Всушност , реалноста е дека не мрдаме од место . Ниту со оние првите, ниту пак со овие ќе мрднеме. Тоа е, кој може нека бега што подалеку од овде , и нека не се враќа. Овде нема живот .
Се сеќавам многу добро изминативе две години како комуњарата се потсмеваше на црни безбедносни сценарија, сега па тие ја спасиле државата од војна и распад. И само во Мкд е можно поддршка да ужива некој што толку лаже и не стои на зборот и на ставот. Како опозиционер се изјасни дека е против промена на името, сега изјавува дека е првиот премиер кој прифатил промена на уставно име (ama grujo go meni imeto 2008 po telefon!!) И не му е срам во јавност да глуми наивен како да не знае дека Грците го возат, нели според јануарскиот Заев уште во март требаше да биде постигнат компромисот? Хаха, после може ќе изигрува жртва во преговорите.
Денес е точно 1 година од бруталното напаѓање на одредени личности раководени од структурите на ВМРО, нешто што не треба да се 3аборави и никогаш да не се повтори такво нешто.
Μислам дека Горан Михајловски остана единствениот шо критикува се и одолеа на понудени државни пари(ваљда му имаат понудено и новиве)
Te прашав (не тврдам) а и така ми изгледаше по мислењата дека ете одма налетуваш со неповрзани коментари вмровци, пропагандисти, лажговци, етикети лепење .Ама не е битно не е тоа тема на муабет. Инаку дечки кога кажуваат режим на вмро пред неколку години некако ми имаше значење тоа. Сега кога се кажува режим на вмро ми нема, или јас сум го заборавила режимот или дошол уште полош режим? Вие што мислите има ли разлика или бетер сме?
Не ме праша , туку си кажа као да знаеш , еве ти да те потсетам Тоа ти е вмровски мозок , базиран на лаги ,пропаганди , склони кон перење мозак ... Немам више коментар !
Сечеш лепеш монтираш Еве го цело со две прашања Ама сега веќе и не е битно колку си, си се кажа по поракиве. Фали уште да пишеш некој коментар со три извичници демек ги имитираш некои вмровци што само ти ги имаш видено, бидејки единствено ти во сред конструктивна дискусија такви јаки коментари даваш . Тоа јас на 17 го правев затоа си помислив дека си толку. Извини !
Не е прашање коа велиш дека на последните избори сум имала 17 години и од каде право на глас , и не помисли туку сакаше да дојде до заблуда дека ете те закопав Како и да е простено ти е што згреши колку години имам и ме направи мн помлада (иако ова и како комплимент му доага ) иако низ форумов имам мн пати кажано колку години имам : D Очекувам од вас и уверението од факс да ми го постирате овде , бидејки со вас све е можно Сега може другарките по вмровска линија да ти стават лајк Сечено и лепено капак монтирано
Денес се навршуваат 17 години помен и сеќавање на загинатите припадници на безбедносните сили , во масакрот кај село Вејце - Тетово - 28.04.2001 . Слава ви !
Кој од нашава ценета делегација оди накај Охрид во моментов?Го изреметија цел сообраќај од прва патарина па се до после Кичево како на Грќќа граница да сме.
Како за една година владеење јас не осетив некаков "подобар живот". Многу големи очекувања имав. Не верувам дека Сдсм ќе добие на следните парламентарни, а ниту на претседателските избори.
Не можам да ги отворам фејсбук профилот и веб страната на Миленко. Дали е тоа што мислам? #животзасите #независноновинарство #македонијасегаблеска
Oваа влада да ги покачи платите како што ветија и да стојат на кажаното бидејќи сра3мерно на тоа се покачуваат основните давачки 3а живот,храна , прево3 да се подобри стандардот, кој не е 3адоволитен со оглед на давачките.
Приказните дека некој државник или партија ќе влијаат врз приватните бизниси и ќе ги присилат на нешто се бесмислени. Обично работите функционираат во обратна насока - корпорации, бизниси купуваат политичари, и во светот, и овде. Разликата е што во мали места како кај нас политичарите може да имаат и директен личен удел во бизнисите, додека во развиени општества, работоте се повеќе кристализирани и диференцирани. Таму има играчи со специфична намена, овде е човек се во едно. Единствено што може државата да направи е да оданочи и да мава со инспекции (уште повеќе да наплати), ама тоа по ниедна логика не значи магично повисоки плати за работниците. За пари треба работа и секојдневна борба на пазарот на трудот. Никој нема да ти даде повеќе, затоа што некој таму политичар така рекол. Прашањето е дали пазарот, побарувачката и понудата, дозволуваат толкава цена на твојот труд, или не.
Чавков излегол од притвор со гаранција од 600.000 евра. Кога е поштен чУекоТ што се за него овие мали сумички, ситни парички. Ова сумиве се како на жими мајка за некои Вмроооовченца. Ајде сг пукајте во одбрана на Чавката ...фарбајте во светот на бајките дека од просечна министерска платичка се оди накај милионерчиња. Штедење, де, нели кој штеди ИМА. Само не знам зошто уште овие случаи немаат завршница? Не сме држава нормална, ДА тоа знам. Што е најтргично оваа ситуација нема да оди на подобро уште долго време. Дали некој ЕДНАШ ( историски) ќе заврши во затвор од политичариве согласно законот???
Многу ми се смешни вмровчињава, 11 години не им текна да ги качат платите, а плукаат по овие што не ги качиле за нецела година. Имаат пропусти, не велам не, но најголемиот пропуст им е што не го исчистија ѓубрето партиски вмровчиња со два разреда школо, со купени дипломи. Ете Заев најави чистка и преименување на кадар, па ќе видиме, има време , сеуште имам надеж дека колку толку нешто ќе се примени кон подобро.
Вашиот ни надеж не ни остави, не закопа во една бездна во која нема ни светла точка. Има период во кој актуелниве може да се покажат, поправат и докажат, ќе видиме како ќе биде, од нив зависи. А 11 години имавте надеж? Убоо се живееше? Како да имавме убава живеачка па дојдоа овие и за пола година не упропастија, аман, за ништо да не се гледало објективно и непристрасно. Уште не ви испаднале тоа чиповите од глава.... Критика мора да има, ако нема критика нема да има ни добра влада! Ама кој да го сфати тоа?