Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Заев не е добар оратор, Мицкоски па ич, со Бранко Црвенковски никој не може да се мери во дебати и крај на приказната.
     
    На Mishela, daylight, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    Ама вемеровците најчесто одат и тоа на Халкидики , на погрешно место го кажуваш ова ..
    Оди во вемеровски штаб можеби ке ги убедиш да не одат повеке на Халкидики :inlove:
     
    На Yowannty, makedonkamak, celineparis и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    Бранко Црвенковски нема конкуренција !! Политичар од светски калибар , овие за него се пиончиња ...
     
    На makedonkamak, cresa-jagoda и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    ^ @Mamli Te гледам вака дека немаш мрднато подалеку од родното градче, секој твој муабет за Грција се заснова на она другите што рекле, други како поминале, други какво искуство имале, на тв што си начул. И нема поента да се разговара со тебе понатаму . Позз
     
    На Yowannty, makedonkamak, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Ni Dojran nit Treska doma pred pc treskaat pobajagi-sitnije Cile sitnije naucime na hitnije,...pokazi mi najbitnije:D(facepalm)

    Aj be na nase more-Jadran sin,bistar. I taka site Srbi se v Grcija,sledno navamu(poolparty):sun:
    Tamu sVe e na makedonski i kaj gazime patot ke ni go baknat,ama vaka bi bilo koga mali Dzokica bi bil glaven i bi gi sravnil s's zemja Rusite.
    I vo Grcija i na JADRAN i na Zlatni Pjasci i nagore i nadole od pesocite Rusite Ruls:rock:
    Spasiba,privet.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Народот отиде да преговара за името. Леле па вие какви сте ништо не разбирате . (се шегувам) :^)|(:lol::!:
     
    На Rama, cresa-jagoda, CaraMia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Да се вратиме на темава.

    [​IMG]
     
    На Abeja, kikikikirika, ADOKI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ај остани и живеЈ..со Васето.
    Мицковски да беше саглам ќе обединеше до сега.
    Мене страв ме фаќа од ваква опозиција,Заев ќе застрани.
    Дајте некое арно дете зашто.отидовме од рака сите
     
    На daylight, Yowannty, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Мицкоски е продолжена рака на Заев, вчера малку глумеше лудило да не е толку очигледно :).
     
    На daylight и Justicija им се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Васето јаде трици против СДСМ, затоа што на времето не го ставија генерален секретар, па сега им се одмаздува.

    ШУПОТЕЈЌИ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА

    Република Македонија и македонскиот народ, синоќа по подолго време се обединија околу една работа. Се обединија околу своите ТВ-приемници и од 20 часот, без здив го проследија двоиполчасовниот прв ТВ-дуел на политичките противници (лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДС), што се случува по цели 20 години, односно по легендарниот „ти пиеш по литро виски и шмркаш кокаин насабајле, а ти си лудак кој кршиш се по дома“ на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.
    Очекувањата од ТВ-дуелот на Христијан Мицкоски (ВМРО) со Зоран Заев (премиер и претседател на СДС), беа и се остварија дека се работи за интелектуална, па ако сакате и цивилизациска разлика меѓу овие двајца. Или како што започна дуелот, бевме сведоци на судир на еден трипати аболициран-за-криминали лик (Заев) со човек за кој од приложеното може да се види дека е од кршење на закон, прашање и дали некогаш не врзал појас кога возел автомобил.

    Па, така, на една страна видовме човек кој од претходно за себе вели дека е „црпнат од нивата од страна на Бог“, но и интелектуално-културолошко џуџе со примеси на класичен сељачизам и психо-патолошки лажго. Но, очигледно и за човек кој е свесен дека за се што прави има силна поддршка од „големи батковци“ (читај: странци) и затоа не му е гајле за сето тоа што ќе го каже и направи, без разлика дали било вистинито и дали е на штета на една цела нација, општество, држава…

    На друга страна, пак, за нас многумина непознат универзитетски професор, политички дебитант, но интелигентен, прибран, добро поткован за поголем дел од темите, ама и човек, кој исто така се забележува дека е свесен и му тежи одговорноста на претседател на една меѓународно урнисана, уценета и подгазена политичка партија и на кого се чека да направи макар најмал излет кон национална тема, за да му се налепи етикета дека е како неговиот претходник кој деновиве е мета на бришење под во собите на македонските судови (по своја вина, се разбира!).
    Дваипол часа гледавме како едниот, од позиција инсталиран премиер, -лаже и суши- без пардон („не сум се возел во мерцедесот на Груевски“), говори небулози („минус запирка еден запирка три“), се губи во простор и време („кој бе лажеме, не се сеќавам“), користи офуцани српски досетки на источно-македонски дијалект („Киша око Крагуевац“), прави гримаси со кои покажува дека се работи за емотивно и психички нестабилна личност… Но, сето ова го знаевме сите, па и го очекувавме.
    Сепак, и таквиот црпнат лик успеа за момент да му зададе силен удар на својот политички противник, а во однос на непотизмот, кога по повеќе обвинувања, Мицкоски призна дека кога почнувал како асистент, меѓудругите, му асистирал и на својот татко, сега пензиониран професор на Машинскиот факултет во Скопје!

    Сепак, во детали за секоја од темите на разговор, сметам дека е неважно да се влегува, бидејќи, како што напоменав, разликата во познавањето и хендлањето со фактите, бројките и доказите беше далеку на страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и тука, ако многумина милуваат да прогласуваат победници, може да му се додали чиста победа. Но, што фајде од тоа?

    Мене сериозно ме загрижува тоа што Мицкоски, како лидер на ЕДИНСТВЕНАТА македонска политичка партија, нема (или барем не покажа) макар и малку поцврст став за преговорите за името (како што самиот кажа: „за распродажбата на националните интереси“), но и за договорот за добрососедство со Бугарија (недоволно е да се каже само дека истиот е „асиметричен“, бидејќи тоа не им значи, ниту го разбираат собраните пред кооперација во велешкото село Слп), а не ја ни спомена т.н. „Тиранска платформа“ и реперкусиите по државата (кои се далеку поголеми од сите други превземени „акции“ на Владата на Заев), ниту дали и зошто е „за или против“ конкретниот предлог „Илинденска Македонија“, кој очигледно ни стана сега почетна, а не последна точка во преговорите за македонско обезименување.
    Не верувам дека нема став (поготово што минатата недела даде добра изјава „Мене лично ми се допаѓа Република Македонија“), туку очигледно е дека на Мицкоски му тежи меѓународниот притисок (верувам и закани) да и биде конструктивен на оваа „Влада за разнебитување на се што е македонско“, па се однесува како да „гази по јајца“ во однос на овие, сепак, за нас Македонците – теми од животно значење!

    Од друга страна, разгоропадениот премиер Заев, според нему омилените српски фрази, се однесува по принципот: „Будала се поносим са оним чиме паметан се стиди“ за националните теми и се гледа гордост и воодушевување во неговите очи кога говори колку е подготвен и тргнат во поход на уривање на македонските национални интереси. Едноставно, тој е екстатичен во улогата која некои други му ја доделиле, но и верен да исполни се од зададената агенда.

    Затоа, да заклучам, Христијан Мицкоски, во ова време на урнисано ВМРО-ДПМНЕ (однатре, но и пред се однадвор), се гледа дека е квалитетен и кадарен лик кој може да ја предводи партијата во нејзиното враќање во живот. Тој е во секој случај далеку подобра алтернатива од Зоран Заев за претседател на Владата на Република Македонија. Си направи основа за митингот на 2-ри јуни, па да видиме само дали неговата порака допре до поголемиот дел од неговите (разочарани) членови, но и до обичните Македонци и други народности во македонската држава, загрижени за правецот кон бездната во која ги води Заев.
    Но, се плашам дека шупотејќи за круцијалните теми за спас на Македонизмот, Мицкоски како повеќе да се наметнува како алтернатива на странските батковци, а не на македонскиот народ и тоа ме загрижува, бидејќи очигледно се работи за нова политичко-општествена парадигма која се наметнува како патерн за иден предводник на Македонија, но не и на македонската нација … ако истата ја остават да постои во иднина!

    Пишува Бобан Нонковиќ
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    @Mamli те оставаме во твоите бујни фантазии да си фантазираш заедно со Ефтов и тој Нонкович :rofl:
     
    На lovestoneddd, bile454, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Разбирливо, сите постови, коментари, текстови, колумни денеска ќе бидат посветени на вчерашниот дуел помеѓу Мали Ѓокица и Професорот.

    Разбирливо, Миленко традиционално не е “сите“, па и колумнава нема да е како на другите.

    Трите претрпразнични денови од почетокот на оваа седмица за мене се окарактаеризираа со многу поголема порака, отколку поразот што на дуелот го доживеа створот – кроткоебец, чив говор на телото не можеле да го истранеираат никакви робертпоповци, “странци од повисоко“, цацковци, коковци и слични национални предавници.

    Имено, минатите три дена, во комплетен сјај, се покажа мојата констатација дека Македонија е окупирана, а Македонскиот народ е поробен.

    Странскиот окупатор предводен од намесникот Џес Бејли, и домашната “Мали Ѓокица“ квислиншка власт, без криење, без срам – напротив вулгарно, грубо и силеџиски ја покажа својата сила, моќ и намера.

    Ние сме окупирани. И од тој податок нема бегање.

    Во нашиот “народен дом“, лани без да реагира дури и собранискиот спикер Трајко Вељановски, се пееше странска, иредентистичка, големоалбанска химна.

    Трите години пред тоа беа одвоени за проект во кој Собранието нема да е битен фактор, ами за “народните“ прашања ќе решава група од 4 поглавици вонинституционално, против уставно и незаконски.

    И така, дојдовме до вчера, завчера и прекчера.

    Човек криминалец, три пати аболициран (Мицковски би рекол “не сме исти“), при инфлагрант аудио и видео докази каде бара мито, и посочува каде, како и колку треба да му биде исплатено е прогласен од судот за невин.

    За да 48 часа од констатирањето на невиност на Мали Ѓокица, беше осуден поранешниот премиер за набавка на блиндиран автомобил во кој толку здушно се возат сите. Да, да сите… Од внуката на Заев, преку самиот Заев кој му наби километража како таксист од Њу Јорк, до помалите фигури од типот на Хан, Меј, Борисов и слична дребулија. И тоа, пресудата е од судијка што во минатиот режим важеше за блиска до Сашо Мијалков, важеше за дел од Сваровски судството и беше довлекувана од одмор во Турција во Скопје за да му пресудува притвор на Зоран Заев. Осудата е за застарено дело, на веќе аболицирана особа, за дело конструирано од набавка на нешто што било преко потребно! И кое е во секојдневна експлоатација.

    Овие потези кои покажуваат дека нема што некој да е виновен или да не е виновен, ами кој и колку треба да лежи решава намесникот на окупаторската власт, ни ја покажаа сликата што ќе следи се додека овој режим не биде срушен, уништен и погребан, а злосторниците не бидат зад решетки, кога веќе законот не предвидува смртна пресуда.

    Владеење на губернатор од страна преку квислинг од внатре, е карактеристика на окупирана држава со поробен народ во неа. Окупаторот нарочно, јасно и гласно, и пред се јавно, покажува дека е он ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНА во нашите овоземни животи. Дека ОН, окупаторот, може да суди и пресудува кого сака, како сака и кога сака. Исто така, како ќе му прдне, може да ослободува, помилува, поништува пресуди.

    Само во окупирана држава, каква што е Македонија, малцинството може да има повеќе власт, моќ и сила отколку мнозинството. Само во поробена држава може да има ваков верско-национален и политички апартхејд. Сведоци сме дека без срам и отчет, надвор од сите правни и човечки норми, од затворите и притворите во Македонија се ослободени СИТЕ исламистчки радикални терористи, убијци и монструми. Сите, до еден. Убивале нечии татковци, синови, браќа. Убивале деца, тинејџери… Убивале официјални претставници на власта на официјална држава. Сега шетаат слободни, а едниот од најголемите гадови и злосторници дури е и втор човек во државата гласан од разни павлебогоевци и горанмисовци. Спротивно, сите што биле патриоти, што си ја бранеле државата 2001-ва или 2017-та сеедно, се во зандани, и абер нема од нивно ослободување. Дури и оној кој има можност да стори нешто, Претседателот Иванов, во врска со патриотите Горан Ангелов, Игор Југ, Дедо Панче и други – е нем. Затоа разно-разни“команданти“ се ослободени и дадено име гориво во нивните иредентистички политики.

    Еве пред сите нас сега е сликата на ослободените исламските терористи кои починиле крвави злодела, а спротивно сликата на патриотите што со истетовирани крстови и Богородици на градите гнијат во зандани. А ниту некого утепале, ниту против правниот поредок атакувале. На слобода се и сите учесници на антимакедонскиот пуч во Собранието, на чело со сите членови на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ.

    Имаме пресуда од 9 години за Џон Доу од МВР кој набавил нови возила за полицијата! Што ли требаше? Шиптарските екстремисти да се гонат со Југо Корал или Голф “кец“? Истиот е осуден со уште 6 години за набавка на блиндирано возило кое е според сите стандарди на европските држави, друштво кон кое, нели, се стремиме. Газот ќе го дадеме за ЕУ и НАТО, ама “Мечката Слон“, која според параметрите на државите од тие асоцијации одамна ќе беше претопена како старо железо, не ја даваме.

    Да заклучам. Ние не сме во ситуација да тврдиме дека “немаме држава“, дека “изчезнавме“, дека “готово е“: Не, ние едноставно сме ОКУПИРАНИ.

    И, како и во секоја окупација страдаат и се судени и осудувани патриоти, родољуби, стамени луѓе, непоколебливи и нескршливи.

    Ние, луѓе, сме окупирани. Секоја окупациска власт е насилна, неправедна, нечовечна и неразумна. Со таква власт не можеш да се убедиш или да дебатираш.

    Кога си послаб, а ние сме сега многу послаби од окупаторот и квислинзите на власт, единствениот начин на борба е партизанскиот. Секако, под партизанска борба во 41-ва се подразборале Тихи и Прле, ама сега се подразбира Сноуден и Асанж, Анонимуси и ФБ, Твитер и Инстаграм, Јутјуберството… И се така додека некоја друга голема сила не реши дека територијата на православниот Балкан за нив е еднакво важна како и за окупаторот. Па тогаш “новопартизаните“ да добијат посилно оружје и алатки за уништување на окупаторот и квислинзите. Оти сеуште се свежи сеќавањата на судбината на армијата на Царството Бугарија, на германската Група армија “Е“ и на Мане Мачков за време на окупацијата во Втората Светска војна.

    Шансата да се очисти државата од политичкиот и квслиншки шљам ја испушти Ѓореѓе Иванов вечерта од 27-ми кон 28-ми април лани. Тогаш се виде неговата. Оправдувањето е дека од Бонд Стил ќе дошла спремна група мариници за да преземта контрола. Тоа, нели, по дефиниција е и ВОЕНА окупација. И, Хорхе попуштил! И, бидејки имал “разумен компромис“ што е сега, на една година по тоа, добивката од таа стратегија на неговите советници Борис и Синиша? Поробена држава и понизен народ?

    Смрт за окупаторот – слобода за народот.

    Пишува Миленко Неделковски
     
    На ADOKI, sjdgo и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски

    :rofl::rofl: Каква програма бегај таму! :rofl:, и Фрчково е опасен за дебата :rofl:
     
    На Justicija и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  14. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.807
    Пол:
    Машки
    Кога има изјава или политичка дебата како Заев vs Мицковски едно ми е мн интересно. :lol:


    Скоро у секоја реченица се изговара "... за граќаните на Република Македонија" :doh:

    У просек одзима 2.5 до 3 секунди во зависност од темпото на говорење и дава волумен на мислата.



    Пример: "Подобар живот за граѓаните на република македонија"






    RUN за граѓаните на Република Македонија RUN
     
    На daylight, Justicija, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Сте запазиле многу ситници.
    Едрите работи сте ги прескокнале.
    :)
    Ама,не е да замери човек.
    Давеникот за сламка се фаќал:)

    Ако,гледајте,анализирајте,можеби и ќе дојдете до.вистинските одговори ЗОШТО се распадна опозицијата:).
    Дај Боже побрзо да се консолидираат зашто секоја апсолутистичка власт е О П А С Н А:)
     
    На daylight, realGirl, bile454 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    Фрчко до ден денес има големи фрустрации што го победи еден Хорхе :rofl:
     
  17. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Дури се повлече од политика од еден Хорхе:rofl:.
    Шала настрана, интересен е за дебатирање, до душе малку вулгарен, ама не е досаден за слушање, вчера на сред дебата заспав:|.
    Се гледа навежбани беа, како договорени однапред, немаше никаква динамика во дискусијата.
    Ја ви Велам Мицко игра за Зајко, ама не ми верувате:rofl:.
    Ќе се уверите кога нема да остане ни В од Вмро :rofl::devil:.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    2.233
    3начи искрено не можам да ра3берам која Пародија од народ сме 3начи денес кажаа накај 15 илјади граѓани ја поминале границата со Грција, а викаат Грците вакви, Грците Такви, тоа ме нервира ова лицемерство кај народот.3начи уствари и генерално сме ѕа промена на име со исклучоци, 3начи чим идеме и ги трошиме таму парите дефинитивно нека се реши спорот, башка што 80 % се иде таму на одмор.
     
    На Unique__, makedonkamak и Justicija им се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.780
    Пол:
    Женски
    IMG_20180524_012243.jpg Батко Мице -најдодениот Вардар :D
     
    На DAngel, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Каква дискусија на двајцата косовари. Колку добар аргумент од страна на едниот, при што другиот се откажа од дискусијата. Барем да им дадеа боксерски ракавици пред дискусијата. Дали се сериозни??? |( (facepalm):?: