Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    За гласачи вика општо девојката, гласачи - не ни симпатизери, а камоли функционери што се пикнаа во Влада. И скроз е во право, куп обични луѓе што гласале за СДСМ лом ја прават новата влада, додека вмровците остануваат во глобала со ист мајндсет, Мицкоски сега им е нов Бог.
    Не ти требаат линкови, не верувам дека не си приметил ти кој си толку активен по социјални мрежи. Ама многу те погоди Истанбулската конвенција (што е едно од малкуте позитивни ствари кои ги направија досега) исто како Мамли, па така ти одговара сега.
     
    Последна измена: 5 јуни 2018
    На makedonkamak, JuLleE, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Прелистај ја темава, па самиот види колку постови има од нас гласачите од сдсм, во кои пишуваме што не ни се допаѓа, за што сме се излажале,за нашата претстава како би било и како е..Ќе наидеш на постови и од мене и од мн други членови кои сме свесни за ситауцијата. За 11 години не видов еден лош збор од гласач на вмро за нивното владеење. Ниту еден !
     
    На makedonkamak, JuLleE, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.244
    Пол:
    Машки
    @Someonespecial не велам дека не е во право @lovestoneddd , само ете ме интересира дали некој есдеесовец јавно ги искритикувал есдеес. Анонимни постови на форумов ми се еквивалентни на фантомските профили на фб и твитер што ги има и кај двете партии. Ако има некој болс, нека пише јавно на фб од личен профил да видиме. Јас сум ги критикувал и вмро и сдс, и на форумов и на фејсбук и на твитер. Ниту сум пристрасен, ниту имам некаква корист од било која партија.
     
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Ѓубре од човек. Овој Тричковски треба да си најде другари, пријатели, љубов во животот за да види што е среќа.

    [​IMG]
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Баш пред 15тина минути им лепнав етикета (СДСМ-килава).
    Редовно секој ден си ги критикувам, исто како и ВМРО-ДПМНЕ на времето.
    И не гледам повеќе причина да ти се правдам и тебе, а и на било кој друг.
    Мило ми е што и на форумов и на фејсбук, твитер, има доста прогресивни луѓе кои не се купени од ниту една партија.
    Циничните ќе речат дека критикуваме затоа што ништо не сме добиле, ама тоа е, едноставно сме со друг ментален склоп.
     
    На WildMk, JuLleE, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Превземено од Јорданка Јоци. Цитирам:

    „МАКЕДОНИЈА, ВЧЕРА, ЈА ДОБИ СВОЈАТА ОПОЗИЦИЈА

    Христијан Мицкоски, вчеравечер, народот го инаугурираше за лидер на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на опозицијата. Бидејќи, лидер се раѓа од толпата, а не од канцеларија. И тоа го знае секој дипломиран политиколог.
    И тоа се случи во моментот кога скокна од бина и со микрофон в рака, почна да чекори на мостот од 20 метри пред бината, популарно наречен ,,cat walk" и се претопи со демонстрантите. Ја избриша дистанцата меѓу него и народот. И создаде дистанца меѓу него и Никола Груевски, екс лидерот на партијата. Излезе од неговите чевли.

    Во моментот на тој драматичен скок од бина кон луѓето кои му се придружија, настана вистинска еуфорија во делот каде бевме, ние, луѓето од медиумите-блицеви на сите страни, камери, демонстранти кои вклучија мобилни да сликаат, снимаат, луѓе кои имаа желба да го пипнат, да го овековечат моментот со него.
    На Македонија, очајно, и` е потребна опозиција, и конечно вчера ја доби.
    Мицкоски, на народот, на тој ,,cat walk", му порача дека малку го знаат, не побара да му веруваат, но им рече да веруваат во себе.

    СДСМ, по една година власт и со целосно истрошена артилерија, е послаба од кога и да е. Се наоѓа среде катастрофални преговори за ,,името" и со усвоен закон за двојазичност, кој не е стапен на сила и не е излезен во ,,Службен весник", за да нема немири во оваа фаза на спорот со името.

    Раскантана партија без хиерархија, дисциплина, со градоначалник на метропола со милион луѓе, кој пишува мртви смешки на социјални мрежи, наместо да работи она кое го вети. ,,Смешки" кои речиси секогаш завршуваат со три точки, бидејќи Шилегов има вечно незавршена мисла.

    Во моментов, СДСМ, нема проблем само со вмровците. Кои, вчера, пред Владата на Македонија, беа многубројни-според моја проценка околу 30.000.
    Поголем проблем на Заев му се оние кои гласаа за него, меѓу кои и јас. Е, тие, повеќе нема да гласаат за него.
    На следни избори и ДУИ, која зајакна благодарение на Заев, ќе си ги прибере гласовите кои отидоа на контото на СДСМ.
    И колку ќе освои СДСМ кој вети многу, а не исполни ништо, а донесе поголема сиромаштија ?

    Главното прашање е-Кој ги донесе оние луѓе вчера и кој им бил мотивот за да биде толку масовен ?!
    Никола Груевски, веќе две години е минато, од формирањето на техничка Влада, а ВМРО-ДПМНЕ, една година е опозиција. Тие луѓе немаат ништо од партијата, немаат што да добијат. Падна во вода она дека администрацијата била насилно носена на партиски митинзи. Паднаа во вода сендвичите, сладоледите...

    Никој не ги довлечка за уши на тој митинг. Но, од она што го слушав и видов, сфатив дека дошле затоа што имаат овојпат што да изгубат- Македонија. И идентитетот.

    Е, тој народ во моментов не смее и не може никој да го игнорира. Ни тие луѓе, ни клучните пораки на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски за ,,името", економскиот крах на Владата на Зоран Заев, за безидејноста, фамилијарните бизниси на премиерот и неговите пајташи, неработењето и на министрите и градоначалниците, за младите и невработеноста, општо за катастрофалните политики околу зачувување на Македонија.
    Особено не смее тој народ да го игнорира Зоран Заев, на кој му се собраа масовно толку луѓе. На митинг. Не на протест. А, пазете, нема избори на повидок.

    Македонија доби опозиција. Коректор.
    И тоа е добра вест за сите нас, затоа што СДСМ не` изневери. Нас и нашите надежи.“
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Ти не препишувај од Јоци :P
     
    На Mamli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Секогаш ставам извор на информацијата.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.769
    Пол:
    Женски
    Молам? Да пише некој политички статус јавно на свој профил и да ти лупне линк тука? И музичка желба да не имаш, да ти ја испееме Проклети да се предавниците и снимката да ја ставиме тука? :D
    Си подзаборавил дека форумот е анонимен, ако ти си ставил на изволте име и презиме за да се рекламираш, 99% не го направиле тоа и најмалку ќе го направат за да ти докажуваат тебе нешто.
    Исто и лепење постови од обични луѓе што не пишуваат паблик не е баш дозволено тука, па не знам што сакаш ти од какви „есдеесовци“ што не си видел. Членката зборува за гласачи, ти го спомнуваш Влатко Васиљ ко репер... логика левел у минус. А Бетмен кажал ли после сѐ досега нешто против ВМРО? :?:
    Патетики :D
     
    На LollySky и DAngel им се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Измени во законот за работни односи. Го прочитавте ли? Ви се допаѓа? Евтин популизам или нешто што ќе функционира?

    Измени на законот за работни односи - летниот одмор ќе треба да трае најмалку две непрекинати работни недели

    https://www.24.mk/izmeni-na-zakonot...botni?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk
     
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Да бе, вашите кога даваат е од љубов кон народот, а сдсм ако даде е популизам :D

    Уште една убава вест, продолжен е рокот за легализација на градежни објекти до крај на 2021 година 8)
     
    На anaja1, JuLleE, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Не велам ништо. Прашувам. Законот треба да го оценат стручни експерти, а не лаици како мене.
     
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Добро, ние овде само си коментираме.
    Битно е да е за добро и во корист на народот, не е толку битно кој донел или изменил некој закон.
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.244
    Пол:
    Машки
    Не реков јас членката или некој од форумов да стави линк од свој фб пост, туку од било кој есдеесовец, особено од познативе и истакнативе есдеесовци кои и онака се скинаа пишување јавно на фб и твитер за да се доџапаат до некоја функција у новата власт. Они не само што нема да се налутат ако им го шернеш постот тука, туку и фала ќе ти кажат, бидејќи тоа им е целта.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Со сила се правиш дека не разбираш?
    Побаравме и ти да пратиш од познатите вмровци како критикуваат ВРМО, кај ти е?
    Си ги бранат интересите тие. Не е будала да ги критикува СДСМ кога има корист од нив.
    Тука збориме за обични граѓани, подржувачи на една или друга партија.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Турете им пепел и на ВМРО и на СДСМ. Џабе тука очи си вадиме. :?:
     
    На Someonespecial и LollySky им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    На децата не им треба воен рок, изучување на борбени вештини, вистинско воспитување од страна на татковците за да пораснат во мажи и да знаат да се заштитат во животот, туку треба да ги учиме како да се шминкаат и комбинираат фустани... За да не јадат ќотек како магариња де...

    Тепачка на автобуска во Сингелиќ: “Што си ти, Албанец или Македонец?”

    https://republika.mk/924426

    Gotof si Gvujo, narodo gi slusna bombite pasakas da ne stepas so Albancite zada ne gi narodo slusa kriminalite!

    Хм, дали требало да прашаат дали се Илинденски Македонци, Северно Македонци, Ново Македонци, Горно Македонци?

    #ПрашањаКоиМеМачат
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    На децата им треба воспитување- да не ги делат луѓето според религија и националност, и во 21 век да научат да ги решаваат проблемите низ дијалог а не на примитивен начин со тепачки по автобуси.
     
    На poenta, Rama и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.307
    Која ви е општата проценка за иднината на државава?
    Каде ја гледате Македонија за 10 години?
     
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Поделена и федерализирана. Тоа е најоптимистичкото сценарио. Македонија нема национална стратегија, младината е ужас во секој поглед, па оттука можеш да видиш каква ни е иднината. Секој втор во план има да емигрира, а Албанците се шират метар по метар и нивното политичко влијание е се поголемо од година во година. Во Источна Македонија не ни знам дали останал по некој Македонец да живее. Се на се многу лошо. Ако влеземе во ЕУ и НАТО (што нема со сигурност) во наредните 10-15 години е тек тогаш никој нема да остане да живее, затоа што со пасошот ќе можеш да работиш каде сакаш без проблеми. Македонија за да го дуплира својот БДП треба да има годишен раст од 5% во наредните 15 години.
     
    На sk.mk.mdj, Abeja, sjdgo и 1 друга личност им се допаѓа ова.