Подлогата не е стаклена. Ќе ја запреа до сега, ако не чинеше. Иначе, реформите се прават одвнатре, да, ама нам ни требаат Евро-атланските стр. заради сигурност на економијата и инвестициите. Никој не инвестира, во држава која не нуди гаранција за профит, туку ризик од пропаѓање на инвестицијата. Знаете, светот не размислува во рамките на денешните граници, нема потреба. Со напредокот на технологијата, цела планета стана еден пазар и сите се со еднаква можност за успех/пропаст.
Колку плата земаат советниците на Заев. Правда https://plusinfo.mk/ексклузивно-список-на-платите-на-сите/ Ете така Цветанка Ласкова и пар балисти со платичка над 1000 евра. За нив стигна животов.
Мицкоски: Капиталните инцестиции се на катастрофално ниско ниво Напишано од Плусинфо - 28/05/2018 21:39 39 Share on Facebook Tweet on Twitter Оваа ненародна влада на чело со Заев мора да замине час поскоро, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на партијата во Тетово. Мицкоски посочи дека капиталните инцестиции се на катастрофално ниско ниво. -Денес излегоа податоците за капиталните инвестиции. За четири месеци владата има два и пол пати помалку капитални инвестиции од она што го сторила претходната влада истиот тој период лани. Значи го полнат буџетот со парите граѓаните, но не го трошат за капитални инвестиции што ќе значи раст на стопанството, туку за други непродуктивни трошења. А како го полнат? Собрале 23 милиони евра повеќе врз основа на акциза, а таа е акциза е онаа што ја покачија на почетокот на годината. Значи директно од џебот на граѓаните преку поскапување на горивото, одат во буџетот, кој гледаме како непродуктивно го трошат. Тоа е истата акциза за која ВМРО-ДПМНЕ бараше да се укине, а власта го одби предлогот – истакна Мицкоски. Тој додаде дека данокот на добивка се полни со инвестиции направени од претходната влада. – Втората ставка по која што исто така ќе се пофалат е дека собрале повеќе средства во основ на данок на добивка, ама забораваат да кажат дека тие 25 милиони повеќе што ги собрале споредбено со минатата година се токму оние средства кои што „Џонсон Мети“ ги уплати во Буџетот како данок на добивка. Откако некој претходно успеа да го убеди „Џонсон Мети“ да дојде во Македонија, да инвестира, да вработува и да стопанисува десет години и откако му заврши повластениот период да не плаќа данок на добивка, ова е првата година кога Џонсон Мети плати данок на добивка. И тие средства сега се уплатени во Буџетот на Република Македонија – кажа Мицкоски. Тој објасни дека „оваа криминална власт не само што не работи туку и прави штета на граѓаните. Картелот на власт не само што ја носи државата кон економски пропаст и банкрот туку нема реализирано ниту еден проект, ниту пак има најава за започнување на некој проект“. – Ние ја викаме Влада за еднократна употреба или Влада само за едно прашање, тоа е суштината. Ќе речат на крајот од нашиот мандат просечната плата ќе биде 500 евра. Ама забораваат да кажат дека издале документ кој се вика фискална стратегија каде и што предвидуваат во 2018 година просечната номинална плата ќе расте за 4%, а во 2019 и 2020 ќе растат 4.4% соодветниот период. Или ако ја видиме просечната плата во 2017 која што изнесува 23.850 денари, со овие покачувања кои што економијата ќе ги генерира на крајот од 2020 година под услов да немаме предвремени парламентарни избори, просечната плата ќе биде околу 27 илјади денари. Повторно кажаа и повторно излажаа, а ветуваа 500 евра плата. Имаме влада која што лаже, ама додека лажи суши од лажење, ете тоа е ситуацијата со која ние се среќаваме во економијата – истакна Мицкоски.
Подлогата е стаклена. Затоа што, за една земја да стане членка на ЕУ, треба да исполнува одредени услови. Мора да ги почитува принципите на слобода и демократија, човековите права, основните слободи и владеење на правото. Тука ич не ни оди, а особено ова последново. Потребно е да се исполнат и многуте услови од Европскиот совет како на пример, еден од поважните е Функционална пазарна економија. Што значи, државите кандидати за членство, мораат да формулираат сопствени национални стратегии за развој, во кои би била вклучена Регионалната политика на ЕУ. А со цел ублажување на постоечките разлики и целосно искористување на развојните потенцијали кои се отвораат со влегувањето во ЕУ. Ова, само дел. Што Македонија има од ова? И што Македонија прави во врска со ова? Чекај. Да пројде деценија. Ќе влеземе тогаш во Еу, па ќе го коментираме напишаново.
Баш прави. Го објаснав и погоре, но не го разбра изгледа. За да стигнеме до неканов позитивен економски раст, ни требаат инвестиции. Бидејќи Македонија, сама, не нуди доволно услуги и добра надвор, а повеќе увезува. Ние немаме што да понудиме ни во добра, ни во пазарот на трудот, а мораме да ја дигнеме економијата. Е како тоа ќе го направиме? Со тоа што ќе привлечеме инвестиции. Како? Со промовирање на стабилна економска зона, преку вклучување во Евро-Атланските структури. Е после тоа имаш, благ пораст, позадоволни граѓани, и простор за промовирање на нови идеи. Значи пази сега, многу битно! На празен стомак, луѓето не размислуваат за ништо друго, освен како да се најадат! Затоа, ќе бидат нахранети, па ќе почнат да гледаат околу себе дека има многу други проблеми во државата, освен храната! Луѓето ќе имаат можност да развијат интерес за битните работи во државата, и реформирањето ќе се случи, (фигуративно) само од себе.
Ти ништо не објаснуваш, туку генерално зборуваш глупости и размислуваш како основец. Како сакаме ние да видиме просперитетна економија и реформи кога 90% од членството на СДСМ не може да го преболи Тито и Југославија и сеуште веруваат во тој економски систем на вредности, а сакаме во ЕУ? Ако сакаме да одиме економски напред мора да расчистиме со комуњарството и транзициски партии и политичари како СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го почна тој процес, но беше меко и неефективно и ги потцени удбашите. Нам ни треба нова генерација на модерни политичари што ќе влечат непопуларни потези и болни реформи за да имаме некоја перспектива и резултати во иднина, а не да гласаме социјални мерки и да промовираме социјалистичко паразитство.
"Преспа е еден убав град во Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола" Седи, кец. https://sdk.mk/index.php/makedonija...mentirajki-gi-najavite-za-severna-makedonija/ Од другите бисери, ја издвојувам најавата дека новата изборна програма на дпмне се вика "Нов Завет". Нов Завет. НОВ ЗАВЕТ!!!
Бисерите се ирелевантни во компарација со тоа дека 2 часа бришеше под со премиерот Заев. Многу поважна работа од бисерите на Мицкоски е напредниот договор со Бугарија кој толку многу Заев го фалеше, а допрва ќе ни влегува пополека. http://emagazin.mk/vesti/vest/49506...-svesni-za-bugarskata-pozadina-na-postoeneto- Од секаде ни стигнуваат пријателски поздрави.
Како најдојден Вардар , со една цел , да ја ослободи Македонија од канџите злобниот сатански, муртински, зајак наречен Црпко Црпкосан и да ја издигне како што некогаш античките владетели ја издигнале нашата едиствена МА-КЕ-ДО-НИ-ЈА!!! Спојлер Искрено не сум ни изненаден , знаете она кога после толку глупости што ќе видиш и си во фаза каде што ти е сеедно , онака слушаш вести и немаш никаква реакција , ни смеење , ни плачење , ни гнев , апсолутно ништо , како да ти ја утепале душата , нешто кога ги гледам сликите Адоки што ги постира во темине.... Така да why the fuck not , нека има и нови и стари завети , нека земат и како Исус да се облакаат , why the fuck not , и така све е веќе отидено у три лепе...
Смешни и досадни се овие од ВМРО на чело со Мицко. Дури Амди Бајрам е похаризматичен од овој потрчко на Грујо.
Ми стигна плик бел, фино- лепо оставен пред врата, без никаков податок. Се чудевме што е и оп кога отворивме- Драги, браќа и сестри! Владата на Зоран Заев итн... Погодивте, Вмро е во прашање. Добро, улави сте Вмроовци? (се плашат дека нема кој да им го прочита ремек делото)
Бреееј. Чирот ќе ви го скинат. На моја врата сто пати имаат тропнато членови на СДСМ или оставале флаери, па што. Голема работа. Тоа е дел од политичката пропаганда секаде во светот. Ваше е дали ќе прифатите или не.
А бре овие комуњариве што мислат дека луѓево имаат телешки мозок... Нафтата во Македонија била за некој цент поефтина од онаа во Луксембург Еј пусти вие како не ви се осуши раката кога кружевте!!!
Ваше е тоа, срцка. Не се врејЃај, молим те. Бисерите се ваши, само не знам со кој очилЦа во мојот коментар виде спомнат З.З? Ако ти беше поентата даменавредиш си се зезнала срце, не се вреѓам од туѓи срамотилоци и криминали како врмроооскитееее. Ај, бај сега, океј. Мож , ти си била анонимниот вмрсоки писмоносец од врата до врата