Различни мислења имаме А што станува збор за тие со партиски книшки кои не работат, безделничат по дома, ама упорно се маваат во гради? Имам еден пример вака. Незнам кој од вас бил во Долно Лисиче во последнава година, ама за тие што не биле и незнаат состојбата беше ваква. Има една улица што го поврзува Лисиче со Драчево и истата улица ја правеа една година. Ја ископаа и ја оставија така. Дупки до немај каде, кога врнеше беше очајно, калливо. Децата што идат во школо во Драчево, идат пешки преку овој пат, кој нема ни тротоар. Летно време прашина до гуша. Имаше еднаш репортажа на вести за ова и изјава од граѓаните дека од дома излегуваат со шише вода, за кога ќе ја поминат улицата, да си ги измијат чевлите, оти на работа е срамота така да се иде. Дали еден од нив излезе на истата улица, ја блокираше (зашто е битен пат кој ги спојува двете места) и побара истата итно да се направи? Не. Ниеднаш. Подолу во Лисиче, шахтите им се поставени над патот, т.е. штрчат, па покрај тоа што ќе си ја испокршиш колата, кога врне, водата неможе да оди во шахтата па се ствара поплава. Простор за одење...нема. Значи пример од секојдневен живот. Ако излегле сите од тоа место да протестираат и да бараат да им се поправи состојбата на патиштата, јавно да коментираат за тоа, зашто од нивни пари се гради и за нивно добро е, нели, тогаш би имало побрза промена на состојбата. Ама не, они си молчат и си трпат...и си коментираат по комшии Иначе, реално гледано, албанците по ова прашање се многу попаметни од нас. Тие заеднички се борат за тоа што го сакаат, сплотени се, а ние еден со друг се плукаме и се делиме поради милиони причини. Да излегле на протест онолку Македонци, колку и Албанци, да сме силни, сплотени во едно заедништво, можеме се. Ама ние порадо ќе стоиме под знамето на партијата, а тоа ретко кога ќе не заштити. Луѓето од мака треба да се делат меѓу себе, а не да се делат по партија, а имаат исти маки. Патем, надвор од темава. Има ли кај некој од вас, во сопствена фирма или каде што работите, поврат на ДДВ?
Размислувањата ни се исти, само различно ги изнесуваме истите Јас за едно зборев, па после се префрливме на партии и влеговме во лавиринт
А бе мило ми е сите за де вработат ама што е многу многу е. Преголем е бројот на вработени во администрација а сите овие вработувања ке бидат на грбот на народот. Кравче а за тоа што викаш Што правиме со оние кои се невработени а со партиски книшки? Е баш заради таквите ни страда државата, чека партија да ги вработи. Ке дојде ВМРО на власт, сите со црвени книшки бараат работа, ке дојде СДСМ на власт сите со плави книшки чекаат работа. Јас сум многу против вработувањата по партиска линија ама за жал така е, затоа што секој чека партијата да го вработи.
Албанци тепале Македонци на кошаркарски меч http://www.mkd.mk/36713/sport/albanci-tepale-makedonci/ Имам само едно прашање: До кога веќе ќе ги трпиме тие неандерталци?
Не е толку политички,ама го забезекнува и тој аспект... Дали е подобро да купат ракети и да интервенираат во случај на град или потоа да надокандуваат штети на земјоделците?! Толку сме...идиотска држава,просто не можам да се начудам.
Респект за ова И баш за овде е прашањето, затоа што кој ако не владата треба да го реши тоа. На нив им е јасно дека поисплатливо е со ракетите, ама поисплатливо е за Буџетот а не за нивниот џеб. Знаеш ли со тие штети колку неземјоделци дрпнаа пари. АЈ од 2008 наваму од тие што се регистрирани не можат да земат, ама пред тоа се наполнија пари одредени личности. Не си се регистрирал како земјоделец, не ти е проценето производството, па ни штетата. Тие ке пишат штета оти ти исплатиле, а парите во џеб си ги ставаа (уствари на сметака нема џеб што ке ги собере тие пари).
Па тоа невреме вчера, со град со големина ако не и поголемо од јајце од кокошка, никаква ракета не би можела да го спречи. Jас прв пат во животот доживеав такво страшно невреме, дури тогаш осетив вистински "земјотрес". Тоа не беше нормално врнење град, ова беше паѓање камења, нешто слично како во филмот 2012, ги исфрлаше како од топ, пукаа на керамиди, на коли, на табли. Страшно и досега невидено. Иако ова е за клима, да се надоврзам на муабетот, дека такво нешто не верувам дека можеше да се спречи.
^ Па ракетите ги разбиваат облаците,следствено на тоа, воопшто не ни доаѓа до град или и да се случи,помала е штетата. Туку како сте бе дечки,не ве боли вратот од уште едно насиље?! Онака,фатија и денес,крк крк,ајт А2. Нема,немааа,охиии програмски концепт,репризииии... А Сител бе братко,шо праат?! Оваа баба ми се утепа од гледање серии. Јас образовна програма не сум сретнала по насиве медиуми. Шо бараат нешто што уствари не постои у нашиот етер?! И така,туку поинтересен беше Боки,да...
Македонските државјани кои во иднина ќе сакаат да вадат визи за привремен престој во Канада, тоа ќе мораат да го прават во Виена (Австрија) наместо во Белград, а за иселеничките визи и понатака се аплицира во Виена како и досега. http://www.cic.gc.ca/english/department/media/notices/notice-office2.asp
Владата носи закон со кој ќе ги малтретира, понижува и полесно ќе ги брише невработените од евиденцијата, реагира опозицијата. Според предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, законот има цел да обезбеди поквалитетни услуги на невработените кои активно бараат работа. Според предлогот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, што е во собраниска процедура, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година. Законот предвидува и казни од 200 евра за луѓето што се пријавуваат како невработени, а работат „на црно“. Поранешната директорка на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска од ВМРО-НП вели дека предложените измени се неуставни. Малку е нечесно и нечовечки да ги казнуваме луѓето коишто на каков било можен начин се обидуваат да егзистираат, односно да му обезбедат еден оброк на своето семејство. Билјана Јовановска, ВМРО-НП, поранешна директорка на Агенцијата за вработување. „Која е целта на владата? Да се спаси од приливот на 100 илјади невработени лица кои се очекуваа до крајот на минатата година, а тоа се сите оние луѓе коишто беа инволвирани претходните пет години во тн. проекти и мерки за вработување. Измина казнениот рок од пет години во кој тие не смееја да се пријават како невработени, а исто така измина и оној период од 5 години на студии. Младите денес дипломираа, магистрираа и веќе почнуваат да се враќаат на евиденцијата на невработени.“ Јовановска вели дека е сурова одредбата со која се предвидуваат казни за работниците што работат на црно. „Малку е нечесно и нечовечки да ги казнуваме луѓето коишто на каков било можен начин се обидуваат да егзистираат, односно да му обезбедат еден оброк на своето семејство.“ Министерот за труд и социјала Спиро Ристовски, одговарајќи на критиките на опозицијата, вчера рече дека Македонија има највисок степен на толеранција кон невработените и дека во секоја земја има бришење од евиденцијата. Во Македонија тоа е со понизок процент во споредба со другите земји, рече тој. Државниот завод за статистика објави дека невработеноста во првиот квартал од годинава се зголемила за 0,4 отсто во однос на истиот период минатата година и достигна 31,6 отсто. извор Значи на тие со факултет може и да им најдат работа како хигиеничари, не е важно дали тие од леб двоеле за да платат факултет и не е важно дали така ги омаловажуваат, битно нешто да работат. А државните и јавните институции нека вријат од неписмени што не знаат еден документ да ти заверат, што им е побитно да направат муабет на мобилен или да си ги налакираат ноктите, од тоа што ти ги чекаш пред шалтер/врата. Не знам до кај ќе стигнат вака и едните и другите, и тие што предложуваат и тие што демек го спорат предлогот, во нивно време процветавме сите со работи бевме па сега овие не не вработувале. Исти ѓубриња, ми се гади од целата ПОЛИТИКА во Македонија, ми се гади од вмро, од сдсм и од разне пичке материне. Ако и ова се усвои ќе биде крај. Дури тогаш треба да се ликвидираат б и н, па можеби ќе настапи некоја нова демократска организација. Премногу им дозволивме и на едните и на другите, а народот уште молчи?
Јас имав, со задоцнување од 6-7месеци. Имав некои ф-ри од АППРМ Самовработување...нели ја плаќа нето сумата јас на посебен налог го плаќам ДДВ -то за да после 7 месеци ми го врати . Мизерија у раскош, али тоа е
Стварно прецедателот наш изјавил дека и ние сме требале да им лепиме лепенки на грците кои влегувале во мк? и да пишувало Јужна Македонија на лепенките? како да чув нешто на вестите ама, не сум сигурна Едит: не бил нашиот прецедател, туку некој си Даниел Сервер... сега гледам и се смејам
Угледниот американски аналитичар, Даниел Сервер, во колумна на својот блог, предлага Македонија за грчките таблички да подготви свои налепници. Можеби налепница која ќе го покрие натписот ГР на грчките регистерски таблички со содржина „Јужна Македонија“? Или можеби „ Јас сум Грк кој патува низ земја чие што име не го прифаќам?Етничките Македонци или Албанци со грчки регистерски таблички ќе треба да бидат отфрлени од оваа практика. Или една налепница на која пишува „Нека е проклета привремената спогодба“ пишува Сервер на својот блог. извор
Проблемот со новите таблички постои, возачите збунети И по неколку дена откако се појави проблемот со покривањето на ознаката МК на новите рeгистарски таблички од страна на грчките власти, македонските погранични ограни немаат никаква официјална информација за овој проблем. До денес ниту на граничниот премин Богородица,ниту пак на Дојран нема известување или поплака од македонските државјани дека им биле делени налепници или пак покриени ознаките. Но и покрај тоа дел од македонските возачи велат дека проблемот постои и со истиот се соочуваат само оние кои ги имаат новите регистарски таблички.Некои од нив за сето ова слушнале од нивни колеги,а има и такви кои и лично се соочиле со грчките власти. - Мене ми се случи истото.На колегата бидејки незнаеше грчки јас му преведував,го застанаа него и го прашуваат зошто има МК.И јас преведувам, тој вика тоа мене ме провоцира, вика ме провоцира, на око ми доаѓа. Тоа го прави полицијата во Солун -рече македонски превозник. - Јас така го примив камионот и бидејки од други имам слушано дека правеле проблеми и затоа не ја вадам,значи не одам на таа патриотска работа, бидејќи јас заработувам тука за живот - рече друг превозник. Оваа состојба вчера ја коментираше и министерот за надворешни работи Никола Поповски кој потенцираше дека тие како министерство будно ја следат целата работа. Тој изрази надеж дека Грција ќе престане со ваквата пракса за која вели дека правно не е издржана.Во меѓувреме расте бројот на македонците кои патуваат кај јужниот сосед. Статистиката на граничниот премин Богородица денеска бележи значително зголемување. Само до 12 часот во Грција влегле околу 3600 Македонци или за околу 40% повеке од вкупниот број вчера кој изнесуваше околу 3420 патници.
E ова со платени одмори на социјалните случаеви, навистина е плус вака нека се троши дел од парите, нека видат и дечињата нешто, ако државата не им плати, ни на одмор не можат да отидат Hека се радуваат
И те како е правно издржана. Тоа е дел од спогодбата потпишана помеѓу Македонија и Грција уште 1995 год. Друга приказна е што нам тоа не ни се допаѓа...
Слушнав на вести за некоја сообраќајка во која загинала некоја жена од Албанија... црно комбе со прилепски таблици. Вчера кога се враќав од одмор се сретнавме на пат, возеше лудо, претркуваше на невозможни места со невозможни брзини, си помислив дека нешто може да му се случи, и ете што се случило... Некој едноставно не е за сообраќај.
А бе едно браво што заслужува држава со оваа мерка , што да кажам... Јас би рекла срамота и тоа голема срамота. Вака ли државата да троши дел од народните пари , а факт е дека државата ги троши моите и твоите пари... Нека скрати од спомениците, нека скрати од фонтаните и езерцата, па нека ги носи сите деца на одмор.... немаат ли право сите деца да се радуваат? Или пак децата на вработените треба се бањаат во фонтаните? Можеби ќе наидам на осуда со ова што ќе го напишам, ама сепак тоа си е мое мислење. Мене ич, ама ич не ми се допаѓа оваа мерка на Мин. за труд и социјала затоа што државата за едни деца во случајов излегува мајка, а за др. маќеа. Зошто јас и мм да работиме (под претпоставка дека имаме нормални месечни примања колку за плаќање на месечните сметки, ги плаќаме и сите давачки и даноци и сме примерни граѓани кои редовно си ги исполнуваат своите обврски, и имаме средства за намирување на основните животни функции како храна, скромна гардероба итн.) и да не можеме да издвоиме некоја паричка за да ги носиме нашите деца на одмор? Значи ние ринтаме секој ден, цела година и пак не можеме да си дозволиме да ги носиме на одмор. Зарем децата на вработените родители одат секоја година на одмор? Дали секое семејство може да си дозволи да оди на летување? Колку семејства одат секоја година на одмор? Зошто државата не ги зема во предвид и овие деца, децата на вработени родители, зарем тие не заслужуваат да се пофалат дека и и нив државата им платила летување? Зошто државата да не ги носи сите деца на одмор?...немаат ли право и тие да се радуваат и да одат на одмор. Ако веќе држава сака да им помогне на социјалните случаи нека ја зголеми социјалата. Ова е дискриминаторска мерка од страна на државата и јас лично не ја оправдувам ниту поддржувам. Можеби звучам себично, ама ако јас како работник (читај даночен обврзник и зголемувач на буџетот) и` давам пари на државата за таа да носи деца на одмор, меѓу кои не е моето , а јас од друга страна не можам да си дозволам моето да го однесам, тогаш плукам по државата и по оваа манипулаторска мерка со која државата само сака да придобие уште еден гласачки слој од народната маса. Овој пат тоа ќе бидат социјалците (исто како што беше случајот со пензионерите кои "бесплатно" одеа на бања).