Знам, директорот на БЈБ потпишал и затоа ќе биде разрешен. Друго прашање? Во што сме мрднале од место? Прв пат од постоењето сме во добри односи со сите соседи, добивме покана за членство во НАТО, датум за преговори со ЕУ, го решивме долгогодишниот спор со Грција, за прв пат по 9 години јавниот долг бележи намалување и стабилизација, по цели 11 години МВР добија нови униформи, посебно единицата Тигар, 8,000 стечајци добија финансиска помош. За 18 месеци ова е повеќе од се што направила претходната влада заедно. Проблемот е што толку многу се вкоренија во аналите на сите институции и направија непоправливи штети со тие така наречени "реформи" што ќе биди скоро невозможно да се искоренат и решат сите проблеми во скоро време.
Тендерот за лаборатории поништен, Филипче треба да плати 78.000 денари за грешката Комисијата за жалби по јавни набавки ги прифати жалбите поднесени од три фирми во врска со тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи, имунолошки, хематолошки, коагулациски и гасни анализи со отстапување на потребната опрема на бесплатно користење за јавнитие здравствени установи. Сега Министерството за здравство и официјално треба да го поништи тендерот на кој имаше само една понуда, а на трите економски оператори кои се жалеле, треба да им исплати по 26.000 денари. Спасовски бара разрешување на директорот на БЈБ по скандалот со службеното возило во Грција Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски до Владата ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во соопштението на МВР се вели дека службеното возило било користено на 2 август и управувано до Грција од страна на полициски службеник, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. Директорот на БЈБ признал дека во возилото била неговата ќерка, за која проценил дека не било безбедно да патува сама. „По спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано дека возилото било пратено со налог потпишан од директорот на јавна безбедност. Во својот исказ, директорот Велковски потенцирал дека ангажирањето на службеното возило го направил од крајна нужност, поради тоа што подолго време постоеле закани кон него и неговото семејство, а од причина што истиот ден тој бил работно ангажиран во врска со прославата на 2 август и заради нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на прославата на Мечкин Камен, како и настани кои претходеле проценил дека е небезбедно неговата ќерка да патува сама. Заради што тој одлучил да го ангажира членот на своето обезбедување. “, соопшти МВР. Министерството заклучува дека во овој случај целосно не било спроведена процедурата за службено патување, а и покрај налогот за патување, не е потпишано решение за службено патување. ----------------------------------------------------------------- Многу ми е мило, што конечно се реагира на вакви работи и не поминува неказнето како во времето на Груевски. Кончено, на повидок е можност за вистинска правна држава.
Со кого си во добри односи? Тоа што Радев и Бојко Борисов го нарекоа Илинденското востание бугарско пред неколку дена и тоа пред Заев и Спасовски, а претходно комуњарскиве полтрони заедно со нивните бугарашки пајтаци ВМРО-НП и ГДУ го убедуваа народот дека договорот е феноменален? Тоа ли се за тебе добри односи и дипломатска победа? Таков сите ќе те сакаат. Без достоинство и визија. ВМРО направи еден куп добри и квалитетни реформи, а тоа што СДСМ не само што не ги укина, туку и ги надградува.
А во ова (и слични вакви демагогии) веруваат само одреден број членови и поддржувачи на ВМРО. Целиот останат свет (кој не чита само ВМРО-вска пропаганда), веќе ги знае фактите. За среќа...
Ваjлд, едно е што не е моj стил на музика, друго е што сеуште не ми направиле лоботомиja за да бидам дел од вакви под(е)...играванja со здрав мозок. Дуа Липа за мене нема апсолутно никаква вредност, нит симболика поврзана со ЕУ или спогодбата со Грекосите. аут оф маjнд ми е.
Тоа си е твое мислење Жапче. Јас се потпирам на факти. Никаде не реков, дека Дуа Липа ќе влијае на исходот, и не ја ни слушам нејзината музика.
Ахам од цел пост ме цитираш само за односите. Дали се добри и квалитетни реформи што се направија во образованието? Каде што енормно се отвораа факултети и се агитираше да се запишуваат на факултет млади лица само затоа што така ќе се намали невработеноста? Добра и квалитетна реформа ли е што се пренатрупаја не потребни предмети и образовни програми со што автоматски доведе до вработување на лица - професори. Како сега ќе се искоренат сите тие програми и како ќе му се објасни на професорите дека ќе останат без работни места бидејќи тие предмети не се потребни? Добри ли беа реформите со екстерното тестирање осмислено за огромно перење на пари? Можиш ли да го сфатиш ова ? Размислуваш ли со своја глава или само со тоа што ти го зборуваат во штабовите ? Добри ли беа реформите во МВР ? Во АРМ ? За здравството е веќе излишно да се коментира, послабо здравство не сме имале никогаш. Толку многу ја испоцрнивте Македонија што почнува да е грозно некој да се наречи патриот бидејќи автоматски тоа значи дека е ДПМНЕ. Ја изедначивте партијата со државата. Вас сеуште не ви се верува дека повеќе не сте на власт, и сеуште не ви се верува дека е можно за вакви грешки да се разрешуваат функционери од власта. Тоа беше незамисливо во ваше време, вие колевте вие бесевте и никој не смееше А да речи. Единствено нешто во што беше добро ДПМНЕ беше во манипулацијата на народот. Толку добро да изманипулира некој досега не се случило.
Македонија пред 11 години имаше се на се само 8% популација со факултет. Знаеш ли што е тоа? Дали си свесен што пишуваш? Реформите во високото образование можеби не беа најдобри и најквалитетни, но секако беа многу подобри од претходните. Зошто? Секоја странска инвестиција сака образовано и стручно население. Ние не сме такви. Голем дел од популацијата во Источна Македонија нема економска моќ да студира во Скопје, а квотите се мали за прием, плус, разно разни врски и корупција за да те примат. Друга интересна работа е што со отворањето на УГД во Штип и околните градови драстично се намали бројот на Македонци што студираат во Бугарија. Плус, УКИМ доби конкуренција, многу млади професори отидоа да предаваат на други универзитети наместо среќата да си ја бараат на Западот, затоа што УКИМ е дувло на комуњарите со генерации и генерации и шансите да се вработиш е еднакво на нула. Екстерното тестирање постои секаде во ЕУ, а СДСМ не само што не го укина, туку ќе го надградува. За време на ВМРО се вложија над 120 милиони евра во нова медицинска опрема, реновирање на болници, курсеви во странство за доктори и медицински сестри. Многу подобро прашање е какво здравство наследи ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година и со што почнаа. Живеевте во комунистичка тиранија и сивило од 1980 година, па се до 2006 и ВМРО е криво за се. За друго немам време да објаснувам.
Ваjлд, не знам за кои тоа факти си зборела ти (имаме различни погледи за факти и аргументи) и се повикуваш оти, не сум ти ги ни прочитала коментарите за ова,освен дека керка ти ja сака..се надоврзав на Бриджит. А,дека е мое мисленe-e. И зборам за ПР и збориме за пораките кои ни се пракаат. цепки се.
Пишав во претходните постови бе Жапче. Веднаш после тој што си го читала за ќерка ми. Баш со Мамли зборевме: Знам дека ПР-от е цела индустрија, а како и колку ќе влијае на референдумот, ќе зборуваме кога ќе заврши сето. Сега може само да нагаѓаме.
Јас сум многу свесен што пишувам, прашањето е дали си ТИ воопшто свесен што пишуваш? Точно е дека имаше 8% популација со факултет, тоа е тоа што го зборувам. И не, не беше планот да се поможи на тие што немаат економска моќ да студираат во Скопје. Планот беше преку афирамција на студенти да се намали процентот на невработени млади и со тие бројки да се пери мозок на народот. Баш заради тие отворања на факултети, трупање со непотрени предмети само да се задоволи фонд на часови на професор денес имаме ЕДЕН КУП неквалитетен кадар и невработен кадар. Се отвораја факултети без претходно да се размисли. Ако Македонија имаше потреба од 1.000 економисти, факултетите испорачаја 5.000 . Тешко дека ќе го разбериш ова што го пишувам, заслепен си. Ама не те обвинувам, машинеријата делуваше пресилно. Ваква група на луѓе беа и таргет на претходната власт. Слободно продолжи си Квалитетот е многу побитен од квантитетот. За жал, тоа не беше целта на ДПМНЕ. И прекини да го употребуваш ВМРО и да го поистоветуваш со ДПМНЕ. Екстерното тестирање е толку лош систем, и толку лоша пропаганда дека постои секаде во ЕУ што ми е излишно да го коментирам. Ништо повеќе од перење на пари. За време на ДПМНЕ здравството доживеа КОЛАПС од невидени размери и СРАМОТА е да го оправдуваш и коментираш.
На Запад имаш илјадници државни и приватни факултети. Буквално. Студирај, труди се, бори се и успеј во животот. Тоа е конкуренција. Видовме квалитетот во комунизмот и посткомунистичка Македонија колку значеше квалитет. Централизирана и корумпирана Македонија на секој агол.
Њу Јорк има скоро 500 факултети на популација од 10 милиони. Ние имаме 4 државни универзитети, и околу 50 приватни факултети на популација од 2 милиони.
Препрочитај ми ги постовите и тогаш реплицирај ми. Која е потребата да се има факултет што вади годишен кадар пр. 500 академски граѓани ако државата има потреба од само 100 во одредена област ? Тоа ми беше муабетот, дека се отворија премногу факултети без потреба. Со цел да се направи фиктивна слика дека невработеноста се намалила. А уствари се зголеми само бројот на студенти
За Дуа Липа... Албанките ги освојуваат светските топ листи. Во меѓувреме, врв на креативноста на македонските музичари се преработки на ''Ја излези Ѓурѓо" и други тралалајки од 903та. Стигнете ги, па после јадете бурек за нив.
Значи @Mamli , се надмина себеси. За иста вест, но од нормален медиум вели дека е неофицијална и шпекулација, за само по еден ден, да се демантира себеси постирајќи го истиот муабет, ама од друг извор
Имаш време да ми кажеш колку од младите фатија џаде одавде, колку луѓе умреа поради стручниот кадар.Колку криминалци беа на слобода поради нашата способна полиција и праведно законодавство?И да ме интересира вака за она железоно во Центар и барокот и ,,нашата” триумфална порта колку пари беа дадени а со тие пари можеа многу лица да добиат соодветен третман и да се излечат а други да добијат покрив над глава?Колку пари дадоа за возниот парк да можат да си го прчат извини вака се од Грујо до хигиеничар а некои одеа пеш со километри бидејќи не можеа да платат превоз од 35 денара бидејќи лицата над 70 год. нели беа во брзање секој ден па мораа бесплатен превоз да добијат? Колку фабрики беа отворени во тие 11 години што Бранко за време СДС ги затвори? Извини молим те Заев можда се согласи да се менува името ама не начука без везе споменици, не амнестираше шљам туку ги стрпа во Идризово сите. И да кругот се врти СДС 11год. Маваше со дрва и камења по вас ама после 11год власт боли некако друг да ги тегне конците, друг да краде од народот, друг да му ПОМАГА на народот.Знам дека боли.
За такви муабетчинja...ке си лафиме во музички темички, Лоли. Со особена почит кон албанската естрада и повторно, ja излези гjурго ке ми ствара во душава тоа што ни Дуа Липа, ни сите рок бендови што ги обожавам..не ми ствараат. У политичка тема, збориме...референфум, ЕУ, наелектризирани мегуетнички односи, спогодба со Грекоси и Косоварката Дуа Липа еха... Оф мори маjче.
Повели, информирај се. http://meta.mk/sobranieto-go-usvoi-zakonot-za-amnestija/ https://kurir.mk/tema/zakon-za-amnestija/ Кој кажа лошо за Дуа Липа? Јас веќе сум го коментирала истово на друга тема, посоодветна од оваа. Тука не е предмет на дискусија. Инаку, Албанците се помлада и побројна популација, па ќе се истера и по некоја светска ѕвезда. А и тој народ себе се става на прво место, што е формула за успех, каков-таков, на повеќе полиња. Не се како некои други, ветувај двојазичност, стојазичност, раздавај држава на тацна...