Заостанувам со какање,ама од вчера ми стои у ... уста. Тачи ни ја докажа теоријата на релативитет,а може и паралелни светови. Кој како си гледа бе! Ама ние битно уште у гзови што не се избацивме во саботата. Да напоменам,не бев! Јас се гушкав на други места,со луѓе шо стварно ги сакам! Тие шо беа,се надевам убаво се напија по некое пивце. Све е до погледот на светот бе... си има став чоекот и точка. Став кој тука нема муда да го каже. Е тоа е релативното! А од друга страна и невозможното,туку се збунив више и јас. А сакав и да кажам за новиот Скопје Мол. Уствари,да прашам,со кој памет бе?! У држава со 2 милиони народ и гз место метропола. Аирлија, трговијата, пепел! На здравјееее! Се осеќам ко да се јавувам на бумбар.
23.03.2012 година, од вечерва ново поскапување на бензините Ако не се лажам ова е 4то последователно поскапување и влегување во поголемо лудило. Ме фрапираше пресот на министерот за финансии Ставрески кој зел да ја споредува Македонија со САД, вади некои бројки да го збуни народов, а заборава или незнае воопшто, дека таму само социјалната помош за невработени е 600 долари. Алооо докаде со ова лудило и фолирање? Од можеби режирани мегуетнички тензии, во државава ќе се пренесе трендот на бунт и револт кој зема се поголем замаф во многу земји како рефлекс и резултат на сиромаштијата и скапиот живот кој се живее, па наместо политички хајки, ќе прерасне во реален проблем на сиромашниот граѓанин. Незнам до каде ќе оди ова поскапување на секој продукт, а стагнација на малечките плати или нивно намалување и губење. Само губат кај народот.
http://www.bezpardon.mk/izglasano-alban ... n-praznik/ Со 55 гласа “за“ , 28 “воздржани“ и еден “против“ Собранието по три дневна расправа ја усвои програмата за годишнини од значајни личности и настани во 2012. Пратениците одлучија во Македонија да се одбележува 100 години од албанското знаме, стогодишнината од првиот министер за одбрана во владата на Албанија, по потекло од Македонија, Мехмет Паша Дерала, 150 години од смртта на браќата Миладинови, пет години од смртта на Тоше Проески. Околу 100 годишнината од албанското знаме и 100 годишнината од првиот министер за одбрана во владата на Албанија, беа отворени најголеми дискусии помеѓу пратениците. Собранието на Република Македонија донесе одлука со која албанското знаме нема да се слави како државен празник и неговиот ден нема да се одбележува ниту од министерствата, ниту од Собранието на Република Македонија. Во Програмата стои дека 100-годишнината од албанското знаме ќе биде одбележана со свечена академија на Институтот за духовно наследство на Албанците. Честитки со државни пари ќе се слави денот на Албанското знаме...нашето знаме ќе го палат во Албанија, ќе го газат и плукаат, а ние и пари ќе им дадеме. ....Нема денот да се прославува како државен празник, ама битно пари од Буџетот ќе се издвојот и тоа околу 5000 евра....е Македонче, Македонче Од главата си патиме...и после треба да го сакам Грујо и фамилија НИКОГАШ
Ова не е можно... Се е подготвено за пристигнувањето на најголемиот бизнис магнат во Македонија Карлос Слим. Slim Штом најбогатиот човек ја 'приметил' Македонија дека постои ...можна е револуција :geek: Замислете Бил Гејт да дојде,аха,да... http://www.youtube.com/watch?v=dCgMVbRY ... AAAAAAAMAA
Спојлер http://www.bezpardon.mk/k-e-pukne-na-severot-na-kosovo-albantsite-se-iseluvaat/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=k-e-pukne-na-severot-na-kosovo-albantsite-se-iseluvaat Што е работава, знае некој??? Шушка се шушка...
Немам коментар...Господ гледа се`, забавува, но не заборава... http://press24.mk/story/makedonija/krim ... n-priveden
Во врска со ова би требало да се поработи на безбедноста на црквите, пример да се постават камери. Збор е за културно наследство.
Објавено 03 мај 2012, 12:54, во Македонија Владата со нова кампања за меѓуетнички соживот Владата објави оглас со кој бара маркетинг агенција која ќе изработи кампања за промоција на вредностите од меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот во Македонија. Маркетинг агенцијата ќе има задача да изработи лого, радио и тв спотови, печатени огласи и билборди, веб банери, ПР стратегија и закуп на медиумски простор за прикажување на спотовите. Понудите може да се достават најдоцна до 19 јуни годинава, кога ќе биде и јавното отварање и избирање на најповолната понуда. Како главен критериум за избор на понудата повторно е квалитетот, а не цената, што всушност е главна критика на експертите кога се работи за оглас за маркетинг кампања. Засега не се знае колку пари од Буџетот Владата ќе потроши на оваа нова кампања, но огласот е објавен во време кога Собранието распорава за кратење на трошоците од државната каса бидејќи нема доволно приходи. Владата не се откажува од политиката на промоции иако е криза, а за сметка на тоа, ги скрати планираните капитални инвестиции за дури 90 милиони евра До кога ? Се прашував уште колку рекламни кампањи ке направи оваа влада. 90 милиони евра употребете ги за подигнување на животниот стандард на граѓаните на Р.Македонија и уште 30х90 милиони кој што ги фрливте досега,немаше да има потреба од реклами за соживот. Но поинтересна е провизијата која што ке си ја земете од вашите разно разни рекламни и градежни фирмни, човекот никогаш не ви бил ни под точка разно затоа ве молам престанете да ги трошите нашите пари за глупости и со тие пари ако ништо друго спасете некој млад живот. А да ке заборавев за малку, убава идеа се врбите во вардар посебно кога една од нив чини 250 000 евра, но глупаво станува да се повторуваш дека ова е грабеж кога во секој момент ке се најде некој канцелариски „ стаорец“ кој што ке каже - Никогаш не било подобро отколку сега под водството на оваа влада. Како што рекол некој мудар човек некогаш - Нема полошо од тоа да се срамиш од самиот себе ,и од тоа што си. Но јас веќе започнувам да се срамам што живеам во оваа држава и од тоа што сум Македонка.
Внимавајте, безбедносните камери на улиците од денес снимаат- казните со се фотката ќе стигнуваат на Епа гледајте што помалку честитки да добивате
Претседателот на Грција предлага влада од технократи - супер му е идејата, ајде нека се договорат но сега ли му текна? Во суштина власта тоа и би требало да биде, стручњаци да го раководат координирањето на државата а не владата да биде работно место за џаболебари. Да не беа џаболебари поранешните министри, Грција не ќе спаднеше на ова дереџе. ____________________ Претседателот на речпосполита Полска: „Вратите на ЕУ по Хрватска ќе се затворат!„ - и тоа на подолго време, но не кажа на колку. Хрватска инаку треба да влезе и официјално во ЕУ летото 2013 година.
http://www.mkd.mk/32976/makedonija/saki ... akedonija/ овој треба да го убијат одма да не чекаат, а што е најтрагично ако добро прочитав бил пратеник во собрание кај нас......
http://www.time.mk/read/a4b1fbad6f/de3d ... index.html http://www.youtube.com/watch?v=iapK6eVt ... r_embedded Еве прочитајте сами и видете :geek: . Вчера случајно ја фатив репризата од емисијата и ооооооп пандорина кутија се отвори. Ок, прибирање на поени пред избори...биќе жустро, биќе :geek: ми се допаѓа
http://www.youtube.com/watch?v=iapK6eVt ... r_embedded http://www.time.mk/read/a4b1fbad6f/de3d ... index.html Еве прочитајте сами и видете :geek: . Вчера случајно ја фатив репризата од емисијата и ооооооп пандорина кутија се отвори. Ок, прибирање на поени пред избори...биќе жустро, биќе :geek: ми се допаѓа
^ Кој ќе ги трпи сега, овој рече вака, оној рече така. Крајно досадни ми станаа. Ај тие, ама и народов, со испран мозок. Едните за едната партија, другите за другата, два збора да им кажеш ќе излезат да се покољат. Читам коментари низ нет, Бранко бил крив, Бранко треба да лежи у затвор, ова е откривање на државна тајна...Чекај бе малку, спушти топката. Што се мешаш ти у партиски односи, гледај од себе, за себе, што значи за тебе откривањето на овој документ. А овие големиве и така и така ќе си перат пари и ќе јадат по скапи ресторани. Одсекогаш сум ги замислувала така Грујо и Бране, седнати во затскриено сепаре, си јадат, пијат и си се смеат на нашата глупавост (оваа слика така ми е навлезена во глава, и муабетите и фаците им ги замислувам ) Од што ми се смачи од истиве фаци на политичкава сцена, земјава како да нема капацитет на нови луѓе. Туку и тие новите, кога ќе им замирисаат парите под фотељата на која ќе седнат, ќе си ги помешаат моралните вредности, па ќе се зафрлат и тие во пералните бизниси
Кога секој ќе појде од себе и ќе биде самокритичен ... тогаш мислам нешто од нешто може да профункционира тука како треба. Инаку префрлање вина на другиот, најлесна работа но не и вистинската. Ама политика је курва ... ќе трпи народот, а политичарите ќе си полнат џебови и лечат комплекси.
Едно прашање од мене бидејќи не сум во тек со политичките настани во последно време,дали ќе има предвремени избори?бидејќи гледам дека се подготвуваат на некој начин...
Не ми се врува дека ке има предвремени . Но едно не ми е јасно што толку се плаши Премиерот да изелезе на дуле , да се соочат па народот нека пресуди кој е право кој не. Не знам што е оваа работа , во секоја нормална држава, има тв дуели особено во изборни кампањи и слично , кај нас од времето на љупчо и бранко беше последно нешто што гледв салам дуел , каков и да беше со сите свои негативности , али ипак е добро за една демократија да има дуел. Инаку еве што одговориле од ВМРО http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... UQEYnkz3-M