Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.277
    На 1. јули 2012 НР Кина прослави 15 години од превземањето на Хонг Конг кој беше околу 150 год. дел од Велика Британија. Хонг Конг денес заедно со Макао за разлика од остатокот на Кина, ужива право на специјален административен регион. Историските моменти на симнувањето на британското знаме и заминувањето на тогашниот британски управител на 30 јуни 1997 можат да се видат на јутјуб каде на 1:50-5:00 со гајди и во придружба на оркестар ја свират шкотската "Highland Cathedral"

    http://www.youtube.com/watch?v=dX4pvOhg0EE

    [​IMG]
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе да, во право си, не е дека не си :) Aма ајде веќе кога се трошат парите, подобро за вакви работи нека се трошат, отколку за споменици, а факт е дека од душебрижност владата не го прави тоа, си собира гласови :D
    Aма како и да е, нека се порадуваат децата, Cепак се оној најкритичен слој-Cоцијален случај :)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^Знаеш кој е тој најкритичен социјален слој?
    Арачиновци и сличните на на нив. Сите земаат соц. помош, детски додадок, туѓа нега и секоја друга помош која можат да ја исцедат од државата, а од друга страна сите работат кој како знае и умее (дали на црно, дали со шверц, дали чуваат овци, дали имаат земјоделски ниви итн.), даваат еден материјален приказ, нормално лажен, од оној реалниот, манипулираат со документи и цедат, цедат....
    А знаеш како им се врши контрола?...никако...никој не ги контролира, не смее соц. работник да придне таму или пак ако има пристап за секунда се известува, наводно :!: социјалното семејство да се прилагоди на лагата....или пак нивните соселани ќе те мафтаат низ цело село и пак нема да се изврши контрола. А и да еве речеме успее увидот и контролата оди да те видам напиши во извештај дека Арачиновци лажат.... :tmi: :bandit: .тешко тебе.

    Верувај оваа категорија не е ни малку загрозена, а уште помалку критична. :!:

    И сега јас да се согласам овие "критичниве" да одат на одмор, да климам со главата, со насмевка на лицето и да викам браво :clap: конечно на прав начин се трошат државни пари. :^)
    И сега ќе ми излезе мене Спирко и ќе ми дрви колку е тој солидарен, колку е загрижен за соц. деца...бла, бла, бла....а колку шпонски г*иња излижа и колку пати замижа за да стане тоа што сега е.
    ... ма све у ПМ :!: :@ (и не, не е ова кратенка за Пиринска Македонија).
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Играта е јасна.

    1.Ангажираа привремени работници да чистат(читај,ги потплатија да гласаат за нив).

    2.По училиштава уште фалат огласи за педикир и маникир за персоналот и нивните миленици.
    Овие треба да се приклучат на оние верни партиски војничиња кои ги има насекаде.

    3.Еве сега ова со одмориве e non-sense.Немање приоритети и доказ дека ова е една голема распашана криминална банда.Повторно потплаќање и директно влијание.

    4.И покрај се, невработеноста е преку 30%.
    Го потпрашаа Грујо неколку пати,подголтна малце иако мислам дека баш го боли.Единствено нешто за што се заинтересирани овие социопати и психопати е нивниот рејтинг и како да исцедат повеќе државни пари за себе.Па во тој дух е и решението магистри да чистат WC-а или да изиграваат келнери,само невработеноста да падне за да можат да идат у некое crap show као она на Миленко и колективната хипноза може да почне.

    5.Со недели,да не речам месеци не може да се добие УЈП на официјалните телефонски броеви.
    Телефонот као ѕвони,но никој не се јавува.Изгледа исклучен е поради неплатени телефонски сметки,но
    имаат направено фора да не го дава тоа. :D Овој период барaвме мобилни од ликови вработени во УЈП и се бркавме ко Партизани и Германци.Срамота,да не можеш да добиеш една од највисоките институции а редовно си плаќал и даноци и се.Ние сме ваши партнери во бизнисот,ама само кога ви ги собираме парите :D .

    :Down:
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Мило ова е само мал дел од гнасниот карактер на дотичниов. Јас друго сакам да кажам. Памтам во 2002 за изборите цела моја фамилија се подели врз основа на Бранковисти и Љубчовисти. На свадба одиш ти ставаат боја на салфетки или црвено-жолта или сино-жолта, зависи во која партија е домакинот. На матурска одиш место музика за веселба слушаш песна што вклучува ‘‘ На петнаесетти септември овој народ вака и вака‘‘. Денес да одам и да ги прашам сите нив. Ете ги Бранко и Љубчо се прегрнаа, ке се прегрнете ли вие пак како семејство?

    Зошто да си ги копаме очите за политика? Кој ни гарантира дека нема да има коалиција мегу Груевки и Црвенковски еден ден?

    Убав говор на Бранко во Прилеп, додуша со години истото го збори ама му се може бе, јак оратор е. Во говорот ни едно решение негово не слушнав освен коалицијата со Љупчо. Тоа ли го смета тој за решение? Пуста власт, спремни се сите и со гаволот да коалицираат да дојдат на власт. Да ги прашам оние од СДСМ, до вчера ВМРОвците ги правевте бугарофили, а баш заради таа бугарофилска политика ДПМНЕ го шутна Љубчо. Кој е сега бугарофил, тој што го шутнал љубчо или тој што прави коалиција со него?

    Коалицијава е уште еден доказ колку се нашите политичари безкичмењаци, колку се желни за власт, колку не вредат...
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    1.Што се однесува до мене ни Бранко,ни Лубчо,ни Николче имаат зелено светло.Ги видовме,никој од нив не испорача.Тоа што ја критикувам сегашната гарнитура е затоа што се власт во моментов,и ги прават истите глупости малце у обланда,а у одредени глупости го надминаа и СДСМ.

    2.Прашањето е многу пошироко од тоа дали Бранко,Љубчо,Николче,Ал Капоне или некој друг член од Гамбино.На глобално ниво има сериозни проблеми со овој "демократски" систем.Проблеми постојат и у економскиот систем.Примери:

    -Чичко ти Stiglitz ќе ти каже дека шансите да успееш во животот се поголеми доколку потекнуваш од побогато семејство.Подобар статус и плата уживаат ликови кои биле лоши студенти,споредено со паметни,трудољубиви и амбициозни студенти кои потекнуваат од не толку богати семејства.
    Истражувањето е главно за УСА но истата ствар е и у Европа.Слична песна е секаде.

    -Германскиот претседател Wulff поради "improper ties" не заврши у затвор како секој обичен граѓанин.
    Имено доби пензија од $266 000 секоја година,доживотно.Функцијата ја извршуваше само 20 месеци.Кога читам вакви работи,ми се дига хистаминот. :D Они се над законот,и единствен начин голема риба да заврши у затвор е да се закача со уште поголема риба :D .

    -Најголемиве банки у УСА државата ги спасуваше,што е у капитализам чудно.
    If you go bust,па-па.Случајот со MF Global e релативно тазе.И тоа пиши пропало.Jon (The Slime) Corzine како директор е на слобода.COO и CFO на MF Global не знаат каде се $1.6 милијарди.Ма немој.
    Сите се на слобода и ги добија и бонусите за успешно завршена работа.Ова е апсолутен хаос. :D

    -Погледни Хашкиот Трибунал на што личи.Do you want an investigation?How about an investigation за:
    Либија,Ирак и Авганистан за почеток? :D.Ама тоа не у нивниот мандат.Не е ни у мандат на ООН.
    BP сака нафта ама,изворите у Англија се или исцрпени или cost-benefit анализата покажува дека е неисплатливо.Со Шкотите имаат проблем баш околу вакви прашања.Што да се прави?Јави се кај
    David Cameron(иако е главна фаца на UK значи влегува и Шкотска сепак друга варијанта е секогаш подобра).Ајмо НАТО.Ќе ја пуштат All You Need Is Love од Beatles у позадина додека вршат инвазија
    на Либија.Теорија на компетитивни предности и теорија на современи англиски вредности.Гајле ми е
    што ти имаш нафта а јас немам.Дури и да имам малце,сакам уште.
    Ако не сакаш милом ондак силом :D .Дејвид Рикардо се превртува у гроб,или можеби треба Дeјвид Рикардо updated да направиме.Fix е потребен :D .

    Муабетот ми е,работите се трули на многу различни нивоа и ќе видиме дали ќе се појави зрела политичка партија која реално ќе работи во интерес на сите граѓани,или ќе се приклучиме на некое
    пошироко америчко-европско движење(доколку се случи) во борба против диктаторите, во форма на партија на пиратите,па ќе тренираме директна демократија по наш терк :D .
     
    На julie77, kravce и kikikikirika им се допаѓа ова.
  8. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Мислам дека во Македонија има премногу насилство и дека политиката треба да преземе мерки и строги казни за намалување на секој вид на насилство: семејно, криминално, етничко, економско, сељачко, кафанско...
     
  9. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    4.074
    Пол:
    Женски
    Ми се гади од овој Црвенковски гледам на Вести се одговарал со овие од ДПА таму каде што имало помалку македонци да нема македонски кандидати за градоначалник мислам
    Алооооооооооо нормален ли си бе еј ????
    Дај му ја цела држава не ни требат македонски политичари се албански стави не ми се верува до кој степен е дојден кај ни ги донесе овдека па уште им дава и поголеми права . Ебате сељакот ебате
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    http://mkd-news.com/spie-na-zhelezen-kr ... a-devojka/

    Има ли правда бе луѓе?? :x Пари има за тврдини, бетон, бронза ... за аздисувања и глупирања, а за млад човек нема?! Е нема тука иднина за млади, здрави, способни и разумни, нема.

    Полека девојче, без нервози и непотребни испади. Било Бранко било Гвујо било Љубчо и останати, секогаш ќе коалицираат со другине партии. Затоа што денешната политика тоа налага, затоа што 2001 се случи само поради тоа, затоа што некој трет ти диктира што и како да правиш. Затоа што додека македонче се јаде меѓу себе и дели, албанец ќе користи.
    Подобро е младиве да се занимаваат со се што не е политика, може сепак малку животот ќе функционира подобро тука.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Само нека троши пари владата. За што? Ќе дојде, ќе не потапша по рамо дека еден ден ќе влеземе во Европска Унија и ќе си отиде. А ние ќе си мочнеме од среќа.
     
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.251
    Допаѓања:
    140.569
    ^
    Нема што да не тапша за ЕУ, ќе не тапша ховит во август за тоа, овој е од ООН.
    И јаки муда што ќе се возел во мерцедесот. Не го купиле за него, си го купиле за нив.

    Туку што бара, реизбор ли е, или нема веќе кај да шета, се живо испрошета? Се надевам дека не е нешто поозбилно.
    Ја да сум влада на рм, одма би ги ангажирала конфекцииве да испечатат 2 милиони маички донт ју фиром ми, и би организирала еден слет :D
    Џабе, кога сами си го средивме. Ама не беше со лоша намера, од незнаење беше. Е добро де, од грешки се учи!
    Ај доста јадам трици, подобро да си легнам.
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тоа се нервирам, како не се најде некој да и помогне на девојкава :@ Алал да и е, секоја и чест колку е храбра :bow: Дај боже да успее во животот, заслужува.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.314
    Допаѓања:
    158.309
    Едвај чекам вечер да си искочиме со моите.
    http://www.makfax.com.mk/288510/roditel ... _vo_skopje
    Ако ме прашувате мене,моите своевремено биле поголеми парти енималс него ли јас денес... Погодете кој поубаво ќе си помине!

    Планирам пред парти да им организирам,да се начукаме!

    Конзервативниот родител вмро-ец (сениорите на вмро дпмне) ќе го реши проблемот кај младите. Ќе ја фатат за врат фазата низ која минува нужно секој млад човек и ќе и ја ебат мајката! И сите ќе живееме среќно до крајот на животот во приказната пуна лаги со лагичиња!
     
    На Mama25 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.277
    Ооо на здравје на здравјееее... преоѓаме на соларна енергија дома, ма колку да е висока инвестицијата - од инает!
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.251
    Допаѓања:
    140.569
    Мене овие од ЕВН или регулаторната комисија и ли кој и да е скроз ми го пореметија дневниот ритам со укинувањето на евтината тарифа од 1 до 4. И не се баш само 10%.

    Ај што од 1 до 4 е време кога се прави ручек и се пуштат машини, туку преку недела парното на струја ми се пушташе тогаш, за да се загрее додека се вратиме, а сега и тоа ќе оди на скапа струја, ни мање ни више - 24 киловати во полн капацитет, ама ако не е ладно како лани, и 18 ќе завршат работа.
    Во лето, од 1 до 4 е најтоплиот дел од денот, кога климите работат како луди, топло е, и нормално е да се тушираат луѓето и да пуштаат болјер што исто така се правеше тоа време.

    Со радост се сеќавам на саботите кога си пуштав машини од 1 до 4, и тоа по две во тој период. А да не зборам преку недела, до душа овие не ги пуштам директно јас, ама се пштаат во мојата дома, значи сеедно, и ме поштедуваат од вадење детски флеки - операција што може да трае и пола саат по машина, и пуштање машина во 10 навечер, кога сум преморена од целодневното 'рмбање. Плус треба да чекам да заврши машината, ако не сакам алиштата да ми бидат соџвакани ако не ги пружам до сабајле, па после да се чудам како ќе ги испеглам.

    И ако го вкрстиш ова со законот за бон тон и лепо понашање што не знам точно како се вика, а се однесува на непружање гаќи по тераси, ама и тивки саати во кои не смее да се пушта правосмукалка, може ни машини, не знам, а погодете кога почнуваат - во 10! Ни се еба мајката.

    Сакам две работи:
    1. Да потпишам петиција против укинувањето, и ако некој рабере дека постои вакво нешто, молам да ме извести
    2. Ако ништо не излезе од 1, тогаш ќе барам еднотарифен модел бијќи мислам дека сега дефинитивно повеќе се исплати. Па ќе си пуштам машина кога сакам! И ќе се бањам кога сакам, е така!
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.277
    ^
    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара Регулаторната комисија за енергетика да ги повлече донесениот правилник и тарифниците за цената на струјата и парното греење.
    - Поскапувањето на струјата од 10 отсто втор пат оваа година, неизбежно ќе биде силен удар врз граѓаните и фирмите, а заедно со поскапувањето и на бензините директно ќе влијае на зголемување на цените на храната и останатите основни производи неопходни за да се преживее, рече на денешната прес-конференција Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

    Од партијата реагираат и на укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата која важеше од 13 до 16 часот.

    - Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не се оправдува со наводната независност на комисијата и јавно да се приклучи кон барањето на СДСМ. Доколку нашиот апел не биде прифатен, најавуваме дека ќе ги искористиме сите расположливи демократски мерки, додаде Јовановски.

    ДС: Правилникот на Регулаторната комисија за Топлификација да се стави надвор од сила

    Демократскиот сојуз реагира на новиот правилник изготвен од Регулаторната комисија за енергетика со кој, како што оценува, се засилува монополската позиција на Топлификација АД Скопје, а на граѓаните им се наметнуваат нови обврски.

    Според партијата, не може со правилник да им се наметнуваат нови обврски на граѓаните, тоа е можно само со закон.

    - Од тие причини новиот правилник на Регулаторната комисија треба да се стави надвор од сила додека не се расчистат сите дилеми и контроверзи поврзани со него, предлага ДС.

    Граѓаните, смета Демократскиот сојуз, треба да имаат избор, дали сакаат или не сакаат да ја користат топлинската енергија што им ја испорачува Топлификација и никој не смее да ги попречува во тоа, уште помалку да им наметнува фиксен надоместок за топлинска енергија која не им е испорачана.

    Топлификација, пак, е должна да обезбеди објективни квалитативни критериуми за потрошената топлинска енергија за секоја станбена единица преку вградување калориметри, а не наплатата да ја врши паушално врз основа на површината на станот.


    извор: http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biz...i-novite-tarifnici-za-strujata#comment-137034

    П.С. Регулаторната комисија за енергетика ја бира собранието.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.277
    Според ова дури деновиве ќе ја укинуваат ефтината дневна тарифа или?
    http://www.plusinfo.mk/vest/52042/EVN-Morame-da-ja-ukineme-evtinata-struja

    А еве како се правдаат до регулаторната комисија за енергетика (одбрана од собранието на РМ):

    извор:
    http://www.plusinfo.mk/vest/52024/RKE-Nema-evtina-struja-za-da-se-namalat-troshocite-od-uvozot-

    Меѓутоа тоа не е решение бидејќи пропблемот вистински не е цената на струјата туку проблемот е што Македонија сиве овие години не направи ништо за обезбедување на еколошки чиста и неограничена енергија. Затоа е важна изградбата на соларни централи и турбини на ветер, со цел Македонија да им ашто е можно поголема енергетска независност - без разлика дали тоа носи профит(затоа треба да е во државни раце) бидејќи поентата треба да биде ефтина и чиста енергија за сите а не заработка.

    Опозицијата бара враќање на дневната ефтина тарифа:
    http://www.plusinfo.mk/vest/52114/S...ete-neshto-za-seknuvanjeto-na-evtinata-struja - ова би требало да го побараат и сите партии и граѓани бидејќи сите ги засега.