Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Во право сум. сдс за време на приватизацијата остави 200.000 луѓе на улица сами да се снаоѓаат во општество кое не нудеше услови за тоа. Ништо што ВМРО направи ни приближно не се споредува со таа деструкција. Мислете малку кого браните.
     
    На zuto, carangigia, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Тоа ќе му се буните на тие што ја распаднаа СФРЈ.
    Секој модел за приватизација на државен имот, кој досега е применет се покажал како неефикасен. Плус, не можеш систем на навики и вредности да им дадеш на луѓето. Не беа навикнати да работат, туку да се шлепаат. Еден вработен, еден шеф. И после, оп, сите работници... Е не можи, не знаат како. Останатите беа хоштаплери на велико и се нацицаја пари. И народот и властите имаат удел во приказната. Од некои работи не се бега. Се распадна СФРЈ, фала-пријатно, ми е гајле како ќе се снајдиш од сега.
     
    На ilyan, Yowannty и makedonkamak им се допаѓа ова.
  3. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Во однос на приватизацијата добра емисија на Васко Ефтов. За да сфатите зошто сте сиромашни, зошто немате нови патишта, училишта, градинки, болници.

     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Да де, а на тие твоите што биле на власт задача им било ништо да не работат и да дремат во фотелји со чашка у рука. Никаков план и визија да се немало.
     
    На A.27 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    На сите. Не мораше да си на власт за да отвориш приватен бизнис. Било кој можеше.

    Ама кој беше со доволно визија да предвиди дека при толку мала конкуренција на сите полиња на пазарот, ќе се наполниш со пари?

    Јас не бев на власт, бев приватник. А пред тоа, замисли не бев директор. Од средно од клупа, бизнис почнав.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Не е точно тоа. Чешка, Словачка, Унгарија, па и Словенија имаа далеку побезболна приватизација и трансфер од еден систем во друг ситем за разлика од Југославија. Целото социјално и економско уредување на Југославија беше тотално промашување и беше прашање на време кога ќе крахира. Не постои ниту една земја со успешен комунистички/социјалистички систем.
     
    На Abeja, orevokrsacka, A.27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Да де, ама ние не сме Словенија, народот не ни се Словенци.. Македонци се. Ти текнува?
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Јас сум дете на приватник, разбирам што значи визија за заработка и како политичката клима влијае. Само симпатизер на сдс или близок на таа партија може да се обидува да го правда тој период, работата е што нема начин да се оправда.
     
    На A.27 и Mamli им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    А ти значи не направи пари тогаш, па друг тие крив оти татко ти не знаел да тера бизнис? :)))))
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.427
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    @sjdgo Сдсм на времето оставиле пустош, 200 000 на улица,приватизација...Ама зошто вмро не направија нешто по тоа прашање? Зошто не не оправија 11 години, ејјј 11 години беа на власт и ништо, од мртва точка не сме мрднати. Па за 11 години можевме Словенија да бидеме, а не да останеме на ниво на Албанија, дупка.
    Ама треба некој да краде, е со крадење напред не се иде, да не крадеа, парите да идеа таму каде што им е место ке бевме Словенија, ама не сме за жал.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.914
    Допаѓања:
    25.668
    Пол:
    Женски
    Јас да владеев 11 години , Швицарска ќе бевме досега , не Словенија, ама ај ... Вмро имаа време да средат колку толку од пустошот што Сдсм го направи пред години наназад, ама не направија . Освен уште поголем пустош, народ оставен на цедило и куп други работи , ништо не направија. Отворија неколку фабрики каде работниците работат со часови без пауза , во прилично лоши услови , за минимална плата која подоцна низ нос ќе им излезе , висејќи по здравствени установи , чекајќи некој од персоналот во клиника да им се смилува и да ги прими на лекување , и толку беше . Се усраа да извините на израз со тие фабрики , ама ај ќе се тешиш дека барем има од каде луѓе леб да јадат .
     
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.025
    Пол:
    Женски
    А и тие фабрики.... Главен адут за привлекување инвестиции е нудење на сопственото население како ефтина работна сила. Премолчен договор за прогледување низ прсти за секојдневните кршења на работнички права.
     
    На DAngel и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Тоа може да се смени и ако имаме квалификуван кадар од бранши кои се високо платени...
    Ама немаме многу такви, за жал :(
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Не, туку од девееснекоја долги години го тераше и можам да споредам во кое време какви биле приликите што ми е уште еден показател дека е глупост тоа кое пробуваш да го наметнеш како владеењето на сдс било најдоброто. За тие врзани со власта веројатно.

    @oblace1, чаре сигурно не беше да се вратат сдс. Толкави театри, лаги, глумење чесни и загрижени за некои да се докопаат до функции.
     
    На Abeja и carangigia им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Да не сме живееле во различна држава?
     
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Сте се заплале ВМРО ова ВМРО она, ало дали сте свесни дека сдс е сега на власт? Година и пол се на власт, а вие пак за ВМРО пишувате. (facepalm)
    Некако молчеливи сте за Хоца ејјјјј соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот. (facepalm)
    Нешто што научив денес е дека вицето на струмички значело цементо. :rofl:
     
    На Abeja, orevokrsacka, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Нели е експерт на темата? :)
     
  18. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.664
    Пол:
    Женски
    Кoлку ти штo си "експерт" вo секoјa темa нa фoрумoт.:rofl:
    Дури и Mich трoлa пoмaлку oд тебе.
     
    На Abeja и sjdgo им се допаѓа ова.
  19. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Ајмо сад - приватизција је на реду...
    Нели пишувано е за времето на Вмро и неговите ,, придобивки " т.е погубните политики 11+ години.
    Како Ви се пишува за нешто што кога било сте биле во пелени?
    Знам Бранко беше крив и дожд што врнеше и за приватизацијата како процес кој секако морал да се случи.
    Ајде сега вака просто: во времето на Сдсм лебот беше 15_20 ден, а сега е 25 и нагоре, млекото беше 28 -30 ден, а сега е 50 +, јогуртот 35-40 ден, сега е 50+ден, овошје најчесто беше до 50 ден, сега е над 50, месото 200 ден, сега над 300 ден е, каде се цените на другите производи и услуги????? Гледаш ли дека двојно е зголемено се или пак производи намалени количински, а со ист цена или Нееее, не е така.
    Основните производи скокнаа со цена , најпрво. Знаеш ли дека на секое ќоше плаќаш двојно и тоа што треба и не треба, уште влез што не се наплаќа по институцииве.
    Зошто? За да земаат административците пари, мои и твои пример. Ау, ќе кажеш 200.000 луѓе јадат н туѓ грб од мои пари и пари н граѓаните. Дека се полуписмени и неписмени и ете до кај не донедоа- партизирани институции, никаков квалитет на услугата, дополнителни давачки,испорачани пресуди, важење на законот по потреба и кому затреба или не треба, здравството катастрофа исто така...
    Еве сега еден пример чисто да знаеш- Твоите што си ги браниш, за работа која јас ја најдов сама ми побараа препорака со точно опредрлена содржина и потпис на неа од претдедателон на Вмро од мојот град. Јас како човек бев спремна и 8- но бебе да оставам и да почнам со работа. Не, ја добив работата и не сакам да ме вреднуваат вашите по партиска книшка ваша и партиски газолижачки придонес. Не, благодарам...
    Ова го правеше Вмро, го подели народот и за тие што не беа во ист кош со нив по автоматизам немаше леб.
    Сите огласи што се објавува беа однапред распределени и примени Вмроооовци. За обичен оглас на кој имаш право да аплицираш требаше прво да извдиш: извод кој чини 350 ден, државјанство исто толку - 350 ден, лекарско уверение за општа здравствена состојба 2000 ден, уверение за неосудуван 300 + ден итн. Значи спреми ти едно 3000-4000 за документи и доби среден прст на крај на секој оглас. Плус додатно патни трошкови и додатната процедура на малтретирње пример за полагање стручен дел на адмимистративни службениви итн.....
    Реформи во катастарот, ух да, кога ќе ми текне што се случи да се отвори изворче за црпење парички од граѓаните за исправка најпрво за грешки хахахх и отворање работа на приватни геодети...
    По оштиниве се тепаат за столче оти не собира сите на куп во една просторија да пијат кафе, јадат семки и оговараат и плус странки да им идат.
    Оди во суд , прошетај да видиш што се дешава и како се местеа судии за 10.000 евра, како на тел. се дектираше кој е виновен, кој не итн.
    Пералните на пари т.е ," Скопје 2014" , провокации кон соседно држави, па уште Хорхе на Обама кога му намигнал, седи , не ме потдетувај за бруките како држава и криминалот што години царува.
    Мал дел, ситно е ова.
    Не ми каживај и ти и другиве како тебе, кај мене не ви врви фрбање.
    Јас имам доволно памет да осудам нешто што се осудува и нема да бранам криминалци како Мијаков, Груевски и цела тајфа
    останата.
    Ова е реалноста, ова се случуваше...
    Зајко НЕ е магионичар.
    Лесно се растура,а тешко се гради.
    Секое добро.
    Немам намера значи ни еднаминута да изгубам повеќе тука. Уште кога видов дека и се колне тука хахахах сфатив колку е часот, среќа игнор искористив и се поштедив од нечии глупости.
     
    На ilyan, lovestoneddd, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Бидејќи ти со години поддржуваш светии од сдс, зеде да посочуваш криминалци во политичкиот живот.
    Реков дека не цутеа цветови во времето на Вмро, не ги бранам, само вие како поддржувачи на сдс го потрошивте кредитот за критикување, помина тоа време, освестете се кој е цела година на власт.
    Приватизацијата морала да се случи, но не морало и не требало да се спроведе на начинот на кој вашите го сторија со такви последици, а нам ни се пишува за транзицијата затоа што се врати истата структура на власт и оживуваме спомени.
    Ова општество е партизирано почнувајќи од 1945-та, не од 2006. сдс пред 2006-та вработуваше партиски, и денес го прават истото, вам тоа не ви смета/ло, ама за осуда е кога другите барале книшки? Типично сдс, секоја своја негативна практика им ја лепат како етикета на другите и со здравје да си ја носат.
    Вие што сте ангажирани сдсовци, одете во штабовите и дискутирајте за тоа што остана од т.н. rez1m а сметате дека треба да се промени, не тука Вмро вакви-онакви (како некого уште да го интересира) и да се бунтувате кога некој ќе напише против власта.
    Во ред да е неутралец кој минатите години не ги поддржувал шарените и во живот не гласал за сдс, па да седне да го критикува Вмро... но таков ум секако не се опседнува со опозиција, штом постои власт.
     
    На orevokrsacka и Abeja им се допаѓа ова.