Чоек од 2001 година медиумите не ќутат и не кријат за националноста, кој што направил. И јас се согласувам со другите дека имаме Фабрикувани Вести. И напротив дури мислам дека нашиве медиуми можда и премногу стават акцент ако некој од друга националност сторил некакво дело. Пример ете тепачка Албанците претепале група Македонци ... Доволно е , конецот е потегнат нели ?? Од 2001 па наваму дури и за најобични тепачки во училиштата јасно и гласно се нагласуваше Албанци Со Македонци....
^ Убаво кажа, Албанци со Македонци & vice-versa. Но ретко кога се кажуваше иницијаторот, провокаторот, предизвикувачот... За на крај, нормално, ние да ги понесеме тие „етикети“. Дека за сите инциденти и „’рчки“ известуваат од 2001. - известуваат. Но дека 85% од нив ги генерализираа - ги генерализираа.
Мислам дека реално немаме баш јасна слика што е вистината.Може до утре да шпекулираме. Она што знаеме е дека нашиов упуцал двајца нивни.Дали е изолиран случај од типот несогласување со упуцаниве или нешто подлабоко не знаеме.Јас лично не верувам дека несогласување настанало за паркинг,ај ова со ќеркичката пак некако,ама мислам дека они се познавале претходно. Според тоа може да е монтиран процес од рецимо ДПА,да покаже дека ДУИ не ги штити албанските интереси,у налетот на македонската офанзива,па се надеваат на политички поени.Може случајот е изолиран од такви монтажи и се случило тоа што се случило,ама откако се случиле овие срања им даваат етничка димензија,па организираат митинзи и дивеат. Може и да се работи за криминална структура у МВР со мешан етнички состав,на која не и одговараат вакви чистки на сред бел ден,па сакаат фино лепо да ја заташкаат работата со пренасочување на јавноста дека е етнички проблем,у стил една од албанскиве партии дава директива на терен да се прават овие срања у Скопје,у контролирани размери(без убиства,главно тепачки,евентуално ладно оружје). Она што е јасно е дека дефинитивно постои директива од страна на една албанска партија за вакви проблеми да се прават на терен.Тоа за нив не е никаков проблем затоа што знаеме дека од криминалци преку ноќ станаа високи фунционери,второ, за време на избори познати ни се партиските војници кои работат на терен и прават проблеми особено од албанските партии.Она што мене ме интересира е дали директивата која ја дала една од албанскиве политички партии е со цел продолжување на албанската офанзива,обид за албанска меѓупартиска пресметка или пак штитење на криминална структура у МВР со мешан етнички состав преку дефокусирање на јавноста,од типот ќе се јават кај послушните партиски војници да прават глупости,па Јанкулоска се јавува како спасител,па вадат списоци и кажуваат како резултатите на полицијата се фантастични.Во меѓувреме ќе седат на иста маса и ќе се кезат како фино им поминала таа фора у јавност.Максимално заташкување,и волкот сит и овците на број .Околу новинарството немам коментар,а со последните превземања у тој домен ќе биде уште полошо. Во недостаток на вистински вести и истражувачко новинарство ни останува само да шпекулираме.
Спојлер Начинот на кој ти се обратив беше само одговор на омаловажувањето од твоја страна на база на моето познавање на работите. Ако јас сум рекла дека поседувам општа култура од политика, тоа било само резултат на мојата скромност , каква што ти гледам не ја поседуваш, а би требало, потребна ти е, зашто знанствените квалитети од твојата област не ти се баш на ниво. Факти ти никаде не си искажала наназад, вака можеш некој друг да го плеткаш.. ти само искажуваш некакво си мислење, кое ниту вреди ниту е поткрепено повеќе од моето. И прекини мене лично да ми подметнуваш пацифизам и толеранција кон насилство. Тоа што во оваа ситуација размислувам трезвено и пројавувам анти-воен став не значи дека сум мирољубива по природа.. И ради такви како мене не сме во оваа ситуација, верувај, туку ради такви како тебе, и мислењето за 2001 ми е поинакво, околностите под кои се случи 2001 беа едно, а околностите 2012 се друго, иако исходот би бил од слична природа Е ова веќе не е до мене, м? Плавуша, бринета, мање битно, ако знаеш да пишуваш, ваљда знаеш и прашалници да препознаваш Зошто ти си мислиш дека само ти знаеш што е војна, само ти си видела, а и сега деновиве само твојата безбедност е загрозена, само твоето семејство, твоите блиски.. јас како да не сум граѓанин овде. Тоа што се обидуваш да се извлечеш на карта сожалување, тоа не вреди за коментар. А параноја јас не ти дијагностицирам, самата си ја искажуваш. Цело време спомнуваш силувања.. Јас не слушнав ништо за никакво силување, ниту на вести, ниту надвор, тоа го видов овде на форумов а за среќа излезе шпекулација.. Но кога сме веќе тука, силувања, убиства и разни други ѕверски злосторства во војна има колку и да сакаш, и поединечно поминуваат неказнети, за разлика од држава која не е во воена состојба и која уште поседува органи кои колку-толку (ова колку-толку е друго прашање и тоа е она што би можело да се критикува) се кадарни да се справуваат со такви.. суштества. Па се прашувам колкав е и-коефициентот кај некој кој си мисли дека во војна ќе биде побездеден отколку сега. После мене не ми била битна безбедноста на останатите. И клучното, муабетите како ние имаме капацитет да се впуштаме во војна и да ја истераме во наша корист во моменталната ситуација и со моменталната меѓународна политика се крајно идеалистички и нереални, е тоа е факт. Ако е така и 2001 неофицијално го добивме конфликтот, но и покрај тоа бевме седнати на маса да потпишеме договор од кој нашата страна уствари беше оштетена.. Кој домашен, обичен граѓанин е толку будала да и посакува на Македонија нешто такво пак да и се случи јас не знам.. Друго не остана да се каже.. Спојлер А ти 2010 уште од почетокот побарав од тебе да не ми реплицираш зашо и онака од прва си стоев на ставот дека вртиш празни муабети во недостаток на некое интелигентно размислување.. плус јас она што имав да го кажам одамна го изнесов, па само ме тераш да повторувам. Ќе почнам како папагал да се осеќам. Али ти продолжуваш и од себе и од мене да правиш тоа..
Пресуда за „Пајажина“ Велија Рамковски и останатите обвинети во „Пајажина“ денеска ќе ја слушнат одлуката на Судот, дали, или колку се виновни за наводите во обвинението. Судот вчера привремено им го замрзна имотот на семејството Рамковски и на нивните соработници. Со решение на Основниот суд, а по барање на Јавното обвинителство, катастарот привремено им забрани на обвинетите да располагаат со имотот. Според информации на АЛФА се работи за земјоделски парцели, куќи, станови и возила. Дел од адвокатите, решението за замрзнување на имотите го коментираат како најава за пресудата. http://www.time.mk/read/27c63fc905/e591 ... index.html Ај нека го пуштат ни фали А1
Е како се нервирам http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedon ... d-vevchani Знам треба да ги игнорираме колку мојме зошто уште толку се силат ама се нервирам
А што мислите, дека не сме во војна? Ако мислите така-се лажете. Ние сме во војна, тивка војна уште од рамковниот договор, пред тоа беше војна во зародиш. Можеби имаме органи на власт но од далеку се гледа дека немаме држава, немаме кој да ја води, кој да ја брани, кој да ја признае, па ние не сме ни народ за светот, ама тоа е, и после не сме биле во војна. Ова е јасна војна на протерување. Што мислите, до кога ќе можеме така? Ова за мене е војна која мене никој не ми дава право да ја водам. Ѓубре ни ги освои државните и јавните работни места, каде што требаше да работиме ние македонците. И такво ѓубре не тепа по улици, ни пали знамиња, ама што да очекуваш од мајмуни, ма не, тоа би ги навредило мајмуните па не би употребила животински назив, би ги рекла само гнаса и колатерална штета. Каде е сега меѓународниот фактор да ги осуди но и да ги казни за палењето знаме. И не ја сакам оваа војна каде што јас мора да трпам, сакам да се изборам за она што е мое. Сакам вистинска војна каде што ќе можеме да го истераме ова ѓубре од нашата земја еднаш за секогаш. Сакам да живеам а не да трпам! Но се сомневам дека некој би влегол во војна која онапред ќе ја предадат на туѓи цели и интереси. Што дека војуваа кратко во 2001 кога залуден им беше трудот, на крај ја оплескаа високите глави. Сакам да грешам и да го видам македонскиот народ сложен и храбар, како ќе се спротивстави и ќе им обезбеди место на живеење на своите поколенија. Зошто вака како што тргнало не очекувајте ништо добро, само полошо. Не се само последните настани причина за јас да сакам војна, тоа беше само зачин. Нормално дека на секој му е страв од војна, но кога некој ти зема нешто и те напаѓа, мора да се браниш и да си го вратиш своето, инаку си кукавица осудена на тивка пропаст.
^ Супер е сето тоа, да се браниме, и мене ме фаќа гнев, ама нема да успееме. За да дојдеш во состојба да употребиш сила прво треба да имаш развиено тактичка политика, нашите не знаат да го направат тоа не е важно дали е Груевски или Црвенковски. Зошто Србија не употреби сила во Косово кога се отцепи? А Македонија е далеку понезаштитена и послаба од Србија. Од вооружен судир они ќе добијат, а не ние, јасно ни е на сите.
Овие тензии ме потсеќаат на 1997. Само што тогаш демек немаа толку глас шиптарите оти немаше рамковен, ама се работеше на тоа да им се дадат повеќе права, со тоа кога побараа педагошки факултет на албански јазик, им дадоа без гајле. И покрај упорните протести на нас'скани средношколци, таблички и таблички јајца фрлени на владините згради, не само во Скопје на министерство, туку по сите градови, па организирани автобуси за Скопје, натписи со шиптари за сапун или гасни комори за шиптарите, на ТВ стигнуваа повикувања од владата да се смират децава и да се втратат во училиштата(како што сега Јанкуловска повикува), види чудо и покрај сета ургула тогаш со ќеф им дадоа што сакаат на шиптарите! На оние „штрајкувачи„ што ги користеа за правење лице пред народот, дека сепак бар се протестираше нели, еве не им дадовме факултет туку така, децата се бунеа ние преговаравме, и оп оп види ги ти нив големите студенти водачи во протестот за заштита на образованието на македонски јазик, еве ти ги после како си ги прибраа, та министри, та пратеници, та конзули, од Антонио кој направи драма пред камерите колку му се слошило од штрајкот па брза помош да му викнат (душичка еј, животот ќе си го дадеше да не добијат сила шиптарите ) па до другарите му Филип и Влатко. Па нека ми каже некој не беа протестите во план на владата колку да замачка очи пред народот. Е да! Сигурно! Сега кога овие како да ги наречам да не сум вулгарна, продадените, што ни мачкале очи уште кога биле дечурлија, дека се за доброто на Македонија, а всушност се било за тоа пусто столче, те такви ни ја водат државата, и што да очекува човек, албанците -дај, овие -на! Во 99та, откако јас веќе се изјаснив дека не си ја гледам иднината во македонија, мајка ми ми рече, море дете бегај од тука, оти ќе има војна и кај нас. Епа, ОК дека во нашиот крај не ја спукале во 2001, ама сепак има младина што ја собраа од кај нас да оди да брани. Мене лично многу ми е јасно се што се случуваше од 97 па наваму, па со поплавата од овие г*мна од север, па не само на оние што си ги чувавме до пред тоа, па ај и на овие сега да им угодуваме, се им беше дадено на тасна, а за нас нема леб, нема иднина. Епа ќе нема, кога сме станале граѓани од втор ред! Јас лично до некаде и се осеќам како протерана од мојата родна земја. Не, ќе глумам јас Сирма војвода, држава ќе бранам, за кого да бранам? И од кој прво да почнам да ја бранам, од нашите или од нивните? И сите што рекоа дека и да се спука пак шиптарите ќе добијат што бараат, се во право. Џабе после плукање, тие што ќе избегаат преку граница пак ќе се п***и оти не браниле земја како јунаци, а тие што ќе останат да пукаат за мајка Македонија и не дај боже загинат, пак нивните фамилии ќе осеќаат дека ги изгубиле за доброто на шиптарите!
Треба малце повеќе оптимизам, ние и вака и така сме ја наебале, ама барем да знаеме зошто сме изгубиле, дека сме се обиделе а не да трпиме и да молчиме и да чекаме да падне од небо. Има право цацко, епа што, то треба да се убие, како ќе градиме ние држава после? "ка тито ка хитлер и ка наполеон можеби не али ка тито ка хитлер чоек не се раѓа на ваа денешница...за да може чоек да команда он мора да бил в затвор, да крадел, да лажел да се тепал, неможе чоек да команда ако не бил на гробишта ако го нема она чаршичкото шо се вика. " http://www.youtube.com/watch?v=v4uNQM_S ... re=related
Рамковски осуден на 13 години затвор Поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски осуден е денеска на 13 години затворска казна во судскиот процес „Пајажина, јави репортерот на Макфакс. Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Според обвинението затаен бил данок од околу 5 милиони евра. Рамковски и уште седуммина обвинети повеќе од една година се во притвор во Шутка, а шестмина во домашен притвор. Во своите завршни зборови Рамковски рече дека против него се води политички процес и дека е осуден, уште пред да почне судењето.
Подетално: На 7 години затворска казна осудени се Хеди Рамковски, Неше Рамиз Ибраими, и Рамадан Ибраими. Братот на Велија, Амдо Рамковски, ќерката Емел Рамковска, Жаклина Георгиевски, Невин Рауф, Зоран Мицевски, Славица Маринковска, Рамадан Чичек, Бранко Пишев, добија затворска казна од 6 години. Гултен Џемаили, Дарко Перушевски се осудени на 5 години затвор.Наташа Крстанивска и Слободан Пејовски, 4 години. Жарко Стојановски доби 3,5, а Ибраим Ибраими 3 години затворска казна. Анета Кочишки е осудена на 2 години и 3месеци. Александар Дамовски доби условна казна од 2 години затвор ако во наредните 4 го повтори делото. Сите обвинети се задолжени да платат од 3 до 5 илјади евра. Предметите кои се запленети се одземаат.
Koга ќе убиеш дете невино, а си дел од власта добиваш 14 години затвор, од кои после одлежани половина сигурно ќе те пуштат на условно. АМА ако си од опозиција, притоа затаиш данок, не и плаќаш на државата, е тогаш си се заебал на велико. 13 години. Убаво ти вика владата, имаш и кампања, најбитно е да им плаќаш данок. Не е битно убиваш ли, крадеш ли, силуваш ли, дури за силување и најмали казни има, најбитно е да им платиш на нивна буџетска сметка. Зашто ако не им платиш ем затвор ем нема барокно Скопје. Тоа е ужас! Очигледно е како функционира државава, јасно е како ден, пролетен ден. Анета Кочишки како уредник доби 2 ипол години. Уф, се прашувам дал знаела и учествувала во ова затајување или несреќно е дел од целиов случај. Казниве се превисоки во споредба со другите казнувања во државава. Се е политика и само политика. Се. Ако сакаат за данок 13 години, тогаш дефинитивно не треба за убиство на дете 14. Време е за некои промени во казнениот законик и зголемување на казните. 15 години максимална казна, абе ај. Дал си сериски убиец дал си затајувач слична казна. Свашта...
Стварно и јас од секогаш сум се чудела за оваа максимална затворска казна од 15 години. Мора да се смени законот, не бива и за данок и за убиство исто да се лежи. За педофилија мислам дека е само 1 година или притвор, поправете ме ако грешам, ама стварно немам слушнато за ваков случај да е повеќе од 1 година. Него и Велија сигурно ќе го пуштат на условно после неколку години, чисто се сомневам дека ќе остане вака работата. Само за тоа ќе треба да дојде некој друг на власт.
Да ги убиеше сите во Ујп или Мвр помалку ќе добиеше, жими се. Срамота. Немам коментар. Не го бранам ако си затаил данок треба да си плати, ама 13 години не. Ако е за така господинот Цинго треба 1000 години да го осудат, тој сметки не плаќа па тек данок. Тоа и смета селективната промена на законите кај нас, закони има, да постојат, но се толкуваат и применуваат селективно.
Еееее до кај ни стигна правосудството во државава Партизирано до корен. Судиите и обвинителите марионети на власта. Кој парадокс еј, државата ни амнестира воени злосторници кои крвнички убивале цивили, а ваму лупаат затворски казни од ракав за финансиски криминал. 13 години за затајување на данок, 14 години за брутално убиство на дете на плоштад, амнестија за воени злосторници Апсурд до апсурд. Што стана со правото и правдата во државата?!?