Мамли, кој ти е бре тој пајак? Ако не примети, линкот е до вест ПРОТИВ Филипче, министерот за здравство на оваа влада. Значи јас пишувам против СДСМ, ти текнува? Изгледа се попали само штом се спомнале Тодоров и Протуѓер па не ни прочита до крај А, да додадам, супер штом мислиш дека е шпекулација вест против актуелниот министер, знаев дека кога тогаш ќе ги засакаш комуњарите
Дуа Липа доаѓа во Скопје? Во пресрет на одржување на референдумот за промена на името на Македонија и влез во НАТО на голем концерт во Скопје доаѓа популарната пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа. Изворите на Скопје Инфо брифираат дека концертот не е официјално потврден, но преговорите се на самиот крај. Една од најпопуларните поп-пејачки во светот, Dua Lipa ќе настапи во Скопје во знак за поддршка на Македонија во патот кон промена на името и евроатланските интеграции. Средствата за концертот ќе бидат обезбедени од албанската дијаспора. Високи гости ќе го поддржат македонскиот пат кон ЕУ и НАТО Прв сигнал за тоа е воената обука на 120 припадници на копнените сили на САД за Европа, која денеска треба да започне на воениот полигон Криволак, во рамки на билатералната соработка во одбраната меѓу Македонија и САД. Во наредните дваесет дена АРМ ќе обезбеди логистичка поддршка, помош и придружба и ќе врши набљудување на тренингот. Ова ќе биде првпат полигонот да се користи од страна на американски авијациски единици, откако неодамна беше сертифициран од страна на Седмата команда за обука на копнените сили на САД. Во меѓувреме расте бројот на најави од политичари од ЕУ, но и надвор од неа, кои од крајот на август, а особено во септември се очекува да ја посетат Македонија. „Сите пријатели на Македонија сакаат да успееме и државата да оди напред“, вели Бојан Маричиќ, посебен советник на премиерот и главен технички преговарач со ЕУ. Тој не сака да спомнува конкретни имиња, но од дипломатски извори дознаваме дека ќе има „вистинска врвулица од гости“. Според непотврдени информации, покрај (нај)високи функционери од ЕУ и НАТО, се очекува во земјата да допатува и германската канцеларка Ангела Меркел, како и премиерите на Шпанија и Канада.
Ајде, ајде. Ќе довлечкаат се што може да привлече маса, али на Дуа Липа ќе има 70% Албанци во публика. И сеуште е неофицијално и непотврдено. Вистинските Македонци на 30-ти ајвар прават и после со Бисер Балкански на голема прослава
Па на некои им е подобро ајвар да си прават , него ли да одлучат 3а иднината и просперитетот на државава гледам се офајдифме сите од благосостојбава во државава 27 години
До сега на вемеровците им делеа брашно, зејтин, шеќер да излезат да гласаат за нив на избори, сега ќе им дават пакети со пиперки за ајвар, за сите што нема да излезат на референдум.
Не, ти сакаш да влеземе во ЕУ не за да биде Македонија подобро место за живеење, туку за да можеш ти полесно да ја збришеш на Запад да работиш. Јас уште подобро ги гледам работите од тебе, т.е. те читам тебе и сличните ко буквар. Македонија може да биде просперитетно место единствено кога ќе завладее правна држава и законите ќе се почитуваат. Со оваа дилетантска влада која нема ниту една квалитетна реформа, ниту еден квалитетен проект, ниту еден квалитетен тим, ниту визија и идеја како понатаму само можеш да играш во треторазредни лиги.
Има многу млади кои ја слушаат Дуа Липа. Ќерка ми луда е по нејзе Не сум и' кажала сеуште за ова, да не ја израдувам, па да ја разочарам. Ако дојде навистина и има концерт, ќерка ми има да се прерадува. Јас ќе збришам, ако не влеземе. Како и повеќето впрочем што направија
Дуа Липа ништо нема да му промени на тој што сака да бојкотира. Ќе оди ќе се изнавесели и за недела дена нема да гласа на референдумот
Зависи.. Секоја промоција може да донесе позитивни резултати. Не случајно маркетнгот е еден од најпрофитабилните бизниси во светот и цела наука лежи позади него.
Нема грешка. Дуа Липа ја слушаат дечишта. Таа е нејзината публика, а не гласачко тело. Македонците многу повеќе слушаат српски турбофолк и екс-ЈУ музика отколку Западна, а тоа се гледа по посетеноста на концертите, дискотеките, кафичите, кафаните кога доаѓаат турбофолк ѕвезди. Дуа Липа на македонското гласачко тело од 22 години па нагоре ништо не им значи. Им значи на Албанците. Дуа Липа може да има само минимален ефект врз јавното расположение. Драстично поголемо влијание ќе има ВМРО-ДПМНЕ и МПЦ-ОА
Ќе видиме. Не знаеме уште дали воопшто ќе дојде, па камо ли да предвидиме какво влијание врз гласачкото тело ќе има. Попаметни од нас мислат, а за влијанието, ќе можеме да зборуваме после се'. Сега, можеме само да нагаѓаме. Затоа, муабетов кој го разглабаме со тебе, е всушност излишен.
Овие се подбиваат со нас. дуи и албанската дијаспора ќе ни носат пејачка која си ја доживуваат како национална гордост, нам да ни пее по повод промената на уставното име на Македонија, и се што таа промена повлекува со себе. Бојкот.
И ние можеме да си одиме на концертот... што ќе ни фали? Анкета: 41,5% ќе гласаат ЗА на референдумот, 35,1% Против На претстојниот референдум поголемиот број гласачи ќе го заокружи зборчето „за“. На прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“, потврдно би одговориле 41,5 одсто, против би биле 35,1 одсто, нема да гласаат 12,4 одсто, не знаат 9,2 одсто, а 1,9 одсто одбиле да одговорат на Анкетата што ја спроведе МЦМС. Анкетата е спроведена телефонски на репрезентативен примерок од илјада 26 испитаници во периодот од 24 јули до 1 август. Резултатите се подложни на статистичка грешка од +/- 3,1 одсто со прифатливо ниво на доверба од 95 проценти.
Како бе во последните 11 години не ви сметаше ништо? Имавме "правна" држава, "квалитетна" реформа, "квалитетен" тим и "квалитетна" визија за како понатаму? Во време кога државата прв пат по долго време мрдна од тапкањето во место, не чинело и ова било дилетантска влада. Директорот на БЈБ ќе биди разрешен информираја од МВР поради злоупотребата на службена должност со возилото. Кога во претходната влада имало разрешување ?
Во што си мрднал бе? Имаш ли бројки, статистики, меѓународни релевантни рангирања? Има ли странски инвестиции, а да не се договорени претходно од ВМРО? Има ли квалитетни инфраструктурни проекти, а претходно да не се реализирани или се реализираат заради ВМРО? Има ли некои квалитетни реформи кои не се донесени од ВМРО? Тоа што СДСМ го прави последниве 18 месеци е лажење и сушење и секојдневно главење во афери. Директорот на БЈБ ќе биде “разрешен“ поради притисокот на јавноста и затоа што не очекуваа дека ќе провее сликата и снимката од џипот во јавноста. Зошто 4 дена молчат и никој не дава изјави? Знаеш ли кој потпишува за да службено возило излезе од државата?
Дали е на повидок нова голема афера во Министерството за здравство? https://lider.com.mk/makedonija/fil...24-6-milioni-za-veledrogerijata-d-r-panovski/