Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    "Името не го даваме"-грчка верзија.

    Во моментов, во 24 градови во Грција се одржуваат протести за зачувување на грчкиот карактер на Македонија.
    https://a1on.mk/archives/903475
    https://a1on.mk/archives/903826
     
    На WildMk, Justicija, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Да,и јас прееска гледав за тоа.
    Првично во 13 градови била замислата за протест,сега на 24 заокружиле.
    Шта речи а не заплакати:wasntme: поголеми националисти и фашисти од Грција и грчкиот народ-Амин8)
    Туку,барем на овие протести нема да учествувале претставници од Црквата,како што беше случајот со Атина и Солун.
    Ај обичниве граѓани фашисти ќе поминат некако,ама тоа со Свештениците на протест(за нешто што не се во право)е премногу:x
     
    На DAngel и LollySky им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    И ние не сме ништо покуси за национализам и шовинизам ;)
    Само што тие имаат посилно изграден национален идентитет и ни под разно не би ваделе туѓи пасоши или оставале милиони евра во буџетот на земјата која ги негира.
     
    На WildMk, DAngel, Rose96 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Сега нашиов народ како контра мерка сите ќе отидат на одмор во Грција и ќе ги остават сите свои пари таму, па нека пукнат Грчиштата. Од инает :D
     
    На P.S.love, Rose96, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Ова кај мене се случило, а јас не знам за ова. Инаку во таа фамозна 65 секогаш имало вакви случки. Ова станува збор за некои мангупи. Јас 15 години се возам со тој автобус и секогаш на мирен начин сум ги решавал таквите испади на некои мангупи. Дури имам реагирано помеѓу нив да не се случат тепачки. Такви мангупи имало и секогаш ќе има. :^) :?:
     
    На Justicija, Rama и sjdgo им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Нашиот национализам е кафански и панаѓурски. Нивниот е политички и организирам. Голема е разликата. Затоа се успешни во тоа што го прават.

    Земи ја нашата дијаспора за пример. Организираат свечености да вртат крпче и оро да играат. Организирани дијаспори кројат планови како да делуваат и каде да лобираат.
     
    На orevokrsacka, Rama, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.542
    Допаѓања:
    55.330
    Пол:
    Женски
    Во право си со последната реченица,100% се согласувам со тебе :)
    Не дека во голем број нема и кај нас националисти и лажни локал патриоти,ама сметам дека никој не си можи со Грците,никој не им се погодува,со Турција војуваат за Кипар,со Албанија исто имаат несогласувања големи,со нас бетер....

    @Mamli Не бери гајле МНР денес излезе со соопштение,нашиот народ да внимава,да не се движи кај што се протестира,и да не подлегнуваат на провокации :D
    Аман со тоа одењето во Грција и оставањето пари,па и тие кај нас пазарат се и сешто,и оставаат добар профит,посебно во Битола и Гевгелија ;)
    Само разликата е во тоа што ние им се тресеме и клањаме и тоа е :D
     
    На DAngel и LollySky им се допаѓа ова.
  8. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
  9. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @WildMk
    Каква иднина ќе имаме зависи од нас.Ако продолжиме да бидеме студенти кои веќе околу 30 години не можат факултет да завршат и постојано паѓаат на испити,тогаш добро не ни се пишува.Ако се потрудиме искрено,мислам дека за 10 години состојбите можат значајно да се подобрат,но мора да се вратиме на критериумите и вистинските вредности.Македонија има население нешто над 2 милиони (иако појма немаме колку сме сега,бидејќи немаме попис одамна:D).Queens(еден од петте окрузи во Њу Јорк Сити)има население околу 2.3 милиони.Значи сме еден округ од поголем град,и треба да олабавиме со национализми,знамиња и колку сме јаки:D.Овој хаос се средува,не сме Кина,Русија или Индија во хаос.:D

    Јас гласав за СДСМ,во моментов немаме подобра алтернатива од ЕУ и НАТО за решавање на економските, правните и безбедносните проблеми кои ја мачат оваа земја.Фактот што најголем дел од енергијата на оваа Влада е насочена кон надворешната политика е премолчано признавање на немање интерен капацитет за решавање на истите проблеми.

    Во исто време,капитализмот е систем на индивидуата и мислам дека покрај прашањата за тоа како ја гледаме земјава по 10 години,како и каде се гледаме себеси по 10 години е битно прашање на кое треба да работиме и дадеме одговор.:D
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Што погрешно стори човеков? Во Македонија сеуште владеат комунистички и удбашки битанги само пресликани во други знамиња и бои.

    https://sdk.mk/index.php/dopisna-mr...-upadna-na-sednitsa-na-sovetot-na-opshtinata/

    Кога шарениве куртони фрлаа бои врз македонски херои тогаш тоа не беше за казнување и затвор?
     
    На zuto, orevokrsacka, A.27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    Какво значење има за тебе кукаст крст те молам ај просветли не? Ај ако не за инат на куртоните идете со старчево и на музејот за евреите цртајте кукасти крстови. Мислам океј е да се мрчи али сепак, тој крст позади себе има милиони жртви. Осет малце.
     
    На WildMk, g8lQQk, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Свастиката е антички симбол на древните Ариевци. Не е тоа симбол на Хитлер и Третиот Рајх. Тој само го искористил.

    Што се однесува до дедото. Тој нацртал свастика на споменикот на Тито во конотација дека Тито бил фашист и МИ5 агент (според неговата перцепција), а не дека старчево читало Mein Kampf. Читајте меѓу редови :D
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    @Mamli оди на евреин речи му да чита меѓу редови. Џабе ќе го носиш на плаошник да ги види кукастите крстови. Тоа ми е муабетот мене. Знам дека е присвоен од нацистите.
     
    На WildMk, g8lQQk и DAngel им се допаѓа ова.
  14. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Интенцијата на старецов не бил никаков Хитлер и нацизам, туку тролање. Можеби човеков имал некои психички проблеми, но тоа е релевантно. Само покажува дека во Македонија СДСМ може да руши споменици на македонски херои, али кога Тито ќе се искречи со боја тогаш е национална трагедија од светски размери и сите удбаши како хор се активираат.
     
  15. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    @Mamli добро ајде значи според твојава математика да земам да нацртам кукаст крст ете било каде, на јавно место и кога ќе ме фатат да се праам штракнат, да велам абе шо вие, до вчера бев на бачило на шара, не знам кој е Хитлер, секси ми се гледаше знаков и сега си шкртам. Ма дај ти се молам. Гајле ми е дали старецот ја прочитал мојата борба или дали чул за Хитлер. 150 милиони години нека е стар крстот, сите знаат највеќе по што е познат. Да го нацрташе мики маус немаше да ти се бунам.
     
    На WildMk, oblace1, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Интервју со Павле Воскополус, претседател на македонската партија во Грција “Виножито“.

    “Како вие како Македонци во Грција, малцинство признаено и видено од многуинстанци,например од комесарот за човекови права на Советот на Европа,независната експертка на ОН,МекДугал итн.,но не и од Атина, дали чувствуватедека и вие сте погодени или сте цел во овие преговори?

    Мицотакис како премиер на почетокот на 90. години пред Националниот совет за креирање политика против младата држава Република Македонија, која бара меѓународно признавање, потенцира: „Не е проблем оваа мала држава, туку ако се отвори ново малцинско прашање во Грција поврзано со населението на северниот дел од државата. Токму тоа е вистината зад сцената. Ако немаше македонско население, немаше грчката политика да прави галама и отпор. Погоре реков дека македонштината е „кошмар“за грчкиот национален мит. Уште поголем кошмар е ако просперира младата Република Македонија, зашто тогаш „заспано“ или „полузаспано“, „асимилирано“ или „полуасимилирано“ македонското малцинство ќе се разбуди соодветно. Ако се опишува „кошмарот“ тогаш тој би бил со следното сценарио: Република Македонија членка на НАТО, еден вид „милениче“ на Балканот, оти е во центарот на полуостровот (како што Грција беше „милениче“ после Големата војна под Англија, а соседните социјалистички држави беа против интересот на Западот), а Грција банкротирана, надвор од НАТО и ЕУ. Ова што го пишувам е приказна, ама има „кошмари“ не само во приказните, туку и во реалниот свет. Некои се плашат тие приказни да не станат реалност. Се обидов да карикирам за да го опишам проблемот. Но уште нешто да кажам. Замислете македонски премиер во присуство на меѓународни колеги го гушка грчкиот премиер и му вели: „Драг колега штета што толку години не размислувавме што навистина можевме да направиме за нашите односи да бидат уште покооперативни и покорисни за меѓународните односи. Во нашата мала држава сакале или не, имаме ваши граѓани, илјадници се тука како жртви на Граѓанската војна во Грција, ги примивме достоинствено и тука растат фамилии. Страшни перипетии доживеале тие ваши граѓани, но нели можат тие навистина да бидат мост за соработка и искрени односи? Тие луѓе имаат и грчко и македонско државјанство. Како мислиш да ни бидат мост на мир и соработка овие граѓани?“

    Јас лично очекував некој македонски премиер да го направи ова со грчки колега уште од почетокот на 90-те години на минатиот век.“

    http://falanga.com.au/intervju-pavl...koshmar-za-grchkata-nacionalna-istorija-i-mit
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Продискутирано е страници и страници наназад еден куп ставови во врска со и за промената на името, патриоти, предавници, па и тие така правеа итн...
    Не сум сигурна дали на право место ќе го сместам постот, надлежните нека реагираат.
    Секако е политички настан, пошто е презентиран од владата на РМ.

    Имено, сакам да споменам за најавата, а со тоа и веќе спремање на големо за централизација на лабораториите во Македонија.
    Сите лаборатории за крв ќе се централизираат во вкупно 13 низ цела Македонија. Велес, Прилеп, Кичево, ќе носат крв у Битола, Делчево, Радовиш во Штип, Кавадарци у Струмица итн..
    На тој начин ќе биле намалени трошоците за реагенси.
    Како е ова изводливо?
    Во постоечките лаборатории само ќе се зема крв, до да кажеме 11 часот. Ќе помине возило (се надевам соодветно за транспорт на крв и крвни деривати), и ќе ги носи во следниот град 100-150 км, - со овластената лабораторија. Резултати - утре дента
    Јас Еспадрила од Свирипичино, имам проблем и матичниот од моето село ми дава упат за специјалист. Одам на преглед, ме упатува на лабораторија. Ако терминот кај специјалистот ми е до 11 часот, може и ќе завршам работа со лабораторијата, за да ми земат крв, се транспортира крвта до Битола, Штип, Скопје или кај и да е, па да го добијам резултатот СЛЕДНИОТ ДЕН. Но ако терминот ми е , пример во 13 часот, тогаш не знам дали воопшто ќе ми земат крв, ако ја земат ќе ја чуват, за да ја пратат следниот ден, а резултати да добијам третиот ден....
    Ова се хипотетички ситуации, но многу, многу веројатни.
    Моменти итност.
    Ќе имало мини апарати на хирургија.
    Што правиме со на пример хипо и хипергликемија на интерно, вируси на детско одделение, инфективно...итн..итн... Каде и тоа како е потребна дијагностика на база на лабораторија, а со тоа и одредување терапија...
    Не е во ред.
    Што ќе се случува со персоналот во постоечките лаборатории? Со опремата која штотуку ја комплетираа и е во ред?
    Во моето село тамам добивме специјалист на клиничка биохемија.И сеа? Да си плукне на специјализацијата и она, а богами и цело мое село.
    А во меѓувреме друг момент. Еден куп приватни лаборатории КОИ СОРАБОТУВААТ СО ФОНДОТ. Во мое мало село имаме 3 приватни лаборатории. Отворени неодамна, баш како по дојава.
    И јас еве еспадрила, ме упатуваат на лабораторија, и викам, не ми давај за во јавно здравство дај ми пример за во Авицена, Адриа лаб или како год. Пошто, си имаат реагинси, си работат све, и ќе си добијам резултати, истиот ден.Што од потреба за итност, што од тоа што те копка какви се резултатите .
    Не е во ред. Да беа некакви други мерки за штедење, во друг сектор, можеби, ама ова вака, кој и да го донел, не е во ред
    Што мислите вие за ова?
     
    На oblace1, JuLleE, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.845
    Допаѓања:
    80.830
    Пол:
    Женски
    Не сум запознаена со ова, сега прв пат читам. Ова е катастрофа. (facepalm)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    На JuLleE и LollySky им се допаѓа ова.
  20. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    За време на ,,режимот"?и за време на жиотов??;(;(;( FB_IMG_1528407433768.jpg
     
    На orevokrsacka и sjdgo им се допаѓа ова.