Поделба+групација=перпетуирање. Зашто ако не е твоја спална да те занима некој друг? Зашто за некој што не го интересираш ке се поделуваш левица/десница? Ако имаш пасош странски не ја сакаш мајчината земја?
Добри два месеци сигурно паузирам од темава, ама не можам да се воздржам на бисериве што ги читам @Mamli, се читаш ли ти воопшто што пишуваш? Да ја поделиме државата физички со граници на кантони според политички и партиски определби? Сериозно?! Додека вакви луѓе како тебе се самоуверени во своите дегутантни сфаќања, е до тогаш никогаш нема да нè бидне. Нема разбирачка и обединување со вас, ниту пак стоење рамо до рамо на било какви протести. Кои тоа примери на нормални држави во денешно време има, кои се поделени по некоја етничка, верска, идеолошка, културолошка основа? Сакал „господинот“ да се групира со такви што му одговараат... Оди во факинг Северна Кореја живеј штом така. Да ги видите тие „софистицирани морални вредности“ на вашиот конзервативизам!
@monibejbi Од нашата фамилија 7 братучеди во втората светска војна загинаа за оваа наша татковина Македонија а еден е ранет во последната војна, крв е дадена за ова мало парче земја за да сите вие кои подржувате одрекување од нашето име можете слободно да живееете , повеќе нема потреба да објаснувам освен едно ако вашите биле шпиуни и соработници со бугарските, германските и албанските окупатори на нашата Македонија за вас е све едно како се вика нашата татковина и за вас е јасно што сте а тоа е се дефинира најдобро само со зборот предавници на својата татковина. Моите деца сигурно не ги учам да бидат безкичмењаци и слабаци туку да бидат храбри и смели и да си ја ценат и сакаат татковината која е единствена на светот и се вика од секогаш Македонија а ако сме вредни и имаме правда и сме обединети сите ќе не ценат и сигурно ќе успееме во се како нација. Уште нешто во светот постоеле многу сојузи и алијанси но ниедна од нив не опстоила напротив опстојале нациите и државите и се направиле нови сојузи и алијанси што значи дека за верата наша православна и за ништо на овој свет не би се одрекла , за името мое Македонско нема да се одречам тоа е исто како да се одречеш својата мајка и татко - тогаш за што сме се родиле да бидеме едно големо ништо за тоа мајка ми сигурно не ме родила. Да живее нашата татковина Македонија и за сите кој не ја сакаат слободно може да се отселат и да бидат странци . Македонија на Македонците Слава на сите храбри борци кои загинаа за нашата Света Земја Македонија @LollySky А за тебе што ме насочуваш да пишувам во делот за бугарски пасоши, ќе ти кажам само едно секој на овој свет има избор што сака да прави,секој знае што е добро и што е лошо и секој ќе си живее со својот избор. Ако не ти се свиѓа оваа држава на Македонците слободно извади си бугарски пасош и оди си во Бугарија и така нема многу корист од вакви безкичмењаци и кога ќе стигнеш у Бугарија можеш да им предложиш на нив да си го сменат името па слободно извести не како си поминала после еден вако твој предлог. Македонија на Македонците Слава на сите храбри борци кои загинаа за нашата Света Земја Македонија
Не мора секогаш нештата да имаат бодливака жива и ѕидови за да бидат поделени. Луѓе треба да се групираат и да живеат со тие што им одговараат, а не некој што им ги наметнува. Тоа е најбезболното решение на проблемите. Во Македонија најголем дел од Албанците сакаат да се поделат. Ете им дел и нека си прават посебна држава. Комунисти, социјалисти, либерали, атеисти што ли ти знам сакаат нивен систем на вредности и нивна држава по нивен модел. Ете им енклава и нека си живеат таму. Националисти си сакаат трета. Христијани четврта. Нема зошто некој да тераш со сила да живее со некој кој не му одговара по ниеден параметар.
А можеш и да отидеш на Марс. Со првата мисија со луѓе. Таму ќе имаш целосна слобода. Со никој нема да имаш расправии... бидејќи, нели, нема никој друг таму Сериозно? Холокаустот на Хитлер и политиките на Заев се едно и исто? Некој не научил основни поими изгледа.
Kako prvo nemoj da gi mesate poimite I da gi brkate poimite I sporeduvate nacist I socijalist koga nema vrska edno so drugo. Pred 50 I vise godini I Germanija bila nacisticka pa sega e kapitalisticka kade vladee pravoto I zakonite za site isto vazat. A Zaev ke bide najdobar politcar spored mene ako pocne pregovori so eu, nekoj sto dosega ne go napravil , tuku sakaa da ja kradat drzava I nikoj od nadvor da ne gi komanda.
На луѓето многу полесно им е да веруваат во демагогии отколку да ја погледнат вистината во очи. Знам безболно е.
Сум за промена на името и влегување во ЕУ, но Илинденска е глупост. Што им значи Илинденска? Како што не обележува? Од какво значење е во името...Име со географска одредница е најдобар избор Северна, Вардарска...Али што е тука е, ми мириса дека Илинденска ке биде, бар да влеземе во ЕУ.
Грците официјално се изјаснија дека предлогот Илинденска е неприфатлив. Ципрас уште дента пред да разбереме кој бил дискутираниот предлог си кажа дека договорот е далеку, ама вие ги слушате муртино и неговите мегафони.
Илинденска нема да биде, затоа што целата грчка опозиција се изјаснила против предлогот. Албанците БЕСА исто така. Не сфаќате дека Македонците се тие кои ќе бидат нагузени? Така ви е тоа кога ребрендирана црвена дувни ветре развигорче буржоазија владее со државата. Се повеќе сфаќам дека БЈРМ е најдобрато можно име кое културолошки не отсликува. За прославата на Илинденска Македонија Цеца или Лепа Брена ќе ни пее? Да не се чувствува југословенството запоставено малку.
Илинденска е предлог на Заев до Ципрас, Ципрас се согласил на разгледување - по внатрешни консултации, Грците го отфрлија.
I jas sega procitav go odbile predlogot ilindenska zaradi iredentizam. Verojatno otpagja.Ili Severna ili vardarska ostanuvaat ako e geofrafska, drugo nema.
Полека бе, кочи малце со патриотизмот Ај пошто не сфати, да ти објаснам. Вистинските предавници барај ги во темата за бугарски пасоши. Е тие се оние кои се откажаа од своите предци, од својата нација, од својата држава. Тие се оние со бугарски происход неколку колена наназад, по сопствено изјаснување. И друго нешто. Дозволено е некој да има различен став од твојот, ако не си знаела. Не е тоа причина веднаш да се расправаш, да навредуваш и лепиш етикети. А мојот став околу името сум го пишувала неколку пати во соодветната тема.
Македонија ја изгуби битката за името уште кога Киро Глигоров изјави дека Македонците се исклучиво Словени и немаат ништо со Античка Македонија.
Jac уште лани пишав дека ќе биде Вардарска Македонија. Грците со години не викаат Вардаска (од бановина додуше). Нас и онака ни е слегнато името Вардарска Македонија и никој нема да се буни. Се чека само да се слегнат работите, па и двете страни ќе бидат задоволни, грците ќе мислат дека по нивно не крстиле Вардарска Македонија, а ние ќе си викаме дека и така сме Вардарска Македонија и нема да се буниме.