Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Има многу погрешни од него и пред него. :D
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Епа еве цела година чекаме конструктивна критика од вас кои бевте најгласни за „режимот“ на Груевски, а сега онемевте и оглувевте, или па може супер ви е под „демократската“ палка на креатурана на власт! Што ќе превземете сега, каде се шарените, каде е Хелсиншки, граѓанските здруженија, интелектуалците, академиците? Ги нема никаде да зуцнат! А знаеш зошто? Зошто сме под фашистичка диктатура! И не само што никој не смее да претне, туку и не убедуваат сите дека сме си супер, се ок. Тоа е исто како кога групно те силуваат, а сеирџиите од страна те убедуваат дека силеџииве водат љубов со тебе! Епа нека ви биде љубов!
     
    На kikikikirika, carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  3. Mich

    Mich Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2017
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Машки
  4. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Извини женска ама ич не си во право.
    Прво , да имаше диктатура сите ке збришевте од државна работа, еден немаше да остане под државна палка.
    Немаше толку да отварате уста по медиуми , впрочем сега секој може да се пожали, без да се плаши дека ќе го дриблаат во штаб, може од се да се жалите и жалиме , но слобода на говор и изразување има, кое за време на вемерето не можевте ни на сон да го соните.
    Која диктатура жити се, ти познаваш некој од вемерето што е избркан од работа или обесправен на било кој начин? Не ги спомнувај оние со договори преку агенција, оти самите знаат што потпишале, ако знаат да читаат се разбира.
    Јас не познавам таков, сите си идат на работа, си зимаат платички, никој не ги тера да се тепаат по улицине , едноставно дојде живот за вас вмровциве, колку и да го негирате тоа!
    Мене лично, што не ми се допаѓа кај власта сум кажала и тука, а богами и кај што треба, и замисли никој не ми се заканил со ништо.
     
    На Someonespecial, theowndemon, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    @orevokrsacka
    Зошто ти еднаш не го осуди Груевски на сета таа погрешна политика и бездната што ја отвори и остави? Хаосот што се создаде во тоа време не се поправа магично.
    Не знам зошто ја прозиваш @ilyan за критиките што ги давала и ги дава и з оваа власт. Значи до мозокот е и човекот. Тоа што не е во ред сите треба да го осудиме, а не партиски да се правдаат и фарбаат како што го правите вие од Вмро т.е симпатизери и членови.
    Членката не е париски вработена и не зема плата за шминкање и дотерување како што 200.000 администртивци од ваше време тоа го прават. Еве и пола да се, да не се сите исти.
    Смешно е, најозбилно кога човек мора да се фати ко слеп за стап. Така и Вмроовцове, Никола златен и Никола и Никола и Николаааа.......
     
    На lovestoneddd, sparklie, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Ама и да сум вработена партиски, или во иднина да ме вработат, зарем не треба да се даде критика?
    Како ќе знаат каде грешат ако сите ги тапшаме по рамо?
    Партиските штабови за што се?
    За да им кажуваат каде да одат да се тепаат ?
    Треба баш на тие состаноци да се кажува што не е во ред, што да поправат и.т.н , а не само да живеееее Грујо и климај со глава на се што ќе рече...
    Треба да има критика, објективно новинарство, кај сдсм ми се допаѓа што не вршат притисок на оние што ги искритикувале и трпат критика од јавност.
    Кај си смеел кај Грујо да зуцнеш, со поколенија ќе летате од работа, по можност и од државава.
    Имав осет како да живеам во Швајцарија кога слушав вести и вмровци.
    Јас кажувам што ми се допаѓа и што не ми се допаѓа кај оваа влада.
    Да слушам со свој уши како вршат криминал и да се праам на перната, мизерија.
    Овие ги трпат на работа, не ги уценуваат и пак не им чини.
    Абе за овој народ само Грујо и криминал, ништо друго.
     
    На Someonespecial, theowndemon, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Затоа што сметам дека Груевски водеше добра политика најголем дел од својот мандат. А хаосот во земјава започна со „бомбите“ на Заев. Оттогаш процветавме на секој план.
    Апсолутно, само сега со овие разликата е во тоа што ако некој отворено ја осуди или нападне владава, ќе му извадат одма прислушувани разговори, вибер дописки, ќе го притворат, ќе го плукаат и дискредитираат по медиуми, уценуваат, и сл. Секој ќе биде виновен само не тие и нивното владеење. Попрво сите ќе не обесат отколку што ќе дозволат предвремени избори за да видат како стојат со довербата кај народот. Ете тоа е фашизам.
    Ова не знам што ти значи, нити знам кои од вас се партиски вработени, нити за што ги трошат парите. А и не е моја или твоја работа. Ама тешко нас ако сметате дека треба да кренете глас само ако ви „наложат“ од штаб за да си го зачувате или за да добиете работно место. Тоа значи „по мене потоп“, само плата да земам, а што ќе им оставам на моите деца и сонародници во иднина, ич не ми чуе. Зошто животот е од денес до утре, нели, доттаму ни е светогледот?
     
    На corto.maltese, carangigia и zuto им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    Се согласувам дека на власта треба и да и се дава критика кога треба, а не само добро. е добро. Па ѕа3то сме ние народот ?
    Треба да кажуваме што ни смета. и што е добро за да се поправат некои работи. Кај оваа влада има поголема транспарентност, поголема слобода во информирање, нема толкава репресија како шо беше кај ВМРО. Само што оваа влада, покрај решавањето на спорот кој е клучен за нас, треба и да се посвети внимание на реформите, да се отвораат работни места, инвестиции, сепак ке се привлечат повеќе по влегување на Нато како побезбедна држава, но мора да почнат да работат на главните реформи, паралелно со спорот. А тие од ВМРО највише добија пошто повеќето си останаа да си работат, секоја чест на тие што ги бива, но не се сите, и таму треба да се направи селекција.
     
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Панчо ДНК заиграл пред тунелот :rofl:
    Инаку смешно е некој да збори дека имало диктатура изминатите 11 години. Ако беше така немаше јавно да се емитуваат бомбици, шарените немаше да фрлат боја, немаше да се крши канцеларијата на претседателот и ред други работи.
    Така да поимот диктатура не поминува, побарајте во штаб да ви смислат нови поими за изразување :D и за лажење.
     
    На corto.maltese, zuto и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Да ама убаво ги испотрпаа шарените, башка бомбиве, зошто не беа објавувани на канал 5, сител, алфа, мтв? Зошто воопшто не ги спомнуваа дури и кога веќе беа објавени?
    За разлика од грујовизмот, слобода на изразување има, колку и да го спорите тоа!
    Кога ве држат на иститее места, лаете против зајко кај ќе стигнете и никој не ве пипа, мала слобода е тоа?
     
    На Someonespecial и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    @ilyan
    Тоа е разликата- што тие кукли и восочно фигури адимистртивци не можат ништо лошо да кажат зошто тие истите им обезбедле 20.000 најмалку плата за нула работа. Такви гласни има колку сакаш. Затоа ти реков до човекот е.

    Ам грешка си од старт, јас не сум активист никаде. Тоа за штабовите пренесиго на друга сметка.
    Не било наша работс, аха да, а од чив џеб пари земаат?
    Ако настанал хаос после бомбите, а пред тоа рози цветаа хм, хм.. плус портокалови очила на се идат- рај на земјава.
    Мож да филозофираме до утре, а која е вистината, која е реалноста??? Човечки е да признаеш и осудиш нешто што е за осуда- криминал пример. Вас самомЗаев ви боде очи, ам Коле никако, бог е , безгрешен.
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.626
    Допаѓања:
    185.251
    Пол:
    Женски
    На која телевизија се емитуваа бoмбите? :?:
     
    На Someonespecial, makedonkamak и ilyan им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    На Телма и на Алсат емитуваа бомби.

    Во време на владеењето на ВМРО, опозициски телевизиски мегафони беа Телма, Алсат, 24 Вести... Никој не ги замолчуваше нив. Денес кој канал е критички настроен кон актуелната власт на сдс? Алфа, и тоа едвај собраа пари да платат лиценца, инаку ќе ги укинеа како Радио Слободна Македонија, на пример.

    И уште ли со rez1mod? :D Pежим имаше само во главите на шарените и на закоравените сдсовци.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Кажи ми дали во времето на вмро смееше некој да излезе во ударни вести да да се жали дека е набркан од работа или било како обесправен од работодавецот, како што излегоа вработрните од една градинка?
    Слободата на медиуми е каде каде подобра од вемерето, не се залажувајте, слушајќи ги потплатените медиуми јас мислев дека живеам во Швајцарија 11 години, ама кога ќе дојдеше први во месецот се освестував каде се наоѓам.
    Сега барем не продаваат м...а за бубрези, ветија 500 евра плата, имаат време, може ќе исполнат она што не успеаја да исполнат 11 години, а сега плукаат зошто нема 500 евра плата.
     
    На CrazyGirl15, Someonespecial, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Не постои полажлива партија која повеќе продава магла од сдс.
    Која е таа слобода, еден куп дебати и дуели на ТВ во кои новинарките на Телма пристрасно го поддржуваат провладиниот гостин? Ако не сте смееле да писнете против ВМРО, како со години наназад само пискање и вриштење против ВМРО слушав? И ВМРО ми здодеа зашто попустливо се стави во служба, изиграваа џубокс на сдс, при толку пати укажана доверба од мнозинството не додржаа контрола, и тоа да ти било режим. (facepalm)
    Такво пасивно расположение ме обзеде што ми стана мака од целата земја и народ каде живеам. Група хистерици не сакаа да се смират дури нивната партија не преземе власт по секоја цена. Избори секоја година дури не победат. Уште да беа способни како што ги бива за трескање од земја. Две и пол години имаат до регуларниот истек на мандатот, ништо не е сработено како што треба. А они беа нели граЏани, прогресивци, Европејци и се нај, најпозитивно во суперлатив, нели најпаметните гласаа за нив, сите други беа глупи. Ох... Автопати отвораат со чочек, Муртинецон прави циркус од секоја изјава. И после ВМРО им било криво за руралниот менталитет и што државава не оди напред.
     
    На Lavica2016, zuto, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Еве, последниве денови кружат гласини дека се составуваат списоци на подобни и неподобни, дури и фотографии има. Друго нешто сомнително е како сдс однесе убедлива победа на локалните, со кои испорачани резултати во месеците кои претходеа? Кога ВМРО добиваше убедливо, наместено било, а минатиот октомври се регуларно ви беше. Во „диктатура“ зборувавте што сакате без влакна на јазик, во слобода и демократија сте потивки и воздржани. :?:
    Инаку, воведување двојазичност на цела територија против волјата на мнозинството граѓани затоа што премијјјерот, неговите другари од албанските партии велат дека така „треба“, е демократско однесување? Според реакциите на јавноста, најголемиот дел е против, а Заеф и Талат упорни законот да излезе во службен весник, и ќе одат до крај, со овој претседател на републиката или со следниот.
    Пред да изразуваме незадоволство, да сме им даделе време и да продолжиме да зборуваме за минатата власт... Абе ај...
     
    На zuto и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  17. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Законот за јазици ќе беше и бездруго донесен, ама тогаш немаше да ги отварате толку устите,уште ќе филувавте колку е демократски настроен Гвујо, зошто ќе добиевте траен бан од партија, а последиците од тоа се знаат......
    Ајде сега критикувате, во ред е, си имате легитимно право за тоа, а зошто кога беше империјата на Гвујо молчевте, филувавте колку е убава живеачката и.т.н, зошто не видов ниедна критика низ темиве и надвор од форумов ?
    Сериозно го мислевте тоа или моравте така да зборувате?
    Ние покрај што фалиме, даваме и критика, за жал вие никогаш нема да го разберете тоа. Критиката е нужна и неопходна ако сакаме да имаме нормална владеачка структура, од таквите тапшачи по рамо и главоклимачи ја дотеравме државава до тука!
     
    На makedonkamak и anaja1 им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    ДПМНЕ да беа подготвени да го носат тој закон, ќе го донесеа додека владееја со државата. Веќе напишав десетици пати дека Заев беше поддржан од надворешниот фактор чисто таа работа со албанскиот јазик да ја заврши.

    Овде па на форумот беше малтене забрането да се пишува нешто што не му оди во полза на сдс. Колку пати ќе се појавеше таков член и изнудувавте банови, тука само незадоволство кон тогашната власт смееше да се изрази, секој неутралец избегнуваше да дава коментари во политика затоа што цел ден требаше да се расправа со шарени форумџики кои конфликтите ги прелеваа и во други теми.
    Лаги се тоа дека не се критикувало во времето на Груевски, далеку дека тоа време било идеално и сите беа свесни, но се критикуваше повеќе од што треба. Целиот револт и кон сдс паѓаше на плеќи на ВМРО, зашто ВМРО беше на власт, сепак. Ама и тогашната деструктивна опозиција има одговорност, оти не беше толку мртва како што говореа резултатите што ги постигнуваше, туку претставуваше чинител во општеството (најмногу „благодарение“ на странски ментори и на народ алчен и завидлив за позиции, функции и т.н. кои не дека со нешто покажал дека ги заслужува). Сега, наместо вашите т.н. критики кон актуелната власт искажани со пола уста кои после една реченица некако успеваат да се пренасочат кон Грујо :D, конечно научете да живеете во сегашноста и со последиците од вашите одлуки.
     
    На Јаневски, zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Прашањето беше : дали членовите на Вемерето и оние кои имале корист од истите упатиле барем една критика кон нив додека биле на власт? Дали смееле да го сторат истото?
    Останатите сме критикувале, јас сум лаела против нив колку ти душа сака, не само тука и јавно сум зборела,знаеш зошто? Зошто не сум се тресела дали ќе ме избркат од работа , дали ќе ми маваат чврги во штаб , или дали ќе ме саботираат на било кој начин.
    Ианаку јавна тајна е дека и Гвујо потпиша и ги прифати сите услови на дуи, за името мнгу добро слушнавме на бомбите, ама кој да разбере?
    Не дека е добро да се спроведе истото и јас не сакам да се угодува на Грцине и на Албанцине, но да се случуваше ова во време на вмро, имаше мед од уста да ви тече како Грујчо ќе не носи во Европа, како сака соживот, ќе викавте ураааа Груевски, да живее демократско ВМРО, а сега ви замалеа устите од збоување и критикување.
     
    На lovestoneddd, Yowannty, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Ама овие нагли крупни промени во корист на албанската експанзија не се случија додека е на власт Вмро, туку сдс:
    2005 - премиер Бучковски, воведена територијална поделба со која се трајно поалбанчени неколку македонски општини
    2018 - Заев е тој што се обидува албанскиот да го изедначи со македонскиот јазик на целата територија, не Груевски.

    Не бранам јас овде ниту Вмро, ниту Грујо, ниту имам слепа верба во некого, ама фактите се факти. Што се договарале Вмро со дуи, шпекулации, теории, што би било кога би било во некоја епизода од Зоната на самракот.

    И до кога ќе читам приказни во трето лице за многуте луѓе кои се треселе од страв дека ВМРО ќе ги избрка од работа, зошто јас не познавам такви примери?
    Зошто не ја искоренат сдс партизираноста, туку ја продлабочуваат? Децата на Грчев, Талат, Фрчкоски, каде се вработија? Да испраќам линкови околу она погоре што го напишав за списоците кои се составуваат сега, во 2018-та? Ама пак вие Грујо бил крив та тој. Уште ли чекате Грујо да изнајде решенија? Кој е Грујо денес - опозициски пратеник. Кому гледам нешто секој ден му судат, а никако да го осудат. :D
     
    На Јаневски, orevokrsacka, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.