Не им е толку од желба, туку ради сервилност, менталитет на послушност и немање свое "јас". Како што кажува моја колешка: "Ти се јавува од штаб, ти вика да одиш, и ти мора да одиш, што ќе правиш".
Toчно ги има во огромен број и од двата примера, мојот и твојот. Да не знаеш кое е пожално. Дали гладниве или модерниве робови.. Не можат да сфатат дека за нив се само бројка, не ги гледаат како луѓе,туку како гласачки материјал. Се сеќавам пред некоја година една пријателка на мајка ми, со 40 температура ја натераа да иде на митинг, не се сеќавам у кој град беше. Прашањето од раководителот на овдешниот квази штаб беше, дали знае дека ако сака да ја запослат ќерка и ,мора да има присуство на сите настани. Тоа натераа можда треба и да се преформулира. Не може никој да ме натера на нешто што не сакам,ама еве она со 40 темп. отиде. Не можам да разберам ама не сакам ни да осудам.. Пре ќе ги сфатам таквите, кои се одлучиле на таков начин да дојдат до заработка за парче леб, и да си ќутат. А не како пациентите што ги има тука и на форумов да ме убедуваат како цутела мкд економија во времето на паторот, како се градело , се запослувало,како се жртвувале за државата и ред други небулози. Жално у секој случај..
Вие, што бевте вчера на протестот, дали Вардар надојде?! Дали Вардар со факти и аргументи објасни како ќе ги сопре погубните политики на оваа Влада?!
Јас го проследив митингот како што и секој друг го проследувам (малтене сите митинзи ми се пред факинг влез) и се чуствувам дека можам да дадам една кратка анализа. Не беше исто , мора да го посочам тоа, фали тој шмек хумористичен што го даваше Амди , тие патриотски закани морално ги инспирираше Ќосето , па и единствениот единствен Грујо да даде некој величествен говор за доброто на Македонија.... Ама Грујо на Свадба отишол инаку па затоа не дошол. Тоа е Тоа Знаете ли што ми е најубаво кај Македонија. Кога ќе те осудат во затвор од 2 год и плус уште други обвиненија што чекаат и наместо во затвор ти идеш на разни свадби , свечености , држиш митинзи и се сеташ слободно низ Македонија. YEAH MACEDONIA , GOY GOY MACEDONIA ,YEA YEA YEAHHHH , FUCK YEAAAHHHHH А да и патем бидејќи ми текнува колку критики даваат вмровците како сдсмовските предавници после митинзите оставале многу ѓубре и не се грижеле за околината или што знам што. Поздрав
Јас покасно се пуштив на интернет и не сум информиран али само сакав да прашам, вчера на протестот колку миљона присутни имаше ? RUN
Не биди сигурна во ова сите луѓе што беа вчера на митинг беа мотивирани од лошото владеење на СДСМ, никој ни ги терал, а ни пак сакале да го видат Скопје пффф.
A Што сега опозицијата намерно ке одат контра со Иванов да не се најде решение со имево.? Против Европа и Сад ли ке одат, они рекоа мора решение да се најде за стабилност во регионот, многу добро знаат дека ги тргнаа од власт и им го открија криминалот што го правеа 12 год? Пак ке се вадат ли на Квазипатриотизам? Кога ќе сватат Државата самите ние од внатре си ја јадеме, младинава све избега, остана една партизираност само од Вмро и ако оди во штаб цело време ке го вработат партиски. Така ние фукционираме уназад, за жал.Консензус за името Заев треба да најде и после да работи на внатрешен план, ако не почнеме преговори нели сваќааат тие луње што биле таму, внатрешно ние ќе ја разјадеме државата уште повеќе.
Дури и најголемите комуњарчиња, шарени куртончиња и новинарчиња признаа дека ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше феноменален и моќен протест. СДСМ и Проливер заедно со МВР направија погрешни безбедносни проценки и извадија многу помалку полиција на улица, затоа што очекуваа неколку пати помалку народ. ВМРО во време на масовна реперкусија, апсења, заплашување на целото раководство на партијата и со едвај 3 општини под нивна контрола извадија десетици илјади граѓани на улица. Заев лаже, па маже. Од аспект на естетика, организација, обезбедување, ред и дисциплина ова беше еден од најдобро организираните протести во модерна Македонија со што новото раководство покажа дека има сили и знаење да спроведе една масовна манифестација. Немаше алкохолизирани лица, непристојно однесување, панаѓур атмосфера, навреди или обиди за инциденти. Имаше од секој ешалон присутни граѓани коишто на достоинствен и мирен начин го изразија своето незадоволство. Се спомнаа Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и никој не свиркаше или навредуваше, а верувам шарените куртони тоа го чекаа со задоволство, но не го добија. За хигиената и ѓубрето нема што да додадам, но и после секој фестивал има куп ѓубре, па не гледам на некој тоа да му смета или да исмејува.
Многу бр3о сакаат да се вратат на власт ВМРО ДПМНЕ. Добро дали мислат дека овој народ е ретардиран , будала или слично?,.Дали мислат дека толку бр3о се 3аборави што направија. 3ашто 11 години катастофална им беше надворешната политика, нити најдоа некакво решение нити јавно се обидоа да се види дека се 3а Нато и ЕУ?. Не туку повеќе им одговараше да не се најде решение 3а да бидат самостални и се види дека праеа што сакаа на чело со мафиите нивни и би3нис 3делките. Овој народ виде што направија, барем дел од нив инсталираа нивни партиски пиончиња и мислеа цела работа 3авршија, државата ке се тера кој неможе ке фаќа бел свет, станавме Бугари од сосптвена држава. Таква политика видовме дека е погубна и овој народ треба да се освести затоа што не може да понуди тоа што вистинско и е потребно на оваа држава. Оваа држава ако саакаат да ја биде и ако се вистински патриоти ке дозволат да се почне преговори со ЕУ за да застанеме на здрави нозе оваа држава да биде правна да нема корумпираност и многу други работи коха ке ги усогласиме со европските, затоа се почнуваат тие преговори. Тие преговори ако не бидат лицемерни ке дадат согласност 3а решението со името, и ќе дозволат вистински оваа ДРжава да заличи на Европска држава. а
Акција на македонските специјални единици Тигри во тетовско. Едно лице е убиено. https://republika.mk/923875
Знаете дека Грујо сакаше да се откаже од политиката , заради сакал да биде стенд ап комичар после легендарниот виц што го кажа на митингот :- Зошто му се на Заев црвени очите ? - Заради што слушалките не ги ставал во ушите туку на очите . И секако после овој смешен виц мајка му Нада а и останатите роднини и пријатели го бодреле во идејата да се бави со комедија (трагедија) Ништо не може да ме натера да гласам за вемероооо вемерооо
Приказни од булеварот: „Во инбокс ми дојде оваа порака, од дете со еден родител и просто не ми се верува: Јас дум дете со еден родител.Мајками работи во стокомак за 14000 и живееме на25000 месечно.Сакав да ставам протеза више долго време,но ради финансии не можев и сега кога дознав дека може на рати да се стави закажав се на специалист во државна да ми стави протеза.Арно ама они во државна установа за да платиш на рати прифаќале само дајнерс клуб картичка и ниту една др картичка од др банка.Мажот на шекеринска е директор за дајнерс во македонија.Значи му испаѓа работава дека сакаат комуњариве да си шрават профит во државна установа и заради тоа некој не може да си стави протез.Дајнерс картичка тешко се зима и мн се заглавува со неа.“ #МонополЗаМоќните“ BoboDajners like this
Ako ова е вистина, ниту еден разумен гласач на сдсм, меѓу кои сум и јас, нема да го оправда или да замижи пред овој чин. За разлика од вмровците, реални сме и размислуваме со своја глава. Кога нешто не чини не чини. Кога за 11 години еден гласач на вмро прозбори против нив ? Да одговорам место тебе ? Никогаш. Они за вас беа идеални и ќе останат.
Па не гледам баш и дека некој гласач на СДС јавно прозборил против СДС. Еве дај ми линк од некој есдеесовец што напишал Public пост на фејсбук каде што ги критикува СДС? Еве Влатко Васиљ на пример нема гукнато ништо против СДС. Во секој втор пост уште плука по Груевски. Напиша ли некој есдеесовец нешто против Заев и евро за Вицето на пример? А толку ревносно плукаа со бомбите на Заев. Каде е доблеста да речат ок и Заев направи кикс, и тој е човек, корумпиран како и секој друг македонски политичар.