власт, туку способноста на сдс да излегува на крај со вакви проблеми е многу помала.
Еден будала кога ќе расипе, 100 паметни не може да поправат. Секој што завршил факултет очекува да работи по струка. Затоа факултетот во нормален свет треба да им овозможи да завршат само на тие што заслужуваат. Не на сите. Се знаеше дека со отворање на факултетчиња на секое ќоше ќе опадне критериумот. И како сегашнава власт да поправи? Едино да почне да затвора факултети и да појача критериум.
Не може сдс да одлучува кој заслужил да заврши факултет. Квалитетот (иако е оскуден) испливува на површина, важно е да му е овозможена шансата. А такви кои се снаоѓаат благодарение на непотизам, полтронство и сл. не им недостасуваат ниту на сдс (сме гледале и го гледаме тоа цело време). Како мислиш еден будала расипал, кој е будалата а кои се паметните? Какви критериуми ќе појача сдс, што ново претставува стара партија сдс која одамна влече и кине конци? сдс не се на политичката сцена од пред една година, туку од осамостојувањето наваму се политички и општествен фактор за жал, на власт беа во повеќе наврати, и во улога на опозиција беа прилично влијателни, нели подолго време ја превртуваа државата наопаку, испаднаа помоќни од бившата власт до степен да им ја преземат без изборна победа. Виден е нивниот учинок одамна и ништо што прават (или не прават ), не е неочекувано.
Минатата влада имаше пропусти, а тоа е што попушти на сите барања на сдс. Втора пропуст е што Груевски си даде оставка. Одговор на прашањето по што приметувам дека сте испрани мозоци и изманипулирани, е што во секој цитат сдсовците на форумот пишуваат дека вмровците се со испрани мозоци оттука сфаќам дека си пишувате од лично искуство, па сега сте во заблуда дека сите се со испрани мозоци. Во ред е секој да има можност да студира. Зошто да плаќа 800 евра кога може 200 евра? Ок, ако ти имаш пари други немаат, а сепак имаат желба да студираат. Инаку јас колку што сум запознаена додипломските студии се по 200 и 400 евра, магистерските се 2000-2500 евра, тоа значи дека не е намалена цената на магистерските студии. Многу луѓе можат да си дозволат магистерски студии изгледа по се паѓа теоријата дека луѓето немаат пари за леб. Јас и илјадници други размислуваме исто затоа што имам исти вредности и идеи, жалам што никогаш нема да ги сфатите. Ако ги знаеш одговорите на прашањата нема потреба да ме потпрашуваш.
Магистратура е 600 евра семестар ( зборувам за правен , од искуство), така да магистрарурата не е невозможна мисија, нели за време на Вмро немаше сиромаштија, инвестиции и економија на ниво, како така не може да дозволат магистратури? Нели се живееше убаво со минатата власт? Јас не зборував да немаат сите можност за студирање заради скапи партиципации, туку да нема можност да студира секој на кој му текнало да стане академски граѓанин. Да има приемен испит, да има строги средни училишта со реално отценување, на факултет да се бута се што нема појма и контакт на малиот со големиот мозок ( ото ги има многу такви), со еден збор можеше да се задржи стариот систем со пониски партиципации. Прво професорите се политизираа и пуштаат студенти по партиска линија, за друго што да кажам. Дали е нормално да излезат 100 магистри во генерација? Сите заслужуваат? Каде сите тие луѓе? Го упропастија високото образование , да и голем % излегуваат без соодветно знаење, инаку како Грујо би имал толку партиски војничиња .
Нит имало , нит ќе има живот во Македонија. Дојде живот само за политичарите и блиските до нив. Богами и за вмровциве дојде, си зимаат исти плати, не ги тераат да одат да се тепаат по улици, сега се релаксирани, да знаеја дека вака ќе биде одамна ќе гласаа за сдсм. Тие луѓе што 11 години живееја во сенка, сеуште живеат така и Сдсм баш од нив ќе си добие црвен картон!