Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Упс,изгледа локумот и кафето кај некои луѓе не упалило... :D
     
    На zhap4e, baguf4e и starbucks им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Еј, туку... дај не се зафркавајте, греота би било да не гласате за СДСМ кога за тоа кафе и локум, наполитанки или што и да делат го ставиле она нивно здание, бастионот на опозицијата под хипотека.
    Ако изгубат, ако не успеат сега они да и се фрлат на народната каса ќе останат без него.
    Затоа не се зафркавајте, гласајте ги или бар ако ништо друго да се препродадат тие кафиња, наполитанки, локуми и на сметка да се префрлат |(

    Да живее Бихаќка !

    ВМРО доволно беа на власт, време е нови волци да се замезат.
    Испоснети се до немај каде ;)
     
    На tanja6 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    а за каков атентат станува збор??? :?: нештп чув во најавата во шутка ли каде ли...Aма кој кого не знам :D
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Се додека лица како Амди Бајрам ни се главни политичари во државата, ништо не бидува од нас.
    Имено Амди Бајрам ќе го тужел Црвенковски за атентат :lol: Му било саботирано возилото, а пошто Амди бил во коалиција со Грујо и многу го напаѓал Б.Ц и му ја плескал вистината во очи, затоа Амди смета дека таа саботажа морала да биде извршена од Црвенковски :x
    Работава е да незнаеш дал да плачаш ил да се смееш :x
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Па Боа, нормално човекот направи такво разкритие хахаха он ги учел од СДСМ како се поткупуваат ромите хахахахахахахахахах ништо чудно да знаеш |(
    еј Банана Република

    некој јавно излегува и зборува за поткупување и ок е, изгледа ко слобода на изразување се рачуна ццц
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Стопена разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

    Поима немам дали тука би одговарало да го напишам мислењево. Како и да е не ми се отвара нова тема :)

    Сега гледам на вести дека пробно ја пуштиле жичарата на Водно. Свечено отварање за 10-тина дена.

    Навистина секаде нешто се гради, се прави.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    http://a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2708

    :x :x :x

    Јас не само што се запрепастив, ами и солзи на очи ми дојдоа... Ова мене ми личи на болест, на желба за изживување, на некој психолошки проблем :x :x :x Како бре немаат совест? Да знам дека ради мене цел еден град страда и упорно да се богатам на нивни грб... Незнам што да кажам повеќе :x
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    За Ѕинго не е ова желба за изживување...тој се изживува години наназад,
    Жители на Кратово и околината кажуваа дека и бедната плата им ја даваат во купони.

    Не е важно дали прилогов е снимен од А1 , кој и да сними поубав прилог нема да може да направи.
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Тој дефинитивно има некој проблем, никако неможам да си објаснам како е можно без совесно да се изживува врз цел еден град. За купоните имав и јас слушнато, т.е. дека им давал како картончиња (бонови) за да си пазаруваат со нив, ама незнаев дека е до толку сериозно :o Ги тероризира луѓето, да не делувам грубо ама ова на диктаторче ми личи мене. :x
     
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Леле последново со водата за пиење беше стварно ОДВРАТНО.
    :envy:
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Еве го преродениот стечаец на кој Бранко му бил крив затоа штоа жена му го оставила. Сега го гледаме во поинаква ситуација - како тепа студенти!!!
    [​IMG]
    Почитувани,

    Изминативе пет години Македонија стана чудна држава. Груевски и ДПМНЕ измислија нов изум, досега невиден во политиката. Се изнагледавме се и сешто, од креирање на лажни жртви на транзицијата до режирани контра-протести пред нашето седиште.

    Последниве денови, како се приближува денот на изборите, гледаме дека типичната црна и валкана кампања на ДПМНЕ станува се’ повулгарна и повалкана. Типичен синдром на режим во заминување. Нејсе.

    Паниката и очајот од неминовниот изборен пораз на 5 јуни, очигледно ги тера Груевски и фамилијата да прават нови и се поголеми грешки. Вакво потценување на сопствениот народ и поигрување со човечките судбини не сме виделе до сега.

    Ајде што трошат милиони евра народни пари за нивните билборди, огласи и реклами, сега Груевски им се потмева на вистинските стечајци кои се директна последица на неговото министерување во перидот 1998-2002.

    Денес ја користиме оваа прилика со јавноста да споделиме информации за ликовите кои се појавуваат во ултра скапите огласи и реклами на ДПМНЕ.

    Стојан Стојанов, поранешен стечаец, а сега послушник на Груевски и ДПМНЕ. Еве зошто одработува во нивната кампања. Неговата сопруга неодамна, експресно за само два дена е вработена во штипската библиотека “Гоце Делчев“.

    Русе Јовановски освен што се расфрла со клетви заборава да каже дека во 2009 година е вработен во ЈП “Македонски железници“- Инфраструктура. Истото лице е познато како еден од насилниците што ги тепаа студентите на плоштадот во Скопје.

    Драган Богдановски се обидува преку платени огласи и спотови на ДПМНЕ да го ослободи својот шеф Груевски од одговорност за криминалот на Смиленски. Нападите ги упатува на погрешна адреса. За неговата судбина е одговорен Груевски кој шуруваше со Смиленски и неговата Експорт-Импорт Банка.

    Згора на се, денес Гордана Јанкуловска театрално се среќава со уште еден лик од спотовите и рекламите на ДПМНЕ. Јованче Ацески е исто така еден од насилниците кои се пресметуваше со студентите кои протестираа на скопскиот плоштад.

    Каква иронија. Наместо министерката за внатрешни работи да го санкционира Јованче Ацески, таа го искористува во својата кампања.

    Е ова е вистинското лице на Груевски и неговите платени глумци. Лаги, манипулации, навреди и потценување на граѓаните. Камо среќа и вистинските стечајци да беа згрижени како ликовите од огласите и спотовите на Груевски.

    Почитувани граѓани, ќе ги издржиме уште 10 дена. На 5 јуни, вистинските стечајци заедно со останатите граѓаните масовно ќе излезат на избори да им стават крај на лагите на Груевски и фамилијата.
    Прес на Гордан Георгиев
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    :D :D Бранко бе мангупе! што стори?? :D
     
    На milky-candy, oceangirl и Offspring им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Уапсен Ратко Младиќ ? Да видам, да не верувам.
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    A знаете ли за новата песна на Соња Тарчуловска во која пее за некој предавник кој треба да се препознае или така нешто слушнав?
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    :D :D :D :D Освен што се изнасмеав додека го слушав тоа ремек дело, констатирав дека таа забегала :D
     
    На milky-candy и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Глупости, ај ќе пееме песни сеа за да се препознаел предавникот.
    Па кажи му у фаца мори! Не песни да пее додека маж и скапува.

    Како и да е морам да ги пофалам наполитанките на сдсм, навистина ми се допаднаа :)
    Им реков дека ќе ги гласам само да продолжат со поклончиња :P

    Навистина се смешни со предизборниве рчкања и препукавања, дај нека направат нешто паметно веќе еднаш!
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Во песната нејзина колку што разбрав - Јохан е јунакот, а Љубе предавникот... |( Глупости невидени... Нека оди во лице нека му каже нешто ако има, а не на ваков простачки начин...И на крај краева, ако и е толку тешко за маж и - што излегла да пее на телевизија? |( Ете ја вработија вмро во влада, ја подржуваат, и помагаат...Ама кафански живот не се остава така лесно |(

    Да, да...Вчера сабајлето го уапсија во село Лазарево, близу Зрењанин во Србија... :worried:
     
    На mims-89 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Јас сум малку неинформирана и затоа ќе си прашам. Кој беше Ратко Младиќ :^) Како што заслушав на ТВ, е некој што масакрирал луѓе во Босна :?: Или грешка сум :?:
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.446
    Допаѓања:
    120.755
    Пол:
    Женски
    Во песната како Јохан да е покоен ми личи текстот. Јадна она напатена, не знае со колку поминала додека он скапува таму. Гуска, Уфф колку ми е антипатична и сељанка. Уффффф. :puke:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.