Ти почни да ги разграничуваш работите пред мене да ми реплицираш. Каква е таа апсолутна власт која дозволила да расте и да се богати најголемата закана по нив која стигна дури јавно да ги срами со т.н. „бомби“?
Кога почна да се богати, не им беше закана. Кога стана закана, ако имале за што, ќе го тужеа. Ако не го тужеле заради икс причини, полиција, обвинители и судови има и денес. Само треба да си ја вршат својата работа како што треба. Во смисла: нема никој над законот.
Кога почна да се богати Заев? Ти всушност кажуваш дека немале апсолутна власт да преземат мерки против „ено евро за вицето“ ликот дури и кога многу им зависело да го сторат тоа. Истото и ти го посочувам, не гледам зошто се цитираме цело време.
***И од двете партии се. Видов на видеата луѓе што марс ги знае дека се сдсм,имаше и однекои вмро. Насекаде во државата ни има луѓе коишто знаат да разговараат на место и луѓе кои само ќе пцуат,и само тоа го знаат. Затоа неможеме да ги ставаме сите луѓе во ист кош. Социјалните мрежи се најстрашната работа и зборовите како што може да се извртат... И лајвот го изгледав и ред други видеа,ги познавам сите луѓе што даваа било каква изјава. Од политичка определеност имаше и оф вмро а и сдсм (откако се родени) а вчера изјавиле револт. Пред сами избори многумина од селаните се превртуваа де сдсм де вмро во зависност кој и што ветил. Имаше многу луѓе кои не беа определени и овде ги фатија на ,штос,. Тој објект најпрво бешеизграден за болница којашто работеше многу краток временки период. Селаните имаа потреба од градинла и ТОЈ ОБЈЕКТ им беше ветен заради тоа што е во склоп со училишен двор. Наталитетот во последните години се зголеми,градинки во градот има само две,се примаат малите со врски,потребно е да најдиш партиски врски за да дететп ти го примат. Најпрво револтот тука излегоч,неизвестени,извисени. Во селото има и лица со посебни потреби,пример има еден дечко кој е цел живот во количка заради повреда на рбтен мозок. До неговата ќуќа се направи пат за количката,дел од селаните го изнесуваат на шетање за да се дружи. Дел од луѓето вчера што дадоа изјава се срамам што ги познавам!!!! Многу жално е за родителите на децата кои треба да се сместат,многу. А организацијата ,порака,во неготино-хумана ама испраа толку пари и си изнакупија куќи станчиња за себе(главните). Не бранам бидејќи ова е срамота што се случува,но тие ,неписмените се изнајадија гомна пред телевизија, срамота е!
Нема ни потреба да се зборува за ова од аспект на партија. Убаво си кажуваш. Проблемот е со неинформираноста. Ни треба едукација и за возрасните. Луѓето се плашат од работи кои не ги познаваат.
Ма каква градинка, каква грижа за бука и неповолни услови на штитениците... Грото од луѓево се бесни оти децава со посебни потреби ќе им ги разболат нивните деца, „ќе ги гаѓаат со камења“, дека се опасност за населението. @Mamli не сме биле таму, но има нешто што се вика Фејсбук, има куп такви неписмени коментари од простациве, имаше и лајф пренос за твоја информација. Тебе во штаб ли ти кажаа дека е намештаљка она со девојката која ги виде децата? Не знам дали протестот има врска со партии, ама срамота е вие тука партиски определените до каде ќе паднете. Срамота. И не спомнувајте ич име во иста реченица со ова, ќе речат патриотиве дека спинуваме... Името секако е побитно од маргинализирани заедници, тоа е таа човечност и морал
Ти и другарка ти DAngel многу нешто повраќате. Запрашајте се дали некој од вас повраќа ВМРО нема никаква врска со протестот и не сум јас член на ВМРО, туку кога бирам на кантар многу повеќе ми се допаѓа таа страна отколку ЛГБТ СДСШ. @LoveHope многу убаво објасни. На протестот имало гласачи на СДСШ и ВМРО. На селаните им било ветено градинка и бараат тоа што им било ветено. Без разлика кој и да е на власт. И од претходните биле извисени, а и од сегашниве.
Џастис?! Од каде знаеш која партија е во прашање?! Не. Не е ок да си против вакво нешто. Нема оправдување. Не се работи за нешто што ќе ги загрози останатите, па да бидат против. Приоритет се децата со попреченост. Не е важно дали е во прашање странска инвестиција. Важно е дека сме неуки, неинформирани што и не е толку страшно. Страшното е што не сакаме да се едуцираме. Каков народ, таква држава.
Честo гo кoристиш збoрoт шoвенист бaрем нaучи кaкo прaвилнo се пишувa. Oчигледнo не си јa ни сфaтилa пoентaтa. Тoчнo aкo билo нaпишaнo немa дa имa пoтребa дa се менувa. Сериoзнa ли си јaс дa пишувaм зa шaренa ревoлуцијa? Зa кoи ревoлуциoнери си нaпишaлa декa се Мaкедoнци? Зa лaењетo мoжaм дa ти кaжaм декa вo твoјa специјaлнoст не се мешaм, нa тoa пoле си без кoнкуренцијa.
Википедија е за да се менува, затоа е јавна. Многу ретко информациите во неа се точни. Шовенизам и шовенист никаде не се спомнати во моето претходно мислење. Ако имаш нешто паметно да кажеш, повели. Ако не, адиос. Што убаво било кога испоигнирираш сите што ти се под ниво за дискутирање, одма се крева средната вредност на IQ-то на форумот за 200%
Да бевме нормален народ ќе ставевме прст на чело и ќе размислевме што сме добиле ние од владеачките гарнитури кои што биле до сега на власт и што исполниле од тоа што ветиле. Затоа земете лист хартија и пенкало и на една страна напишете ги предностите и недостатоците односно она што сте добиле од владеењето на таа гарнитура и што е тоа што сте загубиле со тоа што тие дошле на власт. (Ова не важи за тие со партиска книшка,зошто тие во секој случај од секоја владеачка гарнитура добиле по нешто или мислат дека добиле). Епа ако сте обичен граѓанин полето со недостатоци ќе ви биде преполно, а ако сте при очи слепи подобро и не заслужувате. Обичниот народ секогаш ќе го јаде стапот без разлика која е владеачката гарнитура. Ама политичарите треба да знаат дека стапот има два краја. Ќе дојде време кога и тие ќе го јадат стапот. Сите знаеме дека ниту една политичка партија не е способна да ја направи подобра државата. Сите велат дека е потребна трета опција, ама таа трета опција нема да може да опстои на политичката сцена бидејќи ВМРО и СДСМ се далеку финансиски пред таа потенцијална трета опција. Затоа што сме си дробеле тоа ќе си сркаме.
@Lianna Anna Тотално си во заблуда. Тој неук и необразован народ многу повеќе ќе помогне на тие лица отколку тие образовани што возат џипови од 80,000 евра и што се таму со тие деца да се сликаат, затоа што тоа симпатично изгледа на ФБ и да собираат лајкови, а нема ни пар пижами да им поклонат. Имаме многу маани како народ, но не познавам ниту една личност да гледа сеир, потсмев или на било кој начин да сака да им наштети на сите тие деца.
Вo претхoдните мислењa нaпишa шoвЕнист, пoтoчнo вчерa тaкa му oбрaти нa Mamli. Кoгa некoј се нaфaтил дa пишувa нa Википедијa требa дa рaспoлaгa сo тoчни инфoрмaции.
Еве ти ме просветли. Туку што ми објасни дека селаните кои ги сметаат децата со попреченост за контаминирани ќе им помогнат, со тоа што ќе бидат против изградба на центарот за истите. Видиш, тука не станува збор за пар пижами. И ова, баш симпатично делува на фб. Дотолку што можеме да ја видиме реалната слика на едно Македонче. Наместо да се борат да се крене свеста во ова, какво такво општество, да го подигнат општеството на едно повисоко ниво, тие се кренале да деградираат деца. Да. Баш се од помош. Најлошото е што поголемиот дел Македонци размислуваат вака. И ич не ме интересира кој е моментално на власт. Сум за да се изгради тој центар. Сакам и сум за тоа, народот да се едуцира и да разбере дека таквите деца се само деца. Тие не одбрале да бидат така родени. Ниту пак нивните родители го бирале тоа. И кој е заблуден?! Јас, што познавам еден куп луѓе кои размислуваат вака и ги испишаа своите деца од училишта каде има деца со попреченост или ти и таквите како тебе, кои не "виделе" ниту еден да ги омаловажува истите?! Дали ти воопшто ја следиш ситуацијата со Тимјаник?!
Во Македонија и целиот свет живеат околу 2 милиони Македонци. Колку случаи на булинг, малтретирање, тепање од страна на Македонци врз деца со посебни потреби е регистрирано? Се фаќате за поединците коишто ги има во секоја држава и нација. Јас како што знам се бара изградба на градинка, а центарот да се изгради на друга локација во селото. Ако грешам ќе се извинам. Секаде постои сегрегација и престанете да гледате некои филмчиња за идеално општество. Зарем мислиш дека ситуирани семејства во Британија ќе пуштат дете да им учи со нетолку ситуирани деца или деца со попреченост? Не си правете илузии. Во тој толку “хуман“ Запад постои свет и училишта за коишто обични смртници можат само на гугл да ги гледаат.
Ама се читаш ли ти што пишуваш?! Превземено од фб: Ова го пишувам како мајка на дете со попреченост. Ви ги читам статусите за Тимјаник и морам да констатирам дека дел се резултат на апсолутна неупатеност во проблематиката, дел се Не сме ние како нив, ние немаме проблем со лицата со попреченост. Вистината е следна. Македонија е Тимјаник, само некој го чита, а некој го живее секојдневно. Јас живеам во Центар и моето дете оди на училиште во нашата општина. Во прво одделение двајца родители ги отпишаа своите деца ( откако им пропадна петицијата за бркање на моето дете ) бидејќи мислеле дека нејзиното присуство го ремети развојот и напредокот на нивните деца. Секојдневно ги чувствуваме љубопитните погледи и муабети Е ене го чудното девојче; Е ене го детето што чудно збори; Е ене го девојчето од нашето школо за кое ти зборував.....Е...... Тимјаник е скоро па предградие на Неготино. Не е некоја пустелија. Нивните деца одат во Неготино исто како вашите деца од Карпош 2 што доаѓаат во Центар или моето дете што оди во Сити Мол. Близината на Демир Капија условува од практични причини домот да биде сместен во близина. Ако не било Тимјаник ќе било некое др село или населба. И знаете што? Реакцијата би била слична или иста. Годиниве на мачно живеење ја убија емпатијата која порано постоеше во поголема мерка. Не знаете како е да се живее со грижата за своето посебно дете. Поставувате прашања кој имал повеќе приоритет? Здравите или немоќните? Па дали е возможна ваква дилема? Додека не научите дека нема вакви и онакви деца, а има наши деца нема да не биде. Деинтситуционализацијата е хумано нешто. Апсолутна поддршка за проектот и честитки до Мила и нејзиниот тим што се нафатија да го решат овој горлив проблем кој требаше да биде решен децении нананзад. Се создаваат услови за подобар и подоинствен живот на штитениците. Не заборавајте и тие имаат родители кои леат солзи во моментов збунети како нивните чеда со најтешка попреченост се пречка на вашите здрави!?! Бидете здрави и живи и Ви посакувам никогаш ама никогаш да не го одите патот на родителите и децата со попреченост и Ве молам само не стоите и не го попречувајте нашиот пат. А Вам кои не поддржувате искрено, големо благодарам. Јас нема да кажам ништо повеќе од ова. Мајкава објаснила се. Јас, освен центарот и едно училиште би изградила, а во кое би ги едуцирала сите оние кои ги сметаат децава за насилници, деликвенти, заразни, опасни по животот на другиве. Жално е што родителите на ваков начин ги воспитуваат децата.
Јас убаво читам што пишувам. Сегрегација секаде постои и во богати и во сиромашни општества. Дали според мене треба да е така? Не, но реалноста е дека постои. Зошто мислиш дека на Запад деца од поситуирани средини учат со сиромашни или деца со попреченост? Па веднаш се фаќате Македонците биле вакви, такви, прости, глупи. Јас сакам во Тимјаник да се изгради и градинка и центар за попреченост. Сите среќни и задоволни. Најголема иронија е тоа што на форумот има толку големи борци за правда што не би донирале ни јаболка за да не си скратат од своето патување на Санторини, али ќе навредуваат и судат на некој што има донирано и давано купишта облека
И тие деца се деца и имаат право на соодвтно место и грижа. До кога ќе ги гледаме пора3лично тие деца? Мора да сфатиме како опшество треба да се и3дигнеме на малку повисоко ниво, и да го смениме нашиот малоѓрански ментален склоп. Тие деца 3аслужуваат да им се и3гради таква устанува, доста више ги деградираме лицата пора3лични од нас.
Не знам зошто упорно се обидуваш да ја споредуваш нашата држава со Запад?! Та нели според тебе Западот, секогаш беше нешто што како пример ние не треба да го следиме?! И јас не го коментирам Западот. Не ме интересира како живеат таму, ами ние тука. Ниту пак сметам дека примерот кој го наведуваш е соодветен и ја оправдува моменталната ситуација. Читај убаво. Никого не навредив. Со соодветни зборови реков и се уште стојам на тоа дека оној народ кој навредува вакви деца, омаловажува, деградира, сепарира, е народ на кој му треба соодветна едукација. Ако сметаш дека членовите на форумов се нехумани и не помагаат, тогаш, треба почесто да влегуваш во темите за истото. Та дури и да си во право, во моментов, не се работи за парчиња облека, туку за голема количина парични средства. Ти ќе ги дадеш истите?!