Хмм има логика ова. Дај му ја државата на агресорот и нема што да те освојува, само данок ќе му плаќаш
Па дај да ослободиме се живо од Идризово, сигурно побезбедни ќе бидеме и од сообраќајки, и од убиства, тепачки, дилерства, кражби...сите на позиција и мирна глава. Колку потешко досие, толку повисока функција. Логика
Заев дефинитивно со Шекеринска го упропастија Сдсм ... Не очекував вакви злодела ... И после вемеро , пак вемеро !
Ај испитај се малку Што пишуваше за Зајеффф порано, а што за вемеро... Немој да ја фрлаш топката онаму кај што нема игралиште
Јас не знам како не ви е јасно дека не постои македонски политичар кој ќе го среди ова срање кое се насобрало и се натрупало од осамостојувањето до денес. Ако сметате дека оваа владеачка гарнитура или некоја друга ќе ни ја подобри економијата и животниот стандард , тогаш сериозно треба да одите на една колективна терапија да видат што не е во ред со вас. Проблемите во оваа земја нема никогаш да се решат, секогаш ќе бидеме дестабилизирано подрачје и ќе бидеме глинени голубчиња, кои ќе се грижат да врзат крај со крај и да го истераат некако месецот односно подоцна годината. И ако приметивте никаде не го напишав зборот држава, бидејќи сметам дека моментално не исполнуваме услови да бидеме тоа. Иако имаме капацитет и луѓе кои можат да ги променат работите на подобро, но тие немаат веќе волја и желба да се трудат да го сторат тоа и си заминуваат од земјата . Ние моментално функционираме како месна заедница или некој општински огранок. Ставете прст на чело и размислете ако имате со што да размислувате.
Голема прашина се дигна за советникот Хоџа, а никој не пишува за останатите команданти кои дрмат со секоја влада, а воедно ја дрмаат и државава.
Многу си негативен Па и не беше некаков резил. Барем не стигна да купи ланжре за 500 евра, на државна сметка
А среќа па откако дојде новиот живот ја видовме завршницата и на тој случај. Кој пат по ред е ова од власта да изиграваат пишман аџии во 11 месеци? Знае премијјјерот што прави воопшто, има некаков план?
И ти во право си. Сваровски така пресудува. Секако дека има план, само улав е и тој што го слуша народот што сакал. Сите се само за да се наместат негде во државно и да лежат. Та од едните, та од другите. Со инка не се тура.
Нема да ти се приклучам во релативизирањето. Мене од почетокот ми беше јасно кој каков е и од кого што може да се очекува. Туку, многу млади бунтовници, „правдољубиви“, „наивни“ души, на кои се нешто не им чинеше до лани, сега се кријат и премолчуваат исти работи. Јас знаев за какви лицемерни лоши глумци станува збор, ама еве оние во помал број кои НАВИСТИНА не беа свесни, се подлажаа да им дадат глас на избори, нека се уверат на дело и нека им биде памет за друг пат.
Вемерото ја донесе државава на дното кај што сме сега , мислев сдсм ке ја опоравет но ништо . Никогаш нема да гласам за вемерото ако те интересира , тоа би ми ја навредило интелегенцијата. Ги оставија неписмените од вемерото на истите функции , некои ги унапредија , не превземаат скоро ништо за да ја упорават државава .
Триангла не се дишеше вчера, уште не можам очве да ги смирам. Па не е ова сува трева па да се запали на сонце. Горат отпад. Не дека е прв пат да не трујат, од една страна Железара, од друга страна Вардариште и од трета подалечна страна Дрисла, плус други приватни депонии расфрлани на сите страни. ---- Извор: https://sitel.com.mk/golem-pozhar-vo-skopski-makstil-gorele-otpadno-zhelezo-i-plastika ---- Македонија 11. May 2018 - 16:30 Голем пожар во скопски Макстил - гореле отпадно железо и пластика Околу 500 кубни метри отпадно железо подготвено за рециклирање синоќа се запалилило во фабриката “Макстил” во Скопје. Први огнот почнале да го гаснат службите на “Железарница”, но поради силината на огнената стихија напомош била повикана и Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот избувнал во отпадот каде железото било помешано со пластика и друг вид на отпадни материјали, кои дополнително придонеле жителите на Гази Баба да почуствуваат непријатна миризба и проблеми со органите за дишење. Од “Макстил” велат дека проиводствениот погон Чаличарница, каде што избувна пожарот, не работи од 29 април. Откако пожарот целосно ќе биде изгаснат, ќе се утврдуваат и причините за неговото настанување. ----