Еве што имам јас да кажам за ова со струјава што е пооскапи. Стани си утре порано, пушти си болјер на ефтина, легни си вечер покасно, истуширај се кога има притисок... хахаха шала на страна. Мислам дека во моето семејство нема да се сети оваа промена бидејќи и онака дома мајка ми работеше нон-стоп на сакпа струја.Бидејќи тогаш идеше од работа,и дру згодви ручек ова она.Болјерот и онака речи си по цел ден е путшен. Ама исркено ги жалам тие што живееат во Скопје,навистина.Тие сега кога ќе почне грејната сезона,сите се греат на струја,и сметките високи в таван.
Страмота е ова што го направија со струјата искрено ме разочара оваа влада па колку луѓе само си внимаваа да си ги завршат работите на ефтината струја да зготват машина да пуштат ред други работи, све се поскапи цените се до таван а сега и сметките за струја ќе бидат до таван,а слушнав дека и водата ќе се поскапи од тетинми кој работи во водовод стварно страмота а платите стојат во место што да кажам во оваа држава ќе дојде борба за опстанок само жалосно,го поздравувам протестот за поскапувањето на струјата секоја чест што народот се дига на нозе и не молчи така треба,ајде ќе видиме колку ќе бидат сметките за август месец иако моите од кога знам готват на плин бољерот се пушта навечер и потоа цел ден си има топла вода е сега другите работи мора да се завршат сакаме или не на скапа струја тоа ти е...
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=95376 Законско право пред хуманата суштина на професијата? Не верувам дека некој ќе ти скрати на плата ако излезеш да помогнеш на човек... Пред неполн месец ми се случи да најдам паднат човек,му се имаше слошено,непосредно пред поликлиника,на истото објаснување наидов. Со цел дека ќе можат во полиција да помогнат,како чувари на законот и редот,како и доброто на граѓаните,ноншалантно ми рекоа,ааа повикавме брза помош,знаеме и продолжија да пијат пиво и да грицкаат семки,почнав да драмам,залудно. Не смеев да го допрам човекот,затоа што не знаев што му е,што и да му се случеше потоа,јас ќе одговарав за истото,а си со врзани раце и нема,ама нема начин,исправен начин да му помогнеш на таков човек. Која сум јас да направам нешто во таа ситуација? Никоја,ниту доктор,ниту носител на некоја таква професија, можеби ќе го повредам, можеби ќе му ја влошам состојбата со секој обид за помош,можеби и да дадам прва помош, веќе му е влошено да нема излез,а ти сакајќи да помогнеш, ќе се најдеш затечен и неправедно обвинет... Ах и да,ти преостанува да повикаш брза помош,која исто така не доаѓа во вакви случаи...
^^ Срамота! Сабајлево кога прочитав се згрозив. Колку се незаинтересирани тоа е чудо. Ја сфаќам да се револтирани затоа што работат во државни клиники за некои 20тина илјади, ама заслужуваат ли повеќе вакви КРЕТЕНИ одвратни?! Смрдла глупа. Да ти е страв да не случајно ти затреба доктор некад, или нема да го најдеш или што и да е проблемот секогаш е на нервна база или добиваш терапија со антибиотик без разлика дали ти треба или не. Сега читав и на клиника за гинекологија волонтери кои со години се таму не ги примиле, примиле две медицински сестри без работно искуство. Политика ич ич не ме интересира, ама додека имаме вакво здравство ништо друго не може да тргне на подобро
Епа заинтересирај се малку, зошто баш поради политиката имаме такви „доктори“ кои не мрднуваат со газот ни во ординација да им влезеш, а не пак да чекаш пред истата и баш поради политика примаат сестри без искуство, а останатите волонтираат цел живот. Така си мислат они, партиска книшка е исто што и диплома, искуство и талент за работа.
Голем процент се ајван доктори. Така ги викаат оние кои се неспособни. Срамота и нека им е на совест! Се бунат за подобра плата, а не мрдаат со прст кога се работи за она што им е должност. Да се овие дотични квази доктори на запад каде доктори да живеат ко богови ама работат нон стоп три смени и секогаш на повик, мед сестри уште повеќе ... ќе ги прашам како им е?! Има навистина добри и совесни ама си заминаа во странство или по приватните клиники, баш поради хаосот и поделбата со политика која секаде каде се пикна, ja уништи секоја институција. Срамота! Да ти е страв и да се пазиш од болнициве и докториве тука.
Извини ама морам да те поправан, ајван доктор старите ги викаат ветеринарите, а не неспособните лекари Јасно ми е мене дека се се врти околу политика во денешно време и баш ради тоа не ме интересира, нејќам да бидам во стадото овци кои се предводени од плав или црвен овчар, а и двајцата ги носат во бездна без храна. Јасно ми е дека докторчињава, особено овие по државниве институции се полуписмени партиски заморчиња, ама дека тоа ќе се смени ако јас или некој друг „обичен смртник“ се замеша.... тешко.
Те сфаќам, и јас најмалку сакам да се интересирам, уште помалку пак некогаш да бидам припадник на некое од стадата, ама проблемот кај нас е тоа што сите не се замараат ама не им одговара како функционира системот и сите сметаат дека ништо не можат да променат. Епа, заради тоа, таквите се во најлошото стадо, што никој не го предводи а истовремено сите го водат како сакаат.
„Се извинувам ако навредив некого со положувањето цвеќе во Слупчане“ – изјави министерот за одбрана, Фатмир Бесими. Изјавата со извинување за инцидентот , Бесими ја даде по средбата со Филип Рикер. http://grid.mk/read/news/68201687/80047 ... -slupchane Пу, пу не се важи .
Рики џетот под гз и да реши ситуација,чунки за друго дојде тој. Си рекол,овој Бесими,маму му, му рековме да затрза,не цвеќе да носи,да му се невиди во ретардираниот,од збор да не се разбира. Го средил како младо момче во католичко,машко училиште. А Џоџо,врховен командант,не можеше да се замара да го направи истото,пошто го вежбаше говорот за три дена потоа,туку ќе заборави пустиот,не друго,плус стрес лошо влијае на лепота кога толку народ треба да те гледа. А да не смее да каже пустиот у своја земја. И обичниот граѓанин, што е ова славење,а вчера цвеќиња се носеа?!А?! Зошто се пука?! Прослава?! Шо пукаат од памет не извадија?! Ооо нежни душички... Таа генерација пред 11год што ни го чуваше газот, остаре, за 10 години да не дигнат у воздух пак... се чудам што ќе правиме. Ма што више да коментирам. Забава,ама ај оди 8 септември па пак ќе бидеме среќни едно три дена пред и три дена потоа,отишла цела недела.
Денес на тв случајно фатив снимки од вчерашните протести против поскапувањата, и тоа не само од Скопје, туку и од Тетово и Битола, и се изненадив од масовноста. Чудно се осетив, народов го осетив како повторно да живна и да ја крена главата, се изненадив... Гротото маса беа од 40 години па нагоре, млади послабо, секако бидејки неплаќаат сметки дома и доволни им се платичките кои ги земаат како вработени преку Владава, ама ме изненадија меѓудругото и пензионерите кои не се замолчеа и покрај бесплатниот превоз 2 пати неделно и мини покачените пензии, кои како и да вртиш не стигаат... Не сум политички определена и незнам дали некогаш ќе бидам, ама знам дека ќе гласам за оние кои ќе ми понудат солидни услови, како на пример поефтино гориво, а не врв на скапочата во горива, барем некои слободно место за паркинг, а не катни и зонско на секој чекор со изгор цена наместо со нешто симболично и слично... Мислам дека протестиве мора да дадат резултат и да им дадат на дознаење на главните, дека народот ги поставил и истиот ќе ги смени, доколку не ни ја сменат на подобро сегашнава ситуација во која преку нашите гласови не ставија и доведоа!
Веста е повеќе за бизнис, економија... Договорени директни летови од Македонија до САД Сепак ова е само правна рамка. Дали во пракса ќе започне да функционира, ќе зависи дали ќе се нафати некоја компанија да организира директни летови.
Ми изгледа како Америка да сака да има пристап до авионите наши... во случај да можат да спуштат воени авиони кај нас... Американка сум, ама овдека ми мириса нешто... Од кога таков интерес за Македонија?
Логиката веројтно е дека од соседните земји нема директни летови за САД па Македонија би можела да го опслужува регионот, а Македонија штотуку се стекна со поголем и подобар аеродром каде можат да слетуваат и поголеми авиони за прекуокеански летови. А за воените авиони тоа можат уште оддамна, уште од 90-те во Македонија има американска база. Како и да е, баш би било згодно да има директен лет од Скопје до Њујорк или од Охрид за Њу Џерзи (или незнам за кој град би било позгодно). Претпоставувам така би биле до некаде поефтини картите. Баш ме интересира ако се нафати некоја компанија дали ќе има летови секој ден или само 1-2 пати неделно. Уште со Австралија да се направи сличен договор па бидејќи има многу македонци во Сиднеј, Мелбурн па да можат директно да летаат без преседнувања и чекања по аеродроми.