Единствената иронија е тоа што некои членки во други теми се топат зборувајќи за љубов, вклучително и најмногу за деца и со посебни потреби, а сега ќе те лајкуваат и поддржат тука.
Исто иронија е личноста што изиграва хипи гуру на форумот во име на хуманоста и љубовта, а од друга страна поддржува убивање на неродени деца Јас секогаш и секаде ќе поддржувам децата со посебни потреби да живеат во хумани услови и да ја добиваат поддршката што им е неопходна.
Прво, не знам дали воопшто знаеш, ама лице со инвалидитет, или во конкретен случај дечко кој не може да оди поради повреда на рбетот и лица со пропреченост во развојот се две различни категории на луѓе. Ако не ти е јасно, кажи, јас ке ти ја објаснам разликата. Понатаму, дали ти виде какви одвратни коментари беа упатени кон децата со попреченост??? Парафразирам - Не сакам во близина на моите деца да има болни деца, моите деца се плашат; Не сакам и моите деца да се разболат. Не знам што да е ветено, вакви празноглави изјави само глупав човек може да даде. Човек без ни малку емпатија. Јас сум свесна во каква држава живеам, ама вакво нешто не очекував, ова е грозно и страшно!!!
Ребека,не сум била јас на протестот. Јасно ми е што е едното а што е другото,и медицинско лице сум. Сум била пред неколку години на олимпијада на лица со посебни потреби си имав свој тим,се грижев и бев одговорна. Човек со чувства сум. Сакав да кажам дека излегоа пред камери луѓе кои секако се изназборуваа,многу лоши и погрдни зборови кои се тешки за едно човечко битие. Но имаше луѓе кои го изразија само револтот околу тој објект што им бил ветен претходно... А една од изјавувачките немаа 18год.дете,имаат сега а се изнајаде сешто дека детето се плашело,не сакала да биде во близина на децата кои е потребнп да се сместат. Ете тие не си ги воспитале децата како што треба,тие се за ќотек а не тие кои се против користење за објектот освен за градинка. Не ме ставај во тој кош,сакав само некои работи да ги појаснам околу постовите дека било политичко.
Значи знаеш за какви лица станува збор. Дали некој нормален човек би протестирал против градење дом за такви деца??? Знаеш, ме иритира тоа што цели 11 години претходната влада не направи ништо, еве една година помина откако новите дојдоа, и сега, кога конечно ке се направи нешто убаво и корисно, они протестираат? Да протестираа затоа што ништо не е направено е едно, ама нема оправдување за гадови од луѓе кои протестираат против градење на дом за деца со пречки во развојот.
САД и С.Кореја во Сингапур постигнаа договор за сериозен спор. Во исто време Скопје и Атина преговараат за решение на спорот. Интересна коинциденција...
Ау, се возбудив На сите глупави предлози, Република Северна Македонија ми беше најадекватен. https://fokus.mk/zaev-dojdovme-do-r...-makedonija-jazikot-e-makedonski-bez-fusnoti/
Само тешко дека народов ќе прифати и не треба да прифати вакво нешто. Ѓорѓе нема да потпише и нови избори ќе има, а зајче....
На дпмНЕ највеќе му смета тоа што СДСМ ќе успее да го реши спорот и овозможи влез во ЕУ. Така ти е кога не ја користиш својата шанса, после плачеш. RUN for Republic of North Macedonia RUN
Не ја искористија нетреба тука љутиш , имаа шанса не успееаа во тоа, барем нека до3волат да отидеме напред и така подобра шанса нема да имаме.
Каде се предавниците отиде и ова мало парче Земја и име и се ќе ни земаат.. А комуњарата нека му ја мислат!!!