---- Извор: https://kurir.mk/makedonija/vesti/k...akedonija-resheno-e-i-prashanjeto-na-ustavot/ ---- Коѕијас: Заев прифати Северна Македонија, решено е и прашањето на Уставот watch_later 12. ЈУНИ 2018. @ 01:36 timelapse 2 МИН. Во интервју за ТВ каналот Контра, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го коментираше телефонскиот разговор Заев- Ципрас. Додека Заев на гостувањето на Топ Тема не даде никакви подетални информации, Коѕијас триумфалистички со јавен настап го проследи долго очекуваниот разговор помеѓу двајцата премиери. Имено Коѕијас изјавил дека Заев го прифатил името Северна Македонија, а решено е и прашањето на Уставот и тоа како што тој вели на иницијатива на Скопје. “Денешниот беше одлучувачки чекор”, рече Никос Коѕијас, осврнувајќи се на телефонската комуникација меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев. “Ако преговорите завршат утре, разговорот за името ќе биде завршен”, рече тој, зборувајќи за денешниот разговор на двајцата премиерио. “Тој го избра она што го сака, тој веќе го направи тоа”, мислејќи на Заев. Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас откри дека името Северна Македонија е избрано лично од премиерот Заев, а од предлозите на Нимиц, името Вардарска Македонија било одбиено од Македонија, а Македонија (Скопје) и Илинденска Македонија било одбиено од грчката страна. На масата биле Горна Македонија, Нова Македонија и Северна Македонија, а Заев го одбрал името Северна Македонија. Коѕијас во интервјуте говореше и за промена на македонскиот Устав како и името на МПЦ. Го решивме уставниот проблем и возбуден сум што проблемот е решен со иницијатива на Скопје, Мислам дека Црквата ќе биде наречена Охридска Архиепископија, историско име што оваа вековна црква го носи со векови”, вели Коѕијас. ----
Тука малку смрди и на добар бизнис на Царовска преку невладини организации. Претходно на овие жители им било ветено градинка на истата локација. Еве малку: Во два наврати, во петокот и саботата, над 100 граѓани го блокираа патниот правец Tимјаник-Дисан. Тие речиси без исклучок не се согласуваат со ваквата одлука на министерството, што се гледа и од коментарите на социјалните мрежи. -Никој свесен и паметен човек на овој свет нема ништо против тие деца, а најмалку граѓаните на Тимјаник имаат нешто против, и во изминатиот период откако се кажа дека тие деца ќе се сместат во просториите на сред село, луѓето од Тимјаник се едногласни во една работа, не дека тие нас ќе ни сметаат, туку ние на нив. Ако до сега тие деца биле научени на мир и тишина, сега ќе ги донесите во една урбана џунгла! А таму буквално е џунгла. Има 24/7 бучава од автомобили, мотори, трактори, камиони. Таму цела пролет и цело лето има џагор од деца и луѓе до најдоцните ноќни часови. Таму секоја есен по два месеци има откуп на грозје и секој кој живее во Тиквешија знае каква е состојбата на патот пред откупните пунктови! Секој што го знае местото на локацијата знае дека е до самиот пат, нема двор, нема ама баш никаков простор за тие деца да излезат на свеж воздух. И што ќе се случи, од една затворена институција ќе ги изнесете и ќе ги затворите во уште полош затвор. Е затоа неможам да се сложам, затоа што секој ден кога ќе поминувам таму ќе носам грижа на совест дали тие деца ноќта мирно спиеја или можеби кога сум поминала со кола сум им го нарушила мирот, гласи еден од коментарите. -Читајќи ја информацијата сакав да дојдам до поконкретни информации за што се работи. Истражував и верувајте се згрозив од иницијатвата на госпоѓата министерка. Почитувани сограѓани, читајќи ја информацијата за деинституционализацијата на лицата со посебни потреби кои треба да бидат сместени во Неготино и Тимјаник, сакав да дојдам до поконкретни информации за што се работи. Во Неготино и Тимјаник ќе бидат сместени лица кои се целосно физички неподвижни и кои не можат да ги извршуваат своите потреби воопшто. Секоја почит и поддршка за нив. Имав можност да ги видам децата кои ќе бидат донесени и верувајте како човек и како родител се прашувам кои услови им ги нудат на тие деца во просториите каде ќе бидат сместени, дали има во вас госпоѓо министерке и во вас градоначалниче малку човечност и трошка морал. Децата се со тежок хендикеп. Каде ќе ги сместите, во затвор или по цена на вашите проекти госпоѓо министерке ќе си поигрувате со животите на овие деца. На тие деца им треба простор, како во институцијата. Каде ќе ги шетате по патот Дисан – Тимјаник или по индустриската во Неготино. Немојте да си правите експерименти со нив. Прикажете ја реалната слика. Како што велите почитувани сограѓани, наместо да се пренамени објектот во Тимјаник за градинка, да можат младите родители да работат и истовремено да одвојуваат средства за таквите институции госпоѓата министерка ќе профитира од донациите и проектите. На секоја посета во Заводот во Д.Капија, почитувани, госпоѓата министерка била заинтересирана само за проектите кои нејзините невладини организации таму ги реализирале. А се знае и зошто, затоа што таа дојде од невладиниот сектор и истата се самонаградува со проекти чии жртви се лицата со посебни потреби. Ваков ли е животот што Царовска и градоначалникот го ветуваа?!?, се вели во друг коментар. https://1tv.mk/makedonija/две-вечери-во-неготинско-се-протестир/ Никој од нас не бил таму и не знае која е вистинската причина за протестот. Видеото со плавата девојка е најсмешната бламажа. Очигледно договорени.
Освен курир, ифомакс, алфа или република, имаш друг извор? Eве што пишува Плусинфо, на пример: Шефот на грчката дипломатија говорејќи за името, рече дека тоа ќе биде соопштено по разговорот меѓу двајцата премиери, доколку утре се комплетираат деталите, но откри дека името е веќе одбрано. Додека пак, во однос на јазикот го повтори ставот дека македонскиот јазик е признат уште во 1977 од ОН. – Одредницата и самоопределувањето постојат, македонскиот јазик постои од 1977 во ОН – вели Коѕијас
Така, кажи си дека ова е во организација на локалните штабчиња на опозицијата, да се набуцка народот оти се што е од сдсм не чини . За тоа колку нема врска вмро, знаеме уште од протестите пред општина Центар и лани пред собрание, и тогаш вмро глумеше лудило дека граѓаните спонтано протестираат.
Јас ништо не кажувам, туку цитирам. Дали беше долу и знаеш што се случува? Јас не. Појма немам, затоа не си давам за право да коментирам. Дали ВМРО е глупо да прави вакви анти реклами кога се знае дека сите луѓе ќе наседнат на емоции? Царовска пари прави преку невладини. Тоа со сигурност знам. На тоа место им било ветено градинка наместо да ги носат во Неготино. Зошто Царовска не направи градинка? Нормално затоа што ќе зеде пари да направи центар за деца со попреченост во сред село кои ќе живеат во бука.
Кој ќе живее во бука? Царовска фино кажа, никогаш не им било ветено градинка на местово. Кој им ветил - нека им ја изгради.
Затоа што ветила, па сега пу пу не се важи. Треба да се лапне некое илјадарче од странски донации https://fokus.mk/nezadovolnite-zhit...rkata-kategorichna-gradinka-tuka-nema-da-ima/ “-Вие ветивте градинка на ова место. Своето дете сакав да го запишам во градинката во Неготино, но не го примаат. Сакам да ми кажете дали јас со 200 евра примања да останам без работа и да го чувам детето дома – праша еден татко“
Мамли, јас ти предлагам да го погледнеш прилогот на 21TV. И политиканството и добивањето ситни политички поени мора да има свои граници, ако се има барем малку совест и сомилост. Веќе не ти реплицирам на темава.
Девојката е фејк Јас сум еден од личностите што секој месец донирам барем 200-300 денари, а моите родители. Секогаш и секаде за тие деца. Не ми наметнувај вина дека јас имам нешто против. Целата поента е дека им било ветено градинка и сега пу пу ништо не се важи. Револтот е највеќе поради тоа. Домот за децата со попреченост се прави со странски пари. Царовска си брка работа.
Царовска кажа дека никогаш им немала ветено градинка. https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1251663868297148/?t=352
Таа не директно, но партијата СДСМ ДА. Премногу лесно доаѓаме до заклучоци базирани на дезинформации. И мојата првична реакција не беше ништо поразлична од вашата, но кога малку прочепкав дојдов до други заклучоци.
Во право си. Ај ќе видиме што ќе испадне, времето ќе каже - ќе пишува на лична карта, ама не сум оптимист.
Да останеа Тимјанчани со ставот дека проблемот е што немаат градинка, да настојуваа прво градинка затоа што им е неопходна, да бараа само градинка...ете ќе речев и ја, греота се бе луѓето стварно е тешко кога нема кој дете да ти чува. Ама тие мораа да испаднат гнаси и да зборат глупости за децата со попреченост. Заразни биле. Епа затоа сега никој нема да ги жали.
Ни јас. Си кажав во соодветната тема дека сметам дека не треба да се дозволи некој да ни врши булинг затоа што е посилен и да ни го менува името, така да ниту едно име освен сегашново не ми одговара . Арно ама, факт е дека мене никој не ме прашува во случајов. Останува да видиме што договориле, па ќе коментираме.
Поголеми комунисти од последното водство на власт од вмро, ни имало, ни ќе има. Сите тактики и глупости кои се практикуваа во бивша Ју ги користеа. Кога тоа Ина зборувала против режимот? Какви пораки носеа? Која беше позадината на протестите? Дали Иванов не се обиде да ги аболицира сите од одговорност? Да де, да. Затоа и ден-денес, близу 50% од приватниот бизнис во Мк е на вмро, затоа исцицаа 'само' стотици милиони евра од народните пари. Да де, тоа му беше стилот. Излези на терен, сликај се, да види народот, па оди си. Колку сте наивни, неверојатно нешто. После толку години копање по сите инстанци од државните и приватните естаблишменти во државата, некој очекува реален економски раст? Тоа што се рушело, треба да се обнови наново. Ти си многу фина Јас да сум, има да ви го сменам и да не ви кажам. Нема ни да сетите
После ова со дечињава не ми е гајле и република го*но да се викаме. Бруки. Бруки! Не ми е гајле ни за име ни за презиме ни за устав. Ние сме доказ дека по се изгледа нема виша сила. Оти ако имаше одамна ќе не сотреше.
@carangigia зарем не знаеш дека Википедија е јавна и дека секој може да си ја менува? Наместо да се буниш за тоа што го пишува на Википедија, промени го. Напиши и на македонски. Промени и на страните на македонските револуционери, на пример, кај што сите ги пишува бугари. Јас сум го правела. Си пробала ли ти некогаш да промениш било што, или само за лаење пред компјутер си јака?
И лидерот на сдс што периодов ги влечка по судови, како денес, така и во нивно време има(ше) огромни милиони на располагање.
Република Темјаничка да не крстат најсоодветно ќе е. Баш ја одсликува оваа квази држава и бљувотина од народ. Појела ме туѓа срамота, што би рекле Србите. За грев сте сите што мешате деца и политика, нека ви служи на честа.
Едно е да имаш приватен бизнис, друго е да ја преземеш половина македонска економија. И како се купени тие бизниси, како е изгасната конкуренцијата, како е плаќан рекет ако сакаш да си во нивна бранша со твој приватен бизнис итн.. морате да ги разграничите работите.