@Justicija taka e ili ne? ili sega Ina Mnogufina e e vene IN toa bese koga se borese protiv rezimot p.s. Kiss disucke te sakam znam deka si fino dete
ВМРО немаше апсолутна власт 11 години, не можете да кажувате дека власта била неприкосновена кога тогашната опозиција и странски служби хараа низ државата.
Мицкоски: Официјално Светска банка ги намали прогнозите за економски раст, цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски да понесат одговорност Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска кажа дека по катастрофалниот економски раст од само 0.1% на македонската економија во првиот квартал годинава, со што државава оствари убедливо најслаб резултат во Европа, и Светска банка направи официјална корекција на проекциите за економскиот раст со што ги намали истите со кој што ќе расте македонската економија. -Светска Банка во својот извештај Global Economic Prospects за Јуни 2018 ја ревидираше оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година. Ќе потсетам дека растот од 2,3 % е далеку понизок од 5 % раст годишен колку што ветуваше Зоран Заев за време на кампањата на предвремените парламентарни избори во 2016 година. Светска банка за 1 % ги намали проекциите за раст и за наредните две години. Фијаското во растот на македонската економијата е реалноста во која што живеат граѓаните. Со ваквите прогнози Македонија останува закована на дното во Европа, додека сите други економии без исклучок одат напред, изјави Мицкоски. Мицскоски напомена дотолку повеќе што државата влегува во ризична зона каде ќе се бори за редовна исплата на плати и пензии, нешто што само ја покажува неспособноста на самата влада. -Лошите економски резултати значи дека граѓаните осиромашуваат, и добиваат неизвесна иднина. За ова потребно е да се понесе одговорност од цунами тројката Заев, Анѓушев, Тевдовски. Докажуваат дека не умеат, не знаат и немаат план и затоа мораат да си одат. Ова е уште една изгубена година за македонските граѓани, изјави Мицкоски. Тој кажа дека ова е огромен пораз за економските политики на Владата предводена од Зоран Заев. -Претпоставувам и дека после оваа обраќање, од партискиот центар за шарени лаги на СДСМ ќе излезат со неоправдани обвинување насочени кон минатото, но граѓаните најдобро ја препознаваат реалноста и единствено ги интересира иднината за што ние нудиме решенија. Македонија мора и може подобро. На граѓаните им треба напредок и успеси и ние тоа ќе го направиме и Македонија ќе победи!, изјави Мицкоски. https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/980587985449994/
Мене ич не ме боли за скопјаништата , се напикале сите таму и ги снашло поплава па сега они нека му ја мислат Што има да се мислам за нив Кај мене во мојот град си е супер , малку киша заврна, и сега си пијам кафе на сонце Би ти пратила и јас кисс , ама не ги сакам вмровчиштата П.С. Ина многу Тиња беше шпиун на вемероо , ги шпионираше кај трендо и кај филип петровски сите што биле против вемеро (вклучувајки ме и мене )
https://www.facebook.com/carovska.mila/posts/257899014756147 Ете за што се обединува Македончето без разлика на партија да протестира. Против отварање дом за деца со посебни потреби! Што да се каже освен - се срамам каде живеам?!
Нека се случи тој телефонски повик, нека се реше веќе овој 27 годишен спор кој не блокира со години не уназадува, нека не не држат во неизвесност. Ние си остануваме Македонци и со таа географска одредница.
Цело попладне слушам/читам насекаде за прашањето што разговареле Заев и Ципрас ? Еве што си кажале The mystery demystified
Како ја пречекале министерката денес? Срамотилок , дно од народ. Да си против океј е, ќе си кажеш културно зошто си, а не да навредуваш и гнасиш устата само. Сите се згрозени од културата што се покажала денес.
Искрено, јас лично како неопределена и без идеализирање, добивам респект за Мила Царовска - можеби таа е и најмногу министерка на место во млакава и климава влада. Факт е дека има уште многу проблеми во општеството да работи и да средува, ама за тоа што досега презема јас гледам највеќе критики кон неа од бездушни и игнорантни луѓе што се скарани со човекови права, што значи дека е на добар пат. Прво за Истанбулската конвенција, сега за отварање дом за деца со посебни потреби... Еве нешто малку позитивно и освестувачки. Треба сите по ред да ги носат кај децата за да се уверат колку е погрешно ова што го прават, жално... https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1251663868297148/
Ја знам Мила Царовска лично и тоа многу добро. Пред се голем човек е, после политичар. Верувам дека од почеток до сега со чисто срце и најдобра намера се труди да не крене од ова НЕкултурно дно на кое бевме изминатите 11 години. Верувам дека сето ова вистински ја погодува, не е тоа глума само за пред тв. Овој народ не ја заслужува Мила. Кога размислам подобро овој народ уствари не заслужува ништо добро.
Се расплакав. Како се гушкаше она душиче мило, радосно што му дошле гости. И оние другите дечиња, души, гревчиња. Мило ми е што барем една жена се реши да ги види тие дечиња и да сфати против што всушност протестира. Незнаењето е срам, но уште поголем срам е да не сакаш да дознаеш. Така и луѓево. Не знаат всушност заради што протестираат, само им излезе сета злоба на површина.
Луѓе а јас не разбрав, тие што протесираат се од ВМРО или обични граѓани? Бидејќи на сликата погоре се шкртнати и двете знамиња, и на ВМРО и на СДСМ.
Наводно сите граѓани од селото. Никогаш не можеме да знаеме дали овој протест има партиска позадина. Ама од она што го видов, таков простотилук, толку одвратни луѓе, само страв и глупавост во позадина може да ги натера да излезат и да протестираат против правење добро за деца, особено деца со попреченост.
Не сакав да го наведувам муабетот во тој правец, но чув и такви муабети, дека ова е поттикнато од опозицијата. На прост народ е лесно да му ја наполниш главата со глупости. На опозициски настроените медиуми и по фејсбук кај вмровциве нема ниту збор за случувањата во Тимјаник. Се е можно.